МАКРОЕКОНОМСКИ СЕКТОРИ

МАКРОЕКОНОМСКИ СЕКТОРИ – сектор на домаќинствата (Ц– побарува финални потрошни добра и услуги – нужни, луксузни, трајни); сектор на претпријатијата (И– побарува и троши капитални добра, т.е. ги опфаќа бруто домашните инвестиции); сектор на државата (Г– буџетска потрошувачка), и надворешнотрговски сектор (Џ-М, т.е. разлика помеѓу извозот и увозот на финални добра и услуги, т.н. нето-извоз).… Continue reading МАКРОЕКОНОМСКИ СЕКТОРИ

МАКСИМОВИЌ, Десанка

МАКСИМОВИЌ, Десанка (Рабровица, Србија, 16. Ⅴ 1898 – Бел-град, 8. Ⅶ 1993) – значајна српска поетеса која остварила мошне вреден и разновиден поетски опус. Била член на САНУ. Добитник е на Златниот венец на СВП во 1988 г. БИБ.: Збирки песни: Песни, 1924; Градина на детството, 1927; Зелениот витез, 1930; Мирисот на земјата, 1955; Заробе-Десанка… Continue reading МАКСИМОВИЌ, Десанка

МАКСУТ, Џемаил

МАКСУТ, Џемаил (Скопје, 8. Ⅴ 1933 – Скопје, 28. ⅩⅠⅠ 2001) – театарски и филмски актер. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата за англиски јазик (1964). Член на Турската драма во Театарот на народностите во Скопје (1953-1991). Има забележителни постигнувања и на филмското платно, како и на сцените на други театри. Улоги: Отело;… Continue reading МАКСУТ, Џемаил

МАКСУТИ, Мерсим

МАКСУТИ, Мерсим (Мерсим Максути) (Србица, Кичевско, 1970) – социолог, доцент на Универзитетот во Тетово. Основно училиште завршил во родното место, а средно образование во Приштина. Дипломирал на Филозофскосоциолошкиот факултет (1995), а магистрирал и докторирал на Правниот факултет во Приштина на тема „Односот помеѓу органите на власта во претседателскиот систем на САД“ (2005). Првин бил избран… Continue reading МАКСУТИ, Мерсим

МАКФАКС

МАКФАКС – независна новинска агенција, основана во декември 1992 г. во Скопје. Емитува вести на македонски, албански и англиски јазик од мај 1993 г. Ос-новач и сопственик Ристо Поповски. Корисници на сервисите се практично сите позначајни медиуми во регионот и информативни системи во светот. Макфакс е член на Медиумската организација во Југоисточна Европа СЕЕМО при… Continue reading МАКФАКС

МАКФЕСТ

МАКФЕСТ – фестивал на популарна музика. Првото издание е одржано во 1986 г. Замислен пред с“ да го стимулира македонското творештво на популарна музика, многу брзо стана познат кај нас и во светот. Во последната деценија на ХХ в. прерасна во меѓународен фестивал. Неговиот придонес во современата македонска поп-музика е извонредно значаен. Макфест продуцираше над… Continue reading МАКФЕСТ

МАКФУНГИ

МАКФУНГИ“ (МАЦФУНГИ) – база на податоци за габите, формирана во рамките во Миколошката лабораторија на Институтот за биологија при Природно–математичкиот факултет во Скопје. Во моментов во неа се опфатени 21000 податоци за габи од РМ, од Балканскиот Полуостров и пошироко. Овозможува пребарување на податоците според повеќе критериуми (систематски категории, локалитет, земја на потеклото, датум на… Continue reading МАКФУНГИ

МАЛ СВ

МАЛ СВ. КЛИМЕНТ“ – некогашен параклис на болничката енорија, изграден и живописан во 1378 г. од јерејот Стефан, во времето на архиепископот Григориј Ⅱ и великиот жупан Андрија Гропа, роднина на кралот Марко. Мала еднокорабна црква, единствената посветена на заштитникот на градот Охрид св. Климент. Живописот во поголемиот дел на олтарот и наосот е сочуван… Continue reading МАЛ СВ

МАЛА РЕКА

МАЛА РЕКА – лева и најголема притока на реката Радика. Се формира на височина од 966 м од водите на Јадовска и на Тресонечка Река. Извира од планината Бистра на височина од 1.728 м, а се влива на височина од 606 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 21,3 км, има вкупен пад од 1.122… Continue reading МАЛА РЕКА

МАЛАКОВСКИ

МАЛАКОВСКИ (МИХАЈЛОВСКИ), Злате (с. Богдево, Гостиварско, 1926 – Егејскиот дел на Македонија, 1944) – народен херој. Бил ѕидарски работник во Бел-град (до 1941). По окупацијата на Југославија се вратил во Македонија и стапил во НОПО „Кораб“. Во една борба бил заробен, спроведен и држан во затвор во Тирана (до 1943). По капитулацијата на Италија бил… Continue reading МАЛАКОВСКИ

МАЛЕВСКИ, Душко

МАЛЕВСКИ, Душко (Тетово, 14. Ⅸ 1924 – Скопје, 8. Ⅷ 2007) – новинар, еден од најпознатите македонски надворешно-политички коментатори и уредници. Во новинарството од 1948 г. Од 1951 г. во „Нова Македонија“ каде што останува до пензионирањето (1985). Еден од основачите на неделникот „Репортер“. Известувач од многубројни значајни настани и форуми во светот. Единствен новинар… Continue reading МАЛЕВСКИ, Душко

МАЛЕВСКИ, Климент

МАЛЕВСКИ, Климент (Струга, 10. Ⅹ 1917 – 18. Ⅶ 2002) – протојереј-ставрофор, член на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква и учесник на црковнонародните собори за возобновување на Охридската архиепископија и прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква (1958 и 1967). Бил архијерејски заменик на Преспанско-пелагониската епархија. Носител е на повеќе црковни одликувања:… Continue reading МАЛЕВСКИ, Климент

МАЛЕНКО, Александар

МАЛЕНКО, Александар (Охрид, 20. И 1979) – пливач. Завршил Средно фискултурно училиште во Скопје (1997). Бил член на ПВК „Охридски бранови“ во Охрид (1989–1992), а потоа на АПК „Студент“ во Скопје. Поставил во пливање 38 републички рекорди на куси патеки. На Европското првенство за младинци во Женева (швајцарија, 1995) освоил сребрен медал на 200 м… Continue reading МАЛЕНКО, Александар

МАЛЕНКО, Владо

МАЛЕНКО, Владо (Охрид, 1. Ⅸ 1938) & археолог. Гимназија завршил во Кичево, во 1958 г. Дипломирал на Катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Белград, во 1965 г. Од 1965 до 2004 г. работи како археолог-конзерватор во Заводот за заштита на спомениците на културата – Охрид, а Владо Маленко потоа и Народен музеј – Охрид.… Continue reading МАЛЕНКО, Владо

МАЛЕНКОВА, Љубинка

МАЛЕНКОВА, Љубинка (Охрид, 13. Ⅺ 1927) – архитект. Дипломирала на Архитектонскиот факултет на Техничката велика школа во Белград (1951). Како проектант работи во проектантското претпријатие „Проектант“ и во ГП „Пелагонија“ во Скопје. Проектирала и реализирала разновидни објекти – станбени, општествени, здравствени и туристичко-угостителски. Се занимава и со урбанистичко планирање. Позначајни реализации: освен бројните станбени објекти,… Continue reading МАЛЕНКОВА, Љубинка

МАЛЕСИЈА

МАЛЕСИЈА – мал ридско-планински предел во западниот дел на РМ. Се протега на западните падини на планината Караорман, опфаќајќи го целиот слив на Збашка Река (Голема Река), десна притока на Црни Дрим. На исток се граничи со Дебарца, на северозапад со Дебарска Жупа, на запад со Дебарски Дримкол и на југ со северната периферија на… Continue reading МАЛЕСИЈА

МАЛЕСКА-ТРОЈАЧАНЕЦ, Параскева

МАЛЕСКА-ТРОЈАЧАНЕЦ, Параскева (Скадар, Албанија, 26. Ⅶ 1930 – Скопје, 11. Ⅲ 2006) – новинар и спикер. Откако репатрирала (1948) во Македонија, се вработила во Радио Скопје, каде што останала цели 33 години, до пензионирањето (1981). Била член на „Малцинската“ редакција. По проширувањето на програмата на албански јазик била автор и спикер на: „школска емисија“, „Радиодрама“,… Continue reading МАЛЕСКА-ТРОЈАЧАНЕЦ, Параскева

МАЛЕСКИ, Владо

МАЛЕСКИ, Владо (Струга, 5. Ⅸ 1919 – Струга, 23. Ⅸ 1984) – раскажувач, романсиер, втемелувач на современата македонска проза, сценарист, публицист, основач на „Разгледи“, новинар, дипломат. Бил директор на Радио Скопје и уредник, покрај на „Разгледи“, и на списанијата „Нов ден“ и „Современост“. Работел во дипломатска служба (амбасадор во Либан, Етиопија и Полска) и бил… Continue reading МАЛЕСКИ, Владо

МАЛЕСКИ, Денко

МАЛЕСКИ, Денко (Скопје, 14. Ⅺ 1946) – правник и унив. професор, државники дипломат. Дипломирал (1970) и магистрирал на Правниот факултет во Скопје на тема „Општествено-политичкиот систем на СФРЈ“ (1976). Докторирал на Правниот факултет во Љубљана (1981). Бил избран за асистент на Правниот факултет во Скопје по предметот современи политички системи и за доцент, вонреден и… Continue reading МАЛЕСКИ, Денко

МАЛЕШЕВО

МАЛЕШЕВО (Малешевија, Малеш) – висок предел во источниот дел на РМ. Го зафаќа изворскиот слив на реката Брегалница, до нејзината клисура над с. Разловци. Тоа е опколено со Малешевските Планини и со разграноци на Влаина, Голак и Плачковица, а е отворено само накај север по долината на Брегалница. Преку М. водат две регионални сообраќајници. Една… Continue reading МАЛЕШЕВО

МАЛЕШЕВСКА, Ана

МАЛЕШЕВСКА, Ана (Дупница, Бугарија, 1871 – Бугарија, 1942) – учителка, учесничка во Илинденското востание, ќерка на Никола Малешевски, пунктов началник на ТМОРО во Дупница. Гимназија завршила во Солун. Учителствувала во Кукуш, каде што се вклучила во ТМОРО. Влегла во четата на кукушкиот окружен војвода Крсто Асенов (во пролетта на 1903). На Илинден (1903), при осветувањето… Continue reading МАЛЕШЕВСКА, Ана

МАЛЕШЕВСКИ

МАЛЕШЕВСКИ (МАЛЕШКИ) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (месност Паруца, кота 1356 на пл. Плачковица, 25. Ⅷ – ноември 1944) – територијална партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од 50 борци од Малешевијата. Ги напаѓал помалите непријателски упоришта, ги уништувал општинските архиви, ја спречувал реквизицијата (август-септември) и вршел агитација и мобилизација на нови борци. Дел од… Continue reading МАЛЕШЕВСКИ

МАЛЕШЕВСКИ

МАЛЕШЕВСКИ ПЛАНИНИ – средновисоки планини во источниот дел на РМ. Припаѓаат на громадните планини од Родопската маса. Се протегаат лачно во правец јз–си. Должината на главното било изнесува 32 км. Билата се заоблени, а највисоки врвови се Џами Тепе (1.801 м) и Ченгино Кале (1.748 м), најисточната точка на РМ. Геолошкиот состав е претставен со… Continue reading МАЛЕШЕВСКИ

МАЛЕШЕВСКИ ПЛАНИНИ

МАЛЕШЕВСКИ ПЛАНИНИ – средновисоки планини во источниот дел на РМ. Припаѓаат на громадните планини од Родопската маса. Се протегаат лачно во правец јз–си. Должината на главното било изнесува 32 км. Билата се заоблени, а највисоки врвови се Џами Тепе (1.801 м) и Ченгино Кале (1.748 м), најисточната точка на РМ. Геолошкиот состав е претставен со… Continue reading МАЛЕШЕВСКИ ПЛАНИНИ