КОСОВСКИ ВИЛАЕТ

КОСОВСКИ ВИЛАЕТ (1877– 1912 г.) – посебна административно-територијална единица во рамвите години влегуваат санџаците: Приштина, Скопје, Призрен, Но-ви Пазар и Дебар. Повремено станувале промени во однос на санџаците, така што кон крајот на ⅩⅠⅩ и почетокот на ⅩⅩ в. тој бил составен од следниве санџаци: Скопје, Приштина, Сјеница, Пеќ, Ташлиџа (Приеполје) и Призрен. Поголем дел… Continue reading КОСОВСКИ ВИЛАЕТ

КОСОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН

КОСОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН .(кај ман. Прохор Пчински, 11. XI 1943 – с. Вишевци, кај Власотинац, Србија, 25. Ⅲ 1944) – воена единица на НОВ и ПОС. Бил формиран од дел од борците на шарпланинскиот НОПО и една чета косовски партизани од Јужноморавскиот НОПО. Дејствувал во соработка со македонските и јужноморавските единици на кумановсковрањското подрачје: напад… Continue reading КОСОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН

КОСТЕН

КОСТЕН – . (Цастанеа сатива Милл. сѕн. Ц. весца Гаертн., фам. Фагацеае) – големо листопадно дрво со широка круна од јужна Европа, западна Азија и од северна Африка. Листовите се големи, елипсесто издолжени, со остар врв, крупно назабени. Цветовите се собрани во долги и исправени (медоносни) реси, при што женските се наоѓаат при основата на… Continue reading КОСТЕН

КОСТИМОГРАФИЈА

КОСТИМОГРАФИЈА – . уметничка дисциплина во која се дизајнираат и се изведуваат костими на артистите за театарска или филм-ска претстава. Во костимографијата се вклучува и правењето маски, шминката и други специфични форми. Во Македонија со костимографија се занимаваат и Л. Грабул, Б. Мицевски, Љ. Ристовска, М. Папучевска, Н. Ефремов, А. Ношпал, Л. Георѓиева и Ѓ.… Continue reading КОСТИМОГРАФИЈА

КОСТОВ, Владимир

КОСТОВ, Владимир (Битола, 22. IX 1932) – еден од најплодните македонски романописци и ав-тори на кратка проза. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како професор на Педагошката академија при Универзитетот во Битола. БИБ.: Лица со маски, роман, Ск., 1967; Свадбата на Мара, роман, Ск., 1968; Игра, раскази, Ск., 1969; Нов ум, роман, Ск., 1970;… Continue reading КОСТОВ, Владимир

КОСТОВ, Димитар

КОСТОВ, Димитар (Ресен, 1934 – ?, 2001) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград. Во 1962 г. се вработил во Фабриката за фрижидери „Георги Наумов” во Битола. Од 1963 г. предава на Вишата техничка школа во Битола (предмет Електрични мрежи). Бил избран (1984) во звање редовен професор на… Continue reading КОСТОВ, Димитар

КОСТОВ, Кире

КОСТОВ, Кире (Битола, 14. IX 1949) – композитор, аранжер, трубач. Најголем дел од својот работен век го поминал како трубач во Танцовиот оркестар на Македонската радио-телевизија, апотоа и како негов раководител. Со компонирање започнал многу рано како автор на детски песни, а потоа создал бројни џез-композиции, популарни мелодии, музика за ТВ серии и за драмски… Continue reading КОСТОВ, Кире

КОСТОВ, Спиро

КОСТОВ, Спиро (Велес, 8. Ⅻ 1848 – Софија, 19. Ⅷ 1931) – печалбар, учесник во Кресненското востание. Како печалбар во Романија работел во печатницата на Љубен Каравелов. Бил доброволец во Српско-турската (1876) и во Руско-турската војна (1878/ 1879). Во Кресненското востание (1878/1879) бил војвода на чета. Учествувал во Српско-бугарската (1885), како и во Балканските војни… Continue reading КОСТОВ, Спиро

КОСТОВ, Хари

КОСТОВ, Хари (с. Пишица, ПрибиШтипско, 13. XI 1959) – економист, банкар, актуелен Прв генерален директор на Комерцијална банка а.д. – Скопје, државник. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. Бил стручен соработник во Извршниот совет на Собранието на СРМ и во Владата на РМ, заменик министер за финансии во Владата на РМ, претседател на Управниот одбор… Continue reading КОСТОВ, Хари

КОСТОВА, Марија Борева

КОСТОВА, Марија Борева (Крушево, 5. Ⅳ 1946) – педагог, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет Марија Костова во Скопје (1969). Магистрирала на Филозофскиот факултет во Сараево (1981), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1989). Целиот работен век го поминала на Филозофскиот факултет во Скопје. За редовен професор по предметите Општа педагогија и Методика на… Continue reading КОСТОВА, Марија Борева

КОСТОВА, Слободанка Тодорова

КОСТОВА, Слободанка Тодорова (Скопје, 19. Ⅶ 1929) – социјален работник, основач на Заводот за геријатрија и геријатриската служба во Скопје (1976). Била прв и долгогодишен директор на Заводот. Д. С.-Б. Атанас Костовски КОСТОВСКИ, Атанас (Пехчево, 1. Ⅷ 1938) – спортски новинар. Завршил гимназија во Кочани (1956). Бил уредник во весникот „Млад борец” (1960–1964) и на… Continue reading КОСТОВА, Слободанка Тодорова

КОСТОВСКИ, Бранко

КОСТОВСКИ, Бранко (24. Ⅶ 1924 – Скопје, 30. IX 1994) – сликар и сценограф, особено значаен за осовременување на сценографскиот јазик. Бил учесник во НОБ. Извесен период студирал на АПУ во Белград (1949). Од 1952 г. работи на сценографијата во МНТ, а паралелно се занимава и со сликарство. Најзабележителни се неговите сценографии за драма (Вител,… Continue reading КОСТОВСКИ, Бранко

КОСТОВСКИ, Драги

КОСТОВСКИ, Драги (Битола, 22. Ⅳ 1930 – Скопје, 3. Ⅻ 1980) – актер. Завршил Државна средна театарска школа во Скопје (1947–1949). Член на Драмата во МНТ (1949–1971), а потоа преминува во Драмски театар с” до неговата смрт. Со извонредниот гласовен материјал и истенчениот естетски вкус, на сцената дејствуваше визуелно мошне маркантно и во најсложените драмДушко… Continue reading КОСТОВСКИ, Драги

КОСТОВСКИ, Душко

КОСТОВСКИ, Душко (Дебар, 28. Ⅴ 1939 – Скопје, 21. Ⅰ 1995) – актер во Народниот театар „Антон Панов” во Струмица (1967– 1970) и во Драмата на МНТ (1970– 1995). Има реализирано забележителни улоги и на филм, радио и ТВ. УЛО.: Бојарски („Зајдисонце”), Димитрија („Буре барут”), Директорот („Кланица”), Јуда („Рави”), Каран („Крал Лир”), Крчмарот („Крчма под… Continue reading КОСТОВСКИ, Душко

КОСТОВСКИ, Саво

КОСТОВСКИ, Саво (с. Леуново, Гостиварско, 1. Ⅲ 1925 – Скопје, 3. Ⅶ 1993) – првоборец. Завршил гимназија во Тетово, каде што се вклучил во прогресивното младинско движење (1937). Бил член на СКОЈ (1941), член на КПЈ (1942), секретар на Организација на КПМ во с. Леуново (1943), борец на Кичевско-мавровскиот НОПО (мај 1943), полит. комесар на… Continue reading КОСТОВСКИ, Саво

КОСТОВСКИ, Трифун

КОСТОВСКИ, Трифун (Скопје, 27. Ⅻ 1946) – бизнисмен и дона-тор. Основач на „Кометал Трејд” – Виена (1991); основач на Фондацијата „Трифун Костовски”; еден од основачите и активен член на „Форумот за Македонија 2001” (2001&2004), на „Форумот за евроатланска интеграција на РМ” (2003) и на „Граѓанското движење за Македонија” (2004); член на Парламентарното собрание на ЦЕИ… Continue reading КОСТОВСКИ, Трифун

КОСТУР

КОСТУР (Касторија) – град во Егејскиот дел на Македонија (Грција) со 20.300 ж. (2002). Се наоѓа на полуостровот Горица, на западниот брег на Костурското Езеро, на надморска висина од Костур со Костурското Езеро околу 690 м. Градот името го добил по латинското име на животното бабар (Цастог), кое во минатото живеело во ова езеро. Тоа… Continue reading КОСТУР

КОСТУР , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

КОСТУР“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Форт Вејн, Индијана, САД, 21. XI 1921) – една од најактивните иселенички организации. Го организирала првиот конгрес на МПО (окт. 1922). Форт Вејн е и актуелно седиште на ЦК на МПО. Сл. Н.-К.

КОСТУРСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија

КОСТУРСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија (ⅩⅠⅠⅠ в.) – епархија во југозападниот дел на Македонија и јужниот дел на сегашна Албанија. Во ⅩⅠⅠⅠ в. прераснала во митрополија и седиштето било пренесено во Корча. Тогаш Корчанскиот епископ се спомнува како Првопрестолен митрополит, којшто бил и прв заменик на Охридскиот архиепископ. ЛИТ.: Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия,… Continue reading КОСТУРСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија

КОТЕВСКА, Цвета

КОТЕВСКА, Цвета (Прилеп, 21. Ⅳ 1923) – преведувач, антологичар. Завршила Филозофски факултет во Белград. Работела како новинар, потоа како уредник на „Југословенски преглед”, а од 1959 г. е главен уредник на издавачкото претпријатие „Народна книга” во Белград. Автор е на преводи на неколку десетици македонски писатели на српски јазик (Блаже Конески, Сл. Јаневски, Радован Павловски,… Continue reading КОТЕВСКА, Цвета

КОТЕСКИ, Јован

КОТЕСКИ, Јован (с. Присовјани, Струшко, 14. Ⅰ 1932 – Скопје, 12. Ⅶ 2001) – поет и новинар. Завршил средно образование. Работел како новинар во Радио Скопје. Бил претседател на Советот на СВП, член на Македонскиот ПЕНЦЕнтар и член на ДПМ (1958). БИБ.: „Насмевка пред зорите” (1958), „Земја и страст” (1958), „Злодоба” (1963), „Тежина” (1965), „Пеплосија”… Continue reading КОТЕСКИ, Јован

КОЦАРЕВ, Љупчо

КОЦАРЕВ, Љупчо (Скопје, 25. Ⅱ 1955) – електроинженер, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии (од 2007), истражувач во Институтот за нелинеарни науки на Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего (од 2000), член на МАНУ вон работниот состав (од 2003), редовен член на МАНУ (од 2007) и секретар на Претседателството на МАНУ (од 2007).… Continue reading КОЦАРЕВ, Љупчо

КОЦАРЕВ, Ристо

КОЦАРЕВ, Ристо (Охрид, 1925) – основно и средно образование завршил во Охрид. Во 1946 г. се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје на Природноматематичкиот оддел (Група биологија), каде што и дипломирал (1951). Веднаш е назначен за асистент на Катедрата за биологија за предметите Биохемија и Физиологија. Докторирал во 1965 г. Истата година е избран во… Continue reading КОЦАРЕВ, Ристо