КОПИТАРОВ ТРИОД – кирилски посен триод од ⅩⅠⅠⅠ в., 72 л., Љубљана НУК Цод. Коп. 9. Правописно-јазичните особености потврдуваат североист. мак. потекло. Записите укажуваат на поврзаност со Прешевската област со најзначајното култ. средиште – манастирот „Св. Прохор Пчињски”. Текстот припаѓа кон постарата редакција на триодот, без паримии и со цели вечерни за секој ден. ЛИТ.:… Continue reading КОПИТАРОВ ТРИОД
Tag: К
КОПНЕНИ ЕКОСИСТЕМИ
КОПНЕНИ ЕКОСИСТЕМИ – во Македонија се најзабележливи шумските екосистеми, кои преставуваат мозаик од најразлични растителни групирања со неповторлив своеобразен облик. Тие се позабележителни колку што е поголема нивната биомаса, која се создава од автотрофните организми преку фотосинтеза. Овие растителни фитоценози, разгледувани заедно со животните што живеаат во нив и големата група сапробионти (габи, бактерии и… Continue reading КОПНЕНИ ЕКОСИСТЕМИ
КОПОРАН
КОПОРАН – . горна облека што се носела во потоплиот период во годината, наместо гуњата. Тој е долг до половината, колку да го покрие појасот. Ракавите биле прошиени само на едната страна – на рамената и од средината надолу. Ретко се облекувале и најчесто се носеле пуштени. Бил изработуван од црна боена клашна и богато… Continue reading КОПОРАН
КОПРОВ, Григор
КОПРОВ, Григор (Охрид, 30. IX 1943) – автор на популарни песни. По професија е правник, но талентот го одвел и во водите на музиката, најнапред како интерпретатор, а потоа како автор. Со својата прва композиција „Меги” учествувал на фестивалот во Опатија (1969). Редовен учесник на речиси сите изданија на Скопскиот фестивал и на повеќе фестивали… Continue reading КОПРОВ, Григор
КОРАБ
КОРАБ – висока венечна планина што $ припаѓа на западномакедонската зона. Со своето морфолошко продолжение Дешат се наоѓа во крајниот западен дел на РМ. На север, преку превалите во изворишниот дел на Радика, се надоврзува на шар Планина. Има меридијански правец на протегање и по неговиот срт се протега македонско-албанската граница. На македонската страна, заедно… Continue reading КОРАБ
КОРАБЉОВ, Василиј Николаевич
КОРАБЉОВ, Василиј Николаевич (Василий Николаевич Кораб ботеше во Револуционерната ма ЛИТ.: И. Микулчиќ, Топографија на Сте-нае – Просек – Демир Капија, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет”, 15–16 (41–42), Скопје, 1988–1989, 75 Ј на планот, 76–77. В. Л. кедонска организација, којашто уште во 1900 г. го издигна принципот за автономија на Македонија и по силата на… Continue reading КОРАБЉОВ, Василиј Николаевич
КОРЕШНИЦА, МАРКОВА КУЛА, ДЕМИРКАПИСКО
КОРЕШНИЦА, МАРКОВА КУЛА, ДЕМИРКАПИСКО – раноантички дворец и средновековна византиска тврдина. На доминантните карпи над теснецот кај Демир Капија во антиката и во средниот век биле подигнати пет утврдени позиции. Најголемата е Марков Град, над самата утока на р. Бошава во Вардар, кој врти во остар лак околу неа. На Маркова Кула – Јуручки Камен… Continue reading КОРЕШНИЦА, МАРКОВА КУЛА, ДЕМИРКАПИСКО
КОРИНТСКИ МИР
КОРИНТСКИ МИР (Коринт, Хелада, 337 пр. н.е.) – склучен помеѓу македонскиот крал Филип Ⅱ Македонски и десет хеленски полиси. Со одредбите од договорот хеленските полиси се обврзале да го зачувуваат мирот, Македонското Кралство било признаено за хегемон на Хелените, а ним им се гарантирала автономијата, но со забрана за насилно менување на уредувањето, со нова… Continue reading КОРИНТСКИ МИР
КОРИТОС
КОРИТОС – средновековен град/тврдина на патот Скопје – Струмица, оддалечен за еден ден одење од Скопје. Забележан е кај географот Идризи (и како Курта); за него има само уште две изворни вести (Ⅻ и ⅩⅠⅠⅠ в.). Коритос се идентификува со овчеполско Ѓуриште. ЛИТ.: Т. Томоски, Каде лежел градот „Љорѕтос”?, Македонија низ вековите. Градови, тврдини, комуникации,… Continue reading КОРИТОС
КОРМОРАНИ
КОРМОРАНИ (Пхалацроцораџ) – род средни по големина птици од фамилијата корморанови птици (Пхалацроцорацидае). Во Европа се присутни три вида од кои два се среќаваат и кај нас: голем корморан (Пхалацроцораџ царбо) и мал корморан (Пхалацроцораџ пѕгмеус).ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан… Continue reading КОРМОРАНИ
КОРНЕТИ-ПЕКЕВСКА, Костандина Леонидова
КОРНЕТИ-ПЕКЕВСКА, Костандина Леонидова (Кочани, 11. Ⅱ 1949) – анатом, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1999). Дипломирала медицина во Скопје (1973), магистрирала (1980), а во 1988 г. докторирала за иследувањето на крвните садови на срцето. Се усовршувала и истражувала во Балтимор (1984), Лондон (1998) и Берлин (1999 и 2002). Продекан на Мед. ф. (1994-1997),… Continue reading КОРНЕТИ-ПЕКЕВСКА, Костандина Леонидова
КОРНЕТИ, Мелпомени
КОРНЕТИ, Мелпомени (Кочани, 7. Ⅴ 1952) – новинар и дипломат. Дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје (1978). Била новинар во „Нова Македонија” (1980–1984), а потоа (до 1990) уредник во Редакцијата за култура. Ги вршела функциите директор на Македонската филхармонија (1990–1994) и генерален директор на Македонската радиотелевизија (1994–1996). Заменик на министерот за култура во Владата на… Continue reading КОРНЕТИ, Мелпомени
КОРОБАР, Боро Ангелов
КОРОБАР, Боро Ангелов (Велес, 11. Ⅴ 1912 – Скопје, 23. Ⅹ 1989) – стопанственик, припадник на револуционерното движење меѓу двете светски војни. Организатор и учесник на работничките протести и демонстрации во Велес (1935–1941). Член на КПЈ од 1940, секретар на МК на КПЈ за Велес (1941), а во 1942 г. учествува во формирањето на НОПО… Continue reading КОРОБАР, Боро Ангелов
КОРОБАР, Перо Д
КОРОБАР, Перо Д. (Велес, 17. Ⅲ 1914 – Скопје, 2001) – правник и општественик. Бил припадник на македонското прогресивно студентско движење и дипломирал на Правниот факултет во Белград (1939). Како учесник во Перо Д. Коробар НОБ, бил секретар на илегалниот НОО во Велес и воено-судски обвинител при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. По Ослободувањето… Continue reading КОРОБАР, Перо Д
КОРОВЕШОВ, Атанас
КОРОВЕШОВ, Атанас (с. Смрдеш, Костурско, 1913 – с. Корнишор, Ениџевардарско, 2. IX 1945) – деец на македонското национално и комунистичко движење, борец во македонскиот партизански одред „Лазо Трповски” (1943). Во 1944 г., по судирот со раководството на КПГ за македонското национално прашање, со група македонски борци преминал во Вардарскиот дел на Македонија и Атанас Коровешов… Continue reading КОРОВЕШОВ, Атанас
КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ
КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ – систем на правила, водење и контролирање на корпорациите, што треба да овозможи оптимизација на работењето на менаџерите во полза на сопствениците на капиталот (акционерите). Во земјите со развиен пазар на капитал ефикасното корпоративно управување го овозможува берзата. Имено, цените на акциите на берзата се реален одраз на темелните (фундаменталните) вредности на корпорациите.… Continue reading КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ
КОРПУСИ НА НОВМ
КОРПУСИ НА НОВМ (октомври 1944 – 1945) – оперативни и оперативно-територијални воени формации во составот на НОВМ. Биле формирани три корпуси: Првиот македонски (скопски) корпус (во чиј состав влегла 42-та и Кумановската дивизија) со вкупно 6.737 борци и офицери; Вториот македонски (битолски) корпус (во чиј состав влегле 41-та и 49-та дивизија, а подоцна и 42-та… Continue reading КОРПУСИ НА НОВМ
КОРУБИН, Благоја
КОРУБИН, Благоја (Прилеп, 1. Ⅲ 1921 – Скопје, 17. Ⅱ 1995) – национален деец, првоборец, филолог и преведувач (од српски, руски и француски), научен советник, истражувач и раководител на Одделението за современ македонски јазик во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во Скопје. Основно училиште и гимназија завршил во Прилеп. Како член на Литературната секција… Continue reading КОРУБИН, Благоја
КОРУБИН, Јован
КОРУБИН, Јован (Скопје, 9. Ⅲ 1948 – Скопје, 21. XI 2006) – универзитетски професор, социолог. Основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1975), магистрирал на Правниот факултет во Белград (1984) и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје на тема „Научната интелигенција во структурата на македонското општество“ (1992). Избран… Continue reading КОРУБИН, Јован
КОРУБИН, Миле
КОРУБИН, Миле (Прилеп, 28. IX 1922 – Скопје, 13. IX 2000) – сликар и педагог. Остварил забележителни резултати преку обединување на фигуративните и апстрактните поими во сликарството. Дипломирал на АЛУ во Белград (1951). Работел како професор во УПУ во Скопје. Автор на меки стилизирани пејзажи (Пејзаж од Париз, 1957) и впечатливи портрети (Славко Јаневски, 1955/56).… Continue reading КОРУБИН, Миле
КОСЕЛСКА РЕКА
КОСЕЛСКА РЕКА – извира од западните падини на Плакенска Планина на височина од 1.070 м, а се влива во Охридското Езеро на височина од 693 м, кај Охрид. Вкупната должина на речниот тек изнесува 66 км, има вкупен пад од 377 м, и просечен пад од 5,71 ‰. Сливот зафаќа површина од 214 км 2.… Continue reading КОСЕЛСКА РЕКА
КОСОВИ, ВОДНИ
КОСОВИ, ВОДНИ (Цинцлидае) – мали птици со збиено тело и со кратки крилја, кои живеат покрај планинските потоци. Нуркаат во вода и со клунот ги превртуваат камењата, барајќи ларви од Воден кос инсекти. Во Европа и кај нас живее само еден вид – воден кос (Цинцлус цинцлус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд… Continue reading КОСОВИ, ВОДНИ
КОСОВРАШКА БАЊА
КОСОВРАШКА БАЊА – се наоѓа на 5 км северно од Дебар, на самиот брег на вештачкото езеро шпилје, на надморска висина од 590 м. Бањата со мост е поврзана со патот Маврово–Дебар. Термоминералниот извор е предиспониран со длабински расед. Теренот е изграден од флишни седименти што содржат гипс. Изворот дава 68,8 л/сец вода, која има… Continue reading КОСОВРАШКА БАЊА
КОСОВСКАТА ВОЈНА И РМ
КОСОВСКАТА ВОЈНА И РМ – војната меѓу СРЈ и НАТО. Започнува на 24. Ⅲ 1999 г., по неуспехот на преговорите во дворецот Рамбуе (на ок. 50 км од Париз), т.е. откога на 23. Ⅲ 1999 г. српското собрание го одбива ултиматумот на НАТО. Завршува на 10. Ⅵ 1999 г. со склучување (во Куманово) воено-технички договор… Continue reading КОСОВСКАТА ВОЈНА И РМ