ИБИСИ

ИБИСИ (Тхрескиорнитхидае) – средно големи мочварни птици од ре-дот на штрковидни птици (Цицонииформес). Во Европа се присутни два вида кои се среќаваат и кај нас. Тоа е блескав ибис (Плегадис фалцинеллус) и чапја лажичарка (Плателеа леуцородиа). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон,… Continue reading ИБИСИ

ИБРАГИМОВ, Могамед

ИБРАГИМОВ, Могамед (Махачкала, Дагестан, Руска Федерација, 22. Ⅵ 1974) – боксер. Настапувајќи за Азербејџан станал двократен европски првак. Тој е државјанин на Македонија (од 1997). Настапувал за БК „Бучим – Јака” од Радовиш. Настапил за репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Техеран (Иран, 1998) и освоил сребрен, на Европското првенство во Минск (Белорусија) златен… Continue reading ИБРАГИМОВ, Могамед

ИБРАИМИ, Јашар

ИБРАИМИ, Јашар (7. Ⅶ 1919) – политичар. Бил учесник во НОБ (од 1942) како заднински активист. По Ослободувањето бил секретар на МК на КПМ во Дебар, претседател на Градскиот народен одбор во Дебар, секретар на Обласниот народен одбор во Гостивар, организационен секретар на Околискиот комитет на КПМ во Дебар, претседател на Околискиот народен одбор и… Continue reading ИБРАИМИ, Јашар

ИБРАИМОВСКИ, Аки

ИБРАИМОВСКИ, Аки (Штип, 1922 – Скопје, 2000) – падобранец, инструктор и тренер на Аероклубот во Скопје, основоположник на падобранскиот спорт во РМ. Го организирал основањето и првиот настап на 7 македонски клуба (1949). Бил повеќекратен првак на НРМ, шампион (1952, 1954 и 1956 во скок со задршка), вицешампион (Вршац, 1955) на ФНРЈ и селектор. На… Continue reading ИБРАИМОВСКИ, Аки

ИБРАХИМ, Беди

ИБРАХИМ, Беди (Ибрахим, Беди) (Скопје, 5. Ⅱ 1959) – скулптор, унив. професор. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (1985), каде што е и професор. Член е на групата „Зеро”. Самостојно излагал во Скопје, Сараево, Истанбул. Учесник на Истанбулското биенале (1997). Создава со природни материјали инсталации со ритуален призвук. М. Б.-П. Од изложба на… Continue reading ИБРАХИМ, Беди

ИВАН Ⅱ Асен

ИВАН Ⅱ Асен (?–1241) – бугарски цар (1218–1241), владетел на Второто Бугарско Царство, најистакнат претставник на фамилијата Асеновци. Водел политика на лавирање меѓу Латинското Царство, епирската држава и Римската курија. По победата над војската на солунскиот цар Теодор Ⅰ Ангел во битката кај Клокотница (1230) завладеал територии од Црното до Егејското и Јадранското Море. Под… Continue reading ИВАН Ⅱ Асен

ИВАНДЕН РАЃАЊЕ НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

ИВАНДЕН – РАЃАЊЕ НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ -. еден од поголемите летни христијански православни празници во чест на раѓањето на свети Јован Крстител (7 јули/24 јуни). Се празнува со многу обичаи, верувања и песни поврзани со билките. Верувањето дека сонцето на тој ден играло или се превртувало три пати, произлегува од фактот што празникот е… Continue reading ИВАНДЕН РАЃАЊЕ НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

ИВАНИЌ, Иван

ИВАНИЌ, Иван (Бачко Градиште, 1867 – ?) – правник, српски дипломат и публицист. Дипломирал на Правниот факултет во Будимпешта. Бил српски вицеконзул во Битола (1899) и извесен период секретар на српскиот конзулат во Солун. Во времето на Втората балканска војна (1913) бил службеник во военото Прес-биро на српската Врховна команда во Скопје. Работел како уредник… Continue reading ИВАНИЌ, Иван

ИВАНОВ-ЅИНГО, Љубисав

ИВАНОВ-ЅИНГО, Љубисав (с. Трновац, Кратовско, 8. XI 1936) – рударски геолог, стопанственик, Љубисав Иванов -Ѕинго општественик и политичар. Дипломирал на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, по што се вработил во рудникот „Силекс” (со само 60 вработени). Како генерален директор (над 35 години), го издигнал во РЕК „Силекс“ со фабрики за полиуретански производи, за патент-затворачи и позамантерија,… Continue reading ИВАНОВ-ЅИНГО, Љубисав

ИВАНОВ, Благоја

ИВАНОВ, Благоја (Скопје, 4. Ⅱ 1931) – раскажувач, романсиер, есеист, критичар, драмски автор. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил соработник, уредник и главен уредник на Културниот сектор на Радио Скопје, директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драм-ски уметности. Бил уредник на списанието „Млада литература” и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи”.… Continue reading ИВАНОВ, Благоја

ИВАНОВ, Георги

ИВАНОВ, Георги (Марко Лерински; Геројски) (Котел, Бугарија, 1862 – с. П’теле, Леринско 15. Ⅶ 1902) – деец и војвода на ТМОРО, Бугарин. Бил подофицер и офицер во бугарската армија (1883-1895), а потоа се вклучил во чета на ВМОК во Македонија, но се разочарал и се вратил во армијата. Подоцна, по барање на Гоце Делчев и… Continue reading ИВАНОВ, Георги

ИВАНОВ, Драган

ИВАНОВ, Драган (с. Рајчиловци, Босилеград, Србија, 27. Ⅴ 1939) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1981 до пензионирањето во 2004 г.) по предмети од областа на бетонските и армирано-бетонските конструкции. Магистрирал во областа на земјотресното инженерство (1971). Како истражувач, учествувал во истражувањето, проектирањето, изградбата, испитувањето и зајакнувањето на многубројни бетонски… Continue reading ИВАНОВ, Драган

ИВАНОВ, Ѓорге

ИВАНОВ, Ѓорге (Валандово, 2. Ⅴ 1960) – универзитетски професор, политолог. Основно и средно образование завршил во родното место. Дипломирал (1982), магистрирал (1994) и докторирал (1998) на Правниот факултет во Скопје на тема „Демократијата во поделените општества, со посебен осврт на Република Македонија“. Избран за асистент (1995), за доцент (1998) и за вонреден професор (2003) во… Continue reading ИВАНОВ, Ѓорге

ИВАНОВ, Зоран

ИВАНОВ, Зоран (Скопје, 14. Ⅹ 1949) – новинар. Завршил Факултет за новинарство, соработник во Радио Скопје (1974), новинар, уредник, коментатор во Македонското радио, во Македонската телевизија и во „Утрински весник”. Соработувал во повеќе електронски и печатени медиуми. Прв директор на Македонската информативна агенција (МИА). Автор на двотомната книга „Амбиент”, хронолошка збирка на новинарски записи, коментари… Continue reading ИВАНОВ, Зоран

ИВАНОВ, Јован Миланов

ИВАНОВ, Јован Миланов (Скопје, 4. Ⅴ 1935 – Скопје, 3. IX 1993) – офталмолог, проф. на Мед. ф. По завршувањето на Мед. ф. (1960) и специјализацијата по офталмологија (1965), работел на Очната клиника во Скопје. Докторирал во Белград (1979), примариус станал во 1981 г., а од 1986 г. професор по офталмологија. Во 1976 г. извршил… Continue reading ИВАНОВ, Јован Миланов

ИВАНОВ, Јордан Костадинов

ИВАНОВ, Јордан Костадинов (с. Илинденци, Горноџумајско/Благоевградско, РБ, 9. XI 1932) – учител, борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, еден од лидерите на ОМО „Илинден” во Благоевград. За организирањето и Јордан Костадинов Иванов раководењето на група Македонци за борба за национални права и слободи (1972-1974) е уапсен (29. Ⅷ 1974) и… Continue reading ИВАНОВ, Јордан Костадинов

ИВАНОВ, Јордан Николов

ИВАНОВ, Јордан Николов (ќустендил, 6. Ⅰ 1872 – Софија, 29. Ⅶ 1947) – бугарски филолог, литературен историчар, археолог, фолклорист и етнограф, член на БАН (од 1909). Дипломирал словенска филологија на Високата школа во Софија (1892) и специјализирал во Лозана, швајцарија (1892-1894). Бил професор во гимназијата во Сливен (1894-1898) и секретар на Бугарското трговско агентство во… Continue reading ИВАНОВ, Јордан Николов

ИВАНОВ, Марко

ИВАНОВ, Марко (с. Галеор, Кајларско, 20. Ⅵ 1877 – Софија, 16. Ⅻ 1933) – кајларски војвода на ТМОРО. Првин бил курир и доставувач на оружје на ТМОРО. Во Илинденското востание учествувал во ослободувањето на Клисура (4. Ⅷ 1903) и Невеска (12. Ⅷ 1903). Не успеал да го спречи настапувањето на околу 6.000 османлиски војници од… Continue reading ИВАНОВ, Марко

ИВАНОВ, Михаил

ИВАНОВ, Михаил (Прилеп, 19. Ⅷ 1864 – Софија, 19. Ⅷ 1924) – лекар-бактериолог. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Цирих (1891), по што работел како воен лекар во Софија (1891-1892). Во Германија специјализирал бактериологија кај Роберт Кох (1893) и кај И. И. Мечников и Е. Ру при Пастеровиот институт во Париз (1896). Бил основач и раководител… Continue reading ИВАНОВ, Михаил

ИВАНОВ, Петар

ИВАНОВ, Петар (Отец Паисиј) (с. Митрашинци, Малешевско, 1866 – Рилски манастир, Бугарија, 1938) – монах, пунктов началник на МРО во Рилскиот манстир. Една година учел во духовна семинарија. Во Рилскиот манастир (1882) станал монах под името Паисиј (1885). Бил член на МРО (1895), близок со Г. Делчев и со Ѓ. Петров, еден од организаторите на… Continue reading ИВАНОВ, Петар

ИВАНОВ, Славе

ИВАНОВ, Славе (Штип, 14. Ⅻ 1888 – Скопје, 1948) – припадник на ВМРО и на МФРО. Во Балканските војни бил секретар на војводата Иван Јанев-Брло. По Првата светска војна емигрирал во Бугарија, влегол во ВМРО и станал близок соработник на Т. Александров. Поради несогласувањето со Александров се повлекол од ВМРО (1921) и формирал нова организација… Continue reading ИВАНОВ, Славе

ИВАНОВ, Томислав

ИВАНОВ, Томислав (Прилеп, 1929 – 1993) – геолог. Дипломирал на Рударско-геолошкиот факултет во Белград (1954). Својата кариера ја започнал во Геолошкиот завод на СРМ. Во 1965 г. ја одбранил докторската дисертација на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, на тема: „Металогенијата на јужниот дел на Вардарската зона” и бил избран за доцент на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.… Continue reading ИВАНОВ, Томислав

ИВАНОВА-БАНЏО, Катерина

ИВАНОВА-БАНЏО, Катерина (Скопје, 27. Ⅰ 1922) – агроном. Во Скопје завршува основно образование и гимназија. Дипломира на Земјоделскиот факултет во Земун – Белград (1948). По дипломирањето, избрана за асистент по специјално земјоделство на Земјоделско-шумарскиот факултет, ИВАНОВИЌ Катерина Иванова-Банџо во Скопје. Хабилитира во 1960 г. и станува доцент по предметот Фуражно производство. Докторира на тема „Влијанието… Continue reading ИВАНОВА-БАНЏО, Катерина

ИВАНОВА, Олга

ИВАНОВА, Олга (Скопје, 2. Ⅲ 1939) – лингвист, македонист, специјалист од областа на дијалектологијата и пред сè ономастиката, научен советник во Институт за македонски јазик „К. П. Мисирков” (во пензија). Докторирала во 1980 како прв доктор по ономастика во Македонија. Била директор на Институтот. БИБ.: Месните имиња на областа по сливот на Брегалница (Скопје, 1982),… Continue reading ИВАНОВА, Олга