ГЛАВИНИЧКА ЕПАРХИЈА

ГЛАВИНИЧКА ЕПАРХИЈА .(ст. гр. Глабен-в– една од првитетџхз) епархии на Охридската архиепископија. Главиница е третото мес-то каде што живеел свети Климент. Каде се наоѓал градот (познат и со грчкото име Кејал-ав) не се знае, веројатно во западниот дел од Охридско, кон морето. Главиничката епархија првпат се спомнува во списокот на епархиите од Лав Мудри (886–912).… Continue reading ГЛАВИНИЧКА ЕПАРХИЈА

ГЛАВИНКА

ГЛАВИНКА – покривка за на глава составена од „главче“, среден дел и „главинка“. Главчето и средниот дел се направени од црвено платно – богасија, а поставени се со бело платно. Главинката околу е украсена со жолти бикмиња, во вид на спирали и жолти срмени ширити. Средината е богато извезена со жолта срма, во вид на… Continue reading ГЛАВИНКА

ГЛАВИНОВ, Васил

ГЛАВИНОВ, Васил (Велес, 1869 – Софија, 24. Ⅰ 1929) – основоположник на социјалдемократското движење во Македонија. Како столарски работник на печалба во Софија го прифатил и го ши-Васил Главинов рел социјализмот. Членувал во Бугарското работничко друштво „Братство“. Во 1893 г. ја формирал самостојната Македонска социјалдемократска група со задача да ја шири социјалистичката идеологија меѓу македонските… Continue reading ГЛАВИНОВ, Васил

ГЛАВИНЧЕВСКИ, Александар

ГЛАВИНЧЕВСКИ, Александар (Охрид, 22. Ⅲ 1926 – Охрид, 5. Ⅷ 2005) – банкарски чиновник. Член на Бродарското друштво „Стрмец” во Охрид. На кајакарските првенства на Југославија на мирни води во Охрид (1948) освоил прво место во К1 на 10.000 м и трети места на 1.000 м и во екипна конкуренција; висок пласман постигнал и на… Continue reading ГЛАВИНЧЕВСКИ, Александар

ГЛАВЈУК, Сергеј

ГЛАВЈУК, Сергеј (Дрезден, Германија, 1958) – современ руски поет и преведувач. Дипломирал на Сергеј Главјук Литературниот институт „Максим Горки” во Москва. Почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Ги објавил поетските книги „Голтка” (1991) и „Точка на возвратот” (1997). Избор од неговата поезија е објавен на македонски јазик, во препев на Гане Тодоровски, под… Continue reading ГЛАВЈУК, Сергеј

ГЛАВНИ МЕТЕОРОЛОШКИ СТАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

ГЛАВНИ МЕТЕОРОЛОШКИ СТАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА. – Според одредени критериуми во 1979 г., во Македонија имало: 8 главни метеоролошки станици, 2 меѓународни метеоролошки станици, 28 климатолошки (обични метеоролошки станици), 35 фенолошки станици (една меѓународна фенолошка градина), 15 агрометеоролошки и 260 дождомерни станици. Исто така, имало 4 радарски центри за идентификација на градоносните облаци и за раководење… Continue reading ГЛАВНИ МЕТЕОРОЛОШКИ СТАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

ГЛАГОЛИЦА

ГЛАГОЛИЦА – првото слов. писмо, создадено од Константин-Кирил Философ. Секој нејзин буквен знак е оформен со повеќе потези (цртички): вертикално и косо озгора надолу (↓, /, Ѓ,) и хоризонтално (-) од лево на десно. Вертикалните и косите цртички никогаш не ја спојуваат горната со долната линија на редот. Меѓу линиите во средината има замислена средна… Continue reading ГЛАГОЛИЦА

ГЛАДИЈАТОРСКИ БОРБИ ВО АНТИЧКИТЕ ТЕАТРИ ВО МАКЕДОНИЈА

ГЛАДИЈАТОРСКИ БОРБИ ВО АНТИЧКИТЕ ТЕАТРИ ВО МАКЕДОНИЈА. Остатоци од античките театри се откриени во Стоби, југоисточно од Велес, Битола – Херацлеа Лѕнцестис, Охрид – Лѕцхнидос, сите од грчки тип, приспособени и за гладијаторски и за борби со диви ѕверови (венатионес), и од римски тип во Скопје – Сцупи. Овие борби се одржувани во теа-тарот во… Continue reading ГЛАДИЈАТОРСКИ БОРБИ ВО АНТИЧКИТЕ ТЕАТРИ ВО МАКЕДОНИЈА

ГЛАЖЊА

ГЛАЖЊА – вештачко езеро на Липковска Река. Се наоѓа 17 км од Куманово. Изградено е во 1971 г. Браната е бетонска лачногравитациска. Таа е долга по круната 344,04 м, широка 4 м, а височината над теренот изнесува 80 м. Котата на нормалното ниво на езерото се наоѓа на височина од 588 м. Најголемата должина на… Continue reading ГЛАЖЊА

ГЛАС

ГЛАС“ (Положај и Брчко, март-јуни 1945) – орган на Четириесет и осмата (македонска) дивизија на НОВЈ, на македонски јазик. Првиот број е на 18 страници, умножен на гештетнер, а двобројот 2-3 е печатен во современата градска печатница во Брчко, со клиширан илустративен материјал. Меѓу другите, објавен е и фактографскиот напис „Нашата дивизија во завршните операции… Continue reading ГЛАС

ГЛАС ЈУГА

ГЛАС ЈУГА“ (Скопје, 14. Ⅹ 1940 – 1. Ⅳ 1941) – информативен дневен весник. Сопственик бил Михајло Стојановиќ, директор писателот Анѓелко Крстиќ, а уредник Тодор Маневиќ. Во него соработувале голем број истакнати авори од разни области: Томо Владимирски, д-р Милан Кашанин, Ван-гел Коџоман, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Петар Митропан, Василие Поповиќ-Цицо, Исидора Секулиќ и др.… Continue reading ГЛАС ЈУГА

ГЛАС МАКЕДОНСКИ

ГЛАС МАКЕДОНСКИ“ (Софија, 28. XI 1893 – 24. Ⅻ 1898) – неделен весник. Го уредувале Коста шахов (одговорен уредник), О. Ф. Обрешков, Х. Стојанов, Георги Алексиев и А. С. Василев. Се печател во печатницата на Иван Гуцев, Ив. К. Божинов, Бр. П. Спиркови. Администратор на весникот 8 месеци бил Марко К. Цепенков. Се залага за… Continue reading ГЛАС МАКЕДОНСКИ

ГЛАС НА ЕГЕЈЦИТЕ

ГЛАС НА ЕГЕЈЦИТЕ“ (Скопје, 1950) – весник, орган на Здружението на бегалците од Егејска Македонија, а потоа орган на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Скопје (од г. ИВ, бр. 37, 1953). Излегувал двапати месечно, во формат 45 х 34 цм, а главен и одговорен уредник бил подоцнежниот етнограф Тодор Симовски. Третирал… Continue reading ГЛАС НА ЕГЕЈЦИТЕ

ГЛАСНИК

ГЛАСНИК“ (Положај, ноември 1944) – орган на Дванаесеттата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ, на македонски јазик. Зачуван е првиот број, умножен на машина за пишување, во два столпца, на 20 страници. Првата статија „7 Ноември“ е посветена на Октомвриската револуција, а се објавени и написи за моралниот лик на борците на бригадата: „Нашата… Continue reading ГЛАСНИК

ГЛАСНИК

ГЛАСНИК“ (Скопје, 1957) – научно списание од областа на историската наука, орган на Институтот за национална историја. Излегува во два до три броја годишно, а извесен број години и во еден број, избор, на светските јазици. Објавува статии, прилози, материјали (документи), библиографии, критика, рецензии, прикази и соопштенија, главно, од минатото на Македонија и македонскиот „Гласник”… Continue reading ГЛАСНИК

ГЛАСНИК

ГЛАСНИК“ (Положај, ноември 1944) – орган на Дванаесеттата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ, на македонски јазик. Зачуван е првиот број, умножен на машина за пишување, во два столпца, на 20 страници. Првата статија „7 Ноември“ е посветена на Октомвриската револуција, а се објавени и написи за моралниот лик на борците на бригадата: „Нашата… Continue reading ГЛАСНИК

ГЛАСНИК

ГЛАСНИК“ (Скопје, 1957) – научно списание од областа на историската наука, орган на Институтот за национална историја. Излегува во два до три броја годишно, а извесен број години и во еден број, избор, на светските јазици. Објавува статии, прилози, материјали (документи), библиографии, критика, рецензии, прикази и соопштенија, главно, од минатото на Македонија и македонскиот „Гласник”… Continue reading ГЛАСНИК

ГЛАСНИК

ГЛАСНИК“ – списание на Републичкиот хидрометеоролошки завод. Првиот број на списанието излезе од печат 1979 г., а во него се обработуваа достигањата и проблемите на метеорологијата, климатологијата, хидрологијата и агрометеорологијата, противградобијната одбрана, синоптиката, хидрологијата, загаденоста на водите, загаденоста на воздухот, загаденоста на почвите и друго. Од 1998 г. почна да се печати списанието „Метеоревија“, во… Continue reading ГЛАСНИК

ГЛАСНИК НА ХЕМИЧАРИТЕ И ТЕХНОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ГЛАСНИК НА ХЕМИЧАРИТЕ И ТЕХНОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА“ („Буллетин оф Цхемистс анд Тецхнологистс оф Мацедониа”) – орган на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. Излегува од 1974 г. Главни уредници на списанието биле: Бојан шоптрајанов, Миодраг Брајовиќ, Светомир Хаџи Јорданов, Глигор Јовановски, Маја Цветковска, Трајче Стафилов и Елеонора Винкелхаузен. Од 2007 г. списанието е преименувано… Continue reading ГЛАСНИК НА ХЕМИЧАРИТЕ И ТЕХНОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ГЛАСНИК СКОПСКОГ НАУЧНОГ ДРУШТВА

ГЛАСНИК СКОПСКОГ НАУЧНОГ ДРУШТВА“ – орган на Скопското научно друштво. На седницата на Советот на Филозофскиот факултет во Скопје ( 9. Ⅲ 1921) биле одобрени Правилата и било основано Скопското научно друштво. За прв претседател е избран проф. д-р Тихомир Остоиќ (првиот декан на Филозофскиот факултет во Скопје, основан од Белградскиот универзитет во 1920 г.).… Continue reading ГЛАСНИК СКОПСКОГ НАУЧНОГ ДРУШТВА

ГЛАЦИЈАЛНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ

ГЛАЦИЈАЛНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА Република Македонија – растителни видови што претставуваат остатоци од флората, која се развивала за време на мразовото (глацијалното) доба. На територијата на Република Македонија денес се среќаваат во највисоките региони на планините (шар Планина, Кораб, Јакупица, Пелистер, Ниџе и др.), на рефугијални и ладни станишта – снежници, сипари, високопланински пасиштаContinue reading ГЛАЦИЈАЛНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ

ГЛЕДСТОН, Вилијам Еварт

ГЛЕДСТОН, Вилијам Еварт (Њиллиам Ењарт Гладстоне) (Ливерпул, 29. Ⅻ 1809-Харден, 19. Ⅴ 1898) – британски политичар и државник. Од времето на Кримската војна (1853-1856) со интерес ги следел состојбите на Балканот под власта на османлиската држава, вклучително и во Македонија. Во времето на големата источна криза се застапувал за решавање на источното прашање врз принципот… Continue reading ГЛЕДСТОН, Вилијам Еварт

ГЛИГОРИЌ, Велибор

ГЛИГОРИЌ, Велибор (Рипањ, 28. Ⅶ 1899 – Белград, 3. Ⅹ 1977) – книжевен критичар и историчар. Дипломирал на Правниот факул-Велибор Глигориќ тет во Белград (1924) и потоа бил службеник во Министерството за трговија и индустрија. Во времето на Втората светска војна бил уапсен и депортиран во Германија. По Ослободувањето бил директор на Драмата, управник на… Continue reading ГЛИГОРИЌ, Велибор

ГЛИГОРОВ, Киро Благоев

ГЛИГОРОВ, Киро Благоев (Штип, 3. Ⅴ 1917) – активист на македонското студентско и комунистичко движење, македонски и југословенски правно-економски стручњак, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна РМ. По завршувањето на основното образование во родниот град (1924– 1928), учи во Машката гимназија во Скопје (1932–1936). Учествува во Литературната дружина, а потоа во ученичката… Continue reading ГЛИГОРОВ, Киро Благоев