ГУЛАБИ

ГУЛАБИ (Цолумба) – род вистински гулаби од фамилијата гулаби (Цолумбидае). По големина средни птици, со долги и остри крилја и Гулаб со кратка опашка. Во Македонија се присутни три вида, кои се задржуваат во текот на целата година. Тоа се: див гулаб (Цолумба ливиа), горски гулаб (Цолумба оенас) и гривнеш или гривјак (Цолумба палумбус). ЛИТ.:… Continue reading ГУЛАБИ

ГУЛАПЧЕВ, Спиро Константинов

ГУЛАПЧЕВ, Спиро Константинов (Лерин, 12. Ⅵ 1856 – Софија, 1918) – национален и просветен деец, „сиромахомилец“, публицист и издавач, македонски сепаратист и федералист. Неговиот татко бил свештеник и учесник во борбите за самостојна македонска црква. Првин се школувал во Цариград, Одрин и Пловдив како егзархиски стипендист, а потоа учел во Духовната академија (1877–1879) и студирал… Continue reading ГУЛАПЧЕВ, Спиро Константинов

ГУЛЕВ, Иван

ГУЛЕВ, Иван (с. Грмен, Неврокопско, 20. IX 1908 – Софија, 13. Ⅵ 1967) – припадник на ВМРО (Об), учесник во НОД во Пиринскиот дел на Македонија. Завршил Педагошко училиште во Неврокоп (1929), бил секретар на Организацијата на ВМРО (Об) во родното место (1931 – Ⅷ 1935). Уапсен и осуден (1936) во Процесот против ВМРО (Об).… Continue reading ГУЛЕВ, Иван

ГУЛЕСКИ, Мартин

ГУЛЕСКИ, Мартин (Струмица, 6. Ⅲ 1945) – архитект. Дипломирал на Политехничкиот факултет во Лавов, Украина (1969), магистрирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1986), а докторирал на Архитектонскиот факултет во Скопје (1991). Професионалната активност ја започнал во „Пелагонијапроект”, а од 1972 г. е на работа на Архитектонскиот факултет како асистент. Редовен професор е по предметот проектирање… Continue reading ГУЛЕСКИ, Мартин

ГУЛИ, Никола

ГУЛИ, Никола (Крушево, 1901 – Ниш, 15. IX 1923) – велешки и крушевски војвода. Син на војводата Питу Гули. Завршил гимназија во Софија. По враќањето во Македонија бил терорист и четник на ВМРО, а подоцна војвода во Велешко и во Крушевско. Предаден и фатен од српските власти во возот на релацијата Белград–Скопје, бил стрелан во… Continue reading ГУЛИ, Никола

ГУЛИ, Питу

ГУЛИ, Питу (Крушево, 1865 – Мечкин Камен, 13. Ⅷ 1903) – револуционер, војвода на ТМОРО (од влашко потекло). Извесно време престојувал како печалбар во Софија, од каде што со чета преминал во Македонија (1885). По нејзиното разбивање кај Демир Капија, бил заробен и суден во Солун, по што одлежал седум години робија во Дијарбекир (Мала… Continue reading ГУЛИ, Питу

ГУМЕЊЕ

ГУМЕЊЕ (Трескавец кај Прилеп) – некропола од хеленистичкиот и римскиот период. Откриени се гробови од типот на едноставни цисти, покриени со шкрилести плочи. Мермерни сполии од населбата на која $ припаѓала некрополата се вградени во манастирската црква. На еден од тие споменици се спомнуваат населбата Колобаиса и храмот посветен на Аполон и Артемида Ефеска, чија… Continue reading ГУМЕЊЕ

ГУЊА

ГУЊА -. горна машка облека, изработена од клашна од природна темна волна, поставена, долга до колената и украсена со гајтани. Овој елемент претставувал статусен симбол, го изразувал социјалниот и економскиот статус на личноста што го носела. Била носена с” до втората половина на ⅩⅠⅩ в. Ј. Р.-П. Јасмина Гуњова ГУЊОВА, Јасмина (Штип, 26. IX 1966)… Continue reading ГУЊА

ГУРБИТА

ГУРБИТА – патна станица од римско време на делницата од Стоби до Скупи, забележана на Табула Појтингеријана (Ⅲ–ИV в.). Се наоѓала на одалеченост од Ⅷ римски милји (12 км) од Стоби. Се лоцира на локалитетот Градиште, 2 км јужно од селото Згрополци, на карпестата тераса на десниот брег на Вардар. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Антички градови… Continue reading ГУРБИТА

ГУРГУР ТУМБА

ГУРГУР ТУМБА (Битола) – неолитска населба. Се наоѓа на периферијата на градот, близу фабриката „Битолатекс“. Претставува тумба со пречник во основата од 250 м и висина 3 м. Со пробните сондажни ископувања (1952 и 1981), во организација на тогашниот Народен музеј, бил утврден културен слој дебел 3,50 м со артефакти од две фази на живеење,… Continue reading ГУРГУР ТУМБА

ГУСЕВ, Виктор Евгенјевич

ГУСЕВ, Виктор Евгенјевич (Мариупол, Украина, 2. Ⅴ 1918 – Санкт-Петербург, 2003) – руски славист и македонист, фолклорист, етнограф, историчар и теоретичар на уметноста, литературата и културата. Средно и музичко образование завршува во Гомељ (Белорусија), а високо во Институтот за историја, филозофија и литература во Москва. На-учната дејност ја започнува во Москва (1938) и како доброволец… Continue reading ГУСЕВ, Виктор Евгенјевич

ГУСКИ

ГУСКИ (Ансер) – род крупни птици од потфамилијата гуски и лебеди (Ансеринае), од кои кај нас се регистрирани четири вида: сива гуска (Ансер ансер), белочелна гуска (Ансер албифронс), мала гуска (Ансер ерѕтропус) и посевна гуска (Ансер фабилис). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус. Цамбридге, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004;… Continue reading ГУСКИ

ГУСКОВА, Елена Јурјевна

ГУСКОВА, Елена Јурјевна (Москва, 1949) – руска историчарка. Историја студирала на Московскиот државен универзитет. Раководител е на Центарот за проучување на современата балканска криза при Славистичкиот институт на Руската академија на науките. Работела како стручњак за Балканот во штабот на мировните сили на Обединетите нации во Загреб (1994). Член на САНУ од 2006 г. Објавила… Continue reading ГУСКОВА, Елена Јурјевна

ГУСЛАРИ ВО МАКЕДОНИЈА

ГУСЛАРИ ВО МАКЕДОНИЈА -. месни или патувачки гуслари, најчесто со телесен хендикеп или оштетен вид. По ослепувањето на македонските воини по Беласичката битка (1014), гусларството било најчесто занимање на луѓето хендикепирани со видот. Слична била состојбата и во подоцнешните векови. Како традиција, во ⅩⅠⅩ в. гусларството било особено застапено во Прилеп. Кон 70-тите години најпознат… Continue reading ГУСЛАРИ ВО МАКЕДОНИЈА

ГУСЛАРСКИ ПЕСНИ

ГУСЛАРСКИ ПЕСНИ -. песни што се придружувале со гусле или ќемене, кое се разликува од црногорските и српските гусли, како по обликот, така и по бројот на жиците, па и по особините на звукот. Овие песни, како и другите епски песни, по своите мелодиски особености, а пред с” по рецитативноста и изосилабичноста (еден тон на… Continue reading ГУСЛАРСКИ ПЕСНИ

ГУСЛЕ

ГУСЛЕ (гусла, кемене, ќаменџе) – народен жичен гудачки музички инструмент. Изработен од издлабено парче дрво во крушковидна форма. Гудалото е рачно изработено во блага полукружна форма. Најчесто има три жици. Мелодијата се изведува на првата жица. Многу ретко се зафаќа третата жица, а средната константно бордунира празна, поради што гуслето спаѓа во бордунската група музички… Continue reading ГУСЛЕ

ГУТЕВСКИ, Наум Махов

ГУТЕВСКИ, Наум Махов (Крушево, 21. Ⅳ 1928 – Скопје, 20. Ⅵ 1996) – спец. по судска медицина, експерт за хумана серогенетика, редовен проф. на Мед. ф. (1988). Дипломирал медицина во Скопје (1957) и докторирал во Белград на тема за застапеноста на хаптоглобинските типови во Македонија и примената на хаптоглобинскиот систем во форензичната медицина (1979). Се… Continue reading ГУТЕВСКИ, Наум Махов

ГУЧЕВ, Зоран Спасков

ГУЧЕВ, Зоран Спасков (Скопје, 7. IX 1955) – педијатар-ендокринолог и генетичар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал медицина и филозофија во Скопје. Бил продекан на Мед. ф. и директор на Клиниката за детски болести. Тој е главен и одговорен уредник на МСМ, носител на повеќе проекти (Темпус-Пхаре) и организатор на балкански конгреси (ЕСЕ-ПГЕ)… Continue reading ГУЧЕВ, Зоран Спасков

ГУЧЕВ, Спаско Глигоров

ГУЧЕВ, Спаско Глигоров (Гевгелија, 8. XI 1925 – Скопје, 30. Ⅵ 1989) – општ хирург, анестезилог, проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал на Мед. ф. во Белград, специјализирал во Скопје. Супспецијализирал анестезиологија. Основач и долгогодишен директор на Клиниката за детска хирургија во Скопје. Вовел многубројни методи на иследување (јонограм) и оперативни техники во детската… Continue reading ГУЧЕВ, Спаско Глигоров

ГУЧЕВА, Богиња Владиславова

ГУЧЕВА, Богиња Владиславова (Куманово, 30. Ⅲ 1927 – Скопје, 8. Ⅷ 2005) – интернист-ревматолог, проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирала на Мед. ф. во Бел-град, а специјализирала интерна медицина во Скопје. Повеќе години работела на Одделот и Клиниката за нефрологија и учествува-Богиња Гучева ла во воведувањето лекување со хемодијализа. Професионалниот живот го продолжила на… Continue reading ГУЧЕВА, Богиња Владиславова

ГУШАЛКА

ГУШАЛКА -. правоаголно плат-но, изработено од памук или од коноп, кое се носело на градите, под гушата, а се закопчувало одзади, зад вратот. Била со димензии 30 х 15 цм и на неа бил пришиен колирот (јаката), висок од 3-4 цм. Била везена со вез разметница и дополнително се украсувала со л’ски (пулови). Ј. Р.-П.

ГУШЕВ-МАКИ, Ташо

ГУШЕВ-МАКИ, Ташо (с. Граматиково, Воденско, Егејскиот дел на Македонија, 1910 – Воден, 1996) – учител, учесник во НОБ во Егејскиот дел на Македонија и во Граѓанската војна во Грција. Во 1941 г. се вклучил во Движењето на отпорот против фашизмот. Од 1947 г. бил политички комесар на штабот на ДАГ за пл. Пајак и Кајмакчалан… Continue reading ГУШЕВ-МАКИ, Ташо

ГУШКОВ, Ристо

ГУШКОВ, Ристо (Скопје, 1941) – инж. технолог и долгогодишен директор на Цементарницата „Усје” во Скопје. Дипломирал на Техничкиот факултет во Скопје (1965). Работел во Цементарницата „Усје” (од 1966), а бил и нејзин генерален директор (од 1988). Бил директор на „Конзерва-експорт” во Скопје (1985-1987). Стопанственик со широки познавања на техничките и организационите аспекти на производството, со… Continue reading ГУШКОВ, Ристо

ГУШЛЕВ-ГУЧО, Христо

ГУШЛЕВ-ГУЧО, Христо (с. Косинец, Костурско, 1869 – меѓу селата Оштима и Трново, Костурско, IX 1904) – учесник во Илинденското востание, костурски војвода. Завршил основно образование. Бил член на ТМОРО од 1899 г. Во Илинденското востание предводел чета. По востанието се засолнил во Варна (Бугарија). Летото на 1904 г. се вратил во Костурско. Загинал во борбаContinue reading ГУШЛЕВ-ГУЧО, Христо