ГОНЧАРОВ, Василие

ГОНЧАРОВ, Василие (Варшава, 1. Ⅱ 1905 – Скопје, 1962) – вонр. проф. на Техничкиот факултет во Скопје, Градежен оддел (1959– 1962) по предметите проектирање и градење патишта и организациско), Ⅱ, „Македонски јазик”, 13-14, 1963, 173Класа ГОЛОСЕМЕНИ (Гѕмноспермае) 276; Тхе Проблем оф Вербал Моодс ин Славицс Лангуагес, ИЈСЛП, 8, 1964,1-36; Етногенезата на Поткласа Ред Фамилија Претставници… Continue reading ГОНЧАРОВ, Василие

ГОПЧЕВИЌ, Спиридон

ГОПЧЕВИЌ, Спиридон (Трст, 1855 – Виена, 1936) – српски бродосопственик, етнограф, историчар, патописец и публицист. Како доброволец бил учесник во Херцеговското востание (1875) и во Црногорско-турската војна (1876), а потоа стапил во српска дипломатска служба како аташе во Берлин (1886-1887) и во Виена (1887-1890). Автор е на повеќе публицистички дела од современата балканска историја, се… Continue reading ГОПЧЕВИЌ, Спиридон

ГОРАЗД

ГОРАЗД . (Моравија, IX в.) – Кирило-Методиев ученик и словен-ски рамноапостол од редот на христијанските светители „Седмочисленици“. Пред смртта св. Методиј го назначил за свој архиепископски наследник во Моравија, избран меѓу 200-те поистакнати ученици-свештеници, ѓакони и подѓакони. Го знаел словенскиот, но ги знаел и грчкиот и латинскиот јазик. По смртта на св. Методиј не бил… Continue reading ГОРАЗД

ГОРАЗД, митрополит

ГОРАЗД, митрополит (Богољуб Димитриевски) (с. Стрезовце, Кумановско, 21. IX 1936) – архиереј на Македонската православна црква. Завршил Богословија во манастирот Раковица (кај Бел-град) и Богословски факултет во Белград (1964). Бил службеник во Македонската архиепископија, а потоа парохиски свештеник во црквите „Св. Петка” и „Св. Ѓорѓи”, Криви Дол. На 26. Ⅶ 1977 г. бил замонашен и… Continue reading ГОРАЗД, митрополит

ГОРАЧИНОВА, Катерина Донева

ГОРАЧИНОВА, Катерина Донева (Скопје, 29. Ⅴ 1962) – фармацевт, редовен проф. на Фарм. ф. во Скопје, раководител на Институтот по фармацевтска технологија. Има објавено над 70 научни и стручни труда и над 30 соопштенија на симпозиуми и конгреси во и надвор од земјата. Раководител и учесник на научноистражувачки проекти. Автор на едно поглавије во „Фармакотераписки… Continue reading ГОРАЧИНОВА, Катерина Донева

ГОРНИК, Рудолф

ГОРНИК, Рудолф (Сремска Митровица, Војводина, 1. Ⅳ 1898 – Загреб, 19. Ⅱ 1980) – инженер-агроном, основоположник на тутунската наука во Република Македонијаи во Југославија, посебно во областа на селекцијата. Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Прага (1923). Заедно со други колеги, пред Управата на државните монополи го иницирал отворањето на првата експериментална станица за подобрување на… Continue reading ГОРНИК, Рудолф

ГОРНИЦА

ГОРНИЦА .(Пѕрус амѕгдалиформис Вилл., фам. Росацеае) – грмушка или мало листопадно дрво со бодливи леторасти, расте во Јужна Европа и во Западна Азија. Листовите се јајчесто издолжени, одоздола сивозелени, влакнести. Цветовите се бели, плодовите ситни, тркалезни, жолтокафеави крушки, богати со склеренхимски клетки и со танин. Термофилен и ксерофилен вид, со општа распространетост во РМ, на… Continue reading ГОРНИЦА

ГОРНО ВРАНОВЦИ

ГОРНО ВРАНОВЦИ – село во Велешко. Се наоѓа на источните падини на планината Голешница на надморска височина од околу 700 м. Со Велес, по долината на р. Тополка, е поврзано со локален асфалтен пат. До средината на ХХ в. било најголема селска населба во Велешката околија. Во 1953 г. во него живееле 3.847 ж. Во… Continue reading ГОРНО ВРАНОВЦИ

ГОРНОЏУМАЈСКИ ВОСТАНИЧКИ ОДРЕД

ГОРНОЏУМАЈСКИ ВОСТАНИЧКИ ОДРЕД (1923) – вооружен одред во Септемвриското востание во Пиринскиот дел на Македонија. Одредот (120 востаници – учители, селани, работници, службеници, занаетчии) под команда на гимназискиот професор Алекси Величков се упатил да дејствува во Разлошко, каде што востаниците го ослободиле гр. Мехомија и била воспоставена работничко-селска власт. На пат за Разлошко Одредот бил… Continue reading ГОРНОЏУМАЈСКИ ВОСТАНИЧКИ ОДРЕД

ГОРНОЏУМАЈСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД НИКОЛА КАЛАПЧИЕВ во Пиринскиот дел на Македонија

ГОРНОЏУМАЈСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „НИКОЛА КАЛАПЧИЕВ“ во Пиринскиот дел на Македонија (В 1943–Ⅷ 1944) – партизанска единица формирана (1941) од партизани и новопристигнати борци од Горноџумајско (ок. 50), со командант Ар-со Пандурски и политички комесар Стојне Лисијски. Дејствувал во реонот на планините Рила и Пирин. Кон крајот на 1943 г. бил поделен на два дела: едниот… Continue reading ГОРНОЏУМАЈСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД НИКОЛА КАЛАПЧИЕВ во Пиринскиот дел на Македонија

ГОРНОЏУМАЈСКО ВОСТАНИЕ

ГОРНОЏУМАЈСКО ВОСТАНИЕ (1902) – предизвикано од вооружени чети на Врховниот македонско-одрински комитет (ок. 500 лица), предводени од бугарските офицери генерал Иван Цончев, полковник Стефан Николов и др. Востанието започнало на 23. IX 1902 г. во с. Железница, Горноџумајско. Судирите се прошириле во селата Србиново, Градево, Бистрица, Крупник и др. Помали судири имало и во Малешевско,… Continue reading ГОРНОЏУМАЈСКО ВОСТАНИЕ

ГОРОЦВЕТ, ПРОЛЕТЕН

ГОРОЦВЕТ, ПРОЛЕТЕН . (Адонис верналис Л.) – степско растение од фамилијата Ранунцулацеае (лутичиња). Глобал-но загрозен вид, чиј ареал се простира во Централна, Источна и Јужна Европа. Во Република Македонијасе Пролетен гороцвет развива само во околината на Куманово (Краста, Пчиња, с. Коњаре). Вл. М.

ГОРСКИ ШТАБ НА СРПСКИТЕ ЧЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА

ГОРСКИ ШТАБ НА СРПСКИТЕ ЧЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА (1912) – штаб на припадниците на српската четничка организација „Народна одбрана”. Бил формиран пред почетокот на Првата балканска војна. Во војната раководел со Козјачкиот одред и дејствувал на подрачјето на КозјакСкопска Црна ГораКрива Паланка, во составот на Првата српска армија. По формирањето на Реонски… Continue reading ГОРСКИ ШТАБ НА СРПСКИТЕ ЧЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА

ГОРТИНИЈА

ГОРТИНИЈА – град во Македонија, сместен на десниот брег во долниот тек на Аксиј, во областа Амфакситида. Неговото постоење се датира одⅤв. пр.н.е., па сè до Римското Царство. Се спомнува (кај Тукидид) како еден од градовите во Македонија што ги освојува одрискиот владетел Си-талк (429 г. пр.н.е.). ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба,… Continue reading ГОРТИНИЈА

ГОСТИВАР

ГОСТИВАР – град во северозападниот дел на Република Македонијасо 35.847 ж. (2002). Лежи во котлинската рамнина на Горни Полог, на простор каде што се вкрстуваат значајни сообраќајни правци. Со Скопје преку Тетово е поврзан со автопат кој како магистрален пат М–4, понатаму продолжува за Кичево и Охрид. Од Г. преку Маврово и долината на РадикаContinue reading ГОСТИВАР

ГОТЕН

ГОТЕН – средновисока планина во Источна Македонија што $ припаѓа на Родопската зона. Се наоѓа помеѓу планините Огражден на исток и Плачковица на запад. Од Плачковица е одвоена со долината на Смилјанска Река, а од Огражден со длабоката клисура на Нивичанска Река. Помеѓу овие две речни долини се протега билото на Готен, на кое се… Continue reading ГОТЕН

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – град во Пиринскиот дел на Македонија, Република Бугарија: 20.329 ж. (1992). Се наоѓа во северозападниот дел на Гоцеделчевската Котлина и под-ножјето на Пирин Планина на надморска височина од 500 м. Од 1950 г. го носи името на македонскиот револуционер Гоце Делчев, а дотогаш се викал Неврокоп. Климата е променетомедитеранска. Средната годишна температура… Continue reading ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Торонто, Канада, 1986) – културно-национално друштво што развива плодна културна дејност за афирмирање на македонската национална култура. Настапува на мултикултурни манифестации, на Карневалот на нациите, на прослави во Канада и на „Илинденските денови“ во Битола (1988). Сл. Н.-К.

ГОЦЕВИ ДЕНОВИ

ГОЦЕВИ ДЕНОВИ (Делчево, 4. Ⅴ 1965-) – манифестација во чест на идеологот на македонското националноослободително движење Гоце Делчев. За нејзин зародок се смета одбележувањето на неговата смрт во с. Град, Делчевско, и „Гоцевата вечер“ во Делчево (4. Ⅴ 1965). По неколку години започна и манифестацијата „Гоцеви денови“ во с. Подгорци, Струшко (1971), како одбележување на… Continue reading ГОЦЕВИ ДЕНОВИ

ГОЦЕВСКИ, Трајан

ГОЦЕВСКИ, Трајан (с. Селник, Делчевско, 20. Ⅰ 1950) – економист, унив. професор, декан на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Основно и средно образование завршил во Делчево, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1973), каде што и магистрирал со темата „Развојот на малото стопанство” (1982) и докторирал на темата „Меѓузависноста… Continue reading ГОЦЕВСКИ, Трајан

ГОЧЕВА, Каролина

ГОЧЕВА, Каролина (Битола, 28. Ⅳ 1980) – интерпретаторка на популарна музика. Својот прв настап го има на 11 години на фестивалот Макфест со песната „Мамо пушти ме”. Учествува на многу Каролина Гочева фестивали во земјава и во странство, на кои освои низа награди. Во 2002 г. беше македонски претставник на натпреварот за Песна на Евровизија,… Continue reading ГОЧЕВА, Каролина

ГОШЕВ, Петар Вангелов

ГОШЕВ, Петар Вангелов (с. Пирава, Валандовско, 9. Ⅴ 1948) – политичар, последен претседател на ЦК СКМ и прв претседател на преобразениот СКМ-ПДП (денес СДСМ), основач и прв претседател на Демократската партија. Дипломирал (1971) и магистрирал од областа на економските науки (1983) на Економскиот факултет во Скопје. Бил член на СКМ (од 1971). Се наоѓал на… Continue reading ГОШЕВ, Петар Вангелов

ГРАВ

ГРАВ . (Пхасеолус вулгарис Л. Сави.) – едногодишно растение од фам. Фабацеае, со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Најраспространет е обичниот грав (Пх. вулгарис), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач). Според формата на Грав семето, постојат пет вида (спхерицус, елиптицус, облонгус, цомпресус и субцомпресус). Потекнува од… Continue reading ГРАВ

ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ, Скопје

ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ, Скопје – највисока научнообразовна институција од градежништвото кај нас, членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Студиите по градежништво на Универзитетот во Скопје датираат од неговото формирање (1949) кога е основан Техничкиот факултет, со два оддела – Градежен и АрхитектонГрадежниот факултет во Скопје ски. Наставата започнала со ангажирање кадри школувани во странство и… Continue reading ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ, Скопје