БАРАКОВСКА-РОЗА, Веса

БАРАКОВСКА-РОЗА, Веса (Благоевград, 18. Ⅲ 1922 – с. Лисија, Горноџумајско, 29. Ⅰ 1944) – Веса Бараковска -Роза младински раководител, прва партизанка од Пиринскиот дел на Македонија. Член и секретар на Работничкиот младински сојуз (1938), партизанка во Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“ (Ⅶ 1943). По тој повод Никола Парапунов испратил директивно писмо до сите партизански одреди… Continue reading БАРАКОВСКА-РОЗА, Веса

БАРАНОВ, Николај Илич

БАРАНОВ, Николај Илич (Русија, 1887 – ?) – ентомолог. Во периодот меѓу двете светски војни и во Втората светска војна бил ентомолог во Хигиенскиот завод во Скопје и во Хигиенскиот завод во Загреб (1920–1944) и научен соработник на Заводот за паразитологија при Ветеринарниот факултет во Загреб. Открил над 200 нови видови двокрилци од Европа, Азија,… Continue reading БАРАНОВ, Николај Илич

БАРБАРОВСКИ, Георги

БАРБАРОВСКИ, Георги (с. Дабиле, Струмичко, 6. Ⅴ 1949) – но-Георги Барбаровски винар и писател. Кариерата ја почнал како соработник на земјоделскиот весник „Трибина” (1974). Од 1986 г. се афирмирал во Политичко-економската рубрика на „Нова Македонија”. Бил член на првиот редакциски состав на „Дневник”, а од февруари 2004 г., заедно со Александар Дамовски, е основач и… Continue reading БАРБАРОВСКИ, Георги

БАРБАРОВСКИ, Миле

БАРБАРОВСКИ, Миле (с. Дабиле, Струмичко, 1. IX 1952) – композитор на популарна музика. Дипломирал на ФМУ во Скопје, на Одделот за ударни инструменти во класата на Емил Клан. Ав-тор е на над 300 новосоздадени песни и ора во духот на народното творештво. Учесник на сите фестивали што се одржуваат во Македонија и на кои освоил… Continue reading БАРБАРОВСКИ, Миле

БАРБИС, Анри

БАРБИС, Анри (Хенри Барбуссе) (Париз, 17. Ⅴ 1873 – Москва, 30. Ⅷ 1935) – француски писател и општественик, што се залагал за заштита од тероризирање на македонското население. Ја придруа во Првата светска војна бил и на Македонскиот (Солунски) фронт. Автор е на антивоениот роман „Оган“ (1916). Како член на Комунистичката партија на Франција (1923),… Continue reading БАРБИС, Анри

БАРГАЛА

БАРГАЛА (Горен Козјак) – утврдена населба од доцноантичко време и епископски центар. Градот израснал од римско воено утврдување (каструм), за што сведочи натписот на камената плоча од 371 г., случајно пронајден во с. Карбинци. Според него, градот се наоѓал во провинцијата Средоземна Дакија. Хиерокловиот синегдем го наведува епископот Дарданиус како учесник на Халкедонскиот собор во… Continue reading БАРГАЛА

БАРИЧ

БАРИЧ – еден од четирите кањони во изразитата клисуреста долина на Радика, кој е предиспониран со раседна линија. Се протега од сливот на Рибничка Река до сливот на Жировничка Река во должина од 9 км. Долинското дно на кањонот е тесно, а вертикалните отсеци што се издигаат од двете долински страни се високи помеѓу 300… Continue reading БАРИЧ

БАРИШИќ, Ладислав

БАРИШИќ, Ладислав (Чаковец, 6. Ⅵ 1941 – Скопје, 2. Ⅵ 1991) – ликовен критичар. Студирал на Универзитетот во Загреб. Водел ликовни рубрики во македонскиот и во хрватскиот печат („Нова Македонија”, „Екран”, „Остен”, „Око”). Ги одбегнувал идеолошките стапици и преку полемики се залагал за надминување на провинцијализмот во ликовната уметност и во критиката. М. Б.-П. Марин… Continue reading БАРИШИќ, Ладислав

БАРЛЕТИ, Марин

БАРЛЕТИ, Марин (Скадар, ок. 1450 – Рим, 1512) – католички свештеник и историчар, основен историски извор за биографијата на Георги Кастриот Скендербег. Ја преживеал опсадата на родниот град и подоцна заминал во Италија (1479). Автор е на извештајот за опсадата на Скадар (Де обсидионе Сцодренси, Венеција, 1504) и на книгата: Хисториа де вита ет гестис… Continue reading БАРЛЕТИ, Марин

БАРСКИ, Василиј Григорович

БАРСКИ, Василиј Григорович (?, 1701 – Киев, октомври 1747) – руски патеписец. Во Македонија ги посетил Св. Гора, Солун, Сер, Пела, Воден, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Велес, Скопје и оставил податоци за сите места. За манастирите Григоријан, Дохијар и Ксенов пишува дека се погрчени. ЛИТ.: Михаил Ковачевъ, Български ктитори въ Света Гора, Исторически очеркъ –… Continue reading БАРСКИ, Василиј Григорович

БАРТОШ, Милан

БАРТОШ, Милан (Белград, 10. XI 1901 – Белград, 12. Ⅲ 1974) – правник, унив. професор по меѓународно приватно право, редовен член на САНУ и член од надворешниот состав на МАНУ(од 4. Ⅴ 1972). Дипломирал право во Бел-град (1924) и докторирал во Париз (1927), по што бил професор на Белградскиот универзитет (1928). Учествувал во низа заседанија… Continue reading БАРТОШ, Милан

БАРУТНИЦА

БАРУТНИЦА . ( с. Амзабегово) – неолитска населба расположена на блага падина од левата страна на Светиниколска Река, оддалечена околу 2 км ј-з од селото. Истражувана е во 1961 г. од Паула и Јосип Корошец и во 1969/70 г. од М. Гарашанин и М. Гимбутас. Во културниот слој од 4 м се издвоени четири хоризонти… Continue reading БАРУТНИЦА

БАСАРОВ, Јован Андреев

БАСАРОВ, Јован Андреев (Рудник, 15. Ⅷ 1922 – Скопје, 21. Ⅲ 1943) – првоборец, организатор на оружената борба во Велес и Велешко и еден од првите борци во НОПО „Димитар Влахов“ во 1942 г. Учествувал во повеќе борби против бугарската војска и полиција и нивните помагачи контрачетниците во Велешко и во Скопско. Ги предводел оружените… Continue reading БАСАРОВ, Јован Андреев

БАСНА

БАСНА (лат: фабула – краток расказ) – кратка приказна во проза или во стихови, во која главна улога имаат животните, понекогаш растенијата, неживите предмети или некои природни сили. Тие обично се прикажани со човечки особини (антропоморфозирани) преку говор, карактерни особини, склоности, стремежи и сл. Односите меѓу луѓето обично се дадени алегорично, при што се исмеваат… Continue reading БАСНА

БАСОТОВА, Љубинка

БАСОТОВА, Љубинка (Скопје, 15. Х 1934) – класичен филолог, редовен професор на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје. Објавила повеќе научни трудови од областа на класичните студии во домашни и во странски списанија. Автор е на многубројни преводи и препеви од латински и старогрчки јазик на значајни дела од класичната и од… Continue reading БАСОТОВА, Љубинка

БАТАЛАКОВ, Тони

БАТАЛАКОВ, Тони (Антон), (Скопје, 20. IX 1945) – балетски играч и репетитор. Напоредно со гимназијата го завршува Средното балетско училиште во Скопје. Член е на Балетот при МНТ (1964–1992), каде што станува првенец со изразена индивидуалност, техничка сигурност и партнерско умеење. Директор на Балетот при МНТ (1979–1989) и наставник во Балетското училиште при МБУЦ „Илија… Continue reading БАТАЛАКОВ, Тони

БАТАЛИ, Перикли

БАТАЛИ, Перикли (Крушево, ок. 1870 – Крушево, 1903) – општ лекар. Медицина завршил во Атина, а како лекар работел кусо време во Крушево. Во Илинденското востание, заедно со д-р Никола Димку, бил лекар на Привремениот извршен совет, одреден за лечење на болните и повредените востаници во судирите со турскиот аскер. Бил фатен од турскиот башибозук,… Continue reading БАТАЛИ, Перикли

БАТАЛЈОН ЈОРДАН НИКОЛОВ

БАТАЛЈОН „ЈОРДАН НИКОЛОВ“ – в. Прв кумановски народноослободителен баталјон „Јордан Николов – Орце“.