БЕРЛИНСКИ КОНГРЕС

БЕРЛИНСКИ КОНГРЕС (13. Ⅵ – 13. Ⅶ 1878) – конгрес на шесте европски големи сили: Русија, Германија, Австро-Унгарија, Велика Британија, Франција и Италија, од една, и Османлиската Држава од друга страна за ревидирање на територијалните решенија содржани во прелиминарниот Санстефански мировен договор (3. Ⅲ 1878), еднострано наметнат од Русија по победата во Војната (1877/1878). Со… Continue reading БЕРЛИНСКИ КОНГРЕС

БЕРНШТЕЈН, Самуил Борисович

БЕРНШТЕЈН, Самуил Борисович (Бернштејн, Самуил Борисович) (Баргузин, Ист. Сибир, 3. Ⅰ 1911 – Москва, 6. Ⅹ 1997) – руски лингвист, етнолог, славист, бугарист и македонист. Долгогодишен раководител на Катедрата за словенска филологија на Московскиот универзитет „Ломоносов” и на Одделот за славистика и балканистика на АН СССР. Автор на ок. 400 научни трудови, вклучително и 18… Continue reading БЕРНШТЕЈН, Самуил Борисович

БЕРОВКА

БЕРОВКА“ -. македонско женско народно оро од Малешевско, кое се игра во 2/4 ритам, со држење на рацете слободно спуштени надолу. Се игра полетно, со ситни брзи чекори на полустапалата и со доста потскокнувања и доскокнувања. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје 1977, 73. Ѓ. М. Ѓ.

БЕРОВО

БЕРОВО – град во источниот дел на Република Македонија со 7.002 ж. (2002). Се наоѓа во Малешевската Котлина на крајните северни ограноци на Малешевските Планини од двете страни на р. Брегалница. Зафаќа површина од 224 ха. Има умерено-континентална клима. Како населба почнала да се формира во средината на ⅩⅤⅠⅠ в., кога жителите од околните села… Continue reading БЕРОВО

БЕРОВСКА КОТЛИНА

БЕРОВСКА КОТЛИНА – Беровската или Малешевската Котлина се протега во крајниот источен дел на Република Македонија , во изворишниот дел на Брегалница. Припаѓа на најстарото – Родопско копно на Балканскиот Полуостров. Формирана е со радијалните тектонски движења за време на плиоценот и претставува јужен тектонски дел од Беровско-делчевскиот ров. Од три страни е заградена со… Continue reading БЕРОВСКА КОТЛИНА

БЕСА

БЕСА“ – албанска организација (Белград, 1935–1941), формирана од студентите Албанци од Македонија и од Косово, по инструкции на Военоразузнавачката служба на Италија (СИМ), преку Албанското претставништво во Белград. Разгранок во Македонија (Тетово) бил формиран при крајот на 1938 г. од шаип Камбери, Идриз Ибрахим Црцр и Сеап Селман (Селим Сехати) за да дејствува за национално… Continue reading БЕСА

БЕСЕДА

БЕСЕДА“ (јуни 1972 – септември 1987) – списание за култура и уметност во Куманово. Издавач е Културно-просветната заедница на градот. Главни и одговорни уредници биле: Методи Петровски, Благоја Игњатовски, Ратко Дамјановски. Списанието посебно внимание им посветувало на роднокрајните автори и на севкупниот културен живот во Куманово, а ја негувало и меѓурепубличката книжевна соработка во СФР… Continue reading БЕСЕДА

БЕСКРИЛНИ ИНСЕКТИ

БЕСКРИЛНИ ИНСЕКТИ (Аптерѕгота) – најпримитивни инсекти. Мали, без крилја (аптерѕгос гр. = без крилја) по што и го добиле името. Се појавуваат во поголеми популации во определен период од годината. Живеат по влажни и темни места покрај брегот на неистечните води, локви, бари и езера, во мовови, по глечери и на снегот по планините. Во… Continue reading БЕСКРИЛНИ ИНСЕКТИ

БЕТАР

БЕТАР (Брит трумпелдор) (Скопје, 1923) – еврејска младинска организација во Македонија, милитантна ревизионистичка ционистичка организација со филијала во Битола. Поради милитантниот настап на нејзините членови, била непопуларна меѓу членовите на заедниците и во Скопје и во Битола. Во Скопје кенот го раководел Виктор Аврахам Касуто. Организацијата била во постојан судир со членовите на младинската организација… Continue reading БЕТАР

БЕЌАР, Димо

БЕЌАР, Димо (Прилеп, 3. Ⅴ 1910 – Скопје, 1983) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа економика и за предметот економика на шумско-стопанските организации. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Белград (1933). Бил на служба во Дирекцијата за шуми во Босна и Херцеговина, каде што извршувал разни должности во повеќе градови (1934–1941).… Continue reading БЕЌАР, Димо

БЕЌАРОВ, Коста Трајанов

БЕЌАРОВ, Коста Трајанов (с. Русиново, Малешевско, ? – Малешевско, 1907) – учесник во македонското револуционерно дело, војвода на Малешевската чета и учесник во бојот со српска чета во летото на 1906 г. кај месноста Црнел, Малешевско. Загинал во борбите кај месноста Сливница, Малешевско. ЛИТ.: А. Динев, Илинденска епопеја, Ⅱ, Скопје, 1949. Ал. Тр. Нехат Беќири

БЕЌИРИ, Нехат

БЕЌИРИ, Нехат (Нехат Бељири) (Тетово, 1. Ⅷ 1967) – сликар, професор на Тетовскиот универзитет. Дипломирал (1991) и магистрирал (2001) на Факултетот за ликовни уметности во Приштина. Самостојно излагал во Тетово, Скопје, Приштина, Париз. Создава експресивни фигуративни композиции и дела во духот на новата апстракција. Л. Н.

БЕЧВИ

БЕЧВИ -. машка долна облека, изработена од клашна. По рабовите, како и околу џебовите и цеповите, биле украсувани со црни гајтани, дело на локалните терзии. За разлика од машкото мијачко население што носело бечви изработени од бела клашна, во прилепскиот регион (с. Кривогаштани) тие биле изработувани од подебела клашна (шајак) во темноцрвена боја. Ј. Р.… Continue reading БЕЧВИ

БЕЏЕТИ, Беџет

БЕЏЕТИ, Беџет (с. Грешница, Кичевско, 14. Ⅶ 1942) – политички деец. Студирал на Природно-математичкиот факултет. Член на СКМ (од 1958). Бил учител и службеник во СВР на СРМ, член на Општинската конференција на СКМ во Кичево и пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ. С. Мл. Валентинијан, монета ( Ⅳ в.)

БЕШ ТЕПЕ

БЕШ ТЕПЕ (Анче) (с. Карбинци) – микролокација на античкиот град Баргала. Се наоѓа на околу 700 м ј-и од селото, на десната страна на Радањска Река. Овој турски топоним се однесувал на високи могили од кои денес се зачувани три. Во Втората светска војна (1941-1943) со орање на нивите била најдена плоча со латински натпис… Continue reading БЕШ ТЕПЕ

БИБИЈА

БИБИЈА (Свето писмо) – македонски превод. Браќата св. Кирил и Методиј ја превеле библијата во IX век на дијалектниот говор на македонските Словени од околината на Солун. Македонски преводи на библиските текстови биле работени и во ⅩⅠⅩ век на народен говор со кирилско или со грчко писмо. Тоа се: Четиријазичникот на Данаил од Москополе, Кониковското… Continue reading БИБИЈА

БИБИОТЕКА НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ

БИБИОТЕКА НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ (Скопје, 1922–1941) – прва универзитетска библиотека во Вардарскиот дел на Македонија. Тоа е прва поголема јавна библиотека по Велешката библиотека (1833). Наследник на нејзиниот книжен фонд е денашната НУБ „Климент Охридски”. С. Мл.

БИГЛА

БИГЛА – средновисока планина што претставува природно продолжение на Илинска и Плакенска Планина. Има динарски правец на протегање сз–ји во должина од 16 км. На запад ограничена со Ресенско Поле и долината на Голема Река, на исток со долините на шемница и Боишка Река, а на југ со превалот Ѓавато (1.167 м) е одвоена од… Continue reading БИГЛА

БИДЕВ, Павле

БИДЕВ, Павле (Приеполе, 22. Ⅵ 1912 – Игало, 16. Ⅰ 1988) – професор по филозофија, полиглот, стручен преведувач, шаховски теоретичар, публицист, прв македонски шаховски мајстор, преведувач од повеќе јазици. Во шаховската игра го упатил неговиот очув д-р Алексеј Степанович Полканов уште на 11-12-годишна возраст. Поради неговата болешливост, отпрвин се занимавал со дописен шах. На шаховската… Continue reading БИДЕВ, Павле

БИДИКОВ, Владислав Димитров

БИДИКОВ, Владислав Димитров (Кратово, 7. Ⅳ 1930) – интернист-гастроентерохепатолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. и специјализација завршил во Скопје. Бил директор на Клиниката за гастроентерохепатологија (1987–1995). Вовел нови дијагностички и терапевтски методи: ЕРЦП, ендоскопска полипектомија, ендоскопско поставување на езофагеални ендопротези. Автор и коавтор на 312 стручни трудови. ИЗВ.: Архив на Клиниката… Continue reading БИДИКОВ, Владислав Димитров

БИЗНИС

БИЗНИС“ – прв македонски економски дневен весник. Првиот број излегол на 18 мај 2005 г. Издавач: Друштво за издавање, печатење и услуги „Економски погледи” ДОО увоз-извоз Скопје. Основачи-содружници: Панде Колемишевски (главен и одговорен уредник), Душан Петрески, Здравко Јосифовски, Аце Димитриевски. „Бизнис” третира настани, случувања и движења на домашната и на светската економска сцена. Б. П.… Continue reading БИЗНИС

БИЛАЗОРА

БИЛАЗОРА . (с. Кнежје, Светиниколско) – античка населба на доминантен рид со зарамнето плато (оштетено од ерозија) и моќни одбранбени бедеми, на 3 км западно од патот Свети Николе – с. Кнежје, на лок. Градиште. Заедно со подградието зафаќа површина од 20 ха. Сполии вградени во селските куќи и во црквата. Во истражувањата (1986) е… Continue reading БИЛАЗОРА