АЈДУТСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ. – Циклус епски народни песни што ги опеваат подвизите и настаните од животот на ајдутите. Тие се појавиле како народен поетски израз кон ајдутското движење, па го одразуваат протестот против социјалните неправди и стремежите за слобода. Во нив ајдутите се претставени како борци против османлиските поробувачи. Особено во ⅩⅠⅩ в., со епска… Continue reading АЈДУТСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
Tag: А
АЈДУЧКА ТРЕВА
АЈДУЧКА ТРЕВА (Ацхиллца миллефолиум) – повеќегодишно лековито зелјесто растение високо 20-80 цм, со бели или розови цветови и силна миризба. Има особено значење во народната медицина. Се верува дека има најлековити својства ако е набрано во времето на меѓудневицата. Се употребува за варење чај или се става директно на рана помешана со урина за да… Continue reading АЈДУЧКА ТРЕВА
АЈРУЛА-ТОЗИЈА, Сабина
АЈРУЛА-ТОЗИЈА, Сабина (Скопје, 17. Ⅳ 1946) – актерка во Драм-ски театар (од 1967). Улоги: Олга („Чехов”); Гертруда („Хамлет”); Фатима („Солунски патрдии”); Лисијен („Болва в уво”); Костадинка („Јане Задрогаз”); Џеси („Добра ноќ мајко”); Лаура („Татко”); Лени („Злостори на срцето”) и др. Како гостин учествувала во проекти на Турската драма и на Драмата на МНТ. Р. Ст.… Continue reading АЈРУЛА-ТОЗИЈА, Сабина
АЈСХИН
АЈСХИН (Атина, 389 пр.н.е. – Самос, 314 пр.н.е) – политичар, главен протагонист на Македонската партија во Атина. Политичката дејност ја започнува по освојувањето на Олинт (349) од Филип Ⅱ, кога во Советот и во Собранието го поддржува предлогот за отпор против Филип Ⅱ, но набрзо преминува на страната на плутократите, кои сакаат мир со Филип… Continue reading АЈСХИН
АЈТИЈА
АЈТИЈА – македонска божица на светлината; според легендите Македон е син на Ајтија (Ајтрија) и Дион; според друга верзија Маке-дон е син на Ѕевс и Тија – ќерка на Девкалион; името на божицата се поврзува со македонската глоса адраја, со значење „светло, јасно небо”. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. А. шук. Статут… Continue reading АЈТИЈА
АКАДЕМСКО ДРУШТВО МАКЕДОНИЈА
АКАДЕМСКО ДРУШТВО МАКЕДОНИЈА . (Женева, 1915) – продолжение на Академското друштво на македонско-одринските студенти во Женева (швајцарија) по Илинденското востание (1904), а по почнувањето на Првата светска војна обновено под името „Македонија”. Организатори на Друштвото: Анастас Коцарев (Охрид), Петар Здравев (Тетово), Димитар Несторов (Струга), Трифун Греков (Ениџе-Вардар), Благој Тошанов (Штип), А. Копандонов и Александар Крајчев… Continue reading АКАДЕМСКО ДРУШТВО МАКЕДОНИЈА
АКАКИЈ
АКАКИЈ – јеромонах и игумен (мирско име Јоаникиј), ктитор на манастирската црква „Св. Никола” во с. Манастир (Мариово). Игумен станал во 1261 г. Во 1266 г. на местото на постарата изградил нова преубава црква. Во 1271 г. овозможил црквата да биде живописана, со посредство на ѓаконот Јован, веројатно иста личност со ѓаконот Јован Педијасим (референдар… Continue reading АКАКИЈ
АКВАС
АКВАС – патна станица од римско време, забележана на Појтингеровата карта (Ⅲ–ИV в.). Се наоѓала на делницата од римскиот пат помеѓу Скупи и Стоби, на одалеченост од ⅩⅪ римска милја од Скупи. Се идентификува со Катлановска Бања во близина на Скопје. ЛИТ.: Н. Вулић, Територија римског Скопља, „Гласник Скопског научног друштва”, И/1 (1925), 1–4; Т.… Continue reading АКВАС
АКВЕДУКТОТ ВО СКОПЈЕ
АКВЕДУКТОТ ВО СКОПЈЕ – бил долг 12 км, почнувајќи од каптажите кај с. Глуво, западно под Градиште с. Бразда и с. Горно Оризари, помеѓу Визбегово и шуто Оризари, под источната падина на ридот кај касарната „Илинден”, по должината на ул. „Дижонска” кон источното подножје на Скопското Кале. Во турско Акведуктот во Скопје (ⅩⅤⅠ в.) време… Continue reading АКВЕДУКТОТ ВО СКОПЈЕ
АКИМОВСКИ, Радован
АКИМОВСКИ, Радован (с. Богомила, Велешко, 25. Ⅴ 1922 – Скопје, 1992) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за шумски транспортни средства. Дипломирал на шумарскиот факултет во Белград (1949), а потоа бил назначен за асистент на Земјоделскошумарскиот факултет во Скопје. Докторирал на Високата шумарска школа во Виена (1961). Публикувал бројни научни и стручни… Continue reading АКИМОВСКИ, Радован
АКИНДИН, Григориј
АКИНДИН, Григориј (Прилеп, ок. 1300 – ок. 1348) – средновековен теолог и филозоф. Се школувал во Солун, каде што стекнал солидно образование од античката филозофија и литература. Се запознал со св. Григориј Палама и изразил желба тој да го воведе во монашката духовна практика. Во 1332 год. во Солун се сретнал со Варлаам, главниот опонент… Continue reading АКИНДИН, Григориј
АКСИЈ
АКСИЈ (Аџиос) – античкото име на р. Вардар, која ја спомнуваат повеќе антички литературни извори: Херодот, Тукидид, Плиниј и др. Најрано се спомнува во времето на Тројанската војна како „река што широко тече” (Хом., Ⅱ.ИИ844-850). Страбон (Страб. 7, 327, 329) кажува дека А. извира од регијата на Агријаните, кои се пајонско племе. Реката ја делела… Continue reading АКСИЈ
АКТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ КНЕЖЕВСТВОТО БУГАРИЈА И ОСМАНЛИСКАТА ДРЖАВА НА ДЕЛОТ КОН МАКЕДОНИЈА
АКТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ КНЕЖЕВСТВОТО БУГАРИЈА И ОСМАНЛИСКАТА ДРЖАВА НА ДЕЛОТ КОН МАКЕДОНИЈА (Цариград, 20. IX 1879) – договор на Европската комисија составена од претставници-комесари од Германија, Австро-Унгарија, Франција, Велика Британија, Русија, Италија и Османлиската Држава. Како составен дел на актот (од 14 члена) биле приложени скици. Границата поаѓала од српската граница, Црн… Continue reading АКТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ КНЕЖЕВСТВОТО БУГАРИЈА И ОСМАНЛИСКАТА ДРЖАВА НА ДЕЛОТ КОН МАКЕДОНИЈА
АКТ НА СЕНАТОТ И НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ НА КОНГРЕСОТ НА САД ЗА ДАВАЊЕ ПОМОШ НА ГРЦИЈА
АКТ НА СЕНАТОТ И НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ НА КОНГРЕСОТ НА САД ЗА ДАВАЊЕ ПОМОШ НА ГРЦИЈА (Вашингтон, 22. Ⅴ 1947) – акт со сила на закон за давање финансиска и економска помош и за безбедносна заштита на Грција. Одржувањето на власт на монархистичката влада, загрозена од КПГ со организираното грчко противмонархистичко движење и масовизираното македонско… Continue reading АКТ НА СЕНАТОТ И НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ НА КОНГРЕСОТ НА САД ЗА ДАВАЊЕ ПОМОШ НА ГРЦИЈА
АКТА
АКТА (Скопје, 28. Ⅶ 1953 – 1995) – списание, орган на Природонаучниот музеј на Македонија. Објавуваше прилози од областа на геата и таксономијата, биогеографијата и екологијата на флората и фауната на Македонија и другите делови на Балканскиот Полуостров. Првата редакција ја сочинуваа: Ханс Ем, Петар Т. Икономов, Роко Вуковиќ и Станко Караман. Во првиот број… Continue reading АКТА
АКЦЕНТ
АКЦЕНТ (< лат. аццентус < ад цантус ‘приглас’ : грч. просóдиа) – би-тен елемент со кој еден јазик се диференцира како посебен идиом. Макед. а. е третосложен, паѓа на последните три слога, одн. мори, од крајот на зборот. Тој е динамичен, со силината на гласот врши разделувачка функција на зборовите и зборовните целини. Во основата… Continue reading АКЦЕНТ
АКЦИОНЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН КОМИТЕТ
АКЦИОНЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН КОМИТЕТ (1943) – главно национално политичко тело (од македонски интелектуалци и претставници од македонското граѓанство), „највисок орган на револуционерната власт” на окупираната територија во Вардарскиот дел од Македонија. Објавил Проглас до македонскиот народ (IX 1943) со повик за масовна вооружена борба за национално ослободување и за обединување во самостојна македонска национална држава. Членовите… Continue reading АКЦИОНЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН КОМИТЕТ
АКЦИОНЕН ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ
АКЦИОНЕН ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ (Софија, 1934 – Софија, 1936) – координатор и предводник на македонското прогресивно движење за протерување на врховистите од Националниот комитет, од раководствата на младинските, студентските, женските и илинденските друштва. Дејствувал за создавање единствен македонски ослободителен фронт за извојување сопствена независна македонска држава. Бил прогонуван од бугарските власти како огранок на ВМРО (Об).… Continue reading АКЦИОНЕН ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ
АКЦИОНЕРСКИ КАПИТАЛ
АКЦИОНЕРСКИ КАПИТАЛ – капиталот што претпријатијата, организирани како акционерски друштва (корпорации), го добиваат со емисија на свои акции. Акцијата претставува долгорочна хартија од вредност што на сопственикот му носи две основни права: право на учество во распределбата на еден дел од профитот на претпријатието во форма на дивиденда и право на учество во управувањето со… Continue reading АКЦИОНЕРСКИ КАПИТАЛ
АЛАБАКОТ,Иван
АЛАБАКОТ,Иван .- в. Иван Наумов-Алабакот.
АЛАНЃУЗИ
АЛАНЃУЗИ . – верувања за болест кај малите деца до шест недели, предизвикана од видување на ритуално нечиста жена (од менструален циклус или сексуален однос), познати и како мурдарлак (Источна Македонија) и брут (Јужна Македонија). Се верува дека децата се заштитени ако жената ја признае својата состојба, во спротивно околу образите и на главата се… Continue reading АЛАНЃУЗИ
АЛАРИХ
АЛАРИХ (370–410) – крал на Визиготите (394/5–410). По смртта на императорот Теодосиј Ⅰ (395), ги опустошил Тракија, Хелада и Македонија. Во почетокот наⅤв. со Визиготите навлегол во Италија и го освоил Рим (24.Ⅷ 410). Оттаму се упатил кон Јужна Италија со цел да се префрли во Северна Африка. Тука го затекнала смртта. Бил погребан под… Continue reading АЛАРИХ
АЛАРОВА, Виолета
АЛАРОВА, Виолета (Скопје, 3. Ⅶ 1945) – новинар, општественик и поет. Завршила Правен факултет во Скопје. Била новинар и главен и одговорен уредник на Втората програма на Радио Скопје (Македонското радио), претседател на Управниот одбор на МИА (1998&2000) и градоначалник на Општината Центар – Скопје (2000-2009). Има објавено три книги поезија и десетина драмски текстови.… Continue reading АЛАРОВА, Виолета