АГРАРНА СТРУКТУРА

АГРАРНА СТРУКТУРА – составен дел на економската структура со која земјоделството е поврзано во процесот на репродукцијата. Таа е збир на производните односи во земјоделството на одреден степен на развој на производните сили. До 1990 г. во Република Македонија имаше 211 земјоделски стопанства во општествена сопственост, 147 агрокомбинати и 64 земјоделски задруги, во кои работеа… Continue reading АГРАРНА СТРУКТУРА

Аграрните реформи во Македонија (1918 &1953)

Аграрните реформи во Македонија (1918&1953) & во текот на минатиот век биле извршени две аграрни реформи. Првата аграрна реформа била спроведена во периодот меѓу двете светски војни (1918–1941). Објект на оваа аграрна реформа биле слободните и напуштените имоти (обработлива земја, утрини и шуми во државна и општинска сопственост и сл.) и имотите што ќе останеле… Continue reading Аграрните реформи во Македонија (1918 &1953)

АГРЕСИЈА ВРЗ РМ

АГРЕСИЈА ВРЗ Република Македонија – ( 2001 – примена на вооружена сила преку упатување вооружени банди, групи, нерегуларни или изнајмени војници од Косово како дел од РС (по 1999 г. под протекторат на ООН), против суверенитетот и територијалниот интегритет на РМ, забранета со Повелбата на ООН. Овој факт е констатиран во Резолуцијата 1345 (21. Ⅲ… Continue reading АГРЕСИЈА ВРЗ РМ

АГРИЈАНИ

АГРИЈАНИ (Граи) – пајонско племе, кое ги населува териториите во горниот тек на реката Стримон (според Тукидид). Херо-дот ги спомнува меѓу племињата што не ги покорил персискиот војсководец Мегабаз (V в. пр.н.е.). Во времето на Филип Ⅱ биле македонски сојузници. Нивниот владетел Лангар со најдобрите војници му се придружил на Александар Македонски против илирското племе… Continue reading АГРИЈАНИ

АГРОИНДУСТРИЈА

АГРОИНДУСТРИЈА – заемна поврзаност на примарното земјоделско производство и преработувачката индустрија на земјоделски производи. Земјоделското производство (растителното производство и сточарството) е основа за развој на неколку преработувачки индустрии, кои го чинат т.н. агроиндустриски комплекс. Тука спаѓаат: прехранбената индустрија, производството на пијалаци, производството на добиточна храна и индустријата за тутун и цигари. Овие индустрии имаат силно… Continue reading АГРОИНДУСТРИЈА

АДАМ ОД ГОВРЛЕВО

АДАМ ОД ГОВРЛЕВО . – керамичко торзо на маж, археолошки наод од неолитската населба Говрлево, откриен во истражувањата во 2000 г. Единствен пример од неолитската епоха, со моделирање на машка статуета и сосема реален приказ на човечко тело, со прикажување на грбот со ’рбетот и тртната коска, ребрата стомакот, колковите и бедрата, со нагласување на… Continue reading АДАМ ОД ГОВРЛЕВО

АДАМОВИЌ, Лујо

АДАМОВИЌ, Лујо (Ровињ, Хрватска 1886 – Дубровник, 1935) – познат фитогеограф од почетокот на ⅩⅠⅩ в., кој ја проучувал флората и вегетацијата на Балканскиот Полуостров. Неговата монографија „Дие Вегетатионсверхалтнисцх дер Балканлäндерн” (1909) има големо значење за флората и вегетацијата на балканските земји, меѓу нив и за Македонија. Прави обид за хоризонтално и вертикално зонирање на… Continue reading АДАМОВИЌ, Лујо

АДАМЧЕВСКИ, Мирче

АДАМЧЕВСКИ, Мирче (Скопје, 25. XI 1949) – новинар. Дипломирал на Технолошкиот факултет во Скопје. Најголем дел од работниот век (1979-2004) го минал во „Нова Македонија”. Го уредувал прилогот „Економија и пазар”. Во периодот 1993-1999 г. е дописник од Москва. По враќањето е уредник-коментатор во Надворешнополитичката и Стопанската рубрика. Во последните години на „Нова Македонија” главен… Continue reading АДАМЧЕВСКИ, Мирче

АДАМЧЕСКА, Снежана Миркова

АДАМЧЕСКА, Снежана Миркова (Делчево, 8. Ⅴ 1950) – педагог, универзитетски професор. Дипломирала (1973), магистрирала (1983) и докторирала (1988) на Филозофскиот факултет во Скопје. Научен интерес $ е дидактичко-методичката проблематика, посебно иновативните техники и методи на наставата. Автор е на над 80 стручни и научни трудови и на неколку учебници за основно образование. Била продекан и… Continue reading АДАМЧЕСКА, Снежана Миркова

АДАНА

АДАНА – . македонско машко народно оро што се изведува во полукруг, со почетно држење на рацете за рамо, а кон крајот тие се слободно спуштени и се држат за китките. Се игра во 2/4 метар во умерено брзо темпо. Орото започнува со балансирање, а потоа со потскокнувања, вртења и потклекнувања. Најчесто се игра во… Continue reading АДАНА

АДАНА –

АЛИ-ПАШИНА ЏАМИЈАОхрид. верој. ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – споменик на културата и активен верски објект. Позната и под името Сулејман-пашина џамија. Подигната од Дефтердар Али-паша. Има квадратна основа со димензии 12,50 х 12,50 м, засводена со купола на двојни тромпи; реновирана во ⅩⅠⅩ в. ЛИТ.: Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османлњ Мимарњ Есерлери. „Ѕугославѕа”, ллл цилд,… Continue reading АДАНА –

АДВЕНТИСТИЧКА ЦРКВА во Македонија

АДВЕНТИСТИЧКА ЦРКВА во Македонија. – христијанска секта што проповеда брзо доаѓање на Христос на земјата. Адвентизмот е пренесен во Македонија во 1920 г. Членството се придржува кон строги правила на живот, кои вклучуваат воздржување од алкохол и тутун и целосно посветување на Бога во седмиот ден од седмицата (саботата). Постојат две адвентистички цркви: Христијанска адвентистичка… Continue reading АДВЕНТИСТИЧКА ЦРКВА во Македонија

АДВОКАТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

АДВОКАТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА. – основана со Решение на Владата на ДФМ од 13. Ⅵ 1945 г. Со Законот за адвокатурата од 2002 г., АКРМ се определува како самостојна и независна установа. Највисок орган на Комората е Собранието, а раководен орган е Управниот одбор. Акти на Комората се: Статутот на АКРМ, Правилникот за дисциплинска одговорност… Continue reading АДВОКАТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

АДВОКАТУРАТА ВО МАКЕДОНИЈА

АДВОКАТУРАТА ВО МАКЕДОНИЈА -. организација на лицата што извршуваат адвокатска дејност. Основите на адвокатурата во Македонија се поставени во Правилата (Уставот) на Македонскиот востанички комитет од 1878 г. Со овој акт за прв пат се гарантираат правото на обвинетиот на одбрана и правото на бранител пред судот. Во периодот меѓу двете светски војни во Вардарскиот… Continue reading АДВОКАТУРАТА ВО МАКЕДОНИЈА

АДЕМИ, Бурхан

АДЕМИ, Бурхан (Гостивар, 4. Ⅰ 1930) – учител и политичар. По Ослободувањето ја завршил гимназијата во Гостивар (1947) и бил примен за член на СКОЈ (1946/ 47). Веднаш потоа се вработил како учител, потоа како наставник делението за просвета на Собранието на Општината во Гостивар (1947-1958). Како член на СКМ (1951), вршел разни општествени и… Continue reading АДЕМИ, Бурхан

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (по 1913)

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (по 1913). По Втората балканска војна и по силата на Букурешкиот мировен договор (10. Ⅷ 1913) грчката држава ане2 ктирала 34.000 км или 51% од македонската територија. Територијата на Егејска Македонија била поделена на три генерални Административно-територијална поделба на Егејскиот дел на Македонија (по 1913) дирекции: Централна Егејска… Continue reading АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (по 1913)

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ВАРДАРСКА МАКЕДОНИЈА ВО СХС Србија, Бугарија и Кралството на СХС

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА . – на Вардарскиот дал на Македонија под власта на Србија, Бугарија и Кралството на СХС/Југославија (1912–1915; 1915–1918; 1919–април 1941). Од 1912 до 1915 г. Вардарскиот дел на Македонија бил окупиран од Србија. Административно-територијално била поделена на 7 окрузи, а овие на околии и општини. Од есента на 1915 до есента 1918 г.… Continue reading АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ВАРДАРСКА МАКЕДОНИЈА ВО СХС Србија, Бугарија и Кралството на СХС

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ. – Државната територија на ДФМ по Втората светска војна беше поделена на народни одбори, околии и општини, како облици на локална управа и самоуправа. Со Општиот закон за народните одбори од 1946 г. овие одбори беа определени како локални органи на државната власт на своето подрачје. Со овој закон беа воведени… Continue reading АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ. – Државната територија на ДФМ по Втората светска војна беше поделена на народни одбори, околии и општини, како облици на локална управа и самоуправа. Со Општиот закон за народните одбори од 1946 г. овие одбори беа определени како локални органи на државната власт на своето подрачје. Со овој закон беа воведени… Continue reading АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (по 1913). По Втората балканска војна и по силата на Букурешкиот мировен договор (10. Ⅷ 1913) грчката држава ане2 ктирала 34.000 км или 51% од македонската територија. Територијата на Егејска Македонија била поделена на три генерални Административно-територијална поделба на Егејскиот дел на Македонија (по 1913) дирекции: Централна Егејска… Continue reading АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИКАТА

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИКАТА. Во времето кога постоела македонската држава (Ⅶ-Ⅱ в. пр. н.е.) античките автори разликувале главно Горна и Долна Македонија. Долна Македонија (Пиерија, Ботиаја, Еордаја, Алмопија, Мигдонија, Крестонија, Бисалтија и др.) ги опфаќала јужните, претежно рамничарски предели, со престолнина првин во Ајга, а подоцна во Пела. Горна Македонија опфаќала претежно планински… Continue reading АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИКАТА

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИКАТА

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИКАТА. Во времето кога постоела македонската држава (Ⅶ-Ⅱ в. пр. н.е.) античките автори разликувале главно Горна и Долна Македонија. Долна Македонија (Пиерија, Ботиаја, Еордаја, Алмопија, Мигдонија, Крестонија, Бисалтија и др.) ги опфаќала јужните, претежно рамничарски предели, со престолнина првин во Ајга, а подоцна во Пела. Горна Македонија опфаќала претежно планински… Continue reading АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИКАТА

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО ОСМАНЛИСКАТА ИМПЕРИЈА (ⅩⅣ ⅩⅩ ВЕК)

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО ОСМАНЛИСКАТА ИМПЕРИЈА (ⅩⅣ ⅩⅩ ВЕК) – поделена на: вилаети (ејалети), санџаци, кази и нахии. Во текот на ⅩⅤ и ⅩⅤⅠ в. речиси целата територија на Македонија била поделена во пет санџаци: Паша (Одрински) санџак, ќустендилски, Охридски, Солунски и Скопски санџак, а сите тие влегувале во Румелискиот беглербеглук или ејалет. Таа… Continue reading АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО ОСМАНЛИСКАТА ИМПЕРИЈА (ⅩⅣ ⅩⅩ ВЕК)

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДНИОТ ВЕК

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДНИОТ ВЕК. Во времето на византиската власт во Македонија постоеле теми како административни единици: Солун, Стримон, Нов Стримон, Драгувитија и Верија. Бугарската административна структура се состоела од комитати: Брегалнички, Деволски, Кутмичевица и др. Во времето на Самуила Македонија била поделена на повеќе помали или поголеми воено-административни области: Струмичка, Мегленска, Воденска,… Continue reading АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДНИОТ ВЕК