АРСОВ, Борис

АРСОВ, Борис (Крива Паланка, 1906 – Скопје, 1954) – член на АСНОМ и универзитетски професор. Основно образование завршил во родното место, а гимназија во Куманово. Во текот на 1926 г. заминал на студии во Монпелје, Франција, каде што студирал право и филозофија, стекнувајќи две дипломи, за завршен правен факултет и за филозофија. На Сорбона во… Continue reading АРСОВ, Борис

АРСОВ, Димитар Тодоров

АРСОВ, Димитар Тодоров (Крива Паланка, 28. IX 1908 – Скопје, 2. Ⅶ 1974) – спец. интернист, ревматолог, редовен проф. на Мед. ф., академик. Матурирал во Куманово (1926), студирал во Париз, Франција (1926–1932) и докторирал на Сорбона (1936). Од 1932 г. е асистент во клиниките на Универзитетот во Париз. Од 1939 до 1941 г. е хонорарен… Continue reading АРСОВ, Димитар Тодоров

АРСОВ, Љупчо

АРСОВ, Љупчо (псевд. Гоце) (Штип, 19. Ⅴ 1910 – Скопје, 18. XI 1986) – комунистички деец, организатор на НОАВМ, борец, резервен полковник на ЈНА, народен херој на Југославија (1953), политичар и државник. Завршил Комерцијално-економска школа во Загреб, а потоа бил службеник во Белград и Валево. Како член на КПЈ (јуни 1940), бил инструктор на МК… Continue reading АРСОВ, Љупчо

АРСОВ, Славејко

АРСОВ, Славејко (Штип, 17. Ⅷ 1878 – с. Гуганци, Кратовско, 9. Ⅶ 1905) – ресенски војвода. Се школувал во градовите Штип, Скопје и во Софија. Член е на ТМОРО од 1896 г. Бил училиштен инспектор во Кичевско (1899). Затворен е од властите (Ⅹ 1900). На крајот од 1901 г. дејствувал во четата на војводата МаркоContinue reading АРСОВ, Славејко

АРСОВ, Тодор Дончов

АРСОВ, Тодор Дончов (Штип, 12. IX 1919 – Виница, 21. Ⅴ 1943) – комунистички деец, организатор и борец на НОБ. Основно училиште завршил во родниот град, а гимназија во Врање и Заечар (1933/1934), каде што бил член на Литературната дружина „Јован Скерлиќ” и станал член на СКОЈ. Како студент на Правниот факултет на Белградскиот универзитет,… Continue reading АРСОВ, Тодор Дончов

АРСОВА, Ленче Стојанова

АРСОВА, Ленче Стојанова (Битола, 16. Ⅷ 1919 – Скопје, 2002) – комунистички деец, борец и општественик. Како член на КПЈ (1940), била еден од организаторите на НОАВМ; член на МК на КПЈ во Штип и на Воениот штаб (од јули 1941), член на Вториот областен комитет на КПМ (1943), инструктор на Петтиот областен комитет на… Continue reading АРСОВА, Ленче Стојанова

АРСОВА, Тамара

АРСОВА, Тамара (Крагуевац, 9. Ⅳ 1933) – новинар, публицист и преведувач. Од 1961 до 1990 г. работела во Македонското радио. Била уредник на „Радиоучилиште” и на Редакцијата за општообразовните емисии: „Деновиве пред години”, „Радиоуниверзитет”, „Светлини на минатото”, „Видици” и други. Автор е на неколку книжевно-публицистички книги. Ј. Ф.

АРСОВСКИ, Бодан

АРСОВСКИ, Бодан (Куманово, 22. Ⅳ 1956) – инструменталист и композитор. Членува во повеќе рок-групи („Дијаманти”; „Ирис”); еден е од основачите на групата „Леб и сол” (1976). По престанувањето на работата на групата, формира Езгија оркестар, во кој членуваат повеќе инструменталисти, меѓу кои и П. Атанасовски (на гајда), К. Димушевски (на клавијатури) и др. Со „Леб… Continue reading АРСОВСКИ, Бодан

АРСОВСКИ, Љупчо

АРСОВСКИ, Љупчо (Скопје, 19. Ⅹ 1948) – дипломат од кариера. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје Љупчо Арсовски (1972). Бил вицеконзул во Генералниот конзулат на СФРЈ во Солун (1979-84); помошник на министерот за надворешни работи на РМ (1991–1995); шеф на преговарачкиот тим на РМ за Привремената согласност за… Continue reading АРСОВСКИ, Љупчо

АРСОВСКИ, Милан

АРСОВСКИ, Милан (с. Скачинци, Велешко, 18. Ⅱ 1924 – Скопје, 3. Ⅰ 2000) – редовен професор на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Дипломирал на Геолошкиот факултет (МГРИ) во Москва, Русија (1952), а докторирал на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, Србија (1960). Еминентен геолог-тектоничар, кој целиот свој работен век го посветил на проучувањата во областа на тектониката, неотектониката… Continue reading АРСОВСКИ, Милан

АРСОВСКИ, Панче Крстев

АРСОВСКИ, Панче Крстев (Скопје, 1922 – 13. XI 1944) – работник, политички и воен раководител. Потекнува од учителско семејство. По завршувањето на основното училиште, го изучувал чевларскиот занает. Како калфа, станал член на Урсовите синдикати (1938) и член на Управниот одбор на Синдикалната подружница на кожарските работници (1939 – крајот на 1940). Бил еден од… Continue reading АРСОВСКИ, Панче Крстев

АРСОВСКИ, Петар

АРСОВСКИ, Петар (Мокрени, Велешко, 12. Ⅵ 1945) – филмски и театарски актер. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. На филм дебитирал во воената драмаМакедонски дел од пеколот” (1971), остварувајќи ја со многу спонтаност улогата на младиот партизан, чија смрт предизвикува ритуален повик на одмазда. Следуваат посложени драмски задачи во филмовите: „Истрел”, „Пресуда”,… Continue reading АРСОВСКИ, Петар

АРСОВСКИ, Тихомир

АРСОВСКИ, Тихомир (Скопје, 18. Ⅴ 1929) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје (1959). Работел во Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје и во Комитетот за урбанизам и заштита на човековата околина при Собранието на град Скопје. Бил избран за вонреден професор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија… Continue reading АРСОВСКИ, Тихомир

АРСОВСКИ, Томе

АРСОВСКИ, Томе (Косовска Митровица, 23. IX 1928 – Скопје, 21. Ⅳ 2007) – поет, раскажувач, драмски автор, преведувач. Долги години работи како драматург во Македонската радиотелевизија, а член е на ДПМ од 1959 година. Дебитира со стихозбирката „Грст смеа” (1958), но вниманието на македонската критика го свртува вистински со својата прва драма „Александра” (1958). Автор… Continue reading АРСОВСКИ, Томе

АРТЕМИДА

АРТЕМИДА – едно од најпочитуваните божества во Македонија, женски пандан на Дионис. Како божица на природата и шумите, на карпите во Филипи е претставена со теонимот Артемис Дендропхорос; на теракотите најдени во Варош и во Пела е прикажана со чашки афион во косата; во Амфипол е божество-бик – Артемис Таурополос. Добива различни називи поврзани со… Continue reading АРТЕМИДА

АРТЕМУШКИН, Иван

АРТЕМУШКИН, Иван (1897 – ?) – архитект, руски емигрант. Неговата плодна архитектонска дејност го опфаќа периодот меѓу двете светски војни. Проектирал поголем број индивидуални семејни куќи и станбени згради во Скопје каде што имал техничко биро. Во неговите објекти се истакнуваат неоренесансни и неокласицистички елементи (до 1932), а потоа гради во духот на модерниот рационализам.… Continue reading АРТЕМУШКИН, Иван

АРТИЛЕРИСКИ БРИГАДИ НА НОВ И ПОМ

АРТИЛЕРИСКИ БРИГАДИ НА НОВ И ПОМ (10. Ⅹ 1944 – 18. Ⅱ 1945) – првин била формирана артилериска бригада на 50-тата (македонска) дивизија на НОВЈ, составена од четири батерии, со 350 борци (с. Лаки, на Плачковица, 10. Ⅹ 1944), потоа на 51-та (македонска) дивизија на НОВЈ (широк Дол, Струмичко, 19. Ⅹ 1944), на Кумановската дивизија,… Continue reading АРТИЛЕРИСКИ БРИГАДИ НА НОВ И ПОМ

АРТИФИЦИЈАЛНИ ОРГАНИ ВО РМ

АРТИФИЦИЈАЛНИ ОРГАНИ ВО РМ. Примената на т.н. „вештачки бубрег” во лекувањето на акутното откажување на бубрезите (акутна бубрежна инсуфициенција) во РМ започна во 1969 г. во Републичкиот завод за трансфузиологија кај пациент од Интерната клиника (Оддел за нефрологија). Принципот на лекувањето со хемодијализа е отстранување на деградациони материи, уремични токсични материи преку семипермеабилна мембрана. Со… Continue reading АРТИФИЦИЈАЛНИ ОРГАНИ ВО РМ

АРТИЧОКА

АРТИЧОКА . (Цѕнара сцолѕмус Л.) – повеќегодишно растение. Се спомнува првпат во Европа (шпанија, Италија, Франција) во ⅩⅤ в. Во светот се одгледува на околу 130.000 ха, главно во Европа и во Африка. Кај нас речиси е непозната. Се одгледува заради соцветијата наречени „јаболкови”, кои се консумираат како варива или маринирани. Богата е со протеини,… Continue reading АРТИЧОКА

АРХЕЛАЈ Ⅰ

АРХЕЛАЈ Ⅰ (шАрц…лаоз А; Арцхелаус И) (413–399 г. пр.н.е.) – македонски крал од династијата Аргеади; син на Пердика Ⅱ. Спроведува воени и монетарни реформи, престолнината од Ајга, од стратегиски причини ја пренесува во Пела; гради голем број утврдувања и патишта. Како учесник во Пелопонеската војна воспоставува пријателски односи со Атина и ја добива почесната атинска… Continue reading АРХЕЛАЈ Ⅰ

АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА

АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА. Почетоците се врзуваат за Археолошкото одделение во Музејот на Јужна Србија (1924), со лапидариум во Куршумли Ан. Во времето на фашистичката окупација на Македонија, тој е во состав на реорганизираниот Народен музеј (1942), кој при бомбардирањето на Скопје бил разурнат. По Ослободувањето продолжува како Одделение во новоформираниот Народен музеј на Македонија,… Continue reading АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА

АРХЕОЛОШКИ ПРЕГЛЕД

АРХЕОЛОШКИ ПРЕГЛЕД . (АРХЕОЛОШКИ ПРЕГЛЕД). – годишен информатор на Археолошкото друштво на Југославија, односно на Сојузот на археолошките друштва на Југославија. Содржи прелиминарни соопштенија од археолошки истражувања вршени на територијата на некогашна СФРЈ, подредени според хронологијата на наоѓалиштатата, како и според јазикот и писмото на авторите. Првиот број излегол во 1959 г. До број 25… Continue reading АРХЕОЛОШКИ ПРЕГЛЕД

АРХЕОЛОШКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА

АРХЕОЛОШКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА (Скопје, 1975) – невладина стручна организација, основана од десетина археолози на неколку музеи во СРМ. Дејствувало како дел на Археолошкото друштво на Југославија (до 1991). Негова основна цел била афирмацијата на археологијата во СРМ, воспоставувањето на меѓународните стручни стандарди во вршењето на археолошките истражувања и примена на кодексот на стручната етика.… Continue reading АРХЕОЛОШКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА

АРХЕОЛОШКО-ИСТОРИСКА ЗБИРКА РЕСЕН

АРХЕОЛОШКО-ИСТОРИСКА ЗБИРКА – РЕСЕН (Ресен, 1968) – локален археолошко-историски музеј. Основач било Собранието на Ресен, а како почетен изложбен материјал послужиле локалните наоди од околината на градот. Во натамошното постоење збирката се пополнувала со предмети од систематските археолошки истражувања во Преспа, особено на островот Голем Град, разни новоприсобрани историски и етнолошки предмети, како и нумизматички… Continue reading АРХЕОЛОШКО-ИСТОРИСКА ЗБИРКА РЕСЕН