АПОСТОЛОВА, Љупка

АПОСТОЛОВА, Љупка (Гостивар, 10. Ⅵ 1932) – интерпретаторка на забавни мелодии, спикер. Апсолвирала на Медицинскиот факултет, а дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Станала вокален солист на Ритмичкиот секстет (1953), кој про-Љупка Апостолова фесионално ги постави основите на македонската забавна музика. Со Секстетот двапати неделно настапувала во живо на јавни настапи и во Концертното студио… Continue reading АПОСТОЛОВА, Љупка

АПОСТОЛОВА, Павлина

АПОСТОЛОВА, Павлина (Тетово, 16. Ⅴ 1927) – оперска певица, сопран, првенка на Операта на Македонскиот народен теа-тар. Пеење учела кај вокалните педагози: Н. Кунели, З. шир и П. Богданов–Кочко, а се усовршувала во Италија и во Виена. Во 1950 г. дебитирала на оперската сцена на МНТ со улогата на Мими во операта Боеми. Постојан член… Continue reading АПОСТОЛОВА, Павлина

АПОСТОЛОВСКИ, Митко

АПОСТОЛОВСКИ, Митко (Битола, 7. Ⅲ 1955) – актер. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски актери). Работи во Народниот театар во Битола (1973–1974) и во Народниот театар во Куманово (1980–1995). Од 1995 г. е повторно во Народниот театар во Битола. Улоги: Фезлиев („Црнила”); Војдан („Тетовирани души се враќаат дома”); Креонт („Медеја”); Дидро… Continue reading АПОСТОЛОВСКИ, Митко

АПОСТОЛСКИ, Ванчо

АПОСТОЛСКИ, Ванчо (Штип, 22. Ⅻ 1925 – Скопје, 2008) – новинар, публицист, општественик и државник. Завршил гимназија во Штип и бил член на СКОЈ и учесник во НОБ (1941). По Ослободувањето бил член на КПМ (од февруари 1945), главен и одговорен уредник на обласниот весникНароден глас” (Штип), соработник и уредник на в. „Нова Македонија”,… Continue reading АПОСТОЛСКИ, Ванчо

АПОСТОЛСКИ, Михаило Митев

АПОСТОЛСКИ, Михаило Митев (Ново Село, Штипско, 8. XI 1906 – Дојран, 7. Ⅷ 1987) – генерал-полковник, командант на Гш на НОВ и ПОМ, народен херој, академик. Основното и средното училиште ги завршил во Штип. Во 1927 г. ја завршил Воената академија во Белград, во 1933 Високата воена академија, а во 1938 г. и Генералштабната академија.… Continue reading АПОСТОЛСКИ, Михаило Митев

АПОСТОЛСКИ, Никола

АПОСТОЛСКИ, Никола (Кратово, 1914 – Скопје, 2003) – протојереј-ставрофор. Се школувал во Кратово, гимназија завршил во Скопје, а во Призрен – шестокласна богословија. Завршил Богословски факултет во Белград и Филозофски факултет во Скопје. Во 1963 г. бил ракоположен за ѓакон и свештеник, а истовремено бил вероучител и професор во средните училишта во Скопје. Учесник е… Continue reading АПОСТОЛСКИ, Никола

АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА . (ст. сл. прμемство – преземање, наследство, лат. суццесио апостолица – следење) – наследство на власта, односно континуирано предавање на Божјата благодат и учењето на 12-те апостоли. Законска и благодатна поврзаност на црковната ерархија од Господа Исуса Христа, преку апостолите до епископите и од нив до свештениците и ѓаконите.… Continue reading АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

АПРИЛСКАТА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА

АПРИЛСКАТА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА (6-17. Ⅳ 1941). При фашистичката агресија во Втората светска војна, германската војска навлегла во Македонија од правците на ќустендил–КумановоСкопје, Горна Џумаја–Царево Село (Делчево)–Штип и ПетричСтрумица, а авиони ги бомбардирале Скопје, Куманово, Штип, Велес, Битола и позначајните мостови и тунели по комуникацијата СкопјеСолун. Југословенската војска најсериозен отпор покажала на фронтот кон Албанија,… Continue reading АПРИЛСКАТА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА

АПСТРАКТНА УМЕТНОСТ

АПСТРАКТНА УМЕТНОСТ – појава во уметноста од почетокот на ⅩⅩ в. Ги подразбира немиметичките дела во сликарството, цртежот, графиката и скулптурата. Во македонската уметност, од педесеттите години наваму, се развиваат неколку варијанти на апстрактно сликарство: енформел (Р. Анастасов, Р. Калчевски, Д. Аврамовски, И. Велков, Р. Лозаноски, А. Јанкулоски), апстрактен експресионизам (П. Мазев), геометриска апстракција (Д.… Continue reading АПСТРАКТНА УМЕТНОСТ

АПФЕЛБЕК, Виктор

АПФЕЛБЕК, Виктор (Виктор Апфелбецк) (Ајзенерц, штаерска, 1859 – Сараево, 1. Ⅴ 1934) – ентомолог, холеоптеролог. Како кустос на Земскиот музеј во Сараево (1889-1925) основал една од најголемите збирки на инсекти на Балканот. По пензионирањето бил хонорарен ентомолог на Хигиенскиот завод во градот. Ја истражувал фауната на без’рбетниците и бил еден од водечките европски ентомолози. Успеал… Continue reading АПФЕЛБЕК, Виктор

АРАБАЈ

АРАБАЈ . (V в. пр.н.е.) – владетел на Линкестите, современик на Пердика Ⅱ и на Архелај И. Тукидид го спомнува името на кралот на линкестидските Македонци Арабај, против кого војуваат македонскиот крал Пердика Ⅱ (424) и спартанскиот војсководец Брасида, подоцна и Архелај. Постои епиграфски натпис во Пелагонија (365/4 пр.н.е.) на кој е зачувана првата буква… Continue reading АРАБАЈ

АРАМИСКО

АРАМИСКО – . македонско машко народно оро со метар 13/16 (3,2,3,2,3). Најчесто се играло во Битолско. Има борбена содржина и мимичко-драмски елементи: фрлање бомби, стрелање со пиштоли, сечење со сабја и сл. Во почетокот рацете се држат за рамо, а потоа, кога играорците се движат еден зад друг, рацете слободно се спуштени, без држење. ЛИТ.:… Continue reading АРАМИСКО

АРАМИСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

АРАМИСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА -. разбојништво поврзано со ајдутството, но и во подоцнешните времиња, во периодот меѓу двете светски војни и НОАВМ. Арамиските дружини броеле од мали групи до неколку илјади одметници од власта, на чело со арамбаша. Нив ги формирале припадници на разни етнички заедници или воени дезертери. Во времето на османлиското владеење често се… Continue reading АРАМИСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

АРАНЃЕЛ, Св

АРАНЃЕЛ, Св. (Архангел Михаил) – началник на ангелите, виш ангел. Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот и сл.), Господ го создал духовниот свет – ангелите. Во почетокот сите тие биле добри. Подоцна некои од нив станале лоши, се одметнале од Бога и почнале да прават злодела. Нив ги викаме ѓаволи. Еден… Continue reading АРАНЃЕЛ, Св

АРАНЃЕЛОВДЕН

АРАНЃЕЛОВДЕН -. христијански празник Собор на свети Архангел Михаил (21/8 ноември), кај народот познат како Аранѓел и Аранѓеловден. Многу семејства го имаат за домашен празник и го празнуваат со домашни служби. Спаѓа меѓу поголемите празници. Кога некои ангели почнале да го напуштаат Бога и станале лоши, ги собрал Архангел Михаил сите ангели и како знак… Continue reading АРАНЃЕЛОВДЕН

АРАПИЦА

АРАПИЦА -. река со водопади кај Негуш. По задушувањето на востанието во Негуш (април 1822) османлиската војска и башибозукот вршеле терор врз населението во градот. Млади жени и девојки биле силувани, а деца и старци убивани. За да ја зачуваат честа, многу девојки и млади жени со своите деца се фрлале од водопадот и се… Continue reading АРАПИЦА

АРАЧ

АРАЧ (џизие) (ⅩⅣ–ⅩⅠⅩ в.) – државен данок во Османлиската Империја што работоспособните немуслимански поданици го плаќале на државата како знак на покорност и на лојалност. За возврат овие поданици стекнувале одредени граѓански права и слобода на вероисповед. Бил укинат во средината на ⅩⅠⅩ в. Синоним: џизие. ЛИТ.: Хамид Хаджибегиќ, Джизја или харач, „Прилози за оријенталну… Continue reading АРАЧ

АРАЧИНОВО

АРАЧИНОВО – село во Скопско. Се наоѓа во североисточниот дел на Скопската Котлина на надморска висина од околу 260 м. Со околу 40 качаци на Каљуш од с. С. Арачиново, Скопско регионален пат е поврзано со Скопје од кое е оддалечено 7 км. Има 7.315 ж., од кои 594 се Македонци и 6.677 Албанци. Тоа… Continue reading АРАЧИНОВО

АРБАТСКИ, Јуриј

АРБАТСКИ, Јуриј (Москва – 15. Ⅳ 1911 – Чикаго, 3. IX 1963) – оргулар, фолклорист, педагог. Музика студирал во Лајпциг. Подоцна бил катедралски оргулар и директор на Катедралскиот оркестар во Белград, а од 1942 г. работел во Институтот за славистика во Прага. Го проучувал фолклорот на словенските народи. Докторирал (1943) на Филозофскиот факултет во Прага… Continue reading АРБАТСКИ, Јуриј

АРБОРЕТУМ

АРБОРЕТУМ .g(лат. арбор – дрво) – простор на кој се одгледуваат дрвја и грмушки наменети за експериментални, одгледувачки, научни, орнаментални и едукативни цели. Ал. Анд.

АРБОРЕТУМ

АРБОРЕТУМ „КРУШЕВО” – формиран 1950 г., како теренска опитна станица на шумарскиот институт од Скопје. Лоциран близу градот Крушево на 1.300-1.400 м н.в., одигра многу важна улога во процесот на интродукција на голем број иглолисни егзоти, кои денес масовно се застапени во нашата земја и заземаат важно место во македонското шумарство. Ал. Анд.

АРБОРЕТУМ

АРБОРЕТУМ „ТРУБАРЕВО” – се наоѓа 7 км јужно од Скопје, кај селото Трубарево. Организиран е во 1953 г. на поплавни терени крај реката Вардар на површина од 3,3 ха со цел да се создаде жива збирка од дрвја и грмушки што ќе служи како нагледно учебно помагало за студентите по шумарство. До 1968 г. се… Continue reading АРБОРЕТУМ

АРГЕАДИ

АРГЕАДИ (шАргедаи) – првата македонска кралска династија (ок. 707/6–310/9 пр.н.е.) со кралевите (басилевси, монарси): Пердика, Аргај, Филип, Аероп I , Алкета, Аминта I, Александар I, Пердика Ⅱ, Архелај Ⅰ, Орест, Аероп Ⅱ, Аминта Ⅱ, Павзанија, Аминта ⅢАлександар Ⅱ, Птолемај Алорски, Пердика Ⅲ, Филип Ⅱ, Александар Ⅲ, Филип Ⅲ и Александар Ⅳ. Името Аргеади се… Continue reading АРГЕАДИ

АРГИРИЈАДЕС, Панагиотис

АРГИРИЈАДЕС, Панагиотис (Паул Аргѕриадèс) (Македонија, 1849-Париз, 1901) – правник, публицист. Во Париз бил адвокат во Апелацискиот суд. Се застапувал за создавање балканска федерација (од 1869). Дејствувал и преку „Меѓународната лига за мир”, која за тоа расправала на конгресите во Лозана (1869) и Женева (1876 и 1886). Го издавал сп. „Ла Љуестион Социале” (1885), во кое… Continue reading АРГИРИЈАДЕС, Панагиотис