АНТИЧКИ ТЕАТРИ ВО МАКЕДОНИЈА – театри изградени во најголемите градови што останале да живеат и по римското освојување. Еден од најстарите театри, којшто е најголем, е изграден во Лихнид (Охрид) во Ⅰ в. пр.н.е., граден според хеленските градежни норми, со користење на природната падина на теренот за поставување на гледалиштето. Кај театрите во Хераклеја (Ⅱ… Continue reading АНТИЧКИ ТЕАТРИ ВО МАКЕДОНИЈА
Tag: А
АНТОВ, Методи
АНТОВ, Методи (Тоте) Јорданов (псевд. Ранко) (Куманово, 11. Ⅴ 1924 – Скопје, 18. Ⅶ 1996) – комунистички деец и борец. Завршил гимназија во Куманово, а потоа студирал право. Член на СКОЈ (1941), учесник во НОАВМ (1941 &1944), член на КПЈ (од 1943), секретар на Месното поверенство на КПМ во Куманово (од 3. Ⅻ 1943) и… Continue reading АНТОВ, Методи
АНТОЛЈАК, Стјепан
АНТОЛЈАК, Стјепан (Добој, 29. Ⅷ 1909 – Загреб, 14. Ⅴ 1997) – историчар, универзитетски професор, член на МАНУ. Завршил историја (1933) и докторирал (1935) на Филозофскиот факултет во Загреб. На истиот факултет работел како асистент (1934– 1941) и како доцент (1941–1946) на Катедрата за национална историја. Бил директор на Државниот архив во Задар (1946–1952), работел… Continue reading АНТОЛЈАК, Стјепан
АНТОНИЈ, Иоаноич јеромонах иконописец
АНТОНИЈ, Иоаноич јеромонах иконописец (Битолско, крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – ок. средината на ⅩⅠⅩ в.) – според неколку потписи на икони може да се заклучи дека потекнува од околината на Битола и бил монах во манастирот „Св. Пречиста Кичевска”. Неговата зографска активност засега се следи од 1810 г. во Бигорскиот манастир, во црквата „Св. Атанасиј”… Continue reading АНТОНИЈ, Иоаноич јеромонах иконописец
АНТОНИН ПИЈ
АНТОНИН ПИЈ (86 – 161) – рим-ски император (138–161) од династијата на Антонините. Спровел административни реформи. Се грижел за финансиите и за правилното функционирање на судовите во државата. Неговото владеење се смета за период на најголем подем и расцут на Римското Царство. Во традицијата останало запаметено неговото почесно име „Благочестив” (Пиус), а по него и… Continue reading АНТОНИН ПИЈ
АНТОНОВ, Александар
АНТОНОВ, Александар (псевд. А. Горов, Севастијанов) (Пирдоп, РБ, 1881 – Софија, 3. Ⅳ 1907) – Бугарин, социјалист од групата пролетари. По завршувањето на Битолската гимназија кратко време учителствувал во Кочанско, а потоа се вклучил во македонското социјалистичко движење „Класно сознание”. Го проучувал економскиот и револуционерниот проблем во Македонија и Европска Турција. Интелигенцијата ја сметал за… Continue reading АНТОНОВ, Александар
АНТОНОВ, Иван
АНТОНОВ, Иван (с. Хума, Гевгелија, 1. Ⅴ 1924 – Скопје, 14/15. Ⅻ 1983) – најистакнат претставник на македонското радио и телевизиско спикерство. По ослободувањето бил првиот учител и раководител на аналфабетските курсеви во Негорци, Гевгелиско. Во Радио Скопје е од 1947 г., а од 1963 станал спикер на Телевизија Скопје. Бил раководител на Одделението за… Continue reading АНТОНОВ, Иван
АНТРОПОГЕНИ ПОЧВИ
АНТРОПОГЕНИ ПОЧВИ. Антропосол – антропогена почва. Голема група почви што се разликуваат од природните почви по тоа што се образуваат под влијание на антропогениот фактор со процеси на антропогенизација. Се одликува со присуство на антропогени хоризонти или антропогени почвени материјали. Во оваа голема група почви спаѓаат шест почвени типа: ригосол, хортисол, ризосол, ирагричен антропосол, депосол… Continue reading АНТРОПОГЕНИ ПОЧВИ
АНТРОПОГЕНИЗАЦИЈА НА ПОЧВАТА
АНТРОПОГЕНИЗАЦИЈА НА ПОЧВАТА – процеси и промени предизвикани од човекот во природните почви и создавање нови почви. Во Република Македонија антропогенизацијата е мошне интензивна бидејќи се работи за земја со стари цивилизации, со долготрајно влијание на човекот врз почвите. Најсилна антропогенизација е извршена по Втората светска војна. Таа може да има негативни (в. деградација на… Continue reading АНТРОПОГЕНИЗАЦИЈА НА ПОЧВАТА
АНТРОПОЛОГИЈА
АНТРОПОЛОГИЈА – а) филозофска дисциплина што го проучува човекот како социјално суштество; б) академска дисциплина што во Република Македонија се институционализира во втората половина на ⅩⅩ в., кога на Групата за социологија на Филозофскиот факултет се воведува предметот Социјална антропологија (1975). Подоцна антропологијата како наставен предмет е застапена и на другите групи и факултети. Се… Continue reading АНТРОПОЛОГИЈА
АНЦЕЛ, Ѓуро
АНЦЕЛ, Ѓуро (Велика Горица, Хрватска, 16. Ⅵ 1901 – ?) – архитект. Дипломирал на Техничкиот факултет во Загреб (1926). Неговата активност во Хрватска (1952) се одвивала, главно, на проектирање, реконструкции и адаптации на индустриски објекти. На работа е на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Скопје како доцент, вонреден и редовен професор (1952–1972). Освен наставна… Continue reading АНЦЕЛ, Ѓуро
АНЧЕВ, Ефтим
АНЧЕВ, Ефтим (27. Ⅲ 1945) – ентомолог, унив. професор. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1968) и докторирал на Земјоделскиот факултет во Нови Сад (1980) од областа на земјоделската ентомологија. Првин бил агроном во Земјоделскиот институт во Скопје (1968-1970), а потоа асистент на Земјоделскиот факултет. По докторирањето бил директор на Институтот за заштита на растенијата… Continue reading АНЧЕВ, Ефтим
АНЧЕВ, Тихомир
АНЧЕВ, Тихомир (Скопје, 15. Ⅴ 1915 – Скопје, 19. Ⅴ 1987) – агроном, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Основно и средно образование завршува во Скопје. Се запишува на Земјоделскиот факултет во Загреб на кој и дипломира. По основањето на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1947) тој се вработува (1. IX… Continue reading АНЧЕВ, Тихомир
АНЧЕВСКИ, Александар Димитров
АНЧЕВСКИ, Александар Димитров (Скопје, 9. Ⅱ 1947) – дерматовенеролог, редовен професор. Мед. ф. (1972) и специјализација (1977) завршил во Скопје. Докторирал од областа на трихологијата (1986). Избран е за наставник (1987). Основач е на Амбулантата за болести на косата на Клиниката за дерматовенерологија. шеф на Катедрата по дерматовенерологија (1988–1991 и 1995–1997) продекан на Мед. ф.… Continue reading АНЧЕВСКИ, Александар Димитров
АНЧЕВСКИ, Зоран
АНЧЕВСКИ, Зоран (Скопје, 16. Ⅴ 1954) – преведувач, есеист, поет. Професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Бил претседател на Струшките вечери на поезијата. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар. Се истакнал во преводот на поезија од англиски јазик, особено за потребите на СВП. Во својата поезија инспирација бара во модерните текови… Continue reading АНЧЕВСКИ, Зоран
АПЕЛАЦИОНИ СУДОВИ ВО Република Македонија
АПЕЛАЦИОНИ СУДОВИ ВО Република Македонија -. судови од второстепена надлежност во државата. За прв пат се воведуваат во судскиот систем на Република Македонија со Законот за судовите од 1995 г. Се основаат за подрачјето на повеќе основни судови. Постојат три апелациони судови со седиште во Скопје, Штип и Битола. Во трите апелациони судови има вкупно… Continue reading АПЕЛАЦИОНИ СУДОВИ ВО Република Македонија
АПИСАОН
АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА
АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА (49, 56 – 57 год.) – еден од Апостолите на Христос, христијански мисионер. Во Македонија дошол да го пренесе христијанското учење во Европа. Првата христијанска проповед ја одржал пред ѕидините на македонскиот град Филипи. Тука ја основал првата христијанска заедница, а со тоа и прва во Европа. Проповеди држел во Амфипол,… Continue reading АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА
АПОСТОЛОВ-ГРАНИТИ, Михали
АПОСТОЛОВ-ГРАНИТИ, Михали (с. Крчишта, Костурско, 25. XI 1923 – пл. Грамос, 31. Ⅲ 1948) – национален деец и борец во Егејскиот дел на Македонија. Бил учесник во ЕЛАС (од почетокот на 1943), борец на НОПО „Лазо Трповски”, политички комесар на чета на Костурскиот македонски НО баталјон, командир на вод во Костурсколеринскиот македонски НО баталјон „Гоче”,… Continue reading АПОСТОЛОВ-ГРАНИТИ, Михали
АПОСТОЛОВ-ПОПЕТО, Михаил
АПОСТОЛОВ-ПОПЕТО, Михаил (с. Дикања, Перничко, Бугарија, 1871 – с. Гавалјанци, Кукушко, 21. Ⅲ 1902) – национален деец, еден од организаторите на четите и војвода на чета на ТМОРО. Неговите родители биле македонски бегалци од с. Бистрица, Горноџумајско (ден. Благоевградско). Завршил гимназија во Софија, а потоа отслужил воена обврска во Бугарската армија во Софија. Како член… Continue reading АПОСТОЛОВ-ПОПЕТО, Михаил
АПОСТОЛОВ, Александар
АПОСТОЛОВ, Александар (Злетово, 1920) – историчар, унив. професор. Завршил гимназија, Виша педагошка школа и Филозофски факултет (Група историја). Бил наставник и средношколски професор. Бил избран за асистент на Филозофскиот факултет (1956), докторирал на тема: „Колонизацијата на Македонија во стара Југославија” (1962). Како наставник по предметот историја на народите на Југославија нов век бил би-ран во… Continue reading АПОСТОЛОВ, Александар
АПОСТОЛОВ, Иван
АПОСТОЛОВ, Иван (Ване Македонецот) (с. Белица, Разлошко, 1847 – с. Долна Бања, Костенечко, Бугарија, ок. 1926) – неврокопски војвода. Учествувал во Српско-турската војна (1876) во четата на војводата Иљо Марков Малешевски, во Руско-турската војна (1877/1878), и во Кресненското востание (1878/1889). Од 1902 г. станал војвода на чета во Неврокопско. Активно учествувал и во Илинденското востание.… Continue reading АПОСТОЛОВ, Иван
АПОСТОЛОВ, Константин Тодоров
АПОСТОЛОВ, Константин Тодоров (Кочани, 17. Ⅳ 1933 – Лондон, 16. Ⅷ 2008) – микробиолог, вирусолог, академик. Мед. ф. завршил во Скопје (1957). Во Бирмингем (Англија) се усовршувал во дијагностичката вирусологија (1959–1960). Во Скопје полагал специјалистички испит по микробиологија и работел на Медицинскиот факултет до 1963 г. Ја основал Вирусолошката лабораторија при РЗЗЗ. По 1963 г.… Continue reading АПОСТОЛОВ, Константин Тодоров
АПОСТОЛОВ, Љубен Константинов
АПОСТОЛОВ, Љубен Константинов (Крива Паланка, 27. Ⅳ 1895 – Кавадарци, 1945) – полковник на бугарската армија. Бил офицер на Првиот македонски пешадиски полк (1914). Како командант на 56-от велешки полк (септември 1942 – 1944), тој е еден од директните виновници за стрелањето на Ваташките младинци (16. Ⅵ 1943) и за други воени злосторства, поради што… Continue reading АПОСТОЛОВ, Љубен Константинов