ЈУРУКОВСКИ, Димитар (с. Галичник, 1942) – градежен инженер, редовен професор. Градежен факултет завршил во 1966 г., а магистрирал во 1970 г. и докторирал на Универзитетот во Белград (1980). Од 1970 г. работи во ИЗИИС, почнувајќи од асистент па сè до редовен професор. Бил раководител на ЛДИ, заменик-директор (1981–1985) и директор (XI 1985 –Ⅻ 1997). Престојувал… Continue reading ЈУРУКОВСКИ, Димитар
Tag: Ј
ЈУСТИНИЈАН Ⅰ
ЈУСТИНИЈАН Ⅰ (527–565) – ромејски император, кој за последен пат ја возобновува Римската Империја, спојувајќи го Источното со Западното Римско Царство. За да воспостави силна ромејска власт, ги ликвидирал државите на Вандалите (534) и на Остроготите (555), ја освоил Југозападна шпанија од Визиготите, го задушил востанието „Ника” во Цариград (532). Го осудил монофизитизмот, ја затворил… Continue reading ЈУСТИНИЈАН Ⅰ
ЈУСТИНИЈАН Ⅱ
ЈУСТИНИЈАН Ⅱ (669–711) – византиски цар (685–695, 705–711), син на Константин Ⅳ. Војувал против Арабјаните, против Бугарите и против Склавиниите. Потчинил голем број Словени во Македонија (688/9) и ги преселил во Мала Азија. Бил симнат од престолот, му бил исечен носот и бил протеран на Херсонес. Со бугарска помош, по десет години се вратил на… Continue reading ЈУСТИНИЈАН Ⅱ
ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА
ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА – доцноантички град, седиште на истоимена архиепископија. Името го добива по својот основач царот Јустинијан И (527–565); градот е изграден (535) во родното место на царот – Тавурисион (ден. с. Та-ор, Катланово). Со царски декрет станува центар на политичко-административната, на црковната и на воено-стратегиската власт во префектурата Илирик. Архиепископијата Јустинијана Прима влегува во… Continue reading ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА
ЈУСУФ ЧАК ДЕДЕ
ЈУСУФ ЧАК ДЕДЕ (Ениџе Вардар, ? – ?, 1546) – поет, дервиш од Ениџе Вардар. Бил шејх на мевлевиските текии во Ерусалим, во Одрин и во Истанбул. Напишал две дела што се однесуваат за мевлевискиот дервишки ред, а пишувал и љубовни песни со мистичен и со световен карактер. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, том втори.… Continue reading ЈУСУФ ЧАК ДЕДЕ
ЈУСУФ, Суреја
ЈУСУФ, Суреја (Сüреѕѕа Ѕусуф) (Скопје, 1923 – Орен, РТ 1977) – дипломирал на Групата ориентална филологија во Белград. Бил професор во Учителската школа во Скопје, професор на Педагошката академија во Приштина, уредник на списанието Чеврен. Автор е на книгите: Ние и нашиот јазик, Турска граматика, Поезија на турските поети од Југославија, Али ага, Раскази, и… Continue reading ЈУСУФ, Суреја