ПАВИЧЕВИЌ, Зоран

ПАВИЧЕВИЌ, Зоран (Сјеница, Србија, 17. Ⅵ 1936) – падобранец. Завршил гимназија во Кралево (1956). Бил падобранец во Аероклубот во Кралево. На првенството на Југославија освоил: прво (1963), трето (1964) и второ место (1969). Учествувал на две светски првенства (1964 и 1968). Студирал на Правно-економскиот факултет во Скопје (1955–1962) и бил член на Аероклубот во Скопје.… Continue reading ПАВИЧЕВИЌ, Зоран

ПАВЛЕВА

ПАВЛЕВА (ПАВЛОВА), Румена Ѓорѓиева (Румена војвода) (Ѓуешево, ќустендилско, ок. 1829 – Букурешт, Романија, ок. 1895) – жена ајдутски војвода. Поради повеќе обиди за грабење и исламизирање, татко $ рано ја омажил за Георги шопа. Била импресионирана од ликот и подвигот на војводата Иљо Марков-Малешевски и неговиот напад на кулата на Деве Баир (1854) со околу… Continue reading ПАВЛЕВА

ПАВЛЕСКИ, Станко

ПАВЛЕСКИ, Станко (с. Ерековци, Прилепско, 14. И 1959) – скулптор, унив. професор. Внесува ново формално и концептуално визуализирање на уметничките дискурси (во 80-тите и 90-тите). Дипломирал на ФЛУ во Скопје (1984), каде што е и професор. Магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1992). Амбиенталните пластични фор-ми ги решава во духот на геометризмот (Динами–самостоен… Continue reading ПАВЛЕСКИ, Станко

ПАВЛОВ, Димитар, псевд

ПАВЛОВ, Димитар, псевд. Штипјанин (втора пол. на ⅩⅠⅩ в. – прва пол. на ⅩⅩ в.) – учител, црковен певец и автор на духовни напеви. Најдобар црковен певец во Штип кон крајот на ⅩⅠⅩ в. и во почетокот на ⅩⅩ в. Во ракописната „Псалтика“ од Васил Икономов, се наведени три песни на П. со Хрисантова нотација.… Continue reading ПАВЛОВ, Димитар, псевд

ПАВЛОВ, Љупчо

ПАВЛОВ, Љупчо (Неврокоп, 1922 – с. Полици кај Тузла, Босна, 1942) – партизан во Колубарскиот народноослободителен партизански одред и на Втората пролетерска ударна бригада. Син на политички емигранти во Горњи Милановац, Србија. Бил член на СКОЈ, партизан (1942) во Западна Србија и во Босна, политкомесар на чета и член на штабот на Втората пролетерска ударна… Continue reading ПАВЛОВ, Љупчо

ПАВЛОВ, Марко

ПАВЛОВ, Марко (с. Сечиште, Тетовско, 1785 – Тетово, 17. И 1864) – лекар. Рано останал без родители и бил присвоен од италијански трговец. Во 1807/08 г. завршил медицина во Монпелје, како еден од најстарите дипломирани лекари од Македонија. Бил лекар на Наполеоновата војска (1808/09), воен лекар во Тунис и Мароко и доброволец во грчкото востание… Continue reading ПАВЛОВ, Марко

ПАВЛОВА де ОДОРИКО, Ирена

ПАВЛОВА де ОДОРИКО, Ирена (Велес, 1967) – поет, прозаист, критичар, есеист, преведувач. Завршила Филолошки факултет во Скопје (компаративна книжевност). Работи како новинар во ТВ „Телма“. Во поезијата вградува радикална апокрифна фабула. БИБ.: Велзевул, поезија, 1999; Номад, проза, 2000; Новата Ева, поема, 2001; Деколте – длабоко, 2004. Г. Т. Љубица Павлова ПАВЛОВА, Љубица Павлова

ПАВЛОВДЕН

ПАВЛОВДЕН – христијански православен празник Собор на св. 12 апостоли – Павловден (13. Ⅶ/30. Ⅵ). Тој се паѓа следниот ден по Петровден. Св. апостол Павле не бил дел од оваа група, но поради неговите заслуги за ширењето на христијанството, црквата го смета за апостол. Значаен е за Македонците со тоа што првото патување надвор од… Continue reading ПАВЛОВДЕН

ПАВЛОВИЌ, Драгослав

ПАВЛОВИЌ, Драгослав (Драганче) (Драган шиљо) (Белград, 1908 – Пјеновац, Источна Босна, 21. И 1942) – комунистички деец. По гимназијата (1926) студирал на Техничкиот факултет во Бел-град и станал член на КПЈ (1936). Работел во партиската техника и во Редакцијата на сп. „Наша стварност“, а по апсењето (1937) бил осуден на две години во затворите во… Continue reading ПАВЛОВИЌ, Драгослав

ПАВЛОВИЌ, Миодраг

ПАВЛОВИЌ, Миодраг (Нови Сад, 28. Ⅺ 1928) – српски поет и есеист, продолжувач на традицијата на интелектуалната поезија, со херметички акценти (87 песни, 1952, Столб на сеќавање, 1953, ОктаМиодраг Павловиќ ви, 1957, Млеко од искони, 1962, Голема Скитија, 1969). Големо внимание предизвикал како есеист (Рокови на поезијата, 1958, Осум поети, 1964), како антологичар (Антологија на… Continue reading ПАВЛОВИЌ, Миодраг

ПАВЛОВСКИ, Божин

ПАВЛОВСКИ, Божин (с. Жван, Демирхисарско, 7. И 1942) – раскажувач и романсиер. Член на МАНУ. Завршил Филозофски факултет (катедра за книжевности) во Скопје. Член на МАНУ (од 1988). Работел како новинар, потоа ја основал и долги години ја раководел Издавачката куќа „Мисла“. Во 1992 г. во Мелбурн (Австралија) ја основал Издавачката корпорација АЕА, која ги… Continue reading ПАВЛОВСКИ, Божин

ПАВЛОВСКИ, Јован

ПАВЛОВСКИ, Јован (Тетово, 10. Ⅸ 1937) – публицист, романсиер, раскажувач, поет. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил новинар во Радио Скопје и во „Нова Македонија“ и нејзин дописник од Париз и Москва. Сега е главен и одговорен уредник на месечните списанија „Македонско време“ и „Тхе Мацедониа тимес“. Во три мандати претседател на ДПМ. Уредник на… Continue reading ПАВЛОВСКИ, Јован

ПАВЛОВСКИ, Никола

ПАВЛОВСКИ, Никола (Изглибе, 15. Ⅷ 1939) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1962). Го предавал предметот проектирање индустриски и стопански згради. Се зани-Никола Павловски мава и со архитектонско проектирање на стопански, на индустриски, на станбени и на деловни објекти. Учествувал и на анонимни архитектонски конкурси. Позначајни… Continue reading ПАВЛОВСКИ, Никола

ПАВЛОВСКИ, Радован

ПАВЛОВСКИ, Радован (Ниш, Р. Србија, 23. Ⅺ 1937) – поет, публицист, патописец и колумнист. Живеел и творел долги години во Загреб, Хрватска (1964–1982), во Бел-град, Србија (1982–1985), а од 1985 г. живее и твори во Скопје. Член е на Сојузот на писателите на Хрватска и на Србија, на Македонскиот ПЕН центар и на МАНУ, како… Continue reading ПАВЛОВСКИ, Радован

ПАВСАНИЈА

ПАВСАНИЈА (Паусаниас) (393–392) – македонски крал, син и наследник на кралот Аероп Ⅱ. Се претпоставува дека извесно време владеел заедно со Аминта Ⅱ Малиот, син на кралот Архелај, кој му го оспорил правото на престо-лот. Само по една година владеење бил убиен од Аминта, синот на Аридај, кој го наследил престолот под името Аминта Ⅲ.… Continue reading ПАВСАНИЈА

ПАВСАНИЈА

ПАВСАНИЈА (Паусаниас) (393–392) – македонски крал, син и наследник на кралот Аероп Ⅱ. Се претпоставува дека извесно време владеел заедно со Аминта Ⅱ Малиот, син на кралот Архелај, кој му го оспорил правото на престо-лот. Само по една година владеење бил убиен од Аминта, синот на Аридај, кој го наследил престолот под името Аминта Ⅲ.… Continue reading ПАВСАНИЈА

ПАВСАНИЈА

ПАВСАНИЈА (Паусаниас) (Ⅳ в. пр.н.е.) – антички Македонец, убиецот на кралот Филип Ⅱ, на свадбата на неговата ќерка Клеопатра (336 пр.н.е.). Атентатот бил извршен со нож при влегувањето на свечената поворка во театарот. Веднаш по убиството бил фа-тен од телохранителите и погубен, со што било оневозможено осознавањето на причините и налогодавецот. Во претпоставките како мотив… Continue reading ПАВСАНИЈА

ПАВСАНИЈА

ПАВСАНИЈА (Паусаниас) (Ⅳ в. пр.н.е.) – антички Македонец, убиецот на кралот Филип Ⅱ, на свадбата на неговата ќерка Клеопатра (336 пр.н.е.). Атентатот бил извршен со нож при влегувањето на свечената поворка во театарот. Веднаш по убиството бил фа-тен од телохранителите и погубен, со што било оневозможено осознавањето на причините и налогодавецот. Во претпоставките како мотив… Continue reading ПАВСАНИЈА

ПАДОТНАСФРЈ

ПАДОТНАСФРЈ. Министерскиот совет на ЕЗ, од една страна, во согласност со условите за признавање што ги предвидува меѓународното право, не го спори фактот на нивната државност. Но, од друга страна, спротивно на меѓународното право и на врз него втемелената практика, Советот формулира серија критериуми за признавање, како дополнување на оние што ги предвидува позитивното меѓународно… Continue reading ПАДОТНАСФРЈ

ПАДРОН, Хусто Хорхе

ПАДРОН, Хусто Хорхе (Јусто Јорге Падрон) (Лас Палмас, 1. И 1943) – шпански поет, преведувач, есеист, со раскошен и префинет јазик и со нагласени хуманистички пораки Хусто Хорхе Падрон во кои се постига склад на спонтаноста, имагинацијата и мислата. Тој е најпреведуваниот повоен шпански поет, а неговата апокалиптична, кошмарна и космогониски визионерска книга Круговите на… Continue reading ПАДРОН, Хусто Хорхе

ПАЗАРЕН НЕУСПЕХ

ПАЗАРЕН НЕУСПЕХ – домени на економската активност во кои пазарот не е во состојба да изврши рационална алокација (разместување) на ресурсите и да понуди соодветно решение на проблемите, поради што интервенцијата на државата (денес, во форма на државна, т.е. владина регулација) станува неизбежна. Практично, во овие домени пазарот не само што не ги разрешува туку,… Continue reading ПАЗАРЕН НЕУСПЕХ

ПАЗАРИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

ПАЗАРИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИместа во градски населби на кои се нуди и се продаваат земјоделски производи. Сите градови во РМ имаат свои зелени пазари. Пазари на големо (кванташки) има во Скопје и во Струмица. Поважни добиточни пазари има во: Куманово (среда), Битола (сабота), Скопје (вторник), Струмица (сабота), Кривогаштани (среда), Струга (сабота), Облешево (вторник).… Continue reading ПАЗАРИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА

ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА – економски систем во кој разрешувањето на централниот економски проблем (што да се произведува, како да се произведува и за кого да се произведува), т.е. разместувањето на постојните ресурси во економијата, се врши преку пазарниот механизам. Процесот на воспоставувањето на пазарната економија во РМ поинтензивно започна со отворањето на транзицијата во раните деведесетти… Continue reading ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА

ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ ВО РМ

ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ ВО РМ – финансиските пазари и институции што вршат мобилизација на финансиското штедење и негова алокација во долгорочни производни инвестиции. Тука, пред с¢, се мисли на пазарот на банкарски кредити и на пазарот на долгорочни хартии од вредност. Во почетните години од транзицијата во РМ, изразито предоминантно беше краткорочното банкарско кредитирање, што… Continue reading ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ ВО РМ