КУНОВСКИ, Зафир

КУНОВСКИ, Зафир (Дебар, 04. Ⅲ – 1934 – Скопје 14. Ⅳ – 2004) – архитект, ракометар и тренер. Завршил Архитектонски факултет во Скопје (1964). Бил член на РК „Работнички” од Скопје (1953 – 1958), кој во овој период бил трипати првак на Македонија во голе-Кумановскиот партизански одред (1943) Зафир Куновски миот, петпати во малиот ракомет… Continue reading КУНОВСКИ, Зафир

КУНОВСКИ, Спасе

КУНОВСКИ, Спасе (Дебар, 24. IX 1929 – Скопје, 1. Ⅷ 1978) – сликар, најзначаен претставник на надреализмот и метафизичкото сликарство. Бил член на групата Мугри. Дипломирал на АЛУ во Загреб (1953). Обликувал загадочни урбани пејзажи со фантастични фигури во сиво-сина гама (Логор, 1960; Визија, 1961; Мина-то, 1966; Манекен, 1967). Го изработил зграфитото Братство и единство… Continue reading КУНОВСКИ, Спасе

КУНОСКИ, Васил

КУНОСКИ, Васил (Дебар, 20. XI 1916 – Скопје, 13. Ⅵ 1993) – поет за деца. Завршил Учителска школа. Работел како уредник во Редакцијата на „Детска радост” при НИП „Нова Македонија”. Еден од основоположниците на современата македонска литература за деца и младина. Најчесто користејќи Васил Куноски села детска историја која секогаш умее да интригира и да… Continue reading КУНОСКИ, Васил

КУРБАН

КУРБАН -. обредна жртва дадена по одреден повод. Во далечното минато жртвите се давале на паганските божества, а подоцна тие им биле наменети на светителите, иако христијанската црква има негативен однос кон оваа појава. Кирил Пејчиновиќ во делото „Огледало” (Будим, 1816), каде што зборува за суеверието меѓу народот, посебно го нагласува курбанот како нешто што… Continue reading КУРБАН

КУРБИНОВО

КУРБИНОВО (Ресенско) – Манастирот „Св. Ѓорѓи” и некрополата се сместени на 12 км југоисточно од Ресен. При истражувачките работи на црквата (крајот на Ⅻ в.) во 1953 г. се откриени гробови во неа и околу неа (В. Лахтов). Гробовите се со камена конструкција. Тогаш се идентификувани и наушниците што се нарекуваат тип Курбиново. Во 1967… Continue reading КУРБИНОВО

КУРИПЕШИќ, Бенедикт

КУРИПЕШИќ, Бенедикт (Бенедикт Цурипесцхитз) (Горњи Град, ⅩⅤⅠ в.) – словенечки патописец. Ги познавал латинскиот и германскиот јазик и бил страстен изучувач на историјата. Како познавач на политичките и верските односи во Османлиската Империја и како „латински преведувач”, бил вклучен во 30-членото австриско пратеништво што го упатил Фердинанд Ⅰ кај султанот Сулејман во Цариград за склучување… Continue reading КУРИПЕШИќ, Бенедикт

КУРТЕВ, Владимир

КУРТЕВ, Владимир (Плевен, 19. Х 1888 – Софија, Ⅵ 1946) – Бугарин, учесник во македонското револуционерно движење. Завршил историја и географија на Софискиот универзитет. Како ученик станал член на ВМОРО (1905), четник во четата на тиквешкиот војвода Д. Даскалов (1907), учествувал и во битката кај „Ножот”. По Првата светска војна бил професор и директор на… Continue reading КУРТЕВ, Владимир

КУРТЕШ, Салиу

КУРТЕШ, Салиу (Салиу Куртесх) (штимле, Косово, 1940) – правник, унив. професор. Основно училиште завршил во родното место, а средно образование во Приштина. Дипломирал на Правниот факултет во Приштина (1965), магистрирал на Правниот факултет во Загреб и докторирал на Правниот факултет во Приштина (1977) на тема „Создавањето, развојот и положбата на САП Косово во југословенската социјалистичка… Continue reading КУРТЕШ, Салиу

КУРЦ, Јозеф

КУРЦ, Јозеф (Јосеф Курз) (Прага, Чешка, 3. Ⅱ 1901 – Прага, Чешка, 6. Ⅻ 1972) – чешки славист, унив. проф. Студира на КУ во Прага каде што докторира во 1924 г. (дисертација за Зографското ев.), а со втор докторат (ДрСц) се здобива во 1964 г. врз основа на трудот Студие зе сѕнтаџе јазѕка старослов2нскéхо. Проф.… Continue reading КУРЦ, Јозеф

КУРШУМЛИ-АН

КУРШУМЛИ-АН (Скопје, Стара чаршија, 1549) – споменик на културата. Изграден од Муслихудин Абдул Гани ел Мадини, завештан кон Дуќанџик џамијата, подигната од истиот ктитор. Името Куршумли го добил во ⅩⅠⅩ в. по оловниот покрив (тур. курþун – олово). Има површина од 2.800 м² со 60 простории сместени на два ката. Анот се состои од два… Continue reading КУРШУМЛИ-АН

КУСОКРИЛЦИ

КУСОКРИЛЦИ (Стапхѕлинидае) – тврдокрилни инсекти со долг абдомен и со куси покровни крилја (елѕтрае). Се хранат со најразличен вид храна; се среќаваат во габи, гнилежи, на мовови, мрши и сл. Во светот се познати преку 20.000 видови, а во Ма-Кусокрилци кедонија се познати само некои видови кусокрилци што живеат во моликови шуми. ЛИТ.: Јонче шапкарев,… Continue reading КУСОКРИЛЦИ

КУТМИЧЕВИЦА

КУТМИЧЕВИЦА – област каде што, според Пространото жи-тие на св. Климент (гл. 17) св. Климент ја започнал во Македонија (886) својата просветителска дејност, а кога бил ракоположен за прв слов. еп. (893) на негово место дошол св. Наум. Називот К. е познат само од ова место на грч. житие од Теофилакт (напишано врз основа на… Continue reading КУТМИЧЕВИЦА

КУТРИГУРИ

КУТРИГУРИ – хунобугарски племиња на територијата меѓу Долен Днепар и Дунав ( Ⅵ в.). Предводени од Забреган, поминале преку р. Дунав и навлегле во Тракија кон Цариград, минале низ Македонија до Грција (558/ 559). Поразени, склучиле мир со Византија и се повлекле. По поразот од Утигурите, Аварите лесно ги покориле (562). ЛИТ.: В. Златарски, Известието… Continue reading КУТРИГУРИ

КУТУРЕЦ, Томо

КУТУРЕЦ, Томо (Крушево, 1906 – Скопје, 14. Ⅻ 1979) – комунистички деец, политичар и дипломат. Бил член на КПЈ (1935) и секретар на Поверенството на КПЈ и МК на КПЈ во Крушево. Како еден од организаторите на НОБ во Крушевско и Дебарско, бил избран за делегат на Второто заседание на АВНОЈ и учесник на Првото… Continue reading КУТУРЕЦ, Томо

КУФОЈАНАКИС, Михајло

КУФОЈАНАКИС, Михајло (Скопје, 20. Ⅲ 1958) – виолинист. Дипломирал на ФМУ во Скопје (З. Димитровски, 1981). Постдипломски студии завршил на Државниот конзерваториум „П. И. Чајковски” во Москва (Д. Циганов, 1983). Од 1986 г. е професор на ФМУ во Скопје. Водач на Квартет „Гајдов” (1989–1995). Солистички концертирал во РМ и во повеќе европски земји. Сн. Ч.-Ан.… Continue reading КУФОЈАНАКИС, Михајло

КУХАЧ, Фрањо Ксавер

КУХАЧ, Фрањо Ксавер (Осиек, 20. XI 1834 – Загреб, 18. Ⅵ 1911) – фолклорист, етномузиколог и композитор, истражувач на јужнословенската народна музика. Како собирач на народно творештво, забележал и мелографирал околу 4.000 народни песни, од кои околу 2.000 и се објавени, а околу 700 се останати во ракопис. Вршел компаративни анализи на хрватските народни песни… Continue reading КУХАЧ, Фрањо Ксавер

КУЧИЊА, СЛЕПИ

КУЧИЊА, СЛЕПИ (Спалацинае) – потфамилија од фамилијата глувци, стаорци, полјанки и слепи кучиња (Муридае) специјализирани за живот под земја. Кај нас е присутен еден вид, слепо куче (Нанноспалаџ леуцодон). Слепо куче Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П. Ј. Х. Реијндерс, Ф. Спитзенбергер, М. Стуббе, Ј. Б. М. Тхиссен, В. Вохралик, Ј. Зима, Тхе Атлас… Continue reading КУЧИЊА, СЛЕПИ

КУШЕВСКИ, Воислав

КУШЕВСКИ, Воислав (с. Тработивиште, Делчевско, 28. Ⅶ 1921 – Скопје, 3. Ⅰ 1999) – историчар, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Завршил учителска школа во Скопје (1941) и едногодишен курс за предавачи по ис-Воислев Кушевски торија и по географија (1946). Бил инспектор по историја за средните училишта (1949– 1959), директор во средни училишта и… Continue reading КУШЕВСКИ, Воислав