БУЧИМ – рудник на бакарна руда (Цу), кој ги зазема северните делови од бучимскиот руден реон. Во геолошката градба на бучимското наоѓалиште учествуваат главно прекамбриски метаморфни карпи (разни типови гнајсеви и амфиболити) и терциерни вулканити (андезити и латито-андезити). Во наоѓалиштето е утврдена бакарна минерализација од порфирски тип, локализирана во 4 рудни тела (Централен дел, Бунарџик,… Continue reading БУЧИМ
Tag: Б
БУЧИН
БУЧИН – хеленистичка населба распослана на долгата падина на Бучински Рид, 20 км западно од Прилеп. На површината се воочливи остатоци од градби, градежен материјал и фрагменти од керамички садови. При обработката на земјата се најдени повеќе монети од Филип Ⅱ до Константин Ⅰ и автономните градови Амфиполис, Пела, Тесалоника и др., како и еден… Continue reading БУЧИН
БУЧКОВСКИ, Владо
БУЧКОВСКИ, Владо (Скопје, 2. Ⅻ 1962) – правник, унив. проф и политичар. Дипломирал на Правниот факултет (правосудна насока) во Скопје (1986), каде што и магистрирал (1991), а докторирал на темата „Римското и современото заложно право“ (1998). Првин бил стручен соработник во Собранието на СРМ (1987-1988), а потоа асистент (1988-1998), доцент (1998) и вонреден професор (2003)… Continue reading БУЧКОВСКИ, Владо
БУЏЕТ НА Република Македонија
БУЏЕТ НА Република Македонија – годишен план за финансирање на функциите и обврските на државата, а се состои од годишна проценка на приходите и на расходите по намени. Приходите и расходите во буџетот се предвидуваат и се одобруваат за идниот период, по правило за една година, која се нарекува буџетска или фискална година. Според македонското… Continue reading БУЏЕТ НА Република Македонија
БУЏЕТСКИ СИСТЕМ НА Република Македонија
БУЏЕТСКИ СИСТЕМ НА Република Македонија – позитивни прописи, институции и односи кои ја конституираат целината на буџетското финансирање на земјата. Буџетскиот систем на Република Македонија се развиваше напоредно со развојот и менувањето на стопанскиот и политичкиот систем на земјата. Во почетокот на деведесеттите години од минатиот век, буџетскиот систем носеше белези и функционираше според буџетското… Continue reading БУЏЕТСКИ СИСТЕМ НА Република Македонија
БУШЕВА ПЛАНИНА
БУШЕВА ПЛАНИНА – средновисока планина што се протега помеѓу долината на Треска на север, превојот Барбарас (864 м) на си, Прилепско Поле на исток, Црна Река на југ и реката Жаба на запад. Зафаќа површина од 325 2 км . Највисок врв е Стара Мусица (1.788 м). На главното планинско било кое се протега во… Continue reading БУШЕВА ПЛАНИНА