ЈОН, Милош

ЈОН, Милош (Сутјеска крај Зрењанин, 3. Ⅶ 1930) – поет, преведувач и есеист. Дипломирал филозофија на Универзитетот во Белград, а постдипломски студии завршил на Сорбона во Париз. Од 1964 г. живее и работи во Малме, шведска, како професор по француски, романски и српски јазик. Почесен член е на ДПМ. БИБ.: Пупки, Вршац, 1953; Од денес… Continue reading ЈОН, Милош

ЈОРГОВАН

ЈОРГОВАН .(СЛАБИНКА, ЛИЛЈАЧЕ) (Сѕринга вулгарис Л., фам. Олеацеае) – грмушка или мало дрво од Јужна Европа и од Мала Азија. Листовите се јајцевидни, со срцевидна основа, спротивно поставени. Цветовите се виолетови, во метлести соцветија, миризливи. Плодовите се чушки. Кај нас е многу честа примеса во шибјаците од субмедитеранот. Многу декоративен вид. Ал. Анд. ЈОРДАНОВСКА, Вера… Continue reading ЈОРГОВАН

ЈОРДАНОВ, Минчо

ЈОРДАНОВ, Минчо (Штип, 1. Ⅶ 1944) – бизнисмен, успешен менаџер. Дипломирал на Технолошкометалуршкиот факултет во Бел-град (1968). Генерален директор на претпријатието Рудници и железарница „Скопје” (1983&1988), директор на Претставништвото на „Технометал&Вардар” во Москва (1889&1992), ангажиран во швајцарската компанија „Дуферко” СА од Лугано (1992&1994), член на Бордот и директор на компанијата и одговорен за земјите од… Continue reading ЈОРДАНОВ, Минчо

ЈОРДАНОВСКИ, Љупчо

ЈОРДАНОВСКИ, Љупчо (Штип, 13. Ⅱ 1953) – електро-инженер, научен советник (1998) на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје, политичар. Дипломирал (1975) и магистрирал (1978) на Електротехничкиот факултет во Загреб. Докторирал (1985) на Универзитетот на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес со темата „Студија на нумеричките методи во инверзијата на земјотресното жариште”. Држел настава на ПМФ, на… Continue reading ЈОРДАНОВСКИ, Љупчо

ЈОРДАНОСКИ, Благоја Александров

ЈОРДАНОСКИ, Благоја Александров (Прилеп, 21. Ⅱ 1947) – редовен професор (1999) на ПМФ (Институт за хемија). Дипломирал (1971), магистрирал (1980) и докторирал (1988) во Скопје. Изведувал настава за студенти по хемија, сто-Вера Јордановска матологија, шумарство и ветерина, кологија и акушерство (1965) и докторирал (1977) на Мед. ф. во Скопје. Се усовршувал во Англија во областа… Continue reading ЈОРДАНОСКИ, Благоја Александров

ЈОСИФ Ⅱ

ЈОСИФ Ⅱ – пелагониски митрополит и охридски архиепископ (13. Ⅰ 1746 – кон крајот на 1751 или во почетокот на 1752). Веројатно бил избран од тројца епархиски архиереи. По архиепископското разрешување, има повеќе негови спомнувања (1752, 1753, 1756 и 1761). ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането £ под турците до… Continue reading ЈОСИФ Ⅱ

ЈОСИФОВ, Јосиф Харитонов

ЈОСИФОВ, Јосиф Харитонов (Дебар, 24. Ⅰ 1928) – анатом, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1984). Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1957), а докторирал во Белград за акцесорните венски комуникации на интракранијалниот и екстракранијалниот крвоток (1974). Се усовршувал во Данска, Норвешка, Чехословакија и во шведска. Истражувал краниофацијален скелет и венска циркулација во черепната… Continue reading ЈОСИФОВ, Јосиф Харитонов

ЈОСИФОВА-НЕДЕЛКОВСКА, Гордана

ЈОСИФОВА-НЕДЕЛКОВСКА, Гордана (Кавадарци, 14. Ⅹ 1965) – обоист. Факултетот за музичка уметност и постдипломските студии ги завршува во Скопје во класата на проф. К. Давидовски. Специјализира обоа и камерна музика на Академијата „Моцарт” во Варшава и во „Банф”, уметнички центар во Канада. Редовен професор е на ФМУ во Скопје и основач Гордана Јосифова -Неделковска и… Continue reading ЈОСИФОВА-НЕДЕЛКОВСКА, Гордана

ЈОСИФОВСКИ, Јосиф

ЈОСИФОВСКИ, Јосиф (Велес, 29. Ⅷ 1927 – Битола, 21. Ⅴ 2001) – актер, режисер и сценограф. Бил член на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес (1950–1958); во Народниот театар „Војдан Чернодрински” во Прилеп (1958–1962) и во Народниот театар во Битола (од 1962). УЛО.: Јеротие („Сомнително лице”), Зганарел („Со сила лекар”), Клаудиј („Хамлет”), Јаго („Отело”),… Continue reading ЈОСИФОВСКИ, Јосиф

ЈОСИФОВСКИ, Кузман Цветанов

ЈОСИФОВСКИ, Кузман Цветанов (псевд. Питу, Методие) (Прилеп, 15. Ⅵ 1915 – Скопје, 25. Ⅱ 1944) – правник, истакнат национално-политички раководен деец. Основно и средно образование заКузман Јосифовски-Питу вршува во Прилеп и во Битола. Студирал право во Белград и бил еден од раководителите на прогресивните студенти. Член е на КПЈ од 1938 г. Бил еден од… Continue reading ЈОСИФОВСКИ, Кузман Цветанов

ЈОСИФОВСКИ, Перо

ЈОСИФОВСКИ, Перо (ПробиШтип, 25. Ⅴ 1966) – нумизматичар. Дипломирал историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1991), а магистрирал на Институтот за историја на уметноста и археологија (2000) во областа на античката археологија. Од 1991 г. работи како кустос за античка нумизматика во Музејот на Македонија, а од 2007 г. е програмски директор на оваа институција.… Continue reading ЈОСИФОВСКИ, Перо

ЈОТОВ, Огњан Христов

ЈОТОВ, Огњан Христов (Орехово, НР Бугарија, 30. Ⅰ 1939) – математичар, ред. проф. (1986) на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал (1965) на ПМФ во Загреб, каде што и магистрирал (1972), а докторирал (1985) на ПМФ во Скопје со темата „Кватерниони и диференцијална геометрија”. Тој е автор на трудови од областа на диференцијалната геометрија. Бил уредник… Continue reading ЈОТОВ, Огњан Христов

ЈОЦИЌ, Оливера

ЈОЦИЌ, Оливера (Вера) (с. Синѓелиќ, Скопско, 21. Ⅷ 1923 – Саса, Делчевско, 23. Ⅴ 1944) – комунистички деец и народен херој. Како гимназијалка станала член на СКОЈ (1941). По Априлската војна (1941) семејно заминале за Валево (Србија), каде што со сестрите станала борец во Јастребачкиот НОПО и била Оливера (Вера) Јоциќ примена за член на… Continue reading ЈОЦИЌ, Оливера

ЈОЦИЌ, Светлан Христова

ЈОЦИЌ, Светлан Христова (Ресен, 27. Ⅱ 1941) – поет, прозаист, писател за деца и есеист. По основното училиште во Охрид и Учителската школа во Битола, дипломирала на Катедрата за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1967) и, по четиригодишната учителска дејност во охридските села, работи како педагог на Клиниката за детски болести на Мед. ф-т… Continue reading ЈОЦИЌ, Светлан Христова

ЈУАН, Лу

ЈУАН, Лу (Лу Јуан) (Вухан, провинција Хубеи, 3. Ⅶ 1922) – еден од најзначајните современи кине-ски поети. По излегувањето на неговите Избрани дела, кога станал и добитник на Големата национална награда за поезија за стихозбирката Друга песна, бил прогласен за најголем жив кине-ски поет. Тој е и еден од најголемите кинески преведувачи (Гете, Рилке, Хегел… Continue reading ЈУАН, Лу

ЈУГОСЛОВЕНСКА НАРОДНА АРМИЈА

ЈУГОСЛОВЕНСКА НАРОДНА АРМИЈА (1941–1991). Создавањето на ЈНА започнало во мај 1941 г. со подготовките за оружено востание. Од воените комитети и воените комисии биле организирани диверзантски и ударни групи, а на теренот биле формирани партизански одреди. На крајот од јуни Воениот комитет на ЦК на КПЈ прераснал во Главен штаб на НОПОЈ, со командантот Јосип… Continue reading ЈУГОСЛОВЕНСКА НАРОДНА АРМИЈА

ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКАНСКА СТРАНКА

ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКАНСКА СТРАНКА (1921) – српска политичка партија основана од група либерални граѓански интелектуалци од Србија. Основачкиот конгрес се одржал во Бел-град на 21 јануари. Се застапувала за републиканско уредување на државата. Основачи и водачи биле: Ј. Жујовиќ, Љ. Стојановиќ и Ј. Продановиќ. На Вториот конгрес (27. Ⅱ 1924) се определила за федерал-но уредување на… Continue reading ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКАНСКА СТРАНКА

ЈУГОСЛОВЕНСКО-БУГАРСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

ЈУГОСЛОВЕНСКО-БУГАРСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО (1937). Пред крајот на 1936 г. Велика Британија извршила притисок врз Владата на Југославија за придобивање на Бугарија за Балканскиот пакт. Југославија и Бугарија склучиле, во Белград, Договор за вечно пријателство (24. Ⅰ 1937). Пред потпишувањето на јавниот договор ги усогласиле интересите, при што постигнале таен договор според кој Бугарија се… Continue reading ЈУГОСЛОВЕНСКО-БУГАРСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

ЈУГОСЛОВЕНСТВО

ЈУГОСЛОВЕНСТВО – идеолошки производ на политичките структури на југословенскиот систем. Имала пропагандна цел за поуспешно решавање на националното прашање врз замислените принципи на АВНОЈ. Во националните тензии по 60-тите години на ХХ в., овој термин бил користен како инструмент за неутрализирање на националното чувство во насока на создавање нова „југословенска нација”. Во Македонија како Југословени… Continue reading ЈУГОСЛОВЕНСТВО

ЈУЖНОСЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ

ЈУЖНОСЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ. Од самите почетоци на славистиката како научна дисциплина (т.е. од крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) е прифатена конвенционалната поделба на словенскиот јазичен свет на три групи: западна, источна и јужна. Јужните Словени, т.е. носителите на јужнословенските јазици во В– Ⅵ в. од н.е. се спуштиле кон југ од прататковината и се населиле на Балканскиот… Continue reading ЈУЖНОСЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ

ЈУЗБАШИќ, Димитрие Миланов

ЈУЗБАШИќ, Димитрие Миланов (Дарувар, Хрватска, 30. IX 1909 – Сарбрикен, Германија, 1974) – хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, еден од првите 19 избрани наставници при формирањето на Мед. ф. во Скопје (1947). Извршил успешна трансформација на Хируршкото одделение во современа Хируршка клиника. Бил редовен професор, шеф на Катедрата по хируршки болести и… Continue reading ЈУЗБАШИќ, Димитрие Миланов

ЈУНСКО ПАРТИСКО СОВЕТУВАЊЕ НА СКОПСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КП ВО МАКЕДОНИЈА

ЈУНСКО ПАРТИСКО СОВЕТУВАЊЕ НА СКОПСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КП ВО МАКЕДОНИЈА (Водно, сега населба Козле, 22. Ⅵ 1941) – партиско советување на кое била донесена одлуката за оружено востание. На советувањето присуствувале околу 30 лица – членовите на МК на КП во Скопје, сите секретари на партиските ќелии, како и одделни членови на КП со организациониот… Continue reading ЈУНСКО ПАРТИСКО СОВЕТУВАЊЕ НА СКОПСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КП ВО МАКЕДОНИЈА

ЈУРА

ЈУРА (џура) – зурла со најмали димензии. Има многу пискав и продорен звук, поради што секогаш ја свири водечката мелодија. Тогаш бордунската мелодиска линија ја свири зурлата со средна големина, наречена јарамкаба (в). Во минатото најчесто се користела во Гевгелиско, како придружник на русалиските ора, а денес ретко се среќава во зурлаџиската свирачка практика. ЛИТ.:… Continue reading ЈУРА

ЈУРУКОВ, Никола

ЈУРУКОВ, Никола (с. Лабаница, Костурско, 1880 – Софија, 26. Ⅳ 1923) – архитект, идеолог на МЕФО. По Првата светска војна се вклучил во политичката активност на македонската емиграција во Софија и станал претседател на Костурското братство и учесник во Привременото претставништво на бившата ВМРО (1919). Бил член на Привремената комисија на македонските братства (1920), член… Continue reading ЈУРУКОВ, Никола