ШУНДОВСКИ, Сотир (с. Гопеш, 28. Ⅱ 1933 – Битола, 17. Ⅲ 2002) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Бел-град (1960). Се занимава со архитектонско проектирање, работејќи во повеќе проектантски бироа во Битола. Неговиот опус е разновиден. Проектирал повеќе општествени, здравствени и административни згради од кои, позначајни се: Општата болница во Битола (1968), Основниот суд… Continue reading ШУНДОВСКИ, Сотир
Tag: Ш
ШУПЕЛКА
ШУПЕЛКА – дувачки музички инструмент изработен од јасеново, ореово, шимширово или бело кленово дрво. Таа претставува надолна цилиндрична цевка, долга 250 –350 мм. Располага со вкупно шест мелодиски отвори за свирење. Има продорен звук, поради што е погодна за свирење орски мелодии, но и за соло музицирање во природа при чување на добитокот. ЛИТ.: Д-р… Continue reading ШУПЕЛКА
ШУПЛЕВСКИ, Драган
ШУПЛЕВСКИ, Драган (Скопје, 19. Ⅶ 1933 – Скопје, 10. Ⅵ 2001) – диригент и композитор. Дипломира на Наставно-теорискиот отсек на Музичката академија во Белград (1959). Работи како наставник во Средното музичко училиште во Скопје (1960–1963), а потоа е шеф на Музичката продукција на РТВ Скопје (1963– 1966). До крајот на животот се наоѓа на местото… Continue reading ШУПЛЕВСКИ, Драган
ШУПЛИНОВА, Евгенија
ШУПЛИНОВА, Евгенија (Тополчани, Прилепско, 9. Ⅵ 1930) – поет, раскажувач, преведувач. Завршила средно образование. Работела како новинар во „Нова Македонија“. Член е на ДПМ од 1962 г. БИБ.: Грешница, поезија, 1960; Тагата на црвениот каранфил, поезија, 1962; Три облачиња, раскази за деца, 1964; Сончева патека, поезија за деца, 1969; Сонце на детските дланки, раскази за… Continue reading ШУПЛИНОВА, Евгенија
ШУРДОВ
ШУРДОВ (ВЕДРОВ), Асен (Видин, 16. Ⅵ 1914 – Софија, 4. Ⅴ 1945) – поет, преведувач, новинар. Студент по литература на Софискиот универзитет. При крајот на октомври 1938 г. во неговиот стан на ул. „Љулин“ бр. 20 во Софија било одржано Основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок. Неговата поезија е силен социјален протест против капиталистичкото општество,… Continue reading ШУРДОВ
ШУРЕВ, Ангел
ШУРЕВ, Ангел (Велес, 18. Ⅳ 1932 – Белград, 14. Ⅱ 2004) – диригент. Во 1956 г. дипломирал диригирање на Музичката академија во Белград (проф. Ж. Здравковиќ), а се усовршувал во Италија на Римската академија „Санта Чечилија“. Диригентската кариера ја започнал во Операта на МНТ (1956–1960). Најголем дел од својата дејност ја поминал во Белград, во… Continue reading ШУРЕВ, Ангел
ШУРКОВ, Андон
ШУРКОВ, Андон (Велес, 1900 – СССР, 1938) – работник и комунистички деец. Како определен комунист, емигрирал во Советскиот Сојуз (1927), студирал на КУНМЗ во Москва, а потоа бил испратен на работа во Одеса. Во Сталиновите чистки бил уапсен и осуден. Посмртно е рехабилитиран со одлука на Воениот трибунал на Воениот суд во Одеса. ЛИТ.: Работничкото… Continue reading ШУРКОВ, Андон
ШУТАРКА
ШУТАРКА – музички инструмент, надолна цевка од дрво или трска со вметната писка на горниот дел, со ист број мелодиски отвори како кај гајдарката на гајдата. Така е наречена, бидејќи на долниот дел го нема свиеното рокче што го облагородува то-нот. Без другите делови на гајдата, на неа свират децата како подготовка за свирење на… Continue reading ШУТАРКА
ШУТУРКОВА, Љубица Данчова
ШУТУРКОВА, Љубица Данчова (Скопје 4. ⅩⅠⅠ 1959) – фармацевт, редовен проф. на Фарм. ф., раководител на Институтот по фарма-Љубица шутуркова цевтска хемија. Декан на Фарм. ф. (1998–2004), а од 2004 проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Претседател на Фармацевтската комора на Македонија (1999–2000). Има објавено над 60 научни и стручни трудови и… Continue reading ШУТУРКОВА, Љубица Данчова