ЧЕРУПКАРИ

ЧЕРУПКАРИ (Острацода) – многу ситни ракчиња. Живеат на дното, поретко планктонски, во мориња и во копнени води. Името го добиле од зборот остраеон гр. черупка, бидејќи телото им е заштитено со черупка од два капака. Претставени се со 2.000 рецентни и околу 12.000 фосилни видови. Од оваа група ракчиња во Македонија има 172 вида, од… Continue reading ЧЕРУПКАРИ

ЧЕТВОРКА

ЧЕТВОРКА (чифтелија) – жичен бордунски музички инструмент од персиско-арапско потекло, од фамилијата тамбури. Според обликот не се разликува од другите тамбури. Има четири жици, наштимани двогласно во два пара. На првите жици се свири главната мелодија, а на другиот чифт се бордунира. На неа се музицира соло, но почесто ги придружува народните песни. ЛИТ.: Д-р… Continue reading ЧЕТВОРКА

ЧЕТВОРОЕВАНГЕЛИЕ ОД МАНАСТИРОТ СЛЕПЧЕ

ЧЕТВОРОЕВАНГЕЛИЕ ОД МАНАСТИРОТ СЛЕПЧЕмакедонски ракопис од 1548 год. Од 1950 год. се чува во Народната библиотека на Србија (Белград), сигн. Рс 102 (И + 263 хартиени листови). Јазичните особености упатуваат на западномакедонско потекло на ракописот. На последниот 263 л. писарот го забележал своето име Висарион. Истиот писар во Златоустот во НБКМ, бр. 187,… Continue reading ЧЕТВОРОЕВАНГЕЛИЕ ОД МАНАСТИРОТ СЛЕПЧЕ

ЧЕТВРТА ЗЕМСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КПЈ

ЧЕТВРТА ЗЕМСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КПЈ (Љубљана, 24–25. ⅩⅠⅠ 1934). Одржана е по сугестија на Коминтерната. Била донесена и резолуција за националното прашање, во која на национално потиснатите народи во Југославија им се признава правото на самоопределување до отцепување, кое може да се реализира со заедничка борба. Било донесено и решение за формирање национални комунистички партии… Continue reading ЧЕТВРТА ЗЕМСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КПЈ

ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА МЕРИДА

ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА МЕРИДА – автономна област, формирана по паѓањето на Македонија под римска власт (168 г. пр. н.е.), со одлука на римскиот Сенат. На претставниците на македонските градови одлуката им ја соопштил римскиот конзул Емилиј Павел на Собранието во Амфиполис (167 г. пр. н.е.). Ги зафаќала западните делови на Македонија (Горна Македонија), до Епир и… Continue reading ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА МЕРИДА

ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (Лисец, на пл. Плачковица, 24. Ⅶ 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од Плачковичкиот НОПО, делови од Втората и Третата македонска НОУ бригада и од новопристигнати борци. Водела борби против бугарските сили кај с. Митрашинци, Беровско (14. Ⅷ), на пл. Плачковица (16. Ⅷ), кај БеровоContinue reading ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА ШИПТАРСКА

ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА ШИПТАРСКА (АЛБАНСКА) УДАРНА БРИГАДА (позната и како Седма македонско-шиптарска НО бригада) (пл. Караорман, Струшко, 26. Ⅷ 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од шиптарскиот НОПО и од новопристигнати борци од албанска националност од Девенија, Хрватска и Македонија. Борците на Четвртата македонска народноослободителна бригада (1944) Борци на Четвртата… Continue reading ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА ШИПТАРСКА

ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ (1944–1945) – воена единица формирана на 7. Ⅸ 1944 г. во с. Лисиче, Велешко. Во нејзиниот формациски состав влегле 3., 8. и 12. македонска бригада. Во втората половина на ноември имала 4.136 борци и старешини. Од средината на октомври 1944 г. влегла во составот на ⅩⅤⅠ корпус на НОВЈ.… Continue reading ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ (1944– 1945) – воена единица формирана во с. Црноец, Битолско, на 10. Ⅸ 1944 г. Во нејзиниот формациски состав влегле 5. и 7. македонска бригада и Битолско-преспанскиот НОПО. Во почетокот на октомври 1944 г. била реорганизирана, па во нејзиниот состав влегле и 2. македонска бригада и Костурско-леринскиот баталјон „Гоче“… Continue reading ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ (1944–1945) – воена единица формирана во с. Пласница, Кичевско, на 28. Ⅸ 1944 г. Во нејзиниот формациски состав влегле 1., 6. и 15. македонска бригада и 4. албанска (шиптарска) бригада. Во средината на октомври влегла во составот на ⅩⅤ корпус на НОВЈ. Учествувала во ослободувањето на Охрид (7. Ⅸ)… Continue reading ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ (1944–1945) – воена единица формирана во с. шешково, Кавадаречко, на 25. Ⅷ 1944 г. Во формацискиот состав влегле 2., 9. и 10. македонска бригада, подоцна и 11. македонска бригада. Од средината на октомври 1944 г. влегла во состав на ⅩⅤ корпус на НОВЈ. Водела борби во Тиквешко, во Повардарјето,… Continue reading ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА МЛАДИНСКА УДАРНА БРИГАДА ДИМИТАР ВЛАХОВ

ЧЕТИРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА МЛАДИНСКА УДАРНА БРИГАДА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ (с. Митрашинци, Беровско, 17. Ⅸ 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од околу 700 главно младинци од Беровско, Делчевско, Кочанско, Радовишко и Штипско и влегла во составот на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ. Водела борби против германските сили кај Виница, Градец… Continue reading ЧЕТИРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА МЛАДИНСКА УДАРНА БРИГАДА ДИМИТАР ВЛАХОВ

ЧЕТНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ЧЕТНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА (ДРАЖИЌЕВЦИ) (1941–1944) – военополитичка организација што имала цел да се врати стариот српски кралски поредок во Македонија. Започнала да се формира од 1941, а поорганизирано во 1942 г. Нивната стратегија во Македонија била да собираат известувачки податоци за воените и политичките состојби на теренот, кои потоа се дистрибуирале до главниот пункт… Continue reading ЧЕТНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ЧЕШМЕЏИЕВ, Јосиф

ЧЕШМЕЏИЕВ, Јосиф (Скопје, 8. Ⅶ 1890 – Софија, 28. Ⅳ 1964) – композитор и фолклорист. Се школувал во Скопје, Куманово, Солун и во Цариград. Во Солун бил ученик на Атанас Бадев. Првите музички композиции ги создал во Цариград, во почетокот на ⅩⅩ в. Краток период учителствувал во Скопје, а во 1909 г. заминал во Лајпциг,… Continue reading ЧЕШМЕЏИЕВ, Јосиф

ЧИМЕВ, Владо

ЧИМЕВ, Владо (с. Клисура, Горноџумајско 6. Ⅷ 1915 – Горна Џумаја, 20. Ⅷ 1942) – учесник во НОД во Пиринскиот дел од Македонија. Бил член на Окружниот комитет на БРП. Пред да биде уапсен (Ⅸ 1941), заминал во партизани. Со Гроздан Николов, Станке Лисичков, Стојне Лисијски и Станој Крекмански ја формирале првата партизанска чета во… Continue reading ЧИМЕВ, Владо

ЧИНГО, Живко

ЧИНГО, Живко (с. Велгошти, Охрид, 13. Ⅷ 1935 – Охрид, 11. Ⅶ 1987) – раскажувач, романсиер, драмски автор, новинар. По дипломирањето на Филозофскиот факултет во Скопје, работи како професор во Гимназијата во Борците на Четиринаесеттата македонска народноослободителна младинска ударна бригада на пат за Сремскиот фронт (1945) Охрид, а потоа како новинар во повеќе редакции во… Continue reading ЧИНГО, Живко

ЧИНГОВСКИ

ЧИНГОВСКИ (ЧИНГО), Пецо Ташков (псевд. Арсо) (Корча, Албанија, 7. Ⅳ 1917 – Скопје, 24. Ⅳ 2000) – шнајдер, комунистички деец и борец. Како печалбар во Белград, зел учество во акциите на Урсовите синдикати, поради што бил уапсен (1939). По Априлската војна (1941) се вратил во Кичево, станал член на КПЈ (од октомври 1941), на МК… Continue reading ЧИНГОВСКИ

ЧИНГОВСКИ, Јонче

ЧИНГОВСКИ, Јонче (1926 – 1983) – кустос-советник во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје. Најголемиот дел од работниот век го минал во Природонаучниот музеј на работното место ентомолог и раководител на Ентомолошкото одделение. Објавил повеќе научни трудови од областа на ентомологијата, во кои обработува повеќе од педесет видови растителни оси (Сѕмпхѕта) во Македонија. Во неговото… Continue reading ЧИНГОВСКИ, Јонче

ЧИПАН, Борис

ЧИПАН, Борис (Охрид, 27. Ⅲ 1918) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Белград (1941). Покрај со педагошката дејност (предавал Проектирање и општествени згради) се занимава и со конзервација на градителското наследство (бил прв директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата), со… Continue reading ЧИПАН, Борис

ЧИПОВ, Андреја

ЧИПОВ, Андреја (с. П’тели, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, 1904 – Скопје, 25. Ⅶ 1955) – припадник на Македонското националноослободително движење, деец на ВМРО(Об). Учесник во НОБ и во Граѓанската војна во Грција (1946–1949). Од 1933 г. бил организатор и раководител на ВМРО(Об) во Егејскиот дел на Македонија. Во 1935 г. бил член на ЦК… Continue reading ЧИПОВ, Андреја

ЧИСТЕЦ, БАБУНСКИ

ЧИСТЕЦ, БАБУНСКИ (Стацхѕс бабуненсис Мицевски) – локален ен-демит во флората на РМ од фамилијата Ламиацеае (устоцветни растенија). Се развива на варовнички карпи, во клисурата на р. Бабуна–Пешти. Опишан е од познатиот македонски флорист, таксоном и фитоценолог акад. Кирил Мицевски. Вл. М.

ЧИСТЕЦ, МАКЕДОНСКИ

ЧИСТЕЦ, МАКЕДОНСКИ (Стацхѕс мацедоница Мицевски) – локален македонски флористички ен-демит од фамилијата Ламиацеае (Лабиатае) (устоцветни растенија), опишан од акад. Кирил Мицевски. Познат за Мариово и клисуМакедонски чистец рата на реката Вардар кај Демир Капија. Вл. М.

ЧИФТЕ АМАМ

ЧИФТЕ АМАМ . (Скопје, Стара Чаршија, сред. на ⅩⅤ в.) – споменик на културата. Изграден од Иса-бег, третиот османлиски заповедник на Скопје и на Скопското краиште. Спаѓал во типот двојни амами (со машки и женски дел), затоа бил наречен Чифте (двоен). Престанал да функционира ок. 1916/1917. Во објектот е сместена уметничка галерија. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ,… Continue reading ЧИФТЕ АМАМ