ФИЛМСКА ДИСТРИБУЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА. Во почетокот на дваесеттите години од ⅩⅩ в. е регистриран првиот обид за занимавање со филмска дистрибуција – агентурата за промет со филмови на М. Асео и С. Мусафија. Со институционализирањето на македонската кинематографија по Ослободувањето, се формира дистрибутерската куќа „Македонија филм“, а со општествените промени во деведесеттите години доаѓа до… Continue reading ФИЛМСКА ДИСТРИБУЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
Tag: Ф
ФИЛМСКА КРИТИКА И ПУБЛИЦИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКА КРИТИКА И ПУБЛИЦИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА. Од 1921 г. во периодиката се востановени рубрики за филм-ска критика, тренд што продолжува и по Втората светска војна. Периодот на педесеттите години од ⅩⅩ в. претставува истражување на медиумската структура и тука се испробуваат Димитар Митрев, Јован Бошковски, Димитар Солев и многумина други од редот на писателскиот еснаф.… Continue reading ФИЛМСКА КРИТИКА И ПУБЛИЦИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКИ АМАТЕРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКИ АМАТЕРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА. Со аматерските филмови на Кирил Миноски, Благоја Дрнков, Благоја Попстефанија и други (во втората половина на триесеттите години од ⅩⅩ в.) започнува развојот на филмскиот аматеризам кај нас. Веќе во 1950 г. е формиран Киносојузот на Македонија, како асоцијација на филмските аматери, а од 1996 г. тој е полноправен член на… Continue reading ФИЛМСКИ АМАТЕРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА. Со документарно-пропагандните филмови „Во избори за нови победи“ (Б. Дрнков) и „Жито за народот“ (Т. Попов), реализирани преку Филмско-Скопје, во 1947 г. започнува повоениот развој на филмското производство во Македонија. Најбројниот опус на документарни, играни и анимирани филмови се реализирани од долгогодишниот државен продуцент „Вардар филм“. Првото разбивање на тој монопол… Continue reading ФИЛМСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛОВ, Богдан
ФИЛОВ, Богдан (Стара Загора, Бугарија, 28. Ⅲ 1883 – Софија, 1. Ⅱ 1945) – археолог и историчар на уметноста, профашистички премиер и регент на Бугарија. Завршува класична гимназија во Софија. Студира на Универзитетите во Визбург, Лајпциг и Фрајбург, каде што учи класична филологија, стара историја и археологија. Богдан Филов Докторирал во Фрајбург. Од 1920 г.… Continue reading ФИЛОВ, Богдан
ФИЛОЗОФИЈА
„ФИЛОЗОФИЈА“ – единствено филозофско списание во РМ, гласило на (в.) Филозофското друштво на Македонија. Го издава изд. куќа Аз-Буки од Скопје и (в.) Институтот за филозофија. Излегува четирипати годишно (првиот број во јуни 2002). Ја продолжува традицијата на (в.) Филозофска трибина. Заклучно со 2006 г. се излезени 20 броја. Списанието го има следниов профил: студии,… Continue reading ФИЛОЗОФИЈА
ФИЛОЗОФИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛОЗОФИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА – форма на човековото духовно творештво што во себе опфаќа поглед на светот и стремеж да се сознае и да се објасни севкупната стварност; наставнонаучна дисциплина. Почетоците на филозофијата на почвата на Македонија се поврзани со појавата на словенската писменост. Творците на првото словенско писмо се и автори на првите филозофски текстови.… Continue reading ФИЛОЗОФИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛОЗОФСКА ТРИБИНА
„ФИЛОЗОФСКА ТРИБИНА“ – прво филозофско списание во Македонија што го издаваше ННСГ за филозофија при Филозофскиот факултет (Скопје) и Секцијата за филозофија при Друштвото за филозофија, социологија и политикологија на СРМ. Првиот број беше насловен „Билтен на Списанието Секцијата за фи„Филозофска трибина“ лозофија при Друштвото за филозофија, социологија и политикологија на СРМ“ (мај, 1978). Списанието… Continue reading ФИЛОЗОФСКА ТРИБИНА
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ – високошколска и научна установа во областа на општествените науки, на која се образоваат главно наставнички кадри за работа во предучилишното, во основното и во средното образование. Филозофскиот факултет е прва национална високошколска и научна установа со која започнува конституирањето и развојот на првиот македонски универзитет – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“… Continue reading ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
ФИЛОЗОФСКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА
ФИЛОЗОФСКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА – здружение на граѓани кои се професионално поврзани или заинтересирани за филозофијата, првпат формирано во 1956 г. Во периодот 1967– 1975 г. дејствува како Друштво за филозофија и социологија на СРМ, кога се трансформира во Секција за филозофија при Друштвото за филозофија, социологија и политикологија на СРМ. Како Филозофско друштво на… Continue reading ФИЛОЗОФСКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА
ФИЛОКРАТОВ МИР
ФИЛОКРАТОВ МИР (336 г. пр. н.е.) – мир склучен помеѓу македонскиот крал Филип Ⅱ и Атина. Бил постигнат по предлог на атинскиот политичар Филократ, поради силната воена експанзија на Филип, во корист на македонскиот крал. До склучувањето на мирот три пратеништва на Атина (присутни се Демостен и Ајсхин) доаѓале во Пела и пратеништва на Филип… Continue reading ФИЛОКРАТОВ МИР
ФИЛОКСЕРА ЛОЗОВА ВОШКА
ФИЛОКСЕРА ЛОЗОВА ВОШКА ( . Пхѕллоџера вастатриџ Планцх.) – растителна вошка што е пренесена од Америка. Се размножува на многу специфичен начин. Мали бескрилни женки од овој вид се сместуваат на лозови листови и на бесполов начин (партеногенетски) создаваат голем број единки; тие се собираат на жилките од листовите и прават испакнувања (глуждови). Подоцна се… Continue reading ФИЛОКСЕРА ЛОЗОВА ВОШКА
ФИЛОТЕЈ
ФИЛОТЕЈ (Негуш, ⅩⅤⅠⅠ–ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – јеромонах, охридски архиепископ (16. Ⅶ 1714 – 6. Ⅶ 1718), а потоа лишен од архиерејски и свештенички чин (4. Ⅱ 1719) и пратен во прогонство. Бил авантуристички самоволник што ја злоупотребувал својата положба. Во неговото време се засилило патријаршиското влијание, па без негова дозвола, цариградскиот патријарх Еремија Ⅳ, со помош… Continue reading ФИЛОТЕЈ
ФИНАЛНА ОБРАБОТКА НА ДРВОТО
ФИНАЛНА ОБРАБОТКА НА ДРВОТО – дејност што се темели на физичките промени на дрвото низ технологиите на финалното производство. Во финалната обработка на дрвото се застапени главно механичките процеси, потоа хидротермичките процеси и во многу мала мера физичко-хемиските процеси во дрвната индустрија. Поради доминантноста на механичките процеси, финалната обработка на дрвото најчесто се нарекува финална… Continue reading ФИНАЛНА ОБРАБОТКА НА ДРВОТО
ФИНЕС
ФИНЕС – патна станица од римско време, забележана на Табула Појтингеријана (Ⅲ–Ⅳ в.), на делницата од римскиот пат помеѓу Стоби и Скупи. Името означува пограничен топоним. Се лоцира на границата на провинциите Дарданија и Македонија, јужнојугоисточно од Катланово, кај селата Рудник, Кожле или Крушје. ЛИТ.: Т. Томоски, Прилог за реконструкција на Табула Пеутингериана на делницата… Continue reading ФИНЕС
ФИРМИЛИЈАН
ФИРМИЛИЈАН (ДРАЖИЌ) (шабац, Србија, 20. Ⅷ 1851 – Белград, 7. ⅩⅠⅠ 1903) – српски скопски митрополит (1897–1902–1903), поставен од Српската православна црква со посредство на Русија. Рат. Гр.
ФИРФОВ, Живко
ФИРФОВ, Живко (Велес, 20. Ⅺ 1906 – Скопје, 21. Ⅶ 1984) – етномузиколог и композитор. Музичка школа учел во Белград, а подоцна студирал композиција кај Ј. Славенски и Ј. Арбатски. По Ослободувањето вршел низа одговорни должности во Скопје: шеф на Отсекот за уметност во Одделението за култура и уметност Живко Фирфов при АСНОМ; шеф на… Continue reading ФИРФОВ, Живко
ФИРФОВ, Милан
ФИРФОВ, Милан (Скопје, 25. Ⅲ 1943) – певец (баритон) и пијанист. Дипломира пијано (А. Прегер, 1969) и соло-пеење (Н. Цвеиќ, 1970) на Музичката академија во Белград, каде што ја стекнува и титулата магистер по соло-пеење (З. Зикова, 1974). Уметничката кариера ја започнува како со-лист во Операта на МНТ, а од 1969 г. предава на ФМУ… Continue reading ФИРФОВ, Милан
ФИРФОВА, Данка
ФИРФОВА, Данка (Велес, 2. Ⅱ 1918 – Скопје, 21. Ⅵ 2003) – оперска певица, сопран, првенка на Операта на МНТ. Пеење учела во Белград и Софија кај професорите Медведова-шкерјанц, Љ. Киш и Х. Брмбаров. Се усовршувала во Италија на Миланската Скала. До 1947 г. работела како наставник по музичко воспитување во Земун, Велес и Скопје.… Continue reading ФИРФОВА, Данка
ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ВО РМ
ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ВО Република Македонија– процес на прераспределба на приходните извори помеѓу централната и ло-Зградата на Владата на Република Македонија во Скопје калната власт, предизвикан од правната и административната децентрализација, чија цел е обезбедување достатно финансиски средства за финансирање на новите функции (надлежности) на единиците на локалната власт (општините). Фискалната децентрализација се темели на политичката… Continue reading ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ВО РМ
ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА
ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА – употреба на јавните приходи и расходи за дејствување врз макроекономските агрегати, односно врз вкупната економска активност. На краток рок фискалната експанзија дејствува врз порастот на бруто домашниот производ и на вработеноста. Долгорочните ефекти на фискалната експанзија се ограничени, бидејќи предизвикуваат инфлаторен притисок, пораст на каматните стапки и опаѓање на инвестициите и производството.… Continue reading ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА
ФИТИ, Таки
ФИТИ, Таки (Крушево, 7. Ⅺ 1950) – економист, унив. професор, општественик, државник, академик. Основно и средно образование завршил во Крушево. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1973), каде што магистрирал (1980) и докторирал (1983) на теми од областа на економскиот развој на земјите во развој. Избран е за асистент на Економскиот факултет во Скопје по… Continue reading ФИТИ, Таки
ФИТОЦЕНОЛОГИЈА
ФИТОЦЕНОЛОГИЈА – ботаничка наука што ја проучува растителната заедница (фитоценоза) од сите аспекти на современата биологија: морфологија (синморфологија), екологија (синекологија), динамичен развој (синдинамика), историски развој (синхронологија), географско распространување (синхорологија) и систематика и номенклатура (синтаксономија). Бидејќи сите овие науки се однесуваат на фитоценозата австрискиот ботаничар Х. Гамс (1918) ги опфатил под едно име фитоценологија, но почесто… Continue reading ФИТОЦЕНОЛОГИЈА
ФЛОРА НА ВИШИ РАСТЕНИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ФЛОРА НА ВИШИ РАСТЕНИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – севкупноста на сите видови, подвидови, вариетети и форми, односно севкупноста на сите автохтони и алохтони таксони виши растенија, кои се развиваат на територијата на РМ. Вл. М. Тимофеј Дмитриевич Флорински