УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА. Се јавува на Филозофскиот факултет во Скопје со формирањето на Југословенски шаховски клуб, Здружение на студенти – планинари и Југословенски аероклуб (1935). Подоцна било формирано и Академско спортско здружение со неколку секции (1938). По Ослободувањето квалитетните спорт-ски активности се одвиваат во Академското спортско друштво „Студент“ во Скопје (од 1945), со повеќе… Continue reading УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА

УНКОВСКИ, Слободан

УНКОВСКИ, Слободан (Скопје, 17. Ⅷ 1948) – режисер. Завршил Театарска академија во Белград, Отсек за режија (1971). Во Драмскиот театар во Скопје работел како драматург и режисер од 1971 г. Од 1990 г. станал редовен професор на ФДУ во Скопје, каде што води класа за театарска режија. Предавал на Отсекот за драма на постдипломските студии… Continue reading УНКОВСКИ, Слободан

УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ

УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ – дел на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Службата постои од 1947 г. и има задача да ги следи процесите во атмосферата, во водните текови и општо квалитетот на животната средина, да прави прогнози и да обезбедува информации за населението. За таа цел во Република Македонијапостојат неколку десетици станици за… Continue reading УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ

УРАН, Никифор

УРАН, Никифор (Џ–Ⅺ в.) – византиски војсководец, победник над Самуил (996). По бегството од заробеништво во Багдад, од Василиј Ⅱ бил назначен за доместик на Западот, потоа и за дукс во Солун (996). Ја вратил Лариса и го поразил Самуил кај р. Сперхеј (летото 996), по што триумфално се вратил во Цариград. ЛИТ.: С. Антолјак,… Continue reading УРАН, Никифор

УРБАН, св

УРБАН, св. (И в.) – еден од 70-те апостоли, Македонец, се спомнува во Библијата (Рим. 16, 9) како соработник на апостолите Андреј и Павле. Бил архиереј во Македонија, поставен од апостол Андреј, според свети Димитриј Ростов-ски. Тој пострадал маченички; се празнува на 13 ноември. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Послание на светиот апостол Павле до Римјаните, Скопје,… Continue reading УРБАН, св

УРБАНА СРЕДИНА

УРБАНА СРЕДИНА – претставува дел од животната средина, која човекот потполно ја изменил со објектите што ги изградил и ги гради (згради, патишта, улици, производни погони, културни центри, здравствени и образовни институции и др.), со кои наполно се изменети хидротермичките услови на животната средина. Затоа урбаната средина, според начинот на својата егзистенција, преставува хетеротрофен систем,… Continue reading УРБАНА СРЕДИНА

УРДАРЕВСКИ-СТАНКО, Александар

УРДАРЕВСКИ-СТАНКО, Александар (с. Чучер, Скопско, 1920 – Градец, Косово, 1. Ⅱ 1943) – учесник во НОБ. Завршил средно земјоделско училиште во Неготин и студирал на Земјоделскиот факултет во Белград. Бил член на СКОЈ (1938) и на КПЈ (1939). По Априлската војна се вратил во Македонија, се поврзал со организацијата на КПЈ во Скопје и работел… Continue reading УРДАРЕВСКИ-СТАНКО, Александар

УРДИН, Киро

УРДИН, Киро (Струмица, 12. Ⅴ 1945) – сликар, член на МАНУ надвор од работниот состав. Живее во Франција. Дипломирал на Академијата за филм во Париз (1977). Мошне активен како сликар и филмски работник во пове-Киро Урдин: „Кинески ѕид“ (1998) ќе земји во светот. Се определува за поетско толкување на појавите. Изразот е експресионистички со спонтани… Continue reading УРДИН, Киро

УРДИН, Кочо

УРДИН, Кочо (Струмица, 4. Ⅶ 1930 – Скопје, 27. Ⅵ 2008) – општественик и културен деец, раскажувач, романсиер, драмски писател и публицист. Првин студирал книжевност во Белград и во Скопје, а потоа дипломирал на Високата школа за политички науки во Белград. Бил директор на Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица и основач на Работничкиот универзитет,… Continue reading УРДИН, Кочо

УРДОВ, Ѓорги

УРДОВ, Ѓорги (Џоџо) (Воден, Егејскиот дел на Македонија, 1914 – Пиерија, 21. Ⅵ 1947) – припадник на македонското и на грчкото комунистичко движење. Бил член на КПГ, учесник во Антифашистичкиот отпор (1941), организационен секретар на КПГ за Воденско (1942) и член на Обласниот комитет на КПГ за Македонија и Тракија (1943). Бил на раководни должности… Continue reading УРДОВ, Ѓорги

УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ

УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ – трајно водење и планирање на стопанисувањето со шумите; во поширока смисла, приспособување (организирање) на шумското производство за потребите на општеството. Со текот на времето се менувале потребите на општеството, а со тоа се менувале и методите за уредување на шумите, соодветно на намените за кои се користеле (лов, производство на огревно… Continue reading УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ

УРЛИХ, Антон

УРЛИХ, Антон (Загреб, 24. Ⅸ 1902 – Загреб, 27. Ⅲ 1998) – архитект, вонреден професор на Техничкиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот оддел при Уметничката академија во Виена (1927). Од 1949 до 1953 г. живее и работи во Скопје. Го предава предметот Проектирање станбени и општествени згради. Се занимава со архитектонско проектирање и учествувал… Continue reading УРЛИХ, Антон

УРОВ

УРОВ (Вициа ервилиа Њилд.; Ервум ервилиа Л.) – едногодишна мешункеста култура од фам. Фабацеае. Во минатото оваа култура била една од најраспространетите фуражни култури во РМ, а во некои реони и единствена. Зрното се употребувало како концентрат за добитокот. Се користат зрното и целото растение. Има кратка вегетација (90–100 дена). Се користи и како додаток… Continue reading УРОВ

УРОШЕВИЌ, Атанасие

УРОШЕВИЌ, Атанасие (Гнилане, 14. Ⅹ 1898 – Белград, 16. Х 1992) – унив. професор, географ. Средно образование завршил во Скопје, каде што и дипломирал на Филозофскиот факултет, на Географско-етнолошката група. Докторирал во Белград (1929), а потоа бил избран за доцент на Групата географија на Филозофскиот факултет во Скопје. Втората светска војна ја минал како воен… Continue reading УРОШЕВИЌ, Атанасие

УРОШЕВИЌ, Влада

УРОШЕВИЌ, Влада (Скопје, 17. Ⅹ 1934) – поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар, преведувач, универзитетски професор. Дописен член е на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и Влада Урошевиќ редовен член на Европската поет-ска академија со седиште во Луксембург. Член е на МАНУ, на Македонскиот ПЕН-центар и на ДПМ (од 1961). Се јавува… Continue reading УРОШЕВИЌ, Влада

УРУМОВ, Виктор

УРУМОВ, Виктор (Белград, 9. И 1946) – физичар, ред. проф. (1989) на ПМФ. Дипломирал (1969) на Московскиот државен универзутет. Магистрирал (1971) и докторирал (1973) на Универзитетот во Манчестер со тема за статистичката механика на полиелектролитните раствори. Објавувал трудови за точно решивите Изингови модели, универзалните константи кај еднодимензионалните пресликувања, образованието по физика и нејзината популаризација. Држел… Continue reading УРУМОВ, Виктор

УРУМОВА, Епса Димкова

УРУМОВА, Епса Димкова (Велес 14. Ⅹ 1922) – спец. по патолошка анатомија (1955), редовен проф. на Мед. ф. (од 1974). Студирала медицина во Белград и во Софија, каде што и дипломирала (1948). Хабилитирала со трудот за Пнеумоцѕстис Ца-Е. Урумова: Декеровата барака во која е одржан првиот академски час на Медицинскиот факултет во Скопје ринии (1959).… Continue reading УРУМОВА, Епса Димкова

УСАОЈ

УСАОЈ (Обединет сојуз на антифашистичката младина на Југославија) – масовна организација на млади од окупираните југословенски краишта обединета на Првиот конгрес на антифашистичката младина (Бихаќ, 27–29. ⅩⅠⅠ 1942). Целта била да се создаде политичко единство и револуционерна свест кај младите во Југославија. На Вториот конгрес (Дрвар, 2–5. Ⅴ 1944), се консолидира организациски, а на Третиот… Continue reading УСАОЈ

УСЈЕ

УСЈЕ – рудник за цементен лапорец што се наоѓа во атарот на селото Усје, Скопско. Лапорецот е лоциран во миоценски седименти што се широко распространети помеѓу Маркова Река и југоисточните падини на ридот Водно. Миоценот, литолошки е претставен со конгломерати и песочници, лапоровити глини, лапорци. Преку миоценските седименти постепено се таложени седименти со плиоценска старост… Continue reading УСЈЕ

УСКАНА

УСКАНА – најголем град на Пенестите, едно од племињата во Горна Дасаретија. Се наоѓал недалеку од Лихнид (Охрид), на три дена одење од Стибера (Чепигово). Речиси со сигурност може да се локализира кај Кичево. ИЗВ.: Тити Ливи, Аб урбе цондита либри, Липсиае, 1906. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. К. М.-Р.

УСПЕНИЕ НА СВ

УСПЕНИЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА“ (Манастир Трескавец) – манастирска црква изградена под Златоврв, на околу 10 км од Прилеп. Комплекс од повеќе градби настанати во различни временски периоди. Денешната црква има форма на еднокорабна градба, Црквата „Успение на Света Богородица“, Златоврв, Прилепско расчленета во неколку травеи, со петострана олтарна апсида од надворешната страна. Над централниот дел… Continue reading УСПЕНИЕ НА СВ

УСПЕНИЕ НА СВ

УСПЕНИЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА“ (Манастир Трескавец) – манастирска црква изградена под Златоврв, на околу 10 км од Прилеп. Комплекс од повеќе градби настанати во различни временски периоди. Денешната црква има форма на еднокорабна градба, Црквата „Успение на Света Богородица“, Златоврв, Прилепско расчленета во неколку травеи, со петострана олтарна апсида од надворешната страна. Над централниот дел… Continue reading УСПЕНИЕ НА СВ

УСПЕНИЕ НА СВ

УСПЕНИЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА“ (Манастир Трескавец) – манастирска црква изградена под Златоврв, на околу 10 км од Прилеп. Комплекс од повеќе градби настанати во различни временски периоди. Денешната црква има форма на еднокорабна градба, Црквата „Успение на Света Богородица“, Златоврв, Прилепско расчленета во неколку травеи, со петострана олтарна апсида од надворешната страна. Над централниот дел… Continue reading УСПЕНИЕ НА СВ

УСПЕНИЕ НА СВ

УСПЕНИЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА“ – црква во Крушево. Голема трикорабна базилика со купола врз осмостран тамбур. Градена е во 1867 г. од кршен и од приделкан камен со малтер. Ѕидните слики се дело на локални зографски работилници. Иконите на иконостасот се дело на познатиот и талентиран крушевски зограф Никола Михаилов, како и на зографот Атанас… Continue reading УСПЕНИЕ НА СВ