ТЕМЈАНУШКА, ХЕРЦОГОВА (Виола херзоги Борнм.) – македонски флористички ендемит од фамилијата темјанушки (Виолацеае), познат во Мариово, околината на Прилеп (Плетвар, Козјак, Сивец), Јакупица, Караџица и во долниот тек на реката Треска. Вл. М.
Tag: Т
ТЕМЈАНУШКА, ШАРПЛАНИНСКА
ТЕМЈАНУШКА, ШАРПЛАНИНСКА (Виола сцхариенсис Ербен) – македонски флористички ендемит од фамилијата темјанушки ( Виолацеае), познат за шар Планина, во појасот на субалпските и алпските пасишта. Вл. М. шарпланинска темјанушка
ТЕМКОВ, Кирил Димитров
ТЕМКОВ, Кирил Димитров (Кавадарци, 16. Ⅴ 1943) – доктор, унив. професор по филозофија. Учел во Белград, Земун и во Скопје. Дипломирал (1968) и докторирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје (1982), каде што бил асистент (1970) и редовен професор (од 1990) по етика и естетика. Бил раководител на Институтот за филозофија (1989– 1991). Држел предавања… Continue reading ТЕМКОВ, Кирил Димитров
ТЕМПЕРАТУРА НА ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА
ТЕМПЕРАТУРА НА ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА . тивно студена и влажна зима. Највања од предвоениот Филозофски факултет, 1932–1939), Вили- – тем-ладен месец е јануари, а тенденцијам Џејмс, Имануел Кант, Рене пературата на воздухот е условена ја за изедначување на температу-Декарт, Џон Стјуарт Мил, Фридод маритимното влијание што до-рите постои и кај високите пларих Ниче и др.… Continue reading ТЕМПЕРАТУРА НА ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА
ТЕНИИ
ТЕНИИ (Цестода)– сплескани паразитски црви. Полово зрели единки се среќаваат во цревата на ’рбетниците, а младите индивидуи живеат во телесната празнина на многу без’рбетници и ’рбетници. Имаат тело со цврста и дебела кутикула и редуциран систем за варење. Групата опфаќа над 3.800 видови. Во Македонија се познати 10 видови. Најпозната е кучешката тенија (Дипѕлидиум цанинум… Continue reading ТЕНИИ
ТЕНИЈА, СВИНСКА
ТЕНИЈА, СВИНСКА. (Таениа солиум Л.) – сплескан паразитски црв. Се среќава во цревата на ’рбетниците. Името го добила според својот последен домаќин – свињата. Долга е 3–8 м. Возрасната единка живее во цревата на човекот додека ларвениот стадиум се одвива во мускулите на свињата. Заразеното месо, ако не е добро термички обработено (бобинките не се… Continue reading ТЕНИЈА, СВИНСКА
ТЕОДОР И АНГЕЛ
ТЕОДОР И АНГЕЛ (ок. 180/85 – по 1253) – епирски владетел и солунски цар (1214–1230). Енергичен и амбициозен владетел, си поставил цел да го освои Цари-град и да ја обнови Византија. Ги поразил Латините во албанските клисури (1217), го освоил Солун (1224). За цар бил крунисан од охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан. Македонија претставувала централна област… Continue reading ТЕОДОР И АНГЕЛ
ТЕОДОСИЕВСКИ, Душан Тодоров
ТЕОДОСИЕВСКИ, Душан Тодоров (Куманово, 17. Ⅴ 1922 – Скопје, 14. ⅩⅠⅠ 2002) – спец. педијатар, редовен проф. на Мед. ф. (од 1976). Бил учесник во НОБ (1944). Студии по медицина завршил во Белград (1949). Специјализирал педијатрија во Белград и Скопје и специјалистичкиот испит го положил во 1954 г. Хабилитирал на тема „Ревматичната болест во детството“… Continue reading ТЕОДОСИЕВСКИ, Душан Тодоров
ТЕОДОСИЕВСКИ, Стево
ТЕОДОСИЕВСКИ, Стево (Кочани, 16. Ⅳ 1924 – Скопје,9.Ⅳ 1997) – композитор на песни во народен дух, естраден уметник, музички педагог и хуманист. Бил учесник во НОБ, а по демобилизирањето бил член (хармоникаш) во Народниот оркестар на Радио Скопје. Подоцна го основал својот Ансамбл „Теодосиевски“ Стево Теодосиевски (1953). Автор е на околу 100 песни и на… Continue reading ТЕОДОСИЕВСКИ, Стево
ТЕОДОСИЈА СКОПСКИ
ТЕОДОСИЈА СКОПСКИ (световното име: Васил Гологанов)(с. Трлис, Серско, 7. И 1846 – Софија, 1. Ⅱ 1926) – духовник, црковно-национален деец, митрополит скопски, борец за обновување на Охридската архиепископија, црковен писател, академик. По школувањето во ќелијното училиште во родниот крај, завршува грчка гимназија во Серес и се замонашува во серскиот манастир „Св. Јован Претеча“ (1862), потоа… Continue reading ТЕОДОСИЈА СКОПСКИ
ТЕОФАН И
ТЕОФАН И – гревенски митрополит (првата половина на 1676) и охридски архиепископ (втората половина на 1676). Од јеромонах (до 1676), со итрина станал митрополит и во истата година и архиепископ. По претставката за неканонски избор од седум фанариотски архијереи и костурски градски првенци Грци, на чело со костурскиот митрополит Давид и велможата Константин Евпрагиоти Кунопаки,… Continue reading ТЕОФАН И
ТЕОФИЛ ТИВЕРИОПОЛСКИ, св
ТЕОФИЛ ТИВЕРИОПОЛСКИ, св. (Струмица, Ⅷ в.) – македонски иконозаштитник. УШТЕ како дете го изучувал Светото писмо, ги напуштил родителите и се замонашил кај отец Стефан. При монашењето не го променил крстеното име и останал да се вика Теофил. Познат бил по неговата заштита на иконите од иконоборството. Се празнува на 23 октомври. ЛИТ.: Александар Донски,… Continue reading ТЕОФИЛ ТИВЕРИОПОЛСКИ, св
ТЕОФИЛАКТ ОХРИДСКИ
ТЕОФИЛАКТ ОХРИДСКИ (Еврип на островот Евбеја,Ⅺ–ⅩⅠⅠ в.) – византиски црковен деец, филозоф, книжевник и охридски архиепископ. Бил ученик на познатиот византиски филозоф Михаил Псел. Архиепископ охридски бил 15-тина години, но по судир со охриѓани бил принуден да си даде оставка и заминал во Солун. Како книжевник, најголеми траги оставил како егзегет, толкувајќи ги старозаветните книги,… Continue reading ТЕОФИЛАКТ ОХРИДСКИ
ТЕПЛОВ, Владимир Александрович
ТЕПЛОВ, Владимир Александрович – руски проучувач на Македонија, автор на неколку одделни книги на македонска тема: „Материјали за статистиката на Бугарија, Тракија и Македонија, со приложени карти на распоредот на етничките групи според вероисповедта“ (С.-Петербург, 1877); „Грчко-бугарското црковно прашање“ (С.-Петербург, 1889) и „Турските реформи во врска со прашањето за Македонија и Стара Србија“ (С.-Петербург, 1903).… Continue reading ТЕПЛОВ, Владимир Александрович
ТЕРЗИЕВ, Апостол Петков
ТЕРЗИЕВ, Апостол Петков (с. Бојмица, Гевгелиско, 6. Ⅴ 1869 – с. Крушари, Ениџевардарско, 2. Ⅷ 1911) – учесник во Илинденското востание, војвода наречен „Ениџевардарско сонце“. Стапил во МРО (1897), бил комита во првата чета на ТМОРО во Солунскиот револуционерен округ, војвода, учесник во вооружените борби пред, во и по Илинденското востание. Се прославил и во… Continue reading ТЕРЗИЕВ, Апостол Петков
ТЕРИТОРИЈАЛНА ОДБРАНА НА НРМ / СРМ
ТЕРИТОРИЈАЛНА ОДБРАНА НА НРМ / СРМ – систем на воена и административно-управна организација наменета за заштита на државната територија во мирно и во воено време и за извршување на други задачи од значење за националната одбрана, најширок облик на организирање на општеството за водење војна. Основни задачи на ТО се: да организира и води непосредна… Continue reading ТЕРИТОРИЈАЛНА ОДБРАНА НА НРМ / СРМ
ТЕРМИТИ
ТЕРМИТИ (Исоптера)– инсекти со средна големина, слични на мравките. Најчесто се белузлаво обоени, по што се нарекуваат бели мравки. Живеат во заедници составени од различен број единки кај кои постои поделба на работа-Термити та. Живеат вземи. Градат цврсти населби составени од земја и секрет. Се хранат со сува дрвна материја. Се одликуваат со голема плодност.… Continue reading ТЕРМИТИ
ТЕРМИЦА
ТЕРМИЦА – средновековно утврдување во Струмичко во времето на Самуиловото Царство. Ја освоил византискиот војсководец Давид Аријанит (1015). Се лоцира на ок.16км југоисточно од Струмица, над селото Банско, каде што и денес се наоѓаат остатоци од тврдината, како и остатоци од стара бања. ЛИТ.: Иоаннис Сцѕлитзае Сѕнопсис Хисториарум, рец. И. Тхурн, Берлин, 1973, 354. К.… Continue reading ТЕРМИЦА
ТЕРЦИЕРЕН ПЕРИОД
ТЕРЦИЕРЕН ПЕРИОД – траел околу 63 млн. години (65 & 2±0,2 млн.г.). Во Македонија е претставен со палеогенски и неогенски седиментни и вулкански карпи. Палеогенот е широко развиен со еоценско-олигоценски седиментни маси со дебелина до 3.500 м во Тиквешката и Овчеполската Котлина, а со помали маси во Делчевската Котлина и во Валандовско и Гевгелиско. Во… Continue reading ТЕРЦИЕРЕН ПЕРИОД
ТЕРЦИЈАРНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ
ТЕРЦИЈАРНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА Република Македонија– еволутивно стари растителни видови што претставуваат остатоци од флората што се развивала во времето на терцијарот (в. реликти во флората на РМ). Вл. М.
ТЕСАЛОНИКА
ТЕСАЛОНИКА (Ⅳ–Ⅲ в. ст. е.) – ќерка на Филип Ⅱ, полусестра на Александар Ⅲ Македонски, сопруга на кралот на Македонија Касандар (316). Во нејзина чест Касандар новооснованиот град на Термајскиот Залив го нарекол Тесалоника. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995; Историја на македонскиот народ,1, Скопје, 2005. А. шук.
ТЕТОВО
ТЕТОВО – град во северозападниот дел на Република Македонијасо 52.915 ж. (2002 г.). Се простира во Долни Полог, на допирот на Полошката Рамнина и југоисточните падини на шар Планина, од двете страни на р. Пена на надморска висина помеѓу 470 и 540 м. Зафаќа површина од 1.120 ха. Со соседните градови Скопје и Гостивар е… Continue reading ТЕТОВО
ТЕТОВСКИ ПАШИ
ТЕТОВСКИ ПАШИ (ⅩⅤⅠⅠⅠ / ⅩⅠⅩ в.) – османлиски феудалци од албанско семејство што во ⅩⅤⅠⅠⅠ и почетокот на ⅩⅠⅩ век владееле во северниот и средишниот дел од Македонија. Почетокот на нивното владеење е поврзано со името на Хасан, син на католичкиот конвертит Ѓорѓе Бита, кој во средината на ⅩⅤⅠⅠ в. дошол во Тетово од Северна… Continue reading ТЕТОВСКИ ПАШИ
ТЕТРАРХИЈА
ТЕТРАРХИЈА (969–976) – четиривластие, заедничко владеење на четворицата браќа комитопули Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, синови на комесот Никола. Била востановена кога комитопулите ја отфрлиле бугарската врховна власт и започнале да владеат самостојно во Преспанско-охридската област (969), а завршила со смртта на Давид, кој бил убиен помеѓу Костур и Преспа (976). ЛИТ.: С. Антолјак, Самуиловата… Continue reading ТЕТРАРХИЈА