СТРУМИЧКА АРТИЛЕРИСКА БРИГАДА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

СТРУМИЧКА АРТИЛЕРИСКА БРИГАДА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (8. Џ – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ во состав на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ. Била формирана од 25 борци со артилериско искуство, со командант капетан Иван штериев и политички комесар Боро Камберски. Наскоро им се приклучиле делови од Македонската НО бригада „Гоце Делчев“, па… Continue reading СТРУМИЧКА АРТИЛЕРИСКА БРИГАДА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

СТРУМИЧКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

СТРУМИЧКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ (1944). Под тоа име постои од 1958 до 1982, кога е преименувана во Злетовско-струмичка епархија. Во 1982 г. била присоединета кон новосоздадената Повардарско-струмичка епархија, со седиште во Велес. Од 1989 г. била одделена пак како Струмичка епархија. Таа година во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица бил интронизиран… Continue reading СТРУМИЧКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

СТРУМИЧКИ

СТРУМИЧКИ (МАКЕДОНСКИ) АПОСТОЛ – кириличен краток изборен ап. од втората пол. на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., 88 л., Прага, НМ, сигн. Ⅸ Е 25. Наречен според мак. град Струмица, од каде што го има набавено П. Ј. шафарик при својот престој во Нови Сад. Препишан со неугледна кирилица во некој провинциски југоисточен македонски литерарен центар, на што… Continue reading СТРУМИЧКИ

СТРУМИЧКИ

СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ – карневал поврзан со празникот Велики Поклади (кај народот попознат како Прочка). Се одржува секоја година во тримерските денови, на почетокот на Велигденскиот пост. Проследен е со маскирање, кое има за цел истерување на злото и желба за среќа и плодност. Од традиционалните ликови впечатливи се зетот и невестата, попот, ѓаволот и сл.… Continue reading СТРУМИЧКИ

СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ

СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ – карневал поврзан со празникот Велики Поклади (кај народот попознат како Прочка). Се одржува секоја година во тримерските денови, на почетокот на Велигденскиот пост. Проследен е со маскирање, кое има за цел истерување на злото и желба за среќа и плодност. Од традиционалните ликови впечатливи се зетот и невестата, попот, ѓаволот и сл.… Continue reading СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ

СТРУМИЧКО ПОЛЕ

СТРУМИЧКО ПОЛЕ“ – хидромелиоративен повеќенаменски систем што наводнува 10.050 ха од акумулацијата „Турија“ и 3.560 ха од акумулацијата „Водоча“. Главни застапени култури: раноградинарски, индустриски, фуражни, пченка и житни. Покрај наводнување, системот обезбедува и вода за водоснабдување на градот Струмица и на индустријата и произведува електрична енергија. Системот за одводнување е изграден во периодот 1967–1972 г.… Continue reading СТРУМИЧКО ПОЛЕ

СТРУМИЧКО-РАДОВИШКА КОТЛИНА

СТРУМИЧКО-РАДОВИШКА КОТЛИНА – се наоѓа во југоисточниот дел на РМ, односно во горниот и средниот дел од сливот на река Струмица. Таа е формирана по тектонски пат, со спуштање на земјиштето по должината на раседните линии помеѓу планините: Беласица на југ, Огражден, Плачковица и Готен на север, Плауш и Смрдеш на запад. Припаѓа кон Родопската… Continue reading СТРУМИЧКО-РАДОВИШКА КОТЛИНА

СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – систем на знаења, вештини и навики во функција на оспособување на човекот за вршење определена дејност. Институционалната структура на стручното образование во Македонија ја претставуваат: средните стручни училишта (в.), универзитетите и другите установи за високо образование (в.) и установите за образование на возрасните (в.). Највисок степен на стручно образование е докторат на… Continue reading СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА – меѓународна манифестација, формирана во 1962 г. во спомен и чест на браќата Миладиновци. Ја формираа Друштвото на писателите на Македонија и градот Струга. Се одржува секоја година при крајот на август и трае 5-6 дена. На неа учествуваат поети и литературни критичари од разни земји од сите континенти. Секоја година… Continue reading СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

СТРУШКИ МИНЕЈ

СТРУШКИ МИНЕЈ – старословенски ракопис од ⅩⅤ в. Има 47 листови и е пишуван во две колони со ситно полууставно писмо. Фрагментот е дел од обемен минеј што бил сопственост на семејството Чакарови од Струга. Во втората половина на ⅩⅠⅩ в. А. Чакаров му го дал овој фрагмент од минејот на Г. Баласчев, кој подоцна… Continue reading СТРУШКИ МИНЕЈ

СТУДЕНИЧАНИ

СТУДЕНИЧАНИ – село во Скопско. Се наоѓа на преодот помеѓу северните падини на планината Китка и Скопско Поле, на надморска височина од околу 300 м. Со Скопје е поврзано со редовна градска автобуска линија. Има 5.786 ж. од кои 5.585 се Албанци и 160 Македонци. Главни култури со кои се занимава населението се одгледувањето тутунContinue reading СТУДЕНИЧАНИ

СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ

СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ – социјално-педагошки установи што обезбедуваат сместување, исхрана, учење, здравствена заштита, културно-забавен и рекреативен живот на студентите во времето на редовното студирање. Првиот студентски дом е отворен во Скопје, со Уредба на Владата на НРМ (1949). Според Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (1998), студентските домови се установи на студентскиот стандард. Два или повеќе… Continue reading СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ

СТУДЕНТСКИ КЛУБ КОЧО РАЦИН

СТУДЕНТСКИ КЛУБ „КОЧО РАЦИН“ (Загреб, 1962–1975) – македонска студентска институција, основана во рамките на Студентската организација на Универзитетот во Загреб. Претседател на клубот бил Спасе Домазетовски. Клубот организирал предавања и културни активности. ЛИТ.: Огнен Бојаджиски, Македонци у Хрватској, Загреб, 2007. М. Мин.

СТУДЕНЧИЦА

СТУДЕНЧИЦА – лева притока на р. Треска. Од изворишниот дел до височината од 973 м тече под името Газоечка Река и има периодичен карактер, додека низводно од карстниот извор Казани тече како постојан водотек под името Студенчица. Долга е 16,6 км. Сливот зафаќа површина од 52,8 км 2. Дел од водите на реката преку регионалниот… Continue reading СТУДЕНЧИЦА

СТУДЕНЧИЦА

СТУДЕНЧИЦА“ – регионален систем за водоснабдување на 140.000 жители од општините: Кичево, Крушево, Прилеп, Македонски Брод, Осломеј, Другово, Вранештица, Пласница, Долнени, како и ТЕЦ „Осломеј“. Главен ресурс се изворите на реката Студенчица со просечна штедрост 1.500 л/сек. Изградбата на системот се одвивала во три фази, во кои системот постојано се надоградувал и се ширел, така… Continue reading СТУДЕНЧИЦА

СУБАЛПСКА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ

СУБАЛПСКА ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија– вегетациски тип што се развива над горната шумска граница, а под појасот на алпската вегетација, по високите планини од умерениот климатски појас (од 1600–2200 м надморска височина). Опфаќа разновидни растителни заедници на кисели почви, карбонати, планински тресетишта, сипари, точила, камењари, Субалпска вегетација, пасиштата на Бистра карпи и др., кои припаѓаат… Continue reading СУБАЛПСКА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ

СУБАНОВИЌ, Братислав

СУБАНОВИЌ, Братислав (Бел-град, 1914 – Белград 1999) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1961) по предметите хидротехнички објекти и искористување на водните сили. Завршил во Белград, каде што работел до 1950 г., кога доаѓа во Скопје, на работа во „Хидроелектропроект“ и на Техничкиот факултет. Специјализирал во САД (1950). Одиграл значајна… Continue reading СУБАНОВИЌ, Братислав

СУБОТИЌ, Гојко

СУБОТИЌ, Гојко (Босанска Градишка, 11. Ⅷ 1931) – историчар на уметноста, академик, член на МАНУ надвор од работниот состав и еден од најзначајните проучувачи на спомениците од средниот век и од периодот на турското владеење во Македонија. Речиси половина од неговиот опус е со тематика сврзана со живописот на византискиот стил во македонските споменици. Во… Continue reading СУБОТИЌ, Гојко

СУВА ГОРА

СУВА ГОРА – средновисока планина во западниот дел на РМ. Претставува типичен хорст издигнат помеѓу котлината Полог на запад, кањонската клисура на реката Треска на исток, на север се протега до Илин Гроб, а оттаму продолжува во планината Осој, чии клонови се спуштаат во полите на Сува Река и Тетовска Суводолица. Планината со неотектонските движења… Continue reading СУВА ГОРА

СУВА ПЛАНИНА

СУВА ПЛАНИНА – средно висока планина во западниот дел на РМ. Не е јасно индивидуализирана планинска целина. Спрема запад, спрема долината на Треска и Оча стрмно се спушта преку високи тектонски отсеци со височина од преку 1.000 м. На југ постепено се издига и преоѓа во планината Караџица, а спрема север преку превалот Кула поминува… Continue reading СУВА ПЛАНИНА

СУВА ЧЕШМА, ТРИ ЧЕЉУСТИ, ВРТУЉКА

СУВА ЧЕШМА, ТРИ ЧЕЉУСТИ, ВРТУЉКА (с. Горенци, Охридско) – некропола од крајот на Ⅶ до крајот на Ⅳ в. пр. н. е., позната под името Требенишка (јужно од с. Требеништа), откриена случајно во 1918 г. Овој локалитет го истражувале К. шкорпил во 1918 г. (наодите се чуваат во Археолошкиот музеј во Софија), Н. Вулиќ во… Continue reading СУВА ЧЕШМА, ТРИ ЧЕЉУСТИ, ВРТУЉКА