СЕФАРДИ

СЕФАРДИ – Евреите од Шпанија, кои по прогонот од инквизицијата (1492) масовно се раселиле низ Европа, главно на териториите под османлиска власт, вклучително и во Македонија. Се интегрирале во системот (општествено и економски) и во градовите во Македонија (Солун, Скопје, Битола, Штип, Кратово, Струмица, Охрид и др.) формирале добро организирани еврејски општини. ЛИТ.: Марк Цохен,… Continue reading СЕФАРДИ

СЕЧКО

СЕЧКО – народно именување на вториот месец во годината -февруари. С. Мл.

СИБИНОВИЌ, Милорад

СИБИНОВИЌ, Милорад (Књажевац, Србија, 1906 – Скопје, 1990) – геод. инж., ред. проф. на Земјоделско-шумарскиот и на Техничкиот факултет во Скопје (од 1958 до пензионирањето во 1975 г.) по предметите мелиорации, водовод и канализација. Дипломирал во Загреб, а докторирал во Белград. Од 1947 г. работи во Македонија на одводнување на Пелагонија, а потоа на Земјоделско-шумарскиот… Continue reading СИБИНОВИЌ, Милорад

СИГМА

СИГМА“ (1979) – списание за популаризација на математиката меѓу средношколците, првин под наслов „Информативен гласник“ (1979-81). Го издава Сојузот на математичарите на Македонија, до 1994 г. по 2 броја годишно, од 1994 до 1999 по 3 броја, а од 1999/2000 наваму по 4 броја (вкупно 70 броја со околу 4.600 страници, заклучно со 2005 г.).… Continue reading СИГМА

СИДЕР

СИДЕР (ИСИДОРУ), Тома Пенто (Крушево, поч. на ⅩⅠⅩ в. – втората половина на ⅩⅠⅩ в.) – златар, бакрорезец. Работел во Кареја на Света Гора (1841–1851). Автор е на преку 14 графики, печатени во големи серии, распространети на Балканот и во Русија. Изработувал клишеа за Рилскиот манастир и богослужбени предмети од сребро и од злато за… Continue reading СИДЕР

СИДОВСКИ, Кочо

СИДОВСКИ, Кочо (Битола, 1947) – редовен професор на Филозофскиот факултет (Институтот за историја). Се школувал во Битола и во Скопје, завршил Група историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1969), каде што магистрирал (1976) и докторирал (1988). За редовен професор на Институтот за историја е избран во 1999 г. Главниот интерес на неговата научна работа се… Continue reading СИДОВСКИ, Кочо

СИДОВСКИ, Петар

СИДОВСКИ, Петар (Битола, 2. Ⅴ 1938 – Битола, 19. Ⅲ 1989) – педагог и хорски диригент. Дипломирал на ФМУ во Скопје (1971). Долгогодишен наставник на Му-зичкото училиште во Битола. Раководител на Хорот и на Забавниот оркестар при КУД „Стив Наумов“ (1958–1969), на Женскиот хор при Друштвото на музичките работници од Битола (од 1980) и др.… Continue reading СИДОВСКИ, Петар

СИКАВИЦА, Доне

СИКАВИЦА, Доне (с. Жужели, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, РГ, 15. Ⅸ 1914 – Скопје, 6. Ⅳ 1995) – член на КПГ, уредник на в. „Искра“ (орган за Костурско, на македонски јазик), учесник во НОБ во Егејскиот дел на Македонија и член на Централниот совет на НОФ. Во 1949 г. емигрирал во источноевропските земји, но… Continue reading СИКАВИЦА, Доне

СИЛА, апостол, св

СИЛА, апостол, св. (втора пол. на И в.) – еден од 70-те апостоли, пријател и сопатник на св. апостол Павле во мисијата во Македонија. Бил член на Ерусалимската црква и како таков посведочувал дека Црквата Матица (Ерусалимската црква) ја признава легитимноста на апостолската дејност на апостолот Павле во Македонија. Сила бил и првиот благослов од… Continue reading СИЛА, апостол, св

СИЛАЖА

СИЛАЖА – поткиселена сочна добиточна храна, со влажност 6575%. Кај нас помасовно започнува да се употребува од втората половина на ⅩⅩ в. на поголемите фарми. Се силажираат култури што тешко се сушат или ако при косидбата временските услови не се погодни за подготвување сено. Во некои земји во светот на одделни краварски фарми таа е… Continue reading СИЛАЖА

СИЛВЕСТЕР

СИЛВЕСТЕР (световното име Серафим) (с. Варвара, Тетовско, 1812 – 1882) – игумен. Ученик на Кирил Пејчиновиќ и прв негов наследник во Лешочкиот манастир „Св. Атанасиј“. Бил игумен од 1845 до 1860, кога (1850 и 1856) изградил два конака и други објекти. ЛИТ: И. Петрушевски, Б. Светозаревиќ, Лешочкиот манастирски комплекс, Скопје, 2001. Бр. Св.

СИЛЕКС

СИЛЕКС – рудник на секундарни кварцити, кој се наоѓа во западниот дел на Кратовско-злетовската вулканска област, помеѓу селата Плешенци и Боровиќ. Во суштина претставува калдера во вулканско-седиментен комплекс, во кој се застапени разновидни карпести маси (андезити, туфови и др.). Од генетски аспект, секундарните кварцити се метасоматски творби создавани во текот на поствулкански активности и тоа… Continue reading СИЛЕКС

СИЛЈАН ШТРКОТ

СИЛЈАН ШТРКОТ – приказна од Марко Цепенков за непослушниот, мрзлив и затоа проколнат син единец што го напуштил до-мот. Сторија со многу елементи од христијанскиот и обичајниот кодекс, со контаминации и преплетувања на фантастичното и реалното во животот во маке„Силјан штркот“ донските села. ЛИТ.: Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби. Книга втора, Народни приказни –… Continue reading СИЛЈАН ШТРКОТ

СИЛЈАН, Раде

СИЛЈАН, Раде (Жван, 16. Ⅳ 1950) – поет, есеист, критичар, антологичар, учебникар, преведувач, издавач. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот „Св. Ки-Раде Силјан рил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар, потоа уредник во Радио Скопје. Бил директор на книгоиздателството „Македонска книга“ и основач и директор на книгоиздателството „Матица македонска“ во Скопје. Составувач е на неколку… Continue reading СИЛЈАН, Раде

СИЛЈАНОВ-ПИПЕРКАТА, Јордан

СИЛЈАНОВ-ПИПЕРКАТА, Јордан (с. Козица, Кичевско, 23. Ⅵ 1870 – с. Цер, Демирхисарско, 10. Ⅷ 1903) – демирхисарски војвода на ТМОРО. Од 1897 г. влегол во четата на војводата Д. Тасев. На печалба во Бугарија заминал во летото на 1900 г. Со Ѓ. Наумов-Пљакот се враќаат во Македонија и дејствуваат илегално. Влегол во четата на Н.… Continue reading СИЛЈАНОВ-ПИПЕРКАТА, Јордан

СИЛЈАНОВ, Христо

СИЛЈАНОВ, Христо (Истанбул, 26. Ⅴ 1880 – Софија, 26. Ⅸ 1939) – револуционер, историчар, публицист, поет. Основното образование го завршува во родниот град, а средното училиште (класична гимназија) во Солун и Битола. Како поет му посветува песни на Гоце Делчев, а своите доживувања како учесник во револуционерните борби во Македонија и Одринско ги опишува во… Continue reading СИЛЈАНОВ, Христо

СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА, Гордана

СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА, Гордана (Охрид, 11. Ⅴ 1955) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Цум лауде“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Лоцал Селфговернамент – бетњеен Нормс анд Реалитѕ“ (1994).… Continue reading СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА, Гордана

СИЛНИ

СИЛНИ“ (Скопје, 1910) – соколско гимнастичко друштво. Прв претседател бил Глигорие Елезовиќ, а начелник Рајко Караклаиќ. Членовите во униформи (неколку стотици, претежно ученици) се занимавале со прости, строеви и вежби со подвижни справи и со некои спортски и културно-уметнички активности. Повремено приредувале јавни настапи во Скопје и во околните села, како и во Куманово и… Continue reading СИЛНИ

СИМЕОН ¶

СИМЕОН Ⅰ (ХВИ в.) – охридски архиепископ (ок. 1550 г.). Поранешен епископ на чело на Рашката епархија. Стапил на престолот на Охридската архиепископија во јули 1550 г. По половина година бил принуден да го напушти престолот. ЛИТ.: И. Снегаров, История на Охридската архиепископия-патриаршия, София, 1995; Ј. Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија),… Continue reading СИМЕОН ¶

СИМЕОН ВЕЛИКИ

СИМЕОН ВЕЛИКИ (864 или 865 – 27. Ⅴ 927) – кнез (893–913) и цар (913–927), најпознат владетел на Првото бугарско царство. Водел успешни борби со Византија. Ги освоил Тракија, Македонија (до Солун, 904), Албанија и Рашка; поразен од Хрватите. Ја пренел престолнината во Преслав, а во Бугарската црква го вовел словенскиот наместо дотогашниот грчки јазик.… Continue reading СИМЕОН ВЕЛИКИ

СИМЕОНОВ, Борис

СИМЕОНОВ, Борис (Штип, 25. Ⅷ 1930) – редовен професор и познат научник од областа на земјотресното инженерство, особено за високоградбата. Дипломирал на Техничкиот факултет (Градежен отсек), во Скопје (1957), магистрирал во ИЗИИС во Скопје (1972), а докторирал на Градежниот факултет во Белград (1982). Престојувал на универзитетите во Токио (Јапонија), Беркли (САД) и Кјото (Јапонија). Автор… Continue reading СИМЕОНОВ, Борис

СИМИТЧИЕВ, Дамјан

СИМИТЧИЕВ, Дамјан (Прилеп, 1873 – 1941) – фармацевт. Фармација завршил во Лиеж (Белгија) во 1898 г., како прв фармацевт во Прилеп. По 1900 г. отворил самостојна аптека. Покажал афинитет кон превентивната дејност и бактериологијата што ја изучувал во Лиеж (до 1936). По враќањето во Прилеп го едуцирал населението и вовел задолжителна вакцинација на децата. П.… Continue reading СИМИТЧИЕВ, Дамјан

СИМИТЧИЕВ, Коле Петров

СИМИТЧИЕВ, Коле Петров (с. Воштарени, Леринско, Грција, 15. Ⅴ 1918 – Вроцлав, Полска, 10. Ⅳ 2003) – македонски и полски славист, фолклорист и проф. на Вроцлавскиот универзитет во Полска. По завршувањето на гимназијата во Лерин (1937) и студииите по класична филологија на Солунскиот универзитет (1941), ги завршува и славистичките студии во филијалата на Софискиот универзитет… Continue reading СИМИТЧИЕВ, Коле Петров