СЕКУЛИЧКИ, Марко С. (с. Секулица, Кратовско, ? – ќустендил, 1925) – припадник на ТМОРО. Бил член во ајдутска дружина што дејствувала во Кратовско, Кумановско, Велешко (1870–1876). Учествувал во Српско-бугарската војна (1885). Од 1904 г. станал пунктов началник на ТМОРО во ќустендил. Учествувал и во Балканските војни. ИЗВ. и ЛИТ.: Освободителното движение в Македони® и Одринско… Continue reading СЕКУЛИЧКИ, Марко С
Tag: С
СЕКУЛОСКИ, Апостол Грозданов
СЕКУЛОСКИ, Апостол Грозданов (с. Облаково, Битолско, 1876 – Прилеп, 27. Ⅷ 1936) – слеп гуслар. Ослепел неколку недели по раѓањето. Како десетгодишно момче, во согласност со неговите родители, во својот дом во Прилеп го прибрал Коле Лауц. По десетина години почнал самостојно да настапува или во тајфи. Во 1896 г. оформил своја тајфа и го… Continue reading СЕКУЛОСКИ, Апостол Грозданов
СЕЛАНИКЛИ, Тефик
СЕЛАНИКЛИ, Тефик (Солун, 1860 – Виена, 1910, погребан во Солун) – познат османлиски историчар и книжевник. Пишувал раскази, романи, статии, преведувал од француски јазик, предавал историја. Напишал неколку историски дела за османлиската историја и повеќе романи. Ј. Јан. Селевк И Никатор
СЕЛЕВК И НИКАТОР
СЕЛЕВК И НИКАТОР (Македонија, 358 – 281 пр. н.е.) – основач на македонската династија Селевкиди (312–281), која владеела во Азија по смртта на Александар Ⅲ Македонски. Бил еден од блиските соборци-хетајри на Александар Македонски, виден војсководец во походот на Исток. Во 312 г. пр.н.е. станува еден од најистакнатите владетели (наследници на Александар Македонски) на својата… Continue reading СЕЛЕВК И НИКАТОР
СЕЛЕВКИДИ
СЕЛЕВКИДИ (312–64 г. пр.н.е.) – македонска династија. Владеела во Азија по смртта на Александар Ⅲ Македонски с“ до римските освојувања. Основач бил Селевк И Никатор (Победник) (312–281), еден од блиските соборци – хетајри на Александар Македонски. Нивната држава се наоѓала во југоисточниот дел на Мала Азија и Северна Сирија, затоа кралството се нарекувало и Сириско… Continue reading СЕЛЕВКИДИ
СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА
СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА – средновисока планина што се протега помеѓу котлината Пелагонија на запад и Мариово на исток. Билото има меридијански правец на протегање, а започнува од превојот Скала на север и завршува на југ во долината на Црна Река. Највисок врв во северниот дел е Висока (1.471 м), а во јужниот дел Џаула (1.434 м).… Continue reading СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА
СЕЛИМ ГИРАЈ
СЕЛИМ ГИРАЈ (1634 – 1704) – еден од најголемите кримски ханови, познат под името Хаџи Гази Селим Гирај И. Четири пати седнувал на престолот и владеел вкупно 23 години. Пишувал поезија на турски јазик, а бил познат и како заштитник на еден од најголемите турски композитори од тоа време Итри. Го задушил Карпошевото востание во… Continue reading СЕЛИМ ГИРАЈ
СЕЛИМ И
СЕЛИМ И (Амасија, 1470 – Чорлу, 22. Ⅸ 1520) – деветти османлиски султан. Владеел со Македонија 8 години (25. Ⅳ 1512 – 18. Ⅷ 1520). Бил еден од најголемите османлиски освојувачи, нетолерантен кон другите религии: многу цркви претворил во џамии, меѓу кои и црквите „Света Софија“ и „Свети Климент“ во Охрид, и го разурнал манастирот… Continue reading СЕЛИМ И
СЕЛИМОВСКИ, Јакуп
СЕЛИМОВСКИ, Јакуп (Кичево, 3. Х 1946) & член на Ријасетот на ИВЗ и директор на нејзиниот Сектор за верско образование и воспитание. По завршувањето на основното образование во родниот град и Средното исламско училиште во Сараево, а дипломирал на Филолошкиот факултет (Група за исламска цивилизација и историја) на Исламскиот универзитет „Ел-Асхар“ во Каиро (Египет). Работи… Continue reading СЕЛИМОВСКИ, Јакуп
СЕЛИШЧЕВ, Афанасиј Матвеевич
СЕЛИШЧЕВ, Афанасиј Матвеевич (с. Волово, Орелска губернија, Русија, 11. И 1886 – Москва, 6. ⅩⅠⅠ 1942) – руски лингвист, историчар, културолог, доп. член на АН на СССР (1929), познавач на Македонија. Автор е на повеќе дела посветени на Македонија. Ја проучувал споредбената граматика на словенските јазици, па во текот на 1914 г. го издава својот… Continue reading СЕЛИШЧЕВ, Афанасиј Матвеевич
СЕЛМАНИ, Аслан Рамиз
СЕЛМАНИ, Аслан Рамиз (Рамиз Асллан Селмани) (с. Лојане, Кумановско, 10. Ⅵ 1945) – географ, поет, унив. професор. Основно училиште завршил во родното село и во с. Миратовце, Прешевско (РС), Учителска школа во Скопје, а дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Групата за географија. Магистрирал на Загрепскиот универзитет (1976), а докторирал на Универзитетот „Св. Кирил… Continue reading СЕЛМАНИ, Аслан Рамиз
СЕЛСКА МИЛИЦИЈА
СЕЛСКА МИЛИЦИЈА (1903) – организирана група за одбрана и заштита на селата во периодот на Илинденското востание. Се нарекувала и народна милиција. Била составена од месното население и членовите на ТМОРО, мобилна за одбрана на селото, обучена на повик да им даде помош на соседните села. Милицијата ја раководел селскиот комитет или лице одредено од… Continue reading СЕЛСКА МИЛИЦИЈА
СЕМЕНАРСТВО
СЕМЕНАРСТВО – наука за растителното семе и плодови со цел тие да се употребат при растителната репродукција. Освен тоа, шумските плодови и семето се храна за животинскиот свет (стока, дивеч, птици и др.) и суровина за прехранбената индустрија. Основни области за проучување се: производство, собирање, доработка, чување, претсеидбена подготовка и утвдување на квалитетот и вредноста… Continue reading СЕМЕНАРСТВО
СЕНГОР, Леополд Седар
СЕНГОР, Леополд Седар (Леополд Седар Сенгор) (Жоал, 9. Ⅹ 1906 – Париз, 20. ⅩⅠⅠ 2001) – сенегалски поет и државник, пишува на француски јазик. Од 1960 до 1980 бил претседател на Сенегал. Со своите поетски збирки сестрано се залагал за достоинство на црниот човек, за неговите права и слобода. Неговата поезија е сензуална, елегична, носталгична,… Continue reading СЕНГОР, Леополд Седар
СЕНО
СЕНО – кабеста маса од тревести видови (класести и мешункасти или нивни смески), со влага од 12–16%. За подготвување сено најчесто се користат ливадите и културите одгледувани на оранични површини (луцерка, еспарзета, детелини, ѕвездан, граори, грашок), чисти или во смеска. Подготвувањето на сеното бара снижување на влагата од 70-80% на 12-16% за да се оневозможи… Continue reading СЕНО
СЕНОКОСЦИ
СЕНОКОСЦИ – ЛАЖНИ ПАЈА
СЕПТЕМВРИСКО ВОСТАНИЕ во Бугарија
СЕПТЕМВРИСКО ВОСТАНИЕ во Бугарија – востаничка акција во Пиринскиот дел на Македонија (1923). ЦК на БКП(т.с.) донел решение за кревање востание (20. Ⅸ 1923) против извршителите на државниот удар од 9. Ⅵ 1923. Со ВМРО на Тодор Александров би-ло договорено во Пиринскиот крај да востане само МехомискоРазлошката околија. За кратко време во градовите Мехомија–Разлог и… Continue reading СЕПТЕМВРИСКО ВОСТАНИЕ во Бугарија
СЕР
СЕРАФИМОВ, Петар (Охрид, 28. Ⅴ 1915 – Скопје, 6. Ⅹ 2001) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1962 до пензионирањето во 1980 г.) по предмети од областа на механиката и теоријата на конструкциите, академик од основањето на МАНУ (1967). Завршил математика во Белград, а потоа студирал градежништво и дипломирал на… Continue reading СЕР
СЕР
СЕРАФИМОВ, Свето (Тетово, 19. Ⅶ 1928) – новинар и преведувач. Од 1950 г. целиот свој работен век го минал како уредник и коментатор во Културната и во Надворешно-политичката рубрика на „Нова Македонија“. Постојан дописник бил од Атина и од Бејрут и известувач од многубројни настани во светот. Плоден преведувач на значајни дела од англиски јазик.… Continue reading СЕР
СЕР
СЕРАФИМОВА, Драгослава Томова (Скопје, 30. Ⅶ 1924) – Драгослава Серафимова архитект и урбанист, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирала на Архитектонско-градежно-геодетскиот факултет во Загреб (1954). Освен со педагошка и научноистражувачка работа, се занимавала и со архитектно и урбанистичко проектирање. Позначајни реализации: Фабриката за шеќер, со административен објект во Битола, Фабриката за чевли во… Continue reading СЕР
СЕР
СЕРАФИМОВА-СТЕФАНОВА, Олга Христова (Охрид, 31. ⅩⅠⅠ 1932) – спец. по максилофацијална хирургија, вонреден проф. на Ст. ф. Хабилитирала во 1979 г. Публикувала 72 статии. Во изборниот период 1984–1986 била продекан на Ст. ф. Е. М.
СЕР
СЕРАФИМОВА-ТЕОДОСИЕВСКА, Симка Миланова (Тетово, 19. ⅩⅠⅠ 1923) – спец. по ортодонција, вонреден проф. на Ст. ф. во Скопје. Хабилитирала во 1974 г. Била раководител на Клиниката Симка Серафимова-Теодосиевска по ортодонција. Автор е на 74 стручно-научни трудови. Е. М. Александар Серафимовски СЕРАФИМОВСКИ, Александар
СЕР
СЕРАФИМОВСКИ, Тодор (Злетово, 1956) – рударски инженер. Дипломирал на Рударско–геолошкиот факултет во Белград (1978), магистрирал во 1982 г., а докторирал во 1990 г. на тема „Металогенетски карактеристики на зоната Леце–Халкидики“. Својата кариера ја продолжил на Рударско–геолошкиот факултет во Штип како помлад асистент, каде што работи и денес како редовен професор. Во два мандата бил продекан… Continue reading СЕР
СЕР
СЕРАФИМОВСКИ, ТОМЕ К. (Зубовце, Гостиварско, 14. Ⅶ 1935) & скулптор, академик. Во 1957 година во Сплит го завршува Средното уметничко училиште (Отсек за вајарство), а на Академијата за ликовни уметности во Загреб (во класата на проф. Антун Аугустинчиќ) дипломира во 1963 г. и останува една година како соработник во мајсторската работилница на својот професор. Како… Continue reading СЕР