САЛАВЈОВ, Евгениј

САЛАВЈОВ, Евгениј (ЕвгениŸ Соловев) (Улан-Уде, Русија, 22. Ⅸ 1948) – физичар, научен советник (1994) во Истражувачкиот центар за енергија, информатика и материјали при МАНУ. Дипломирал (1971) на Факултетот за физика во Санкт-Петербург. Та-му одбранил кандидатска дисертација (1977) и докторат на науките (1986) („Адијабатска апроксимација на задачи од атомската физика со суштински многу нивоа“). До 1992… Continue reading САЛАВЈОВ, Евгениј

САЛАТА

САЛАТА (Лацтуца сатива Л.) – едногодишно растение од фам. Астерацеае. Во светот и кај нас се одгледува на ограничени површини. Во исхраната се користат листовите како салата. Кај нас во производството се застапени главно три вариетети: лисна салата (вар. ацепхала), главеста салата (вар. цапитата) и Салата марула (вар. романа). Релативно е студоотпорна и се одгледува… Continue reading САЛАТА

САЛИУ, Сервет

САЛИУ, Сервет (с. Гајре, Тетовско, 20. ⅩⅠⅠ 1928 –Тетово, 1994) – политичар. Ја завршил Високата школа за политички науки во Белград. Бил организационен секретар на Општинскиот комитет на СКМ, потпретседател на Собранието на Општината Тетово и претседател на Општинската конференција на ССРНМ. Подоцна бил избран за член на ЦК на СКМ и одговорен за кадровската… Continue reading САЛИУ, Сервет

САЛИУ, шабан

САЛИУ, шабан (Гостивар, 6. И 1961) – политичар. Го завршил Правниот факултет во Скопје (1990). Работел во Судот за здружен суд во Скопје (1988) и во Основниот суд во Гостивар (1991– 1992), а потоа адвокат (1994) Бил генерален секретар на ПЦЕР и претседател на огранокот во Гостивар (1990–1995), потпретседател на Сојузот на Ромите на МакедонијаContinue reading САЛИУ, шабан

САЛИХ, Наџи Сулејман

САЛИХ, Наџи Сулејман (Охрид, 25. И 1920 – Скопје, 13. Ⅲ 1975) – столар, резбар и политички деец. Првин го изучил столарскиот занает, а потоа ја завршил и Резбарската школа во Охрид. По фашистичката окупација емигрирал во Албанија, каде што се вклучил во НОД. Подоцна пристигнал на територијата на Западна Македонија и станал борец на… Continue reading САЛИХ, Наџи Сулејман

САМАКОСКИ, Благоја

САМАКОСКИ, Благоја (Прилеп, 7. Ⅴ 1948) – вонреден проф. на ТФ во Битола. Докторирал на Машинскиот факултет во Бел-град (1994). Предавал на Економскиот факултет во Прилеп (1985– 1992). Бил генерален директор на компанијата Енергоинвест „11 Октомври“ од Прилеп. Во 1990 г. го формира приватното претпријатие „Микросам“, каде што се конструирани: првото дигитално броило и првиот… Continue reading САМАКОСКИ, Благоја

САМАРЏИЕВ, Пешо

САМАРЏИЕВ, Пешо (Петар) Д. (с. Подлес, Неготинско, 1877 – с. Клисура, Тиквешко, 21. Ⅵ 1906) – учесник во Илинденското востание, тиквешки војвода. Основно училиште завршил во Неготино, а железарско во Самоков, Бугарија. Воспоставил врски со Г. Делчев и со Ј. Сандански. Се борел во четата на М. Попето и на Х. Чернопеев (1901). Станал околиски… Continue reading САМАРЏИЕВ, Пешо

САМОВИЛСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

САМОВИЛСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ – митолошки народни песни што ги опеваат самовилите и нивните односи со луѓето. Во народното верување самовилите се исклучително убави и секогаш млади девојки, а живеат во групи покрај планинските езера и реки, каде што често се бањаат. Поради верувањето дека живеат во тешко достапни предели, нивните средби обично се со овчарите.… Continue reading САМОВИЛСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

САМОИЛОВСКИ, Мишо

САМОИЛОВСКИ, Мишо (Скопје, 30. Ⅸ 1931) – еден од филмските сниматели-доајени во Македонија. Се вработува во продуцентската куќа „Вардар филм“ (1948), каде што останува с“ до пензиоМишо Самоиловски нирањето (1992). Работел на стотина документарни и на 25 играни филмови (во десет бил директор на фотографијата). Иг. Ст. Селото Самоков

САМОКОВ

САМОКОВ – село во Порече. Се наоѓа во долината на реката Цр-нешница, лева притока на р. Треска, на надморска височина од околу 600 м. Со Македонски Брод е поврзано со современ асфалтен пат. Во минатото било рударски центар, со топилница за железна руда, по која го носи и името. Тоа е населено со Македонци, а… Continue reading САМОКОВ

САМОЛОВЧЕВ, Боривое

САМОЛОВЧЕВ, Боривое (Емил) (Нови Бечеј, Србија, 5. Ⅴ 1923 – Белград, 21. Ⅹ 1994) – доктор на педагошките науки, андрагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа (Вршац, Србија, 1944), дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1954), каде што и докторирал (1960). Посебно се занимавал со образованието на возрасните. На Филозофскиот факултет во Скопје предавал (в.) андрагогијаContinue reading САМОЛОВЧЕВ, Боривое

САМОУПРАВНИ ИНТЕРЕСНИ ЗАЕДНИЦИ НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА

САМОУПРАВНИ ИНТЕРЕСНИ ЗАЕДНИЦИ НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА. Општинските и Републичката СИЗ извршувале дејности (1984–1996) врз основа на Законот за физичка култура и самоуправните интересни заедници на физичката култура (1974). Законот пропишувал можност, работниците и други работни луѓе во организациите за здружен труд и други самоуправни организации и заедници да можат да обезбедат средства за задоволување на… Continue reading САМОУПРАВНИ ИНТЕРЕСНИ ЗАЕДНИЦИ НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА

САМОУПРАВУВАЊЕ

САМОУПРАВУВАЊЕ – посебен општествен систем, реализиран во одреден период во СФР Југославија. Идејата за самоуправување им се припишува на социјалутопистите, а првпат е реализирана во времето на Париската комуна во Франција (ⅩⅠⅩ в.). Идејата за самоуправување и работничка контрола беше иницирана во Советскиот Сојуз, во времето на НЕП (Нова економска политика), но не доби позначајна… Continue reading САМОУПРАВУВАЊЕ

САМУИЛ

САМУИЛ (? – Преспа, 6. Ⅹ 1014) – комитопул, најмлад син на комесот Никола и Рипсимија, македонски цар (ок. 997–1014). Учествувал во бунтот на комитопулите (969), кога била отфрлена бугарската врховна власт во Западна и Југозападна Македонија и биле поставени темелите на македонската средновековна држава, која по него е именувана како Самуилово Царство. Учествувал и… Continue reading САМУИЛ

САМУИЛ, Алусијан

САМУИЛ, Алусијан (Ⅺ в.) – син на Алусијан, внук на царот Јован Влаво византиска служба. Во времето на царот Роман Ⅳ Диоген (1068–1071) заземал висока воена должност во темата Армениакон. Учествувал во походот на императорот против Селџуците (1068), се истакнал во смирувањето на бунтот на Криспин (1069), добил чин проедар и бил назначен за дукс… Continue reading САМУИЛ, Алусијан

САНАЦИЈАТА НА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ НА РМ

САНАЦИЈАТА НА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ НА Република Македонија– процес на рехабилитација на банкарскиот систем, започнат во март 1995 г., кој вклучува три групи активности: 1) отстранување на обврските од билансите на банките врз основа на девизните штедни влогови на граѓаните, депонирани во времето на СФРЈ; 2) отстранување на побарувањата и обврските од билансите на банките врз… Continue reading САНАЦИЈАТА НА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ НА РМ

САНГВИНЕТИ, Едоардо

САНГВИНЕТИ, Едоардо (Едоардо Сангуиннети) (Џенова, 9. ⅩⅠⅠ 1930) – италијански писател, општественик и универзитетски професор. Полемички е настроен спрема херметизмот во поезијата. Во 2000 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Ги објавил поетските книги: Лаборинтус (1956), Опус метрикум (1960), Катамерон (1974), Разгледници (1978), Бележник (1981), Најновиот завет (1985), Конечни заклучоци (1997), Нешта (1999)… Continue reading САНГВИНЕТИ, Едоардо

САНДАНИЗАМ

САНДАНИЗАМ (1908 –) – идеологија во македонското револуционерно националноослободително движење, формулирана од револуционерот Јане Сандански, заснована врз централизмот на Гоце Делчев и на МРО, сообразена со условите и со состојбите во Македонија, наметната и со политичките промени со Младотурската револуција, Балканските војни и двете светски војни. Целта останувала иста: одбрана, односно воспоставување територијална целост на… Continue reading САНДАНИЗАМ

САНДАНСКИ

САНДАНСКИ – град во Пиринскиот дел на Македонија, РепубПанорама на Сандански лика Бугарија, со 26.600 ж. (2002). Се наоѓа во источниот дел на Санданската Котлина и југозападното подножје на Пирин Планина, на надморска височина од околу 220 м. Климата е променето средоземноморска со средна годишна температура од 13,9°Ц. Низ градот тече реката Санданска Бистрица на… Continue reading САНДАНСКИ

САНДАНСКИ, Јане

САНДАНСКИ, Јане (с. Влахи, Мелничко, 31. И 1872 – м. Пирин Пл., Мелничко, 22. Ⅳ 1915) – истакнат револуционер, војвода и раководител на ТМОРО – ВМОРО. Завршил Ⅱ клас прогимназија во Дупница, Бугарија, и се самообразовал. Како младинец бил активен меѓу македонската емиграција во Дупница. Во 1895 и 1897 год. бил учесник во четничкото движење… Continue reading САНДАНСКИ, Јане

САНЕВ, Воислав

САНЕВ, Воислав (Кочани, 26. Ⅶ 1938 – Скопје 8. Ⅳ 2007) – археолог. Дипломирал археологија на Филозофскиот факултет во Бел-град (1963). Од 1963 до 1969 г. работел како кустос во Народниот музеј во Штип, а потоа во Музејот на град Скопје (1969–1970). Повторно се враќа во Штип (1970– 1976), а од 1976 г. работи во… Continue reading САНЕВ, Воислав

САПРОБНОСТ НА ВОДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

САПРОБНОСТ НА ВОДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – збирен термин што го означува квантитативното присуство на органските и неорганските материи во водените екосистеми, според кој се делат на: олигосапробни, β-мезосапробни, α-мезосапробни и полисапробни води во рамките на лимносапробноста. Како една од земјите во развој, во Македонија се посветува многу малку внимание на конзервацијата и заштитата на квалитетот… Continue reading САПРОБНОСТ НА ВОДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

САРА АРОНСОН

САРА АРОНСОН“ (Битола, меѓу двете св. војни) – еврејско женско друштво. Било основано со цел да ги воспитува девојките во еврејскиот национален дух. Се одржувале предавања што ги третирале актуелните проблеми на младите Еврејки, меѓу кои и прашањето на описменувањето. Имало ок. 80 членови (1924). ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске… Continue reading САРА АРОНСОН