РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – етничка заедница во РМ. Се претпоставува дека се доселени од Индија или Египет. Во Македонија се познати под разни имиња: Цигани, Ѓупци или Еѓупци. По верска припадност тие се муслимани или православни христијани. Пред Балканските војни (1912–1913) во Македонија живееле 54.557 Роми, што преставувале 2,42% од целокупното население. По поделбата… Continue reading РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РОСОМАН

РОСОМАН – село во Кавадаречко. Се наоѓа на левата страна на Црна Река, во близина на нејзината утока во Вардар, на надморска височина од околу 135 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–5, а со локален пат е поврзано со Кавадарци. Има 2.554 ж. од кои 2.285 се Македонци, а 138 Срби. Населението се занимава… Continue reading РОСОМАН

РОСОС, Ендрју

РОСОС, Ендрју (Андрењ Россос, до-машно име: Андреја /Дико/ Рошовски) (с. В’мбел/Москохори, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, РГ, 28. Ⅱ 1941) – унив. професор, историчар, член на МАНУ надвор од работниот состав (од 2009). Поради Граѓанската војна во Грција, како дете-бегалец, во 1948 г. е префрлен во Чешка и живее во детскиот дом во Соботин, каде… Continue reading РОСОС, Ендрју

РОСТИСЛАВ

РОСТИСЛАВ (Ⅸ в.) – кнез на Велика Моравија (846–870). Ја ослободил Велика Моравија од германската зависност, побарал од Византија мисионери, кои ќе го шират христијанството на словен-ски јазик. Византија ги испратила браќата Кирил и Методиј (863), кои вовеле богослужба на словен-ски јазик. Бил симнат од престо-лот и затворен (870). Александар Ростковски

РОСТКОВСКИ, Александар Аркадјевич

РОСТКОВСКИ, Александар Аркадјевич (Одеса, 1860 – Битола, 26. Ⅷ 1903) – руски конзул и пријател на К. П. Мисирков, убиен во негово присуство од турски стражар (Албанец) во илинденските настани во Битола. Дипломатската кариера ја започнува како втор секретар во Бугарија, а како секретар и драгоман на Руското генерално конзулство во Ерусалим, во Јанина и… Continue reading РОСТКОВСКИ, Александар Аркадјевич

РОСТУШЕ

РОСТУШЕ – село во долината на р. Радика. Се наоѓа во источното подножје на планината Дешат, од десната страна на р. Радика, на надморска височина од околу 720 м. Со регионалниот пат Р–409 е поврзано со Дебар и со Маврово. Има 720 ж., од кои 394 се декларирани како Македонци, 427 како Турци и 41… Continue reading РОСТУШЕ

РОТ, Алфред

РОТ, Алфред (Ваитен, швајцарија 21. Ⅴ 1903 – 20. Х 1998) – архитект. Дипломирал на Федералниот институт за технологија во Цирих (1926). Редовен професор е на повеќе универзитети во САД и во Цирих. Работел во ателјето на Ле Корбизје и Пјер Женерет во Париз (1927–1928). Се занимавал со Алфред Рот архитектонско проектирање и е експерт… Continue reading РОТ, Алфред

РОТАТОРИИ

РОТАТОРИИ (Ротаториа) – микроскопски ситни организми, со димензии од 0,04 до 2,5 мм. Имаат разновиден облик на телото, но основниот облик е црвовиден. Безбојни се, но кај некои видови обојувањето потекнува од содржината во нивното црево. Во светот се познати над 1.800 видови од ова класа. Ги населуваат претежно копнените води. Во Македонија е чест… Continue reading РОТАТОРИИ

РУБЕН, Емил

РУБЕН, Емил (Скопје, 17. Ⅶ 1948) – филмски и театарски актер, уметник со симптомот на актерски вундеркинд; на екран се појави во својата седумгодишна возраст во филмот „Тие двајцата“ и веднаш ги плени гледачите со непосредноста на играта и сензибилноста на експресивното лице. Уследија успесите во: „Бунтот на куклите“, „Големи и мали“, „Ветерот запре пред… Continue reading РУБЕН, Емил

РУБЕН, Ремон Емилов

РУБЕН, Ремон Емилов (Скопје, 2. Ⅱ 1911 – Скопје, 21. И 1988) – дерматовенеролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Грац (1934), а специјализирал во Белград (1940). Хабилитирал во областа на кожната туберкулоза (1960). Автор е на голем број стручни трудови објавени во земјата и во странство. Бил избран за… Continue reading РУБЕН, Ремон Емилов

РУГ БАИР

РУГ БАИР (с. Горубинци) – неолитска населба во Овче Поле. Ло-Пехар од средниот неолит, Руг Баир, с. Горубинци те и во 70-тите години. Во културниот слој од 1,40 м се евидентирани три културни хоризонти на живеење од средниот и од доцниот неолит, кои се културно и хронолошки блиски со Анзабегово – Вршничката културна група (Ⅱ–Ⅳ… Continue reading РУГ БАИР

РУДАРСТВОТО ВО РМ

РУДАРСТВОТО ВО РМ. Рударството на територијата на Република Македонијадатира уште од римско време (Ⅲ в. н.е.), за што сведочат старите рударски работи (главно поткопи), откриени во Кратовско-злетовската област. Рударењето би-ло вршено и во турскиот период на истите овие простори. Современиот период на развојот на рударството во Република Македонијасе поврзува главно за ⅩⅩ в. Првите релевантни… Continue reading РУДАРСТВОТО ВО РМ

РУДЕРАЛНА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ

РУДЕРАЛНА ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија– специфичен секундарен вегетациски тип што се развива во човечки населби и во други антропогено условени средини, како што се местата покрај куќи, патишта, железнички пруги, градилишта, урнатини, насипи, бачила, депонии, ѕидини и други станишта, кои се постојано или повремено под директно или индиректно човеково влијание. Рудералната вегетација се карактеризира со… Continue reading РУДЕРАЛНА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ

РУДНИЦИ ЗА ГЛИНИ ВО РМ

РУДНИЦИ ЗА ГЛИНИ ВО РМ. Во Република Македонијасе присутни значителни наоѓалишта на глина од различен генетски тип. По своите хемиски и физички карактеристики тие се меѓусебно различни, поради што имаат и различна употребна вредност. Туларските глини се најраспространет вид глини. Постојат голем број наоѓалишта што се во експлоатација. Од овие глини се произведуваат разни видови… Continue reading РУДНИЦИ ЗА ГЛИНИ ВО РМ

РУДНИЦИ ЗА МЕРМЕР ВО РМ

РУДНИЦИ ЗА МЕРМЕР ВО РМ. Варовниците и доломитите зафаќаат голем дел од територијата на РМ. Се издвојуваат три региони: доломитски калцитски мермери на пелагонискиот масив, во западномакедонското подрачје, и варовници и доломити во вардарската зона. Едно од најпознатите наоѓалишта на мермер во Македонија е Сивец. Се наоѓа на периферијата на пелагонискиот масив, на границата од… Continue reading РУДНИЦИ ЗА МЕРМЕР ВО РМ

РУДНИЦИ ЗА ТРАВЕРТИН ВО РМ

РУДНИЦИ ЗА ТРАВЕРТИН ВО РМ. Травертинот е познат на територијата на Република Македонијапод името бигор. Тоа е лесен и шупликав камен што се користи во градежништвото во форма на украсен камен. Може лесно да се обработува и да се полира, со што има широка употреба во градењето и фасадирањето на згради. На територијата на МакедонијаContinue reading РУДНИЦИ ЗА ТРАВЕРТИН ВО РМ

РУДНИЦИ И ЖЕЛЕЗАРНИЦА СКОПЈЕ

РУДНИЦИ И ЖЕЛЕЗАРНИЦА „СКОПЈЕ“ – металуршки комплекс за добивање и преработка на железо и челик. Најголем објект на црната металургија во РМ. Проектиран е од 1959 г., граден од 1961 г., а работи од 1967 г. Изградени погони: Топилница (за производство на сурово железо во 5 електропечки, секоја со капацитет од 20 до 30 МЊ);… Continue reading РУДНИЦИ И ЖЕЛЕЗАРНИЦА СКОПЈЕ

РУЕН И

РУЕН И.Т.“ – фабрика за производство на автомобилски и тракторски делови, формирана во 1952 г., пререгистрина во 1960, а потоа се гради нова фабрика со површина од 2.100 м². Во 1974 г. е пуштена во употреба нова хала од 6.000 м², наменета за производство на спојки. Фабриката за производство на метална галантерија (пружини, заковки, остојници)… Continue reading РУЕН И

РУЖИНОВСКИ, Миле

РУЖИНОВСКИ, Миле (Велес, 30. Ⅹ 1935) – генерал-полковник на ЈНА. Завршил Воено артилериско училиште во Загреб, Виша воена академија во Белград (1965) и школа за оператива (1971). Извршувал високи комановозможило да се реконструира Металуршкиот комбинат Рудници и Железарница „Скопје“ дни, штабни и партиски должности. Бил командант на Артилериската дивизија во Тетово (1965–1969), командант на Артилерискиот… Continue reading РУЖИНОВСКИ, Миле

РУЈ

РУЈ (Рхус цориариа Л. и Цотинус цоггѕриа Сцоп., фам. Анацардиацеае) – нашите два автохтони руја им припаѓаат на различни родови. Првиот уште се вика и гроздест руј, листопадна грмушка, чии леторасти и непарно перести листови се рунтаво влакнести, а плодовите се во терминални, гроздести соплодија. Вториот има прости, тркалезни и мазни листови, кои наесен поцрвенуваат.… Continue reading РУЈ

РУЈНИЦА, МЛЕЧКА

РУЈНИЦА, МЛЕЧКА (Лацтариус делициосус (Л.: Фр.) С.Ф. Граѕ) – многу чест вид габа во боровите шуми во Македонија, каде што понекогаш се јавува масовно. Лесно е препознатлива по портокаловата боја и по млекото. Се собира за јадење, но и за откуп. М. К.

РУМЕНОВ, Владимир

РУМЕНОВ, Владимир (Крушево, 1. Ⅴ 1870 – Софија, 20. И 1939) – лекар, учесник во Илинденското востание, припадник на ВМРО. Се школувал во Софија, Киев, го завршил Медицинскиот факултет во Москва и Одеса. Учествувал во создавањето на Медицинскиот факултет во Софија и бил претседател на Врховниот медицински совет. Автор на трудови од областа на медицината.… Continue reading РУМЕНОВ, Владимир