РИЗОВ, Ризо

РИЗОВ, Ризо (псевд. Константинович) (Велес, 1. И 1872 – Скопје, 6. И 1950) – истакнат македонски национален деец. Се школувал во Велес и ќустендил. По основањето на МРО станал нејзин член и дејствувал како организатор на револуционерни групи и организациони комитети во македонските села и градови. Учествувал во Илинденското востание и во задушувањето на контрареволуцијата… Continue reading РИЗОВ, Ризо

РИЗОВСКИ, Радослав

РИЗОВСКИ, Радослав (с. Рожден, Кавадаречко, 16. Ⅸ 1935 – 20. Ⅶ 2008) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа одгледување на шумите и за предметите Фитоценологија и Паркови со заштита на човековата средина. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1959), каде што е избран за асистент (1961). Магистрирал на шумарскиот факултет… Continue reading РИЗОВСКИ, Радослав

РИЛСКИ ОПШТ КОНГРЕС НА ТМОРО

РИЛСКИ ОПШТ КОНГРЕС НА ТМОРО (Рилски манастир, октомври 1905) – Еден од најзначајните конгреси на МРО. на него учествувале 21 делегат (Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Борис Сарафов, Христо Чернопеев и др.). Била направена анализа на целокупната дејност на Организацијата и била усвоена Програмска декларација за натамошното дејствување. Биле усвоени нов Устав… Continue reading РИЛСКИ ОПШТ КОНГРЕС НА ТМОРО

РИМСКО-ДОРСКИ СТИЛ ВО ПЕЛАГОНИЈА

РИМСКО-ДОРСКИ СТИЛ ВО ПЕЛАГОНИЈА – идентификуван во Пелагонската Висорамнина, во градот Стибера (кај с. Браилово) и во стариот Астибо (Штип). Камените архитектонски елементи се претставени со бази, делови од столбови, капители, архитрав и со фриз. Во Чепигово се откриени три римско-дорски бази со плинта и само еден торус. Дел од канелирана колона од Стар Конак,… Continue reading РИМСКО-ДОРСКИ СТИЛ ВО ПЕЛАГОНИЈА

РИНИЈА ШКИПТАРЕ

РИНИЈА ШКИПТАРЕ“ – Албанска фашистичка организација (1943–1944), формирана по капитулацијата на Италија од расформираната Албанска фашистичка партија. Ја формирале Германците за борба против единиците на Македонската војска за одржување на „Голема Албанија“. Соработувала со балистите. Била расформирана во ноември 1944 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Балисти, Скопје, 2002. Ѓ. Малк. Во Рилскиот манастир се одржа еден… Continue reading РИНИЈА ШКИПТАРЕ

РИНХИНИ

РИНХИНИ – словенско племе населено во Македонија (Ⅵ–Ⅶ в.) од Халкидик до Орфано. Името го добило според хидронимот Ринхиос, источно од Солун (наречени Влахоринхини). Покрстени од светогорските монаси (втората пол. на Ⅷ в.). Кралот (реџ) Пребонд (Првуд) е единствен познат нивни челник. Склучувале сојузи со Стримонците (при опсадата и нападот на Солун, 674/5–677, им се… Continue reading РИНХИНИ

РИПСИМИЈА

РИПСИМИЈА (Ⅹ в.) – сопруга на комитот Никола, од ерменско потекло. Се верува дека нејзиното име е зачувано во Самуиловиот епитаф од с. Герман (992/3); наведена заедно со починатите членови од семејството. Со Никола имала уште тројца синови: Мојсеј, Арон и Самуил. ЛИТ.: С. Пириватрич, Самуиловата дÍржава, обхват и характер, София, 2000. Б. Петр. НиколаContinue reading РИПСИМИЈА

РИСТАНОВСКИ, Никола

РИСТАНОВСКИ, Никола (Витковица, Острава, Чешка, 23. И 1969) – театарски и филмски актер. Дипломирал на Факултетот за драм-ски уметности во Скопје (1993). Од 1994 г. е во Драмата на МНТ. Освен на матичната сцена, настапува и на театарските сцени во Македонија, Србија и Црна Гора. Улоги: Раскољников („Злосторство и казна“), Андреа („Буре барут“), „Болен Дојчин“… Continue reading РИСТАНОВСКИ, Никола

РИСТЕВСКИ, Борис

РИСТЕВСКИ, Борис (Битола, 18. Ⅱ 1929) – агроном, проф. по овоштарство и др. предмети, ав-тор на учебници и книги. Завршил Земјоделски факлултет во Скопје (1954). До 1958 г. работел во стопанството, а потоа како професор во Земјоделското училиште во Битола. Во октомври 1960 г. е примен како асистент по овоштарство. Магистрирал во Земун (1966), а… Continue reading РИСТЕВСКИ, Борис

РИСТЕСКИ-ПЛАТНАР, Благоја

РИСТЕСКИ-ПЛАТНАР, Благоја (Прилеп, 7. Ⅴ 1949 – Прилеп, 19. Ⅹ 2004) – поет, драмски писател. Завршил средно образование. Работел во издавачката организација „Стремеж“ во Прилеп. Бил директор на Домот на културата во родниот град. БИБ.: Ледна урна, поезија, 1980; Песја пена, поезија, 1984; Лепа Ангелина, драма; Спиро Црне, драма, 1987 и др. ЛИТ.: С. Стојчевски:… Continue reading РИСТЕСКИ-ПЛАТНАР, Благоја

РИСТЕСКИ, Бранислав

РИСТЕСКИ, Бранислав (Прилеп, 24. Ⅳ 1959) – археолог. Дипломирал на Филоз. фак. во Скопје, каде што магистрирал и докторирал на теми за средновековната садова керамика, односно за грнчаријата во централните делови на Балканскиот Полуостров. Работи во Институтот за старословенска култура во Прилеп, на чие чело се наоѓа од 2004 г. Вклучен е во повеќе археолошки… Continue reading РИСТЕСКИ, Бранислав

РИСТЕСКИ, Стојан

РИСТЕСКИ, Стојан (с. Лешани, Охридско, 2. Ⅺ 1932) – унив. професор, културно-национален и јазично-литературен историчар, филолог и публицист. По завршувањето на Филоз. факултет во Скопје, докторира на Универзитетот во Приштина и станува гимназијален професор, просветен инспектор во Охрид и професор по мак. јазик и литература на универзитетите во Приштина и во Ниш и на Факултетот… Continue reading РИСТЕСКИ, Стојан

РИСТИЌ, Данило

РИСТИЌ, Данило (штрбац, Србија, 8. Ⅱ 1950) – редовен професор во ИЗИИС, истакнат научник и иноватор со највисоки интернационални признанија во областа на земјотресното инженерство. Основно и средно образование завршил во Књажевац. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје (1976), како најдобар студент. Магистрирал во ИЗИИС, докторирал на Кјото универзитетот во Јапонија (1988). Истакнат раководител, заменик-директор… Continue reading РИСТИЌ, Данило

РИСТИЌ, Ирена

РИСТИЌ, Ирена (Охрид, 26. И 1975) – актерка. Дипломирала актерска игра на ФДУ во Скопје (1999). Од 2000 г., член на Драмскиот театар во Скопје. Улоги: Балерина Ана („Маме му ебам кој прв почна“), Ина („Мурлин Монро“), Клаус („Диво месо“), Џун („Марисол“), Лили („Друга страна“), Анастазија („Жив чоек“), Зганарел („Дон Жуан“), Меги („Мачка на вжештен… Continue reading РИСТИЌ, Ирена

РИСТОВ, Милчо

РИСТОВ, Милчо (Радовиш, 5. Ⅺ 1931 – Скопје, 7. Ⅷ 2005) – физичар, ред. проф. на ПМФ (1975), член на МАНУ (1983). Дипломирал (1956) на Филозофскиот факултет на Групата за физика, магистрирал (1962) на универзитетот во Манчестер. Докторирал на ПМФ (1970) со студија на нискофреквентната волтамперна карактеристика на плазмата во високофреквентно поле. На ПМФ работел… Continue reading РИСТОВ, Милчо

РИСТОВ, Томислав Ристов

РИСТОВ, Томислав Ристов (с. Прждево, Тиквешко, 19. Ⅺ 1940) – фармацевт, полковник, редовен проф. на Фарм. ф. Дал особен придонес во оформувањето на кадрите на Фарм. ф. Претходно бил вработен во Заводот за превентивна медицинска заштита при Воената болница во Скопје и началник на Клиничката лабораторија при ВБ. Придонел за развојот на современите методи и… Continue reading РИСТОВ, Томислав Ристов

РИСТОВСКИ, Блаже Петров

РИСТОВСКИ, Блаже Петров (с. Гарниково, Кавадаречко, 21. Ⅲ 1931) – славист, филолог, културолог, историограф, фолклорист и литературен историчар, член на МАНУ (1988). Гимназиското образование го завршува во Кавадарци и во Прилеп (1950), а Филозофскиот факултет (Групата за литературите на народите на СФРЈ и македонски јазик) во Скопје (1955). Со научноистражувачка работа почнува да се занимава… Continue reading РИСТОВСКИ, Блаже Петров

РИСТОВСКИ, Воислав Љубомиров

РИСТОВСКИ, Воислав Љубомиров (Скопје, 3. Ⅲ 1941) – машински инженер и стопанственик. Завршил средно техничко училиште и дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје (1969). УШТЕ како студент бил вработен во ЗОИЛ „Македонија“ како проценител на сообраќајни штети и штети во индустријата (1962–1964), а потоа како конструктор во Погонот за производство на пумпи во Металскиот завод… Continue reading РИСТОВСКИ, Воислав Љубомиров

РИСТОСКИ, Кирил

РИСТОСКИ, Кирил (Прилеп, 14. Ⅺ 1948) – актер и педагог. Дипломирал на Одделот за драмски актери на Високата музичка школа во Скопје (1976/77). Член е на Драмата на МНТ (1978–1988). Со педагошка дејност се занимава од 1982 г. како асистент, а од 1988 е професор по актерска игра на ФДУ во Скопје. Ја врши функцијата… Continue reading РИСТОСКИ, Кирил

РИФАИ ТЕЌЕ

РИФАИ ТЕЌЕ (Скопје, 1818) – верски активен објект на рифаискиот дервишки ред. Основано од Мехмед-ефенди, син на Исмаил, по потекло од Тетовско, кој бил и прв шејх на теќето. Се состои од текиска зграда, во која дервишите ги вршат обредите, и турбе со 14 гроба. Во дворот на теќето се гробовите на дервишите. ЛИТ.: Ванчо… Continue reading РИФАИ ТЕЌЕ

РИЦОС, Јанис

РИЦОС, Јанис (Јанис Рицос) (Монемвасија, 1. Ⅴ 1909 – Атина, 9. Ⅸ 1990), грчки поет; имал тежок и мрачен животен пат (минува пат на маченик и прогоненик, политички затвореник и револуционер). Создал грандиозно дело (80 издадени поетски книги со над 100 000 стихови) преку кое успеал на својот автентичен талент да му Јанис Рицос даде… Continue reading РИЦОС, Јанис

РОБЕ

РОБЕВ, Димитар (Охрид, 1822– 1890) – виден претставник на македонското граѓанство, застапник за создавање македонско кнежевство во времето на Источната криза. Се школувал во Јанина и во Атина. Се застапувал за еманципација на македонскиот народ од елинизмот и за обновување на Охридската архиепископија како автокефална црква. Се ангажирал за ослободување од затвор на браќата Миладиновци.… Continue reading РОБЕ

РОБЕ

РОБЕВ, Димитар (Охрид, 1822– 1890) – виден претставник на македонското граѓанство, застапник за создавање македонско кнежевство во времето на Источната криза. Се школувал во Јанина и во Атина. Се застапувал за еманципација на македонскиот народ од елинизмот и за обновување на Охридската архиепископија како автокефална црква. Се ангажирал за ослободување од затвор на браќата Миладиновци.… Continue reading РОБЕ