РЕВАЛСКА СРЕДБА

РЕВАЛСКА СРЕДБА (Ревал /Талин/, 9–10. Ⅵ 1908) – средба на државните делегации на Велика Британија и на Русија за Македонија. Меѓу царот Николај Ⅱ и кралот Едвард Ⅶ била постигната согласност за проектот на реформи за автономија на Македонија, како трајно решение за одржување на целоста на Османлиската Империја и за мир на Балканот. По… Continue reading РЕВАЛСКА СРЕДБА

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ВО ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕУ

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ВО ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕУ – еден од основните столбови на ЕУ и еден од основните услови за интеграција на државите од Западниот Балкан, што подразбира соработка во борбата против организираниот криминал, илегалната имиграција и другите форми на организиран криминал, со воспоставување мрежа од конвенции за регионална соработка, интегрирање во европските инфраструктурни… Continue reading РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ВО ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕУ

РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА

РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА – патишта што поврзуваат стопански подрачја на два или повеќе региони во земјата или се од посебно значење за државата. Наменети се за мешовит сообраќај. Се одвива двонасочен сообраќај на еден Дел од магистралниот пат М-2 КумановоКрива Паланка коловоз со две сообраќајни ленти. Вкрстувањето со другите патни правци е денивелирано, делумно во и… Continue reading РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА

РЕГИОНИ

РЕГИОНИ. Региони (климатсковегетациско-почвени подрачја). Поради мошне хетерогените природни услови Република Македонијае поделена на осум климатско-вегетациско-почвени подрачја, кои претставуваат и вертикални зони, а се разликуваат по својата клима, климазоналната вегетација и по почвите. Тие подрачја, заедно со нивната надморска височина и површина, се: И. субмедитеранско (модифицирано медитеранско) подрачје, 50–500 м; Ⅱ. континентално-субмедитеранско подрачје, до 600 м,… Continue reading РЕГИОНИ

РЕГРАДАЦИЈА НА ПОЧВАТА

РЕГРАДАЦИЈА НА ПОЧВАТА (ПОЗИТИВНА АНТРОПОГЕНИЗАЦИЈА) – позитивни промени што ги предизвикува човекот во почвата со примена на разни мерки за отстранување на деградацијата на почвата и за покачување на нејзината плодност. Во Република Македонијасе постигнува со примена на голем број мерки против оштетувањето на почвата со пренамена во користењето или со деструкција и со покривање… Continue reading РЕГРАДАЦИЈА НА ПОЧВАТА

РЕЖИИ

РЕЖИИ (дома): „Јане Задрогаз“, „Хамлет“, „Ослободување на Скопје“, „Диво месо“, „Хрватски Фауст“, „Среќна Нова ’49“; „Ништо без Трифолио“, „Јас, Клаудиј“, „Тетовирани души“, „Од другата страна“, „Поблиску“, „Зимска бајка“, „Црнила“, „Демонот од Дебар маало“; режии и во странство: „Тетовирани души“ (Москва), „Кавкаски круг со креда“ и „Зимска бајка“ (Кембриџ, Велика Британија), „Буре барут“ (Белград), „Театарски илузии“;… Continue reading РЕЖИИ

РЕЗИДБА

РЕЗИДБА (КРОЕЊЕ) – редовна мерка во овошните насади, од садењето па до крајот на ползувањето. Општа тенденција е снижување на круните за работа од земја. Резидбата е силен регулатор на исхраната, водата, светлината, бујноста, приносот и квалитетот на плодовите. Таа е специфична кај одделните видови и сорти (сортна резидба). Б. Р.

РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ИНФОРМБИРОТО И МАКЕДОНИЈА

РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ИНФОРМБИРОТО И МАКЕДОНИЈА – акт на комунистичките партии на неколку источноевропски држави предводени од СССР, што себеси се нарекувале земји на „народната демократија“. Донесен во јуни 1948 г. во Букурешт, актот бил наречен „Резолуција за состојбата во КП на Југославија…“. Резолуцијата содржела тешки обвинувања против Југославија и нејзиното раководство, за „напуштање на комунизмот… Continue reading РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ИНФОРМБИРОТО И МАКЕДОНИЈА

РЕИЗОВСКИ, Дамјан

РЕИЗОВСКИ, Дамјан (околу 1770 – 1834) – протомајстор. Градел цркви во околината на Солун и по селата на Овче Поле и Гевгелиско. Во Бугарија градел во Самоков и во Пловдив. Негово најзначајно дело е Соборната црква „Св. Богородица“ во Скопје, која ја завршуваат неговите синови (во 1835). Ги поставува темелите на преродбенската сакрална архитектура во… Continue reading РЕИЗОВСКИ, Дамјан

РЕК БИТОЛА

РЕК „БИТОЛА“ – рударско-енергетски комбинат во Суводол – Битола. Рудник за јаглен – површински коп (6 мил.т/г.). Термоцентралата е со моќ од 3џ225 МЊ. Одлука за изградба е донесена во 1975 г., изградбата започнува во 1977, а во 1982 е пуштен во работа И блок, во 1984 Ⅱ блок, во 1985 започнува изградбата, а во… Continue reading РЕК БИТОЛА

РЕК ОСЛОМЕЈ

РЕК „ОСЛОМЕЈ“ – рударскоенергетски комбинат во Кичево. Рудник за јаглен – површински коп, се отвора во 1955 г. за јавна потрошувачка, а во 1977 (1,2 мил.т/г.) за ТЕЦ со моќ од 125 МЊ. ТЕЦ започнува со изградбата во 1975, а во работа е пуштена во 1980 г. РЕК „Осломеј“ работи како погон на поранешното ЈП… Continue reading РЕК ОСЛОМЕЈ

РЕЛИКВИИ во Македонија

РЕЛИКВИИ во Македонија – остатоци од маченици и светии, делови од нивните нераспадливи тела – коски и други нивни предмети: одежди, крстови, икони, книги, облека и обувки што ги употребувале светиите во нивниот живот. Нив верниците ги почитуваат, а преку реликвиите и „чуда“ се случуваат. Реликвии има во многу манастири и цркви во Македонија. Се… Continue reading РЕЛИКВИИ во Македонија

РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ

РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА Република Македонија– еволутивно стари растителни видови што потекнуваат од различни геолошки периоди, со многу ограничено распространување на територијата на РМ. Според староста, односно геолошкиот период од кој потекнуваат, најпознати се терцијарните, глацијалните и бореалните реликти. Терцијарните реликти се зачувани речиси во сите делови на РМ, особено во длабоките речни клисури, во… Continue reading РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ

РЕЛЈЕФОТ ВО РМ

РЕЛЈЕФОТ ВО Република Македонија– резултат на сложените геолошко-тектонски и морфогенетски процеси што условиле негова разновидност, при што во геоморфолошки поглед можат да се издвојат од најмлади до најстари морфоструктури. РМ, зафаќајќи го централниот дел на Балканскиот Полуостров, во минатото привлекла извесен број истражувачи, кои дале свој научен придонес во разрешувањето на одделни геоморфолошки проблеми. До… Continue reading РЕЛЈЕФОТ ВО РМ

РЕНЕ од Монс

РЕНЕ од Монс (?–1204) – учесник во Четвртиот крстоносен поход (1202–1204), управник на Солун (1204). При судирот помеѓу императорот Балдуин Фландриски и маркизот Бонифациј МонфератГеолошка карта на Република Македонија Педолошка карта на Република Македонија ски (во летото на 1204), императорот го оставил во Солун како командант на тамошниот гарнизон. Починал пред Бонифациј Монфератски да дојде… Continue reading РЕНЕ од Монс

РЕНЏОВ, Михаил Петров

РЕНЏОВ, Михаил Петров (Штип, 25. Ⅷ 1936) – поет, раскажувач, преведувач, есеист. Член на Македонскиот ПЕН центар и на ДПМ (од 1965). Од повеќето врвни преводи треба да се издвои неговиот препев на епот <Гилгамеш“. За својата единствена збирка раскази <Захариј и други раскази“ (2004) ја добива Рациновата награда. Критиката вели дека е поет на… Continue reading РЕНЏОВ, Михаил Петров

РЕОНИ НА РЕФУГИЈАЛНИ ШУМСКИ ЗАЕДНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

РЕОНИ НА РЕФУГИЈАЛНИ ШУМСКИ ЗАЕДНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА – неочекувано појавување видови на кои не им е местото во таа средина. Таквите локалитети претставуваат рефугиуми во кои се развиваат рефугијални типови на вегетација. Х. Ем и други (1985) издвоиле 11 такви реони во Македонија: 1. Долновардарско–струмички – во него зонално е распространета медитеранската вегетација, а рефугијални… Continue reading РЕОНИ НА РЕФУГИЈАЛНИ ШУМСКИ ЗАЕДНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

РЕПИ

РЕПИ (Бета вулгарис Л.) – двогодишни земјоделски култури. Во пошироката земјоделска практика во Република Македонијасе одгледуваат два вида репи: шеќерна (Бета вулгарис Л. вар. алтиссима (сацхарифера) и добиточна репа (Бета вулгарис Л. вар. црасса Слеф.). шеќерната репа шеќерна репа се одгледува за кристален шеќер и во светски рамки учествува со 40%, додека добиточната служи за… Continue reading РЕПИ

РЕПИЦИ

РЕПИЦИ (Брассицассп. Л.) – едногодишни култури со тројна цел за одгледување: за добивање масло, за добиточна исхрана (како прва кабаста храна напролет) и за екогориво (во најново време). & припаѓаат на фам. Брассицацеае. Во Република Македонијасе сеат на околу 4.000 ха, од крајот на септември, густоредово, со 12–18 кг/ха. Приносот на зрното изнесува 1.000–2.000 кг,… Continue reading РЕПИЦИ

РЕПУБЛИКА

РЕПУБЛИКА“ – прв независен дневен информативен (краткотраен) весник што се појавил на 2 август 1991 г., спроти Денот на осамостојувањето на РМ. Основачи: Јордан Плевнеш, Гоце Трајковски (директор на НИО „Република“) и Неан Кристоф Нотиас (директор на Еуропрес инвестисман, Париз). Редовното излегување продолжило во октомври за да згасне во почетокот на 1992 г., по отпечатените… Continue reading РЕПУБЛИКА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Во ноември 1943 г. на Второто заседание на АВНОЈ, во Јајце, македонскиот народ првпат во својата современа историја бил признат како посебна државносна нација и Македонија, како посебна Македонија во границите на Европа федерална единица, влегува во составот на Демократска Федеративна Југославија. На Првото заседание на АСНОМ (2. Ⅷ 1944), Вардарскиот дел на… Continue reading РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВИСОКИОТ КОМЕСАР ЗА НАЦИОНАЛНИ МАЛЦИНСТВА НА ОБСЕ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВИСОКИОТ КОМЕСАР ЗА НАЦИОНАЛНИ МАЛЦИНСТВА НА ОБСЕ. Функцијата на КЕБС е воспоставена со Хелсиншките одлуки (јуни 1992) како реакција на ситуацијата во поранешна Југославија заради навремено идентификување, предупредување и реагирање на тензиите во кои се вклучени малцинствата што би можеле да ескалираат во конфликти. Во Република Македонијасе манифестира во врска со меѓуетничките… Continue reading РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВИСОКИОТ КОМЕСАР ЗА НАЦИОНАЛНИ МАЛЦИНСТВА НА ОБСЕ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕУ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕУ. Стратегиска определба на РМ: Цел што ужива широк национален консензус е зачленувањето во ЕУ. Тоа е комплексен и макотрпен процес. За една земја да стане членка на ЕУ неопходно е да се исполнат критериумите утврдени од Европскиот совет (Копенхашките критериуми од 1993 г., надополнети со Мадридските критериуми од 1995 г.): политички… Continue reading РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕУ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАТО

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАТО. На 23. ⅩⅠⅠ 1993 г. Собранието на Република Македонијадонесува одлука за зачленување во НАТО. Република Македонијастанува дваесет и седма членка на Програмата „Партнерство за мир“ (иницирана заради стабилност и безбедност на цела Европа на 15. Ⅺ 1995), кога станува членка и на Северноатланскиот совет за соработка (во состав од држави-членки на… Continue reading РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАТО