ПАТРИК, Хачисон Еванс

ПАТРИК, Хачисон Еванс (Ре-динг, Беркшир, декември 1913) – британски офицер за врска. На 16 септември 1943 г. е спуштен во Западна Македонија (делот на Македонија под Грција). Најголемиот дел од својот престој го поминал во областа на Вичо. Во извештајот доставен до централата на СОЕ во Каиро (12. ⅩⅠⅠ 1944) констатира дека „…ако странец што… Continue reading ПАТРИК, Хачисон Еванс

ПАТРИСТИКА

ПАТРИСТИКА (лат. патрес = отци) – учење на црковните отци. Врз делата на црковните отци се градела догматиката и теолошкото учење на христијанството. Поради тоа, овие книжевни текстови биле рангирани веднаш по текстовите на Светото писмо. Делата се користеле на екуменските собори за формулирање на црковните догми. Според содржината, тие зафаќале догматски, егзегетски, аскетско-филозофски, логичко-граматички,… Continue reading ПАТРИСТИКА

ПАТРНОГИЌ, Јелена

ПАТРНОГИЌ, Јелена (Косовска Митровица, 1932) – костимограф. Член на МНТ (1960-1977). Освен за драмски, прави кореографии и за оперски и балетски претстави, како и за филм и ТВ. Се занимавала и со педагошка дејност. Костимографии за драмски дела: „Антица“; „Граѓанинот благород-Јелена Патрногиќ ник“; „Градскиот саат“; „Ѕвездите се вечни“ и др. Костимографии за балетски дела: „Болеро“;… Continue reading ПАТРНОГИЌ, Јелена

ПАТЧЕ, Ламбро

ПАТЧЕ, Ламбро (Охрид, 23. Ⅴ 1908 – Скопје, 10. Ⅸ 1982) – агроном и технолог. Гимназија завршува во Битола. Дипломира на Земјоделскиот факултет во Тулуз (1929) и на Технолошки факултет во Бордо, Франција (1931). Работи во поголем број тутунски комбинати, а од 1949 г. преминува (како доцент) на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, на кој и… Continue reading ПАТЧЕ, Ламбро

ПАТЧЕВ, Методи

ПАТЧЕВ, Методи (Охрид, 20. Ⅴ 1875 – Кадино Село, Прилепско, 7. Ⅳ 1902) – учител, револуционер, војвода на ТМОРО. Бил учител во Охрид (1896) и во с. Ехловец, Кичевско. Се активирал во ТМОРО и дејствувал во тој реон (1897–1899). По убиството на Димитар Грданов во Охрид, бил во затвор (1898–1901), а по амнестијата заминал во… Continue reading ПАТЧЕВ, Методи

ПАУНОВЕЦ, ДНЕВЕН

ПАУНОВЕЦ, ДНЕВЕН (Инацхис ио Л.) – дневна пеперуга. Има добро развиени крилја, кои од горната страна се со карактеристични кружни шари, слични на паунови пердуви. Оттука е и името дневен пауновец. Се храни со нектар и растителни сокови. Најчесто се среќава во близина на коприви. Се јавува во две генерации, зимска – од март до… Continue reading ПАУНОВЕЦ, ДНЕВЕН

ПАУНОВСКА, Роса Петкова

ПАУНОВСКА, Роса Петкова (с. Кокино, Кумановско, 1875 – с. Кокино, 1971) – интерпретаторка на народни песни, ќерка на познатиот кокински војвода Петко, доселен од соседното с. Малотино. Не одела на училиште. Во својот живот никогаш не отпатувала подалеку од Куманово, каде што обично одела во пазарните денови. Во нејзиниот репертоар се наоѓаа околу 250 народни… Continue reading ПАУНОВСКА, Роса Петкова

ПАУНОВСКИ, Борис

ПАУНОВСКИ, Борис (Битола, 28. Ⅵ 1935) – дипл. геод. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1996 до пензионирањето во 1998 г.) по предмети од областа на геодезијата. Дипломирал во Белград (1959), каде што и докторирал (1985). Пред да стане доцент на Градежниот факултет во Скопје (1988), бил директор на Заводот за геодетски… Continue reading ПАУНОВСКИ, Борис

ПАШАНКУ, Ташули Таков

ПАШАНКУ, Ташули Таков (Битола, 25. И 1927) – гинеколог-акушер. Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1957), специјализацијата по гинекологија и акушерство ја завршил во Љубљана (1963). Во 1985 г. докторирал во Нови Сад. Работел во Битола до пензионирањето (1987). Бил началник на службата, а во 1979 г. станал примариус. П. Б. Никола Пашиќ

ПАШИЌ, Никола

ПАШИЌ, Никола (Заечар, 1845 – Белград, 1926) – српски политичар, лидер на Радикалната партија, по потекло од Македонија. По Илинденското востание, при договарањата со Бугарија за создавање сојуз, бил против автономија на Македонија, категорично изјавил дека на Балканот немало место за нова словенска држава. Пред и во времето на Балканските војни ја предводел српската Влада;… Continue reading ПАШИЌ, Никола

ПАШИЌ, Радмила

ПАШИЌ, Радмила (с. Подгорци, Струшко, 27. Ⅺ 1931) – археолог. Дипломирала археологија на Филозофскиот факултет во Белград (1956). Магистрирала во 1981 г. Од 1956 г. работи во Народниот музеј во Охрид, а потоа како кус-Радмила Пашиќ тос во Музејот на Македонија (1963–1996). Вршела археолошки истражувања на повеќе локалитети: Демир Капија, Сува Река, Милци, Дедели, Марвинци,… Continue reading ПАШИЌ, Радмила

ПАШКАНАТ

ПАШКАНАТ (Пастинаца сатива Л.) – двегодишно растение, првата година формира надебелен корен (консумативен дел), а во втората генеративни плодови и семе. Потекнува од Средна Европа. Во надебелениот корен има суви материи (19%) во кои има јаглени хидрати (12%), азотни материи (1,4%), минерални материи, етерично масло. Се користи за поправка на супи и јадења. Кај нас… Continue reading ПАШКАНАТ

ПАШТИ, Јован Јанош

ПАШТИ, Јован Јанош (Пригревица кај Сомбор, 23. ⅩⅠⅠ 1924) – балетски играч. Учествувал во НОБ. По Ослободувањето кариерата ја започнува (1946) во Уметничкиот ансамбл на ЈНА. Станува член на Балетот при Народно-Јован Пашти то позориште во Белград (1949). Член на Балетот при МНТ во Скопје (1952-1972). Балетското образование го стекнува во Балетското училиште „Луј Давичо“… Continue reading ПАШТИ, Јован Јанош

ПЕГМАТИТИ

ПЕГМАТИТИ – жилни магматски карпи во групата на гранитите и риолитите. Се појавуваат во вид на жици, чија димензија е променлива, или пак во вид на поголеми пегматитски тела, кои имаат форма на леќи. Имаат зрнеста, а на места и порфироидна структура. Изградени се од кварц, фелдспати, ликсуни, а во нив се појавува и серија… Continue reading ПЕГМАТИТИ

ПЕДАГОГИЈА

ПЕДАГОГИЈА – наука за воспитанието. Минува долг пат на развиток, а како посебна научна и наставна дисциплина се конституира дури во ⅩⅠⅩ в. Заслугата за тоа му припаѓа на германскиот филозоф и педагог Ј. Ф. Хербарт (1776–1841). Определбата „наука за воспитанието“ и денес предизвикува полемички расправи, што се должи на различните сфаќања на суштината на… Continue reading ПЕДАГОГИЈА

ПЕДАГОШКИ АКАДЕМИИ ВО МАКЕДОНИЈА

ПЕДАГОШКИ АКАДЕМИИ ВО МАКЕДОНИЈА – виши школи за образование на наставници за основните училишта и воспитувачи за предучилишните установи. Се јавуваат по школската реформа (1958), со која се воведува единствено задолжително осумгодишно основно училиште, заменувајќи ги дотогашните (в.) учителски школи и (в.) вишите педагошки школи. Педагошките академии се израз на настојувањата да се обезбеди единствено… Continue reading ПЕДАГОШКИ АКАДЕМИИ ВО МАКЕДОНИЈА

ПЕДАГОШКИ ЗАВОД НА МАКЕДОНИЈА

ПЕДАГОШКИ ЗАВОД НА МАКЕДОНИЈА – стручно-педагошка установа, формирана со решение на Извршниот совет на НРМ (11. Ⅷ 1955) како Завод за унапредување и проучување на школството, за вршење на просветнопедагошка служба под раководство и надзор на Советот за просвета на НРМ. Во 1960 г. е донесен првиот закон со кој се уредуваат односите и дејноста,… Continue reading ПЕДАГОШКИ ЗАВОД НА МАКЕДОНИЈА

ПЕДАГОШКИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА

ПЕДАГОШКИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА – педагошка институција за прибирање и проучување на документација релевантна за историјата на образованието, просветата и педагогијата во Македонија. На основачкото собрание (1993) се усвоени конститутивните документи и е формиран Совет на Педагошкиот музеј. Советот разви широка активност за реализирање на основните задачи на Музејот: прибирање школска и просветна документација, проучување… Continue reading ПЕДАГОШКИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА

ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТИ

ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТИ – високошколски установи за подготвување наставници за основното образование (одделенска настава) и воспитувачи за предучилишното воспитание. Настануваат од потребата да се подигне нивото и квалитетот на дотогашното образование на овие педагошки кадри. Педагошки факултети постојат во Скопје (Педагошки факултет „Св.Климент Охридски“), во Штип (Педагошки факултет „Гоце Гелчев“) и во Битола (до 2001 г.… Continue reading ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТИ

ПЕДАГОШКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА

ПЕДАГОШКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА – прва научностручна асоцијација на педагозите и на други училишни работници во Македонија. Формирано (мај 1950) со цел да обработува прашања од училишната и воспитната дејност и да предлага мерки за нејзино унапредување; да ја популаризира педагошката теорија; да организира научни истражувања од областа на педагошката теорија и практика, како и… Continue reading ПЕДАГОШКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА

ПЕДАГОШКО-БОГОСЛОВСКО УЧИЛИШТЕ

ПЕДАГОШКО-БОГОСЛОВСКО УЧИЛИШТЕ – прво стручно училиште за подготвување учители и свештеници во Македонија. Го основал познатиот македонски педагог Јосиф Ковачев во Штип (1869). Училиштето се состоело од два класа, со предметен систем на настава, каде, освен општообразовни, се учеле и педагошки и богословски предмети, од што му произлегува и името. Посебно внимание се обрнувало на… Continue reading ПЕДАГОШКО-БОГОСЛОВСКО УЧИЛИШТЕ