ПАРАВАЈА (Паррауаиа) – античка област во Горна Македонија. Се протегала на северните падини на Пинд, северозападно од Тимфаја. Поважни градови биле Парореја (Парореиа) и Ерибоја (Ерибоиа). ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957; Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р.
Tag: П
ПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ КАЈ РАСТЕНИЈАТА
ПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ КАЈ РАСТЕНИЈАТА – инфективни болести што ги предизвикуваат живи организми (најчесто микроорганизми). Најважни растителни, паразитски болести се: а) микози (ги предизвикуваат габи), б) бактериози (ги предизвикуваат бактерии), в) вирози (ги предизвикуваат вируси), г) микоплазмози (ги предизвикуваат организми –МЛО, слични на микоплазмите), д) рикециози (ги предизвикуваат организми –РЛО, слични на рикециите), ѓ) фикози (ги… Continue reading ПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ КАЈ РАСТЕНИЈАТА
ПАРЕЊЕ И ВАРЕЊЕ НА ДРВОТО
ПАРЕЊЕ И ВАРЕЊЕ НА ДРВОТО – техники за заштита на дрвото. Со нивна помош се зголемуваат трајноста на дрвото и отпорноста на дрвото на разни видови деструктори. При парењето дрвото се третира со заситена водена пареа, а при варењето дрвото се потопува и се вари во вода. Парењето се применува во следните случаи: за омекнување… Continue reading ПАРЕЊЕ И ВАРЕЊЕ НА ДРВОТО
ПАРИСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАРИСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА (29. Ⅵ – 15. Ⅹ 1946) – меѓународна конференција за утврдување на повоениот поредок во Европа. Пред почетокот на работата на Конференцијата Димитар Влахов поднел интерпелација во Сојузното собрание (18. И 1946), со која Југославија требало да бара на Мировната конференција интегрално решавање на македонското национално прашање, да се формира Македонска Република… Continue reading ПАРИСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАРИСКИ МИРОВНИ ДОГОВОРИ, МИРОВНИОТ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА
ПАРИСКИ МИРОВНИ ДОГОВОРИ, МИРОВНИОТ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА (1947). По завршувањето на Париската мировна конференција и со потврдувањето на предвоените граници на Бугарија со таа држава бил потпишан Мировен договор (10. Ⅱ 1947). Стапил во сила на 15. Ⅸ 1947 г. Бугарија објавила Декларација (1. Ⅷ) и се откажала од репарациите (предвидени со чл. 25 од… Continue reading ПАРИСКИ МИРОВНИ ДОГОВОРИ, МИРОВНИОТ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА
ПАРК-ШУМИ ВО РМ
ПАРК-ШУМИ ВО РМ – имаат статус на градско или вонградско јавно зеленило, со заштитна и/или рекреативна функција. Во Скопје се прогласени Парк-шумата „Водно“ (1976 г., Собрание на град Скопје) и Реонскиот парк „Гази Баба“ (ОУП, 1965), озеленет и изграден како парк-шума. „Водно“ зафаќа површина од околу 4.573.000 ха и има еколошки (спречување на ерозивни процеси)… Continue reading ПАРК-ШУМИ ВО РМ
ПАРМЕНИОН
ПАРМЕНИОН (Парменион) (400– 330 пр.н.е.) – еден од најистакнатите војсководци и советодавци на Филип Ⅱ и Александар Ⅲ Македонски. Нему му биле доверувани најодговорните задачи во државата. Ја раководел македонската претходница на азиската експедиција на Филип Ⅱ (336 пр.н.е.). Го придружувал Александар Ⅲ како втор по ранг во командувањето на битките кај Граник (334 пр.н.е.),… Continue reading ПАРМЕНИОН
ПАРПАРА, Анатолиј
ПАРПАРА, Анатолиј (Москва, 15. Ⅶ 1940) – современ руски писател, автор на повеќе забележани стихозбирки, редактор на „Историческая газета“, претседател на литературната фондација „Михаил Лермонтов“, која издава странска поезија на руски јазик и во чии едиции се објавени серија македонски поети (Константин Миладинов, Григор Прличев, Кочо Рацин, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Јован Стрезовски, Петре М.… Continue reading ПАРПАРА, Анатолиј
ПАРТЕНИЈ Ⅱ
ПАРТЕНИЈ Ⅱ (од Корча, ⅩⅤⅠⅠ в.) – охридски архиепископ (15. Ⅹ 1679 – 1. Ⅵ 1683). Спомнат е како архиепископ во кодексот на Корчанската митрополија. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архиепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до нејното униќожение (1394–1767), Софиџ, 1931; Јо-ван Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија),… Continue reading ПАРТЕНИЈ Ⅱ
ПАРТЕНИЈА ЗОГРАФСКИ
ПАРТЕНИЈА ЗОГРАФСКИ (Павле Василков, Тризловски, Хаџиевски) (с. Лазарополе, Реканско, 1818 – Цариград, 6. Ⅱ 1876) – македонски учебникар, митрополит и културен деец. Се школувал во ќелијното училиште во дебарскиот манастир „Св. Јован Бигорски“, потоа во Призрен, Солун и во Цариград. Во Русија завршил семинарија и духовна академија. Се замонашил во Зографскиот манастир на Света Гора… Continue reading ПАРТЕНИЈА ЗОГРАФСКИ
ПАРТИЗАН
ПАРТИЗАН“ – сојуз за телесно воспитание на Македонија, основан под претседателство на Ристо Бајалски (1952). Подоцна наречен Сојуз за спортска рекреација и физичко воспитание на Македонија (од 1972). Тој е носител на активностите на спортската и естетската гимнастика, на партизанскиот повеќебој и на спортската рекреација во месните заедници и претпријатијата, со натпревари за првенства на… Continue reading ПАРТИЗАН
ПАРТИЗАНСКА ПЕЧАТНИЦА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
ПАРТИЗАНСКА ПЕЧАТНИЦА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (с. Битуше, Гостиварско, почетокот на ноември 1942 – јуни 1943, потоа во месноста Лопушник) – илегална партизанска печатница, сега меморијален музеј со амбиентално уредена постојана изложба. Во почетокот на јуни 1943 г. била пренесена во Партизанската база на планината Лопушник. Во неа биле напечатени разни материјали – брошури, билтени, извештаи и… Continue reading ПАРТИЗАНСКА ПЕЧАТНИЦА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
ПАРТИЈА ЗА ДЕМОКРАТСКИ ПРОСПЕРИТЕТ
ПАРТИЈА ЗА ДЕМОКРАТСКИ ПРОСПЕРИТЕТ – политичка партија на македонските Албанци, формирана на 15. Ⅳ 1990 г. Во првиот парламентарен состав (1990–1994) партијата имаше 17, во вториот (1994–1998) и во третиот (1998–2002) по 11, во четвртиот (2002–2006) два и во петтиот парламентарен состав (2006–2010) три пратеника. ПДП беше дел од Владата од 1992 до 1998 г.… Continue reading ПАРТИЈА ЗА ДЕМОКРАТСКИ ПРОСПЕРИТЕТ
ПАРТИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА
ПАРТИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – партија на политичкиот центар, формирана во Скопје при крајот на 2005 г. На парламентарните избори одржани во 2006 г. освои едно пратеничко место во Собранието на РМ. Учествува во составот на Владата на РМ, заедно со ВМРО–ДПМНЕ, ДПА, ЛП, СПМ, НСДП и ДОМ. Лидер на ПЕИ е Фијат Цановски. ЛИТ.:… Continue reading ПАРТИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА
ПАСИШТА
ПАСИШТА – земјоделски површини на кои вегетира едногодишна и повеќегодишна тревна растителност, а во поголемиот дел од годината се искористуваат со напасување. Според постанокот, можат да бидат природни и сеани. Најголемиот дел се под влијание на човекот. Во РМ пасиштата се антропогени и природни, заземаат голем дел од земјоделската површина, околу 50% (а 65% во… Continue reading ПАСИШТА
ПАСКАЛЕВСКИ, Паскал
ПАСКАЛЕВСКИ, Паскал (с. Долени, Костурско, Егејска Македонија, 14. И 1914 – Софија, 13. Ⅴ 2004) – поет, раскажувач, драмски автор, собирач на народни песни, преведувач, новинар и публицист. Учесник во Граѓанската војна во Грција (1945–1949). Директор е на курсот „Гоце Делчев“ за народни учители во слободна Преспа. Работниот век го минал како професионален новинар. Покренал… Continue reading ПАСКАЛЕВСКИ, Паскал
ПАСКАЛИ, Тодор
ПАСКАЛИ, Тодор (Охрид, 17. Ⅵ 1936 – Охрид, 4. Ⅴ 2006) – архитект и конзерватор. Дипломирал на Архитектонскиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје (1961). Конзерваторско-реставраторската активност ја одвива во Заводот за заштита на спомениците на културата во Охрид и во Републичкиот завод во Скопје и бил нивен директор. Во областа на заштитата изработил повеќе… Continue reading ПАСКАЛИ, Тодор
ПАСКАЛОВ, Трифун
ПАСКАЛОВ, Трифун (с. Нестрам, Република Грција, 17. Ⅷ 1934) – научен работник од областа на земјотресното инженерство. Основното образование од шест одделенија на грчки јазик го завршува во родното место. Гимназија и Технички факултет завршува во Скопје (1961). Звањето магистер по технички науки го стекнува во 1967 г., а доктор по техничките науки станува во… Continue reading ПАСКАЛОВ, Трифун
ПАСКАЧ, Влатко
ПАСКАЧ, Влатко (ⅩⅣ в.) – бла-во земјата се регистрирани 2.918 городник од времето на Стефан мотоцикли, 307.581 патнички во Душан, со наследство во реонот зила, 2.497 автобуси, 20.213 товарни возила, 6.187 специјални возила, 4.105 влечни возила итн. На современ коловоз отпаѓа 80% од патната мрежа. Степенот на моторизацијата во 2002 г. изнесува 6,6 жители на… Continue reading ПАСКАЧ, Влатко
ПАТЕН СООБРАЌАЈ
ПАТЕН СООБРАЌАЈ – индивидуален (патнички автомобили), јавен (возила на јавниот патнички превоз – автобуси) и товарен сообраќај (лесни и тешки товарни возила). Доминантната улога во патниот сообраќај ја имаат патничките автомобили. Развојот на автомобилскиот сообраќај во светот и кај нас доведува до изградба на голем број нови патишта и до реконструкција и модернизација на постојните… Continue reading ПАТЕН СООБРАЌАЈ
ПАТКИ
ПАТКИ – в. шатки. Модри патлиџани
ПАТЛИЏАН
ПАТЛИЏАН (Соланум мелонгена Л.) – едногодишно растение од фам. Соланацеае. Потекнува од индиските области. Во Европа и на Балканот е познат од ⅩⅤ в. Се одгледува заради незрелите плодови, кои се консумираат готвени. Богати се со: минерални материи; азотни материи (1,1%); безазотни екстрактивни материи (3,9%); целулоза. Се одгледува на отворено и во заштитени простори. Д.… Continue reading ПАТЛИЏАН
ПАТНА МРЕЖА
ПАТНА МРЕЖА – се состои од вонградска и градска. Во вонградската мрежа спаѓаат магистралните, регионалните и локалните патишта. Магистралните патишта ги задоволуваат потребите и на меѓународните комуникации (но-сат ознака Е), а некои од нив поминуваат и низ нашата територија (в. карта на патната мрежа). Низ територијата на РМ има остатоци од римските патишта: Виа Егнациа,… Continue reading ПАТНА МРЕЖА
ПАТРАЈ
ПАТРАЈ (Патраос) – пајонски крал (ок. 340/335–315 пр.н.е.), син на кралот Ликеј, познат единствено по неговата монетарна продукција и еден натпис на кој се спом-Тетрадрахми, дидрахми и тетраболи на пајонскиот крал Патрај нува дека бил татко на пајонскиот крал Авдолеон. Ковел пари во истиот тежински стандард како и Ликеј. Позната е неговата тетрадрахма на чијшто… Continue reading ПАТРАЈ