ПУШКАРОВ, Никола (Пирдоп, Бугарија, 14. ⅩⅠⅠ 1874 – Софија, 18. Ⅱ 1943) – Бугарин, учител, член на ТМОРО, скопски војвода и универзитетски професор, член на БАН. Завршил природни науки во Софија. Учителствувал во Педагошкото училиште во Скопје. Бил претседател на Скопскиот ОРК на ТМОРО. Во Илинденското востание бил војвода на чета што дејствувала во Скопско,… Continue reading ПУШКАРОВ, Никола
Tag: П
ПЧЕЛАРКИ
ПЧЕЛАРКИ (Меропидае) – фамилија релативно мали птици од ре-дот на сивоврановидните птици (Цорацииформес), од кои во Македонија се среќава еден вид, пчеларка (Меропс апиастер); чест вид, особено во јужните делови, покрај реките. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс Пчеларки анд цонсерватион статус, (Меропс апиастер) „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан… Continue reading ПЧЕЛАРКИ
ПЧЕЛИ
ПЧЕЛИ (Апидае) – ципокрилни инсекти. Приспособени се за исхрана со цветен прав и со нектар. Нивното значење во природата и за човекот е големо, почнувајќи од производите што ги даваат, мед и восок, па до опрашувањето што го вршат кај растенијата. Групата опфаќа видови што имаат солитерен начин на живеење, или пак се здружуваат во… Continue reading ПЧЕЛИ
ПЧЕНИЦА
ПЧЕНИЦА (ЖИТО) (Тритицум сп. Л.) – основна зрнеста култура за производство на леб во целиот свет. Околу 70% од светската популација се храни со леб. Се смета за едно од најстарите растенија што човекот почнал да го одгледува, а со тоа и да го напушта номадскиот начин на живеење. Главен производ е зрното за производство… Continue reading ПЧЕНИЦА
ПЧЕНКА
ПЧЕНКА (ЦАРЕВКА, ЧЕНКА, ТУРСКО ЖИТО, МУМУРУЗ, МОМОРОСКА) (Зеа маѕс Л.) – едногодишна житна култура од фамилијата Поацеае и вид со висок генетски потенцијал (25 т/ха зрно или 80 т/ха волуменозна маса). Во исхраната на човекот се користи варена, како пченкарно брашно, пуканки и гриз. Кочаните во млечна зрелост се печат или се варат за консумација,… Continue reading ПЧЕНКА
ПЧИЊА
ПЧИЊА – лева притока на р. Вардар. Извира од планината Дукат во Р Србија на височина од 1.660 м, а во Вардар се влива во Таорската Клисура на височина од 191 м. Долга е 136,6 км, има вкупен пад од 1.469 м и просечен пад од 10,8 ‰. На територијата на Република Македонијанавлегува во близина… Continue reading ПЧИЊА