ПРОИЗВОДСТВО НА ЦВЕЌЕ ВО ЗАШТИТЕН ПРОСТОР ВО Република Македонија– се одвива во стакленици и под пластеници. Во седумдесеттите и осумдесеттите години на ⅩⅩ в. има значаен развој (производство на каранфил на 27 ха, рози на 4 ха, гербери на 2.5 ха), а оттогаш обемот на производството значајно варира. Во деведесеттите години се активира пластеничкото производство… Continue reading ПРОИЗВОДСТВО НА ЦВЕЌЕ ВО ЗАШТИТЕН ПРОСТОР ВО РМ
Tag: П
Производството на најважните овошја
Производството на најважните овошја (1951-2005) Вардар, која прима 12 поголеми притоки, меѓу кои најголема е р. Година јаболки, сливи, кајсии круши и дуњи цреши и вишни и праски лозја Пена. Развиени се две градски наил.стеб. кг/стеб. стебла кг/стеб. ил.стеб. кг/стеб. ха кг/пенуш. селби: Гостивар и Тетово. Голем дел од обработливите површини 1951 628 32 720… Continue reading Производството на најважните овошја
ПРОКОПЕНКО, Вјекослав
ПРОКОПЕНКО, Вјекослав (Виница, 21. Ⅷ 1950) – новинар. Како стипендист на Радио Скопје од Факултетот за политички науки во Белград дојде во Радиото (1974), каде што работи во Внатрешнополитичката редакција. Ангажиран речиси во сите новинарски жанрови. На чело на Радио Скопје како директор е избран во 1986 г., а функцијата ја врши до 1990. Оттогаш… Continue reading ПРОКОПЕНКО, Вјекослав
ПРОКОПИЕВ, Александар
ПРОКОПИЕВ, Александар (Скопје, 24. Ⅱ 1953) – раскажувач, есеист, научен работник. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград. Работи во Институтот за македонска литература. Голем аниматор на културни акции и проекти. Во неговата проза посебно место заземаат сликите од Александар Прокопиев еден „близок и магичен простор, длабоко всаден во меморијата на авторот“. БИБ.: Младиот мајстор на… Continue reading ПРОКОПИЕВ, Александар
ПРОКОПИЕВ, Светислав
ПРОКОПИЕВ, Светислав (Куманово, 4. Ⅵ 1928 – Скопје, 10. Ⅳ 1986) – проектант. Гимназија завршил во Скопје (1948), а дипломирал на Градежниот отсек на Техничкиот факултет во Загреб (1955). Работел во РОЗТ „Бетон“. Иницијатор е за формирање на Конструктивното биро во РОЗТ „Бетон“ (1959). Бил хонорарен асистент на Градежниот факултет во Скопје (1956–1960), а подоцна… Continue reading ПРОКОПИЕВ, Светислав
ПРОКОПИЕВ, Трајко
ПРОКОПИЕВ, Трајко (Куманово, 6. Ⅺ 1909 – Белград, 21. И 1979) – композитор и диригент. Еден од петтемината основоположници на современиот музички живот во РМ, на творечки и на организационен план. Музика учи на Белградската музичка школа, во класата на М. Милоевиќ. Како студент учествува во музичките настани во Белград, станува асистент на Милоевиќ во… Continue reading ПРОКОПИЕВ, Трајко
ПРОЛЕТЕРСКО ДЕЛО
„ПРОЛЕТЕРСКО ДЕЛО“ (Торонто, Онтарио, Канада, 1. Ⅴ 1934 – 1940) – орган на Бугарско-македонската трудова емиграција во Канада. Излегувал двапати ме-сечно (на 1 и 15). Натамошното излегување било забрането од властите. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 96. С. Мл.
ПРОЛЕТНИЦИ
ПРОЛЕТНИЦИ (Плецоптера) – инсекти со два пара големи крилја. Имаат издолжено тело, глава свртена напред, сплескана и широка со долги антени; устен апарат за грицкање и добро развиени нозе. Абдоменот им е составен од 10 сегменти, завршува со 2 опашни израстока. Редот пролетници има 3.000 видови, најмногу во умерените предели. Во Македонија најчесто се среќаваат… Continue reading ПРОЛЕТНИЦИ
ПРОЛОГ ЗА МАРТ–
ПРОЛОГ ЗА МАРТ–АВГУСТ – македонски ракопис од третата четвртина на ⅩⅣ в. Поголемиот дел од 1951 г. се чува во Народната библиотека на Србија (Бел-град), сигн. Рс 94 (И + 113 л.), а помалиот во Скопската митрополија, СМ-М 1 (99 л.). Вкупно има 212 хартиени листови. Јазичните особености упатуваат на западномакедонско потекло на ракописот. В.… Continue reading ПРОЛОГ ЗА МАРТ–
ПРОС ТИ НИКИ
„ПРОС ТИ НИКИ“ („Кон победата“) (Ташкент, СССР, ноември 1949 – 1956) – весник, орган на македонската и на грчката емиграција од Грција во Советскиот Сојуз, на грчки јазик и со една страница на македонски. Бил подготвуван од политичкото раководство на бегалците и растуран во сите центри каде што биле сместени. С. Мл.
ПРОСВЕТА
ПРОСВЕТА – заедничко име за институции, форми, содржини и активности, чија цел е подигање на образованието и на општокултурното ниво на возрасното население. Просветата најчесто се врзува за формите на образованието на возрасните, како и за фор-мите на културно-уметничките дејности, наменети за широките народни слоеви. Во Македонија особено интензивна активност на тој план се пројавува… Continue reading ПРОСВЕТА
ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК
„ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК“ – весник на просветните работници на Македонија. Првиот број се појави на 10 март 1953 г., како орган на Здружението на просветните работници на НРМ. Од 1963 до 1986 г. издавач е Републичкиот одбор на Синдикатот на работниците од општествените дејности. Основна тенденција на весникот е да информира и да тематизира актуелни прашања… Continue reading ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК
ПРОСВЕТНИ РАДНИК
„ПРОСВЕТНИ РАДНИК“ (Скопје, 1922 – јуни 1924) – орган на Учителското акционерско друштво „Завичај“. Го уредувал Светолик Р. Милосавлевиќ. Излегувал четири пати годишно, а бил печатен во скопската Печатница „Стара Србија“. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992) , Скопје, 1993, 96. С. Мл.
ПРОСВЕТНИ УСТАНОВИ
ПРОСВЕТНО ДЕЛО
„ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ – списание за педагошки прашања. Излегува од 1945 г., во почетокот како орган на Министерството за просвета, во форма на весник, а од 1951 до 1999 г. – орган на (в.) Педагошкото друштво на Македонија, односно на Сојузот на педагошките друштва на Македонија, во вид на списание. Од јануари 2000 г. како издавач… Continue reading ПРОСВЕТНО ДЕЛО
ПРОСВЕТНО-ПЕДАГОШКА СЛУЖБА
ПРОСВЕТНО-ПЕДАГОШКА СЛУЖБА – институција со основна задача да ги извршува и да ги координира активностите поврзани со следењето и унапредувањето на воспитно-образовната дејност, како и надзорот врз остварувањата на целите и задачите на воспитанието и образованието. Прв пат се востановува со Општиот закон за школство (1958), а во 1960 г. е донесен Закон за просветно-педагошката… Continue reading ПРОСВЕТНО-ПЕДАГОШКА СЛУЖБА
ПРОСЕК
ПРОСЕК – античко и средновековно утврдување на влезот на р. Вардар во Демиркаписката Клисура. Главното утврдување се наоѓало на Јуручки Камен, на месноста Марков Град, на десниот брег на Человечка Река. Утврдувања имало и на околните карпести предели покрај р. Вардар и Человечка Река. Бил седиште на самостојните владенија на Добромир Хрс (крајот на ⅩⅠⅠ… Continue reading ПРОСЕК
ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ВО РМ
ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ВО Република Македонија– дејност (активност) со која се координираат различните секторски политики и нивното влијание врз територијата. Целите на просторното планирање се однесуваат на зајакнувањето на интегративните процеси на секторите во просторот и на создавањето кохерентна стратегија за обезбедување долгорочен, сеопфатен и урамнотежен просторен и регионален развој. Во Република Македонијапросторното планирање е дејност… Continue reading ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ВО РМ
ПРОТОГЕРОВ, Александар
ПРОТОГЕРОВ, Александар (Охрид, 23. Ⅱ 1867 – Софија, 7. Ⅶ 1928) – раководител на ВМРО. Се школувал во Охрид и во Софија, каде што завршил воено училиште (1887). Учествувал како доброволец во Српско-бугарската војна (1885). Бил член на ВМК, војвода во Горноџумајското (1902) и во Илинденското востание (1903). Бил резервен член на ЦК на ВМОРО… Continue reading ПРОТОГЕРОВ, Александар
ПРОТОКОЛ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СРПСКО-ТУРСКАТА ГРАНИЦА
ПРОТОКОЛ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СРПСКО-ТУРСКАТА ГРАНИЦА (19. Ⅷ 1879) – протокол на Меѓународната комисија составена од претставници на Германија, Австро-Унгарија, Франција, Велика Британија, Италија, Русија, Србија и Турција. Со Протоколот било определено границата да минува: од врвот Црн Врв (тримеѓе меѓу Србија, Бугарија и Турција), под Ристовац, вододелницата меѓу реките Морава и Пчиња. ЛИТ.: Македонија… Continue reading ПРОТОКОЛ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СРПСКО-ТУРСКАТА ГРАНИЦА
ПРОТУГЕРОВ, Алеко
ПРОТУГЕРОВ, Алеко (Струмица, 15. И 1928) – актер и режисер, еден од основачите на Струмичкиот и на Штипскиот театар. Повеќе пати бил и директор во овие две куќи. Автор е на монографијата „Народен театар Штип 19491994“. УЛОГ: Едип („Цар Едип“); Астров („Вујко Вања“); Хасан-ага („Хасанагиница“); Тартиф; Николетина Бурсаќ во истоимените дела и др. РЕЖИИ: „Бегалка“;… Continue reading ПРОТУГЕРОВ, Алеко
ПРОТУЃЕР, Димче
ПРОТУЃЕР, Димче (Охрид, 24. Ⅹ 1920 – Скопје, 3. Ⅳ 1995) – сликар, педагог, критичар, полемичар. Учесник во НОБ. Дипломирал на Академијата во Софија (1946). Бил член на групите Денес и Мугри. Се занимавал со цртеж, графика, таписерија, илустрација, внатрешно уредување. Неговото сликарство се движи во рамките на апстракцијата, интимизмот и поетскиот реализам. Тој е… Continue reading ПРОТУЃЕР, Димче
ПРОФЕСИОНАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ
ПРОХОР
ПРОХОР (ХВ¶ в.) – охридски архиепископ (1523–1550) од македонско словенско потекло. Првпат се спомнува во 1528/1529 г. Познати се неговите судири со смедеревскиот митрополит Павле. Судирите ги решил во полза на Охридската архиепископија дури во 1541 г. Ја форсирал словенската книжевност, официјалните акти ги потпишувал на црковнословенски јазик, со што $ дал на Архиепископијата словен-ски… Continue reading ПРОХОР