ПОПОВСКИ, Иван (Скопје, 2. Ⅴ 1969) – режисер. Живее и работи во Москва. Дипломирал и магистрирал на Отсекот за режија на Руската академија за театарска уметност во Москва (1993). Режии: (во Москва) „Авантура“ (според независен весник, оваа претстава е една од десетте најважни продукции на модерниот руски театар, 1996); „Вајарот на маски“; „Бања“ (Феникс Ансамбл… Continue reading ПОПОВСКИ, Иван
Tag: П
ПОПОВСКИ, Јован
ПОПОВСКИ, Јован (с. Вевчани, Струга, 26. Ⅸ 1916) – новинар, раскажувач, романсиер. Работел како новинар-уредник на белградска „Политика“ за Македонија. Член е на ДПМ од 1972 г. ДЕЛ: романи: Една младост (романизирана биографија, 1969), На татковски начин (1970), Дневникот на Страшо Пинџур (1972), Вердан (1986), Зловреме (1989), Човек од првиот чин на историјата (романизирана биографија,… Continue reading ПОПОВСКИ, Јован
ПОПОВСКИ, Кирил
ПОПОВСКИ, Кирил (с. Владимирово, Беровско, 1943) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Машинскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (Словенија). Посебен придонес дал во развојот на нискотемпературните грејни инсталации во оранжериите и директна примена на геотермалната енергија. Автор е на повеќе од 20 книги и околу 300 научни публикации,… Continue reading ПОПОВСКИ, Кирил
ПОПОВСКИ, Киро
ПОПОВСКИ, Киро (с. Вратница, Тетовско, 13. Ⅳ 1942 – Скопје, 29. Ⅹ 1995) – правник, политичар. Гимназијата ја звршил во Скопје, Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1965). Како младинец, бил претседател на Градскиот комитет и претседател на Претседателството на ЦК на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија, а потоа секретар и претседател на Советот… Continue reading ПОПОВСКИ, Киро
ПОПОВСКИ, Коле Илиев
ПОПОВСКИ, Коле Илиев (с. Екшису, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, 8. Ⅷ 1942) – ветеринар, редовен проф. на ФВМ во Скопје. Докторирал на Вет. ф. во Загреб (1980). Автор е на 144 научни и 23 стручни трудови. Објавил монографија „Ендокринологија на репродукцијата“ (1998) и прирачник „Применета ендокринологија во репродукцијата“ (2001). М. Д. – Ј. Б.… Continue reading ПОПОВСКИ, Коле Илиев
ПОПОВСКИ, Лазар
ПОПОВСКИ, Лазар (Скопје, 18. Ⅴ 1975) – економист, кајакар на диви води. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1993), магистрирал во САД (2003). Тој е член на КК „Илинден 90“ во Скопје и државен првак деветпати во К-1 кајак на диви води. На балканските првенства во Скопје (1995 и 2000) освоил прво место, а на… Continue reading ПОПОВСКИ, Лазар
ПОПОВСКИ, Панде
ПОПОВСКИ, Панде (с. Бистрица, Битолско, 12. Ⅳ 1922 – Скопје, 2. Ⅺ 2002) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа и предметот пошумување и мелиорација. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Белград (1949). Докторирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1969). Работел како референт (1949–1951), а потоа станал началник за одгледување и заштита… Continue reading ПОПОВСКИ, Панде
ПОПОВСКИ, Панде
ПОПОВСКИ, Панде (с. Бистрица, Битолско, 12. Ⅳ 1922 – Скопје, 2. Ⅺ 2002) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа и предметот пошумување и мелиорација. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Белград (1949). Докторирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1969). Работел како референт (1949–1951), а потоа станал началник за одгледување и заштита… Continue reading ПОПОВСКИ, Панде
ПОПОВСКИ, Панде
ПОПОВСКИ, Панде (Царев Двор, Преспа, 20. Ⅹ 1912 – Скопје, 15. Ⅶ 1987) – еден од основоположниците на македонското новинарство. Завршил Теолошки факултет (Белград) и Филозофски факултет (Скопје). Во италијанско-албанската окупација политички затвореник (од 1942) во затворите во Корча, Подградец, Елбасан и Тирана и во логорот Порто Романа, протеран и интерниран во Бугарија. Член на… Continue reading ПОПОВСКИ, Панде
ПОПОВСКИ, Панде
ПОПОВСКИ, Панде (Царев Двор, Преспа, 20. Ⅹ 1912 – Скопје, 15. Ⅶ 1987) – еден од основоположниците на македонското новинарство. Завршил Теолошки факултет (Белград) и Филозофски факултет (Скопје). Во италијанско-албанската окупација политички затвореник (од 1942) во затворите во Корча, Подградец, Елбасан и Тирана и во логорот Порто Романа, протеран и интерниран во Бугарија. Член на… Continue reading ПОПОВСКИ, Панде
ПОПОВСКИ, Петар
ПОПОВСКИ, Петар (Лазарополе, 12. Ⅶ 1931) – новинар, истражувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1951 г. го уредувал списанието „Лазарополе“ наменето за сонародниците во странство. Работел во НИП „Наша книга“ (1961), уредник на весникот „Трибина“. Од 1965 до пензионирањето на разни должности во МРТВ: прв уредник (16 години) на ТВ-дневникот, пом. директор и… Continue reading ПОПОВСКИ, Петар
ПОПОВСКИ, Ристо
ПОПОВСКИ, Ристо (Галичник, 30. Ⅷ 1945) – новинар. Студирал на Високата школа за политички науки, социологија и новинарство во Љубљана. Соработувал во Радио Скопје, каде што се вработил во 1970 г. Од 1974 г. соработник/уредник во Редакцијата на Танјуг за Македонија, од 1990 г. постојан дописник од Москва. Основач и сопственик на независната агенција Мак-Ристо… Continue reading ПОПОВСКИ, Ристо
ПОПОВСКИ, Тошо
ПОПОВСКИ, Тошо (Галичник, 14. Ⅶ 1919 – Скопје, 28. Ⅱ 1996) – новинар, публицист, општественик. Член на КПЈ (1939), прогонуван и затворан, носител на Партизанска споменица 1941. Завршил Висока партиска школа во Белград. Во новинарството од 1944 г. – прв дописник на Тан-југ од Македонија, уредник во Радио Белград, на „Комунист“ и „Борба“ (1952), прв… Continue reading ПОПОВСКИ, Тошо
ПОПОСКА, Филимена
ПОПОСКА, Филимена (Тетово, 1946) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и научник. Дипломирала (1969), магистрирала (1977) и докторирала (1980) на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. На истиот факултет работи од 1969 г., а редовен професор е од 1991 г. Била продекан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Имала повеќе студиски престои во Европа. Подрачја: хемиски… Continue reading ПОПОСКА, Филимена
ПОПОСКИ, Драган
ПОПОСКИ, Драган (Дада) (Прилеп, 23. Ⅹ 1933) – скулптор, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Дипломирал (1961) и магистрирал (1964) на Академијата за ликовни уметности во Белград. Самостојно излагал во Скопје, Единбург, Харогејт, Копар, Трст, Франкфурт, АШАФЕНБУРГ. Вешто модифицира монолитни мермерни асоцијативни форми. При геометризацијата на масите како суштинска се намет-Драган (Дада) Попоски… Continue reading ПОПОСКИ, Драган
ПОПОСКИ, Киро Сотиров
ПОПОСКИ, Киро Сотиров (с. Мало Коњари, Прилепско, 14. Ⅹ 1936) – психолог, методичар. Завршил учителска школа во Битола (1953) и Филозофски факултет (психологија) во Белград (1965). Магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград (1974). Целиот работен век го минува во образованието: учител, советник, односно директор на Педагошкиот завод на Македонија. Бил заменик-претседател на Републичкиот… Continue reading ПОПОСКИ, Киро Сотиров
ПОПОСКИ, Миле
ПОПОСКИ, Миле (Прилеп, 20. Ⅹ 1922) – прозаист, комедиограф, новинар. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како средношколски професор и како уредник во РТВ Скопје. БИБ.: Маратонска битка, хумористични раскази, Ск., 1963; Ученици на ѓаволот, комедија, Ск., 1964; Триста коли трње, комедија, Ск., 1965; Сите божји заповеди, хумористични раскази, Ск., 1967; Глувци оро водат, комедија,… Continue reading ПОПОСКИ, Миле
ПОППАНКОВА, Оливера
ПОППАНКОВА, Оливера (Скопје, 29. Ⅷ 1925) – спикер на Радио Скопје. Од Трговско-индустриската комора на НРМ преминува (1947) во Радио Скопје и како спикер го минува целиот работен век во Македонското радио. Таа беше една од првите и најбележити спикери на Радиото, а од неа учеле повеќе генерации спикери. Ј. Ф. Ристо Поплазаров
ПОППЕТРОВ, Сребрен
ПОППЕТРОВ, Сребрен (с. Врбени, Леринско, 18. Ⅹ 1869 – Софија, 17. Ⅺ 1950) – учител и училиштен инспектор, припадник на Македонската револуционерна организација. Завршил гимназија во Солун и словенска филологија на Софискиот универзитет. Во времето на бугарската окупација во Првата светска војна бил окружен управник во Битола и Куманово, по војната во Петрич. Во 1922… Continue reading ПОППЕТРОВ, Сребрен
ПОПСИМОВ, Христо
ПОПСИМОВ, Христо (Охрид, 1916 – Софија, 1980) – трилингвален поет (македонски, српски и бугарски), внук (од сестра) на Гр. Прличев. Основното образование го завршува во родниот град, гимназијата во домот за македонските ученици во Крагуевац, а Правниот факултет во Белград. По двегодишна работа, дисертацијата по енциклопедија на праХристо Попсимов вото му останува незавршена, би-дејќи во… Continue reading ПОПСИМОВ, Христо
ПОПСТЕФАНОВ, Лазар
ПОПСТЕФАНОВ, Лазар (Банско, 1897 – Источен фронт, СССР, 1941) – полковник во Црвената армија. Завршил гимназија и учествувал во Првата светска војна (19161918) и во Септемвриското востание (1923). Емигрант во Кралството на СХС, каде што го завршил Правниот факултет. Заминал во Советскиот Сојуз и во Москва ја завршил Воената академија „Фрундзе“. При нападот на нацистичка… Continue reading ПОПСТЕФАНОВ, Лазар
ПОПТОМОВ, Владимир
ПОПТОМОВ, Владимир (псевд. В. Василев, Томов, Громов, Хајдар) (с. Белица, Разлошко, 27. И 1890 – Софија, 1. Ⅴ 1952) – правник, журналист, публицист, македонски и бугарски партиски деец. Бил член на бугарската Социјалдемократска партија. По Првата светска војна бил примен за член на Високиот партиски совет на БКП. Учествувал во Септемвриското востание (1923), а по… Continue reading ПОПТОМОВ, Владимир
ПОПУЛАЦИОНА ПОЛИТИКА
ПОПУЛАЦИОНА ПОЛИТИКА – систем на мерки и активности, со чија помош се влијае врз демографските процеси, посебно на компонентите на природното (наталитет и морталитет) и на механичкото движење на населението, заради остварување (по насока, интензитет и структура) специфично движење на населението на една земја или регион, сообразено со постојните економски, социјални, политички и други цели.… Continue reading ПОПУЛАЦИОНА ПОЛИТИКА
ПОРЕЧЕ
ПОРЕЧЕ – планинска област во средниот тек на р. Треска. Од исток е затворена со тешко пристапните била на Даутица, Караџица и Сува Планина, на север е одвоена со Сува Гора од Полог, на запад со планините Челоица и Песјак од Кичевската Котлина и на југ со Бушева Планина од крушевскиот крај. На североисток врската… Continue reading ПОРЕЧЕ