ПОПОВИЌ, Василие

ПОПОВИЌ, Василие (Цицо) (Скадар, 12. Ⅱ 1914 – Скопје, 10. ⅩⅠⅠ 1962) – сликар, сценограф и карикатурист, еден од основоположниците на карикатурата и на сценографијата во РМ. Дипломирал на Уметничката школа во Белград (1938). Ги поставува темелите на македонската карикатура уште од 1933 г. (Мотив од кафеаната, 1933; Јосиф Михаиловиќ, 1939; Лазар Личеноски, 1953). Има… Continue reading ПОПОВИЌ, Василие

ПОПОВИЌ, Владислав

ПОПОВИЌ, Владислав (Бел-град, 1930–1999) – археолог, универзитетски професор, академик. Докторирал на Сорбона (1956) и работел речиси две децении во Националниот центар за научни истражувања во Париз. Бил професор на Филозофскиот факултет во Белград и член на САНУ. Неговите научни интересирања имаат голем временски и тематски дијапазон, почнувајќи од проблемите на Требениште, преку римската и рановизантиската… Continue reading ПОПОВИЌ, Владислав

ПОПОВИЌ, Јанко

ПОПОВИЌ, Јанко (Цинцар Јанко) (Охрид, ок. 1779 – ќуприја, 1833) – војвода во Првото српско востание. Првин пристигнал во Валево (1800). Уапсен од османлиските власти, кратко време минал во затвор (јануари 1804). штом избувнало Првото српско востание (1804), му се приклучил Јанко Поповиќ на Ј. Ненадовиќ. Истакнувајќи се со необична смелост и храброст, водачот на… Continue reading ПОПОВИЌ, Јанко

ПОПОВИЌ, Константин Јакимов

ПОПОВИЌ, Константин Јакимов (с. Дреник, Дебарско, 10. Ⅹ 1915 – Скопје, 12. Ⅸ 1998) – прв спец. радиолог-терапевт во Македонија. Мед. ф. завршил во Бел-град, а во времето на Втората светска војна бил во логор. По војната (до 1951) работел на Мед. ф. во Белград, каде што и специјализирал радиологија-терапија. Од 1955 г. работел во… Continue reading ПОПОВИЌ, Константин Јакимов

ПОПОВИЌ, Рита

ПОПОВИЌ, Рита (Прилеп, 19. Ⅹ 1955) – пијанист. Дипломирала на ФМУ во Скопје (М. шперовиќРибарски, 1981). Магистрирала на истиот факултет (Ј. Михаиловиќ, Б. Романов, 1992). Од 2003 г. доцент на ФМУ. Концертирала како солист и особено како камерен музичар (Дуо Димов–Поповиќ и др.) во РМ и во повеќе европски земји. Сн. Ч.-Ан.

ПОПОВИЌ, Чедомир

ПОПОВИЌ, Чедомир (с. Вруток, Гостиварско, 22. Ⅵ 1914 – Скопје, 3. И 1993) – педагог, методичар и учебникар. Завршил учителска школа во Скопје (1934) и студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1951). Бил учител, професор во Учителската школа „Никола Карев“ и на Педагошката академија „Св. Климент Охридски“ (1961–1978) во Скопје. Има значаен придонес… Continue reading ПОПОВИЌ, Чедомир

ПОПОВСКА-КОРОБАР, Викторија

ПОПОВСКА-КОРОБАР, Викторија (Скопје, 1954) – историчар на уметноста. Магистрирала на Филозофскиот факултет во Скопје на тема „Иконописот во Охрид во ⅩⅤⅠⅠⅠ век“ (2003). Работи во Музејот на Македонија во Скопје како кустос-советник за збирката икони и е раководител на Одделот за уметност. Уредник е на сп. „Зборник – средновековна Викторија Поповска -Коробар уметност“ – издание… Continue reading ПОПОВСКА-КОРОБАР, Викторија

ПОПОВСКА-ПАВЛОВСКА, Фредерика

ПОПОВСКА-ПАВЛОВСКА, Фредерика (Жиковиште, Кожанско, Егејскиот дел на Македонија, Грција, 26. Х. 1940) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Дипломирала на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје (1964). Магистрирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1970), а докторирала на Универзитетот во Брадфорд, В. Британија (1975). Имала повеќе студиски престои во Европа и САД. На… Continue reading ПОПОВСКА-ПАВЛОВСКА, Фредерика

ПОПОВСКА-СТАНКОВИЌ, Огњанка

ПОПОВСКА-СТАНКОВИЌ, Огњанка (Куманово, 1926) – биолог. Основно училиште завршила во родното место, а гимназија во Скопје. Студиите на Филозофскиот факултет (Група биологија) ги завршила во 1952 г. Работи како наставник, односно професор по биологија (1950–1953). Во 1960 г. го стекнува звањето виш стручен соработник и е вработена во Заводот за рибарство на СРМ во Скопје.… Continue reading ПОПОВСКА-СТАНКОВИЌ, Огњанка

ПОПОВСКА-ЦВЕТА, Анка

ПОПОВСКА-ЦВЕТА, Анка (Еново, Горноџумајско, 20. Ⅷ 1920 – с. Лисија, Горноџумајско, 29. И 1944) – партизанка на Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“. Била член на РМС, до нејзиното излегување во партизани (летото 1943) учествувала во акциите за помош на политичките затвореници, на партизаните и на нивните семејства. Загинала во борбата кај Лисија. ИЗВ.: Мара Междуречка,… Continue reading ПОПОВСКА-ЦВЕТА, Анка

ПОПОВСКА–

ПОПОВСКА–ШАРЕВСКА, Елица (Дебар, 7. И 1937 – Скопје, Елица Поповска и Ацо Стојановиќ во балетот „Копелија“ 26. Ⅸ 1992) – балерина. Балетската наобразба ја добива во Балетското училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. Игра во МНТ (19491976) како член на ансамблот, солистка и првенка на Балетот. Како една од истакнатите… Continue reading ПОПОВСКА–

ПОПОВСКА, Златка

ПОПОВСКА, Златка (Скопје, 29. Ⅶ 1948) – економист, универзитетски професор. Завршила гимназија и дипломирала на Економскиот факултет во Скопје (1967– 1971), а магистрирала (1974–1979) и докторирала (1985) на Економскиот факултет во Белград. Се вработила на Економскиот факултет во Скопје како асистент (1972) и ги минала сите наставни степени до редовен професор (1995). Била на студиски… Continue reading ПОПОВСКА, Златка

ПОПОВСКА, Јоана

ПОПОВСКА, Јоана (Битола, 18. Ⅵ 1943) – актерка. Член во Народниот театар во Битола од 1960 г. (во него настапувала и на петгодишна возраст); потоа во Драмата на МНТ (1978-1994). Учествувала и во претстави за деца, во радиодрами и ТВ драми и серии. Улоги: Дездемона („Отело“); Петруњела („Дундо Марое“); Офелија („Хамлет“); Живка („Г-ѓа министерка“); Мара… Continue reading ПОПОВСКА, Јоана

ПОПОВСКА, Лилјана

ПОПОВСКА, Лилјана (Прилеп, 24. Ⅴ 1956) – инж.-технолог, политичар. Дипломирала и магистрирала на Технолошкиот факултет во Скопје. Работела во Истражувачкиот институт на „Алкалоид“ во Скопје (1982–1998). Била советник во Советот на град Скопје (1996–1998), заменик-министер за развој (1998–1999), советник на Градоначалникот на градот Скопје (1999–2002), пратеник во три мандати во Собранието на Република Македонија(од 2002),… Continue reading ПОПОВСКА, Лилјана

ПОПОВСКА, Цветанка

ПОПОВСКА, Цветанка (Скопје, 26. Ⅷ 1950) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1996 г.) по предметите хидраулика, хидрологија и речна хидротехника. Завршила постдипломски студии во Делфт, Холандија (1980/81), докторирала во Скопје (1988). Главно поле на научниот интерес $ се теориските и експерименталните хидраулични истражувања. Водела научноистражувачки проекти и објавила голем… Continue reading ПОПОВСКА, Цветанка

ПОПОВСКИ, Александар

ПОПОВСКИ, Александар (Скопје, 13. Ⅷ 1969) – режисер. Дипломирал на Отсекот за театарска и филмска режија на ФДУ во Скопје (1994). Заедно со Дарко Митровски е основач на алтернативната група „Црв“ (1989-1991) и на филмската продуцентска куќа „Мирко и Славко – прва партизанска продукција“ (1996). РЕЖИИ: „Туку така под облака“ (заедно со Дарко Митревски); „Маме… Continue reading ПОПОВСКИ, Александар

ПОПОВСКИ, Анте

ПОПОВСКИ, Анте (Лазарополе, 3. Ⅵ 1931 – Скопје, 1. Х 2003) – поет, есеист, препејувач, публицист, академик. Основното образование го завршил во родното село, гимназијата во Битола, а Медицинскиот факултет во Скопје, каде што се вработува како асистент. Извесно време работи како лекар во Дебар, но од 1955 г., кога од печат му излегува првата… Continue reading ПОПОВСКИ, Анте

ПОПОВСКИ, Владо

ПОПОВСКИ, Владо (с. Долно Дупени, Преспанско, 21. Ⅸ 1941) – универзитетски професор, правник, политичар и историчар. Основно образование завршил во Штип, а гимназија и Правен факултет во Скопје (1966). Магистрирал во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1974), а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Катедрата по историја, на тема „Уставите во… Continue reading ПОПОВСКИ, Владо

ПОПОВСКИ, Георги Сталев

ПОПОВСКИ, Георги Сталев (Витолиште, Мариово, 22. Ⅳ 1930) – унив. професор, поет, прозаист, драмски писател, научен работник и преведувач на класична поезија (Пушкин, Лермонтов, Бајрон, Данте, Петрарка, Сердарот од Прличев и др.). Завршил Филозофски факултет во Скопје. БИБ.: Смев на крвта, роман, Ск., 1960; Преглед на македонската литература од 19 век; Македонскиот верс, докторска дисертација,… Continue reading ПОПОВСКИ, Георги Сталев

ПОПОВСКИ, Глигор

ПОПОВСКИ, Глигор (с. Будинарци, Беровско, 1. Ⅳ 1928 – Скопје, 14. Ⅴ 2007) – еден од првите писатели за деца и младина, преведувач. Завршил Учителска школа во Скопје. Работел како уредник на детските списанија на „Детска радост“. Глигор Поповски ДЕЛ: Стихозбирки: Цвет, Ск., 1953; Росица, Ск., 1956; Со тротинет по цел свет, Ск., 1958; За… Continue reading ПОПОВСКИ, Глигор

ПОПОВСКИ, Григори

ПОПОВСКИ, Григори (Лвувек, шљонск, Полска, 2. Ⅳ 1952) – новинар и преведувач. Син на родители-бегалци од Костурско. Завршил Педагошка академија и Филозофски факултет во Скопје. Во Македонското радио е од 1986 г. Работел во Третата програма, каде што го уредувал сп. „Трета програма“, бил уредник на Документарната редакција на Првата програма на Радиото, а потоа… Continue reading ПОПОВСКИ, Григори

ПОПОВСКИ, Димитрија

ПОПОВСКИ, Димитрија (Скопје, 16. Ⅵ 1941) – унив. професор, пливачки тренер. Завршил Висока школа за физичка култура во Бел-град (1965), магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1977), на тема: „Релација меѓу телесниот развиток и со динамометар измерената мускулна снага кај машката средношколска младина во Скопје“. Докторирал на Филозофскиот факултет, Отсек за физичко воспитание во Ниш… Continue reading ПОПОВСКИ, Димитрија

ПОПОВСКИ, Душко

ПОПОВСКИ, Душко (Скопје, 1899 – Скопје, 1995) – фудбалер и фудбалски тренер. Играл фудбал во Скопје за ФК „Напредок“ (1919), ССК (1921), ССК „Македонија“. Настапил во ФК „Напредок“ против репрезентацијата на англиските офицери во Скопје (1919), која била победена со 2:0, како и против „Макаби“ од Солун, кој бил победен со 7:0. Тој е прв… Continue reading ПОПОВСКИ, Душко

ПОПОВСКИ, Живко

ПОПОВСКИ, Живко (Скопје, 30. Ⅶ 1934 – Скопје, 10. И 2007) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет. Дипломирал на Архитектонскиот отсек Живко Поповски на Техничкиот факултет во Скопје (1961). Го предавал предметот проектирање на општествени згради. Учествувал на повеќе анонимни архитектонско-урбанистички конкурси на подрачјето на поранешна Југославија, како и во други земји. Пројавувал посебен… Continue reading ПОПОВСКИ, Живко