ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ И НЕВРАБОТЕНОСТА

ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ И НЕВРАБОТЕНОСТА. Економијата на трудот се обидува да ги објасни функционирањето на пазарот и динамиката на трудот. Макроекономијата на пазарите на трудот ги опфаќа вработеноста и невработеноста како нивоа (стоцк варијабли) и стапката на вработување како динамички параметар. Микроекономијата е предоминантно со неокласична основа и ги објаснува рамнотежата на пазарот на трудот,… Continue reading ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ И НЕВРАБОТЕНОСТА

ПАИСИЈ

ПАИСИЈ (ХВ¶ в.) – охридски архиепископ. Првпат се спомнува во 1565 г., кога претседателствувал на Цариградскиот црковен собор против вселенскиот патријарх Јоасаф Ⅱ. Во текот на 1566 г. му дал четири грамоти на новоназначениот владика на Италијанската православна епархија митрополитот Тимотеј. Бил архијереј со силна иницијатива и способност. ЛИТ.: Хр. Сил®нов, Освободителните борби на Македони®,… Continue reading ПАИСИЈ

ПАЈАК

ПАЈАК – средновисока планина во Егејскиот дел на Македонија, Грција. Се наоѓа помеѓу долината на Вардар на исток, Мегленската Котлина на запад, Солунската Кампања на југ, а на север се надоврзува на планината Кожуф. Во морфолошки поглед се издвојуваат три делови: Гандач на исток и Пајак на запад, кои претставуваат две главни паралелни била –… Continue reading ПАЈАК

ПАЈАЦИ

ПАЈАЦИ (Аранеа) – членконоги инсекти. Кај нив е јасно одделен главоградот од стомакот, кој е заштитен со цврста обвивка – кутикула; на стомакот може да има пајажинести брадавици. Некои пајаци поседуваат силни хелицери со кои го зграпчуваат пленот, а некои ловат со пајажина. Најчест плен им се инсектите поради што се сметаат за корисни организми.… Continue reading ПАЈАЦИ

ПАЈДУШКА

ПАЈДУШКА“ – народно оро за мешан состав. Особено е популарно кај играорките, распространето на поширокиот балкански простор. Најповеќе се среќава во Македонија, Бугарија и Грција. Се игра во 5/16 (2,3) ритам. Рацете се држат за китките слободно спуштени надолу. Исклучителната посебност на кореографската содржина произлегува од уникатното прекрстување на чекорите на десната преку левата нога… Continue reading ПАЈДУШКА

ПАЈОНИЈА

ПАЈОНИЈА (Паиониа) – античка област по средниот тек на р. Аксиј (Вардар) и базенот на р. Астибо (Брегалница) и држава на Пајонците (прва половина на Ⅳ в. – ок. 230 г. пр.н.е.). Првпат е спомната во Хомеровата Илијада. Прв Карта на Пајонија (во разни временски периоди) познат пајонски крал е Агис (до 359 г. пр.н.е.).… Continue reading ПАЈОНИЈА

ПАЈОНЦИ

ПАЈОНЦИ (Паионес) – палеобалканска популација од индоевропско потекло, блиска на Бригите. Етнонимот има збирен карактер, заеднички за повеќе племиња. Покрај Пајонците, во пајонската група племиња спаѓале: Агријаните, Астраите, Дероните, Доберите, Иорите, Лаијаите, Пајоплите и Сиропајонците. Живееле околу текот на р. Аксиј (Вардар) и Стри-Пајаци: а) пајак крсташ, б) домашен пајак, в) воден пајак мон (Струма),… Continue reading ПАЈОНЦИ

ПАЈОПЛИ

ПАЈОПЛИ (Паиоплаи) – палеобалканска популација од пајонската група племиња што ја населувала територијата на север од планината Пангај. Ги спомнува Херо-дот во својата Историја (Ⅴ в. пр.н.е.). Во времето на персиското покорување на Пајонија, по наредба на персискиот крал Дареј И, тие биле преселени во Азија (511 пр.н.е.). Сепак, еден дел од нив останале во… Continue reading ПАЈОПЛИ

ПАЈТОНЏИЕВ, Ганчо

ПАЈТОНЏИЕВ, Ганчо (Велес, 30. Ⅶ 1905 – Скопје, 20. ⅩⅠⅠ 2002) – вежбач во спортска гимнастика, наставник по физичко воспитување и етнокореолог. Член и инструктор на соколски организации (1920–1941). По Втората светска војна членувал во бројни фискултурни сојузи и здруженија, како стручно лице и автор на академски состави и слетски вежби. Како соработник на Институтот… Continue reading ПАЈТОНЏИЕВ, Ганчо

ПАКАШКИ, Рајко

ПАКАШКИ, Рајко (Белград, 12. Ⅸ 1932 – Амстердам, 11. Ⅴ 1993) – балетски играч и педагог. Балет учи во Балетското училиште „Луј Давичо“ во Белград. Апсолвира на Филолошкиот факултет во Скопје. Член на Балетот при МНТ (1953–1969). Специјализира на Државниот институт за театарска уметност во Москва (1961– 1962). Директор на Балетското училиште во Скопје (1962–1964).… Continue reading ПАКАШКИ, Рајко

ПАКОВСКА, Елпида

ПАКОВСКА, Елпида (Пиреј, Грција, 15. ⅩⅠⅠ 1935) – балерина. Средно балетско училиште завршува во Скопје во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. Специјализира во Москва кај М. Семјонова и О. Лепешинска. Игра во Балетот при МНТ (1950–1974), каде што станува и негова првенка. Балерина со сигурна и вирту-Елпида Паковска во улогата на Жизел озна… Continue reading ПАКОВСКА, Елпида

ПАКОВСКИ, Глигор

ПАКОВСКИ, Глигор (Галичник, 27. Ⅳ 1932) – тон-снимател и тон-ски монтажер. Се вработува во „Вардар филм“ (1953). За македонската кинематографија остварува повеќе од 160, од кои самостојно 16 играни филма. Исто така, самостојно реализира уште десетина филма надвор од Македонија. В. Масл.

ПАЛАВИЧИНО, Гиј

ПАЛАВИЧИНО, Гиј (ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – маркиз од Водоница. Во отсуство на солунскиот крал Димитриј, папата Хонириј Ⅲ го поставил за командант на Солун (1223), кој бил опсаден од епирскиот владетел Теодор И. Не ја добил ветената помош од Цариград, Мореја, Атина и Италија, по што градот го предал (ⅩⅠⅠ 1224). ЛИТ.: Д. М. Ницол, Тхе… Continue reading ПАЛАВИЧИНО, Гиј

ПАЛАМАРЕВИЌ, Слободан Тодоров

ПАЛАМАРЕВИЌ, Слободан Тодоров (Скопје, 30. Ⅺ 1906 – Врање, Србија, 28. Ⅶ 1987) – хирургортопед. Мед. ф. завршил во Загреб (1930). Специјализирал во Скопје, Стразбург и Белград. Од 1945–1951 бил началник на Хируршко одд. во ВБ во Скопје. Примариус од 1951. Хабилитирал на Мед. ф. во Скопје (1961). Од 1961 до 1967 г. работи во… Continue reading ПАЛАМАРЕВИЌ, Слободан Тодоров

ПАЛАТАТА НА ПАРТЕНИЈ ВО СТОБИ

ПАЛАТАТА НА ПАРТЕНИЈ ВО СТОБИ – најрепрезентативниот римски станбен објект. Зазема цела инсула во централниот дел од градот и се состои од две станбени целини и од економски дел, кои се вкопани во косиот терен, и кат што се издига над нив. Палатата припаѓа на перистилниПалатата на Партениј во Стоби от тип градби, кои се… Continue reading ПАЛАТАТА НА ПАРТЕНИЈ ВО СТОБИ

ПАЛЕОЗОЈСКА ЕРА

ПАЛЕОЗОЈСКА ЕРА – траела околу 320 млн. години (570–250 млн. г.). Поделена е на камбриски, ордовициски, силурски, девонски, карбонски и пермски период. Во Македонија палеозоикот е широко распространет во Западномакедонската и Вардарската зона, а на помал простор се јавува и во Осоговско-малешевскиот масив. Поради претрпените тектонско-метаморфни промени на седиментните маси, палеозоикот е доста сиромашен со… Continue reading ПАЛЕОЗОЈСКА ЕРА

ПАЛИКРУШЕВА, Галаба Борисова

ПАЛИКРУШЕВА, Галаба Борисова (Виница, 6. Ⅴ 1928) – историчар и етнолог, научен советник и универзитетски професор (во пензија). Дипломирала на Филозофскиот факултет – група Етнологија во Скопје. Докторирала на Филозофскиот факултет – Катедра за историја на тема „Исламизацијата на Торбешите и формирањето на торбешката субгрупа“ (6. Ⅺ 1965). Подолго време била вработена на Природно-математичкиот факултет,… Continue reading ПАЛИКРУШЕВА, Галаба Борисова

ПАЛИКУРА

ПАЛИКУРА – ранохристијанска базилика, сместена на платото по должината на десниот брег на реката Црна пред сливот во Вардар, античкиот град Стоби и источно од селото Паликура кај Неготино. Базиликата е подигната врз постара римска градба, а самата потекнува од доцниот В– раниот Ⅵ в. со подоцнежна фаза на развиток во средината на Ⅵ в.… Continue reading ПАЛИКУРА

ПАЛИКУЌА, Ибе шериф

ПАЛИКУЌА, Ибе шериф (Дебар, 1927 – с. шутово, Кичевско, 22. Ⅸ 1944) – народен херој од НОАВМ, Албанка. Се поврзала со НОД, станала член на СКОЈ (од 1942) и на МК на СКОЈ (од јуни 1943), член на КПЈ (јули 1943), секретар на МК на КПЈ, а потоа и член на Околискиот комитет на КПМ… Continue reading ПАЛИКУЌА, Ибе шериф

ПАЛФИ, Ладислав

ПАЛФИ, Ладислав (Суботица, 8. Ⅺ 1924) – пијанист и композитор. Пијано студира на Музичката академија во Загреб (Е. Ваулин и С. Станчиќ) икај М. Фелер. Иска-Ладислав Палфи жувајќи ја рано својата музичка надареност, П. јавно настапува уште од седумгодишна возраст. Во Скопје (1947) станува еден од најпознатите солисти, особено пијано-придружувач на македонски и странски уметници.… Continue reading ПАЛФИ, Ладислав

ПАЛЧИЊА

ПАЛЧИЊА (Троглодѕтидае) – фамилија ситни инсектојадни птици од подредот на птици-пејачки (Осцинес). Во Европа е присутен само еден вид, кој се среќава и кај Палче нас: палче, оревче или царче (Троглодѕтес троглодѕтес). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе… Continue reading ПАЛЧИЊА

ПАЉУРЦИ

ПАЉУРЦИ“ – земјена брана со придружни објекти, на реката Луда Мара, спротиводно од Богданци. Висока е 21,1 м, во круната долга 310 м, со вкупен волумен на телото 185.000 м 3 (земја), формира акумулација од 2,9 милиони м3. Завршена е во 1982 г., а служи за Земјената брана „Паљурци“ наводнување. Придружни објекти: челен преливник со… Continue reading ПАЉУРЦИ

ПАМУК

ПАМУК (Госсипиум сп. Л.) – зазема прво место во светот од влакнодавните култури. Влакно образува на семето. Од 100 кг суров памук се добиваат околу 32 кг влакно, еден кг линтер (кусо влакно) и 67 кг семе. Кусото влакно се користи за: медицинска вата, филтри, филмски ленти, полнење душеци, експлозивни средства. Од семето се добива… Continue reading ПАМУК

ПАНАРЕТ

ПАНАРЕТ (ⅩⅤⅠⅠ в.) – охридски архиепископ (1670/71). Се спомнува како архиепископ во решавањето на еден правен спор (втората половина на 1671), а потоа како поранешен архиепископ (1683 и 1864). Доброволно се повлекол од функцијата. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архиепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до нејното униќожение (1394-1767), Софиџ, 1931; ЈованContinue reading ПАНАРЕТ