ПЕШТЕРИЦА (Прилеп) – населба од раниот неолит и од римскиот период. Резултатите од истражувањата, керамиката и кремените и камените артефакти се датирани во најраните фази на младото камено време, а се поврзуваат со почетоците на неолитизацијата на Пелагонија. Од римскиот период се откриени остатоци од вилла рустица со цистерна и со архитектонска декоративна пластика. Ј.… Continue reading ПЕШТЕРИЦА
Tag: П
ПИЕРИЈА
ПИЕРИЈА (Пиериа) – античка об-ласт во Долна Македонија што го опфаќала тесниот приморски појас по должината на Термајскиот Залив, од утоката на р. Пенеј на југ, до устието на р. Халијакмон (Бистрица) на север, а на запад до планината Олимп и Пиериските Планини. Била населена со племето Пиери, а нејзин епоним е Пиер, синот на… Continue reading ПИЕРИЈА
ПИЈАВИЦА, РИБЈА
ПИЈАВИЦА, РИБЈА (Писцицола геометра Л.) – рилчеста пијавица. Поседува две пијавки, на предниот и задниот крај на телото. Паразитира на кожата и на жабрите кај рибите. Достигнува големина до 5 цм. Кај нас, најчесто, го Рибја пијавица напаѓа крапот; со својата рилка се закачува за него и пиејќи му ја крвта, го исцрпува. Распространета е… Continue reading ПИЈАВИЦА, РИБЈА
ПИЈАВИЦИ
ПИЈАВИЦИ (Хирудинеа) – прстенести црви со пијавки. Населуваат водни или сувоземни средини како грабливки или паразити. Во светот се познати околу 500 видови. Во Македонија се регистрирани 35 таксони (29 видови и 6 подвидови), од кои 11 се ендемични, ограничени главно на Охридското Езеро. Најпознати се: медицинската, рибјата и коњската пијавица. ЛИТ.: Јонце Сапкарев, Дие… Continue reading ПИЈАВИЦИ
ПИЈАДЕ, Моша
ПИЈАДЕ, Моша (Чика Јанко, Младен, шики) (Белград, 14. И 1890 – Париз, 15. Ⅲ 1957) – сликар, политичар, народен херој на Југославија, генерал на ЈНА, југословенски државник и редовен член на САНУ. Студирал сликарство во Минхен и Париз и како хонорарен професор по ликовно престојувал во Охрид (1913–1914). Како член на КПЈ (од 1920), со… Continue reading ПИЈАДЕ, Моша
ПИЛАНА
ПИЛАНА – производствен капацитет што се состои од склад за трупци, пиланска зграда со споредни простории и склад за бичена граѓа. Во пиланата се врши промена на формата и на димензиите на основната дрвна суровина (пилански трупци) по механички пат, со примена на техника на бичење (разделување, режење). Промената на формата и на димензиите на… Continue reading ПИЛАНА
ПИЛАТ, Алберт
ПИЛАТ, Алберт (Алберт Пилат) (2. Ⅺ, 1903 – 29. Ⅴ 1974) – чешки миколог, кој ги обработува видовите собирани од Македонија од страна на ботаничарот Војтех Линдтнер. Дел од тие видови се нови за науката. Познат е по голем број монографски дела и атласи. М. Кр. ПИЛИЧКОВА, Севим Хамдие
ПИНГ-ПОНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА
ПИНГ-ПОНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА. Отпрвин се појавува како забава (1932), а набргу се организираат и натпреварувања (1934). Бројот на екипите се зголемува, а активностите се одвивале и за време на окупацијата (1941–1944). Биле формирани секции (од 1945) и посебни клубови (од 1948). Бил основан и Пингпонгарски сојуз на Македонија (ПСМ, 1947). Првото Републичко првенство било одржано… Continue reading ПИНГ-ПОНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА
ПИНГОВ, Владимир
ПИНГОВ, Владимир (Велес, 1863 – Солун, 29. Ⅳ 1903) – гемиџија, еден од солунските атентатори. Изнајмил дуќан – берберница за камуфлажа на прокопувањето на подземниот тунел до Отоманската банка. Загинал во борба со османлиски војници при испланираниот обид да го кренат во воздух хотелот „Вардар“, заедно со гемиџијата Марко Бошнаков. ЛИТ.: Д-р Крсте Битоски, Солунските… Continue reading ПИНГОВ, Владимир
ПИНЏУР, Страхил
ПИНЏУР, Страхил (Страшо) (псевд. Јосиф; Камо) (Ваташа, 3. Ⅲ 1915 – Скопје, 4. И 1943) – правник, национален и комунистички деец, првоборец и народен херој. Како воен сирак, бил државен питомец во Крагуевац, каде што му пристапил на комунистичкото движење, а потоа студирал на Правниот факултет во Белград. Бил член на КПЈ (1934), на Акциониот… Continue reading ПИНЏУР, Страхил
ПИОНЕРСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
ПИПЕК, Олджих
ПИПЕК, Олджих (Прага, Чешка, 18. И 1929 – Скопје, 5. Ⅳ 1980) – диригент. Дипломирал на Прашкиот конзерваториум. Работел како диригент во повеќе оперски театри во Полска (Либерец, Катовице, Вроцлав) и во Чешка (Прага, Брно). Во Операта на МНТ работел од 1969 до 1980 г. и на нејзината сцена поставил и диригирал повеќе опери (Продадена… Continue reading ПИПЕК, Олджих
ПИПЕРКА
ПИПЕРКА (Цапсицум аннуум Л.) – во наши услови едногодишно растение. Многу стара култура, потекнува од Јужна Америка. Пиперката е една од водечките производи во светот и кај нас. Се одгледува заради плодовите што се консумираат во незрела или зрела состојба, свежи, преработени и конзервирани. Посебни сорти се одгледуваат за мелен црвен пипер како зачин во… Continue reading ПИПЕРКА
ПИПЕРКАТА, Јордан
ПИПЕРКАТА, Јордан – в. Силјанов–Пиперката Јордан.
ПИР
ПИР (Пѕррос) (317–272 пр.н.е.) – епирски владетел, македонски крал (288/7 пр.н.е.), со потекло од аристократскиот род на Ајакидите. Откако татко му бил симнат од престолот, Пир го поминал детството на дворот на илирскиот крал Глаукија, а потоа кај Антигон Монофтхалм и син му Деметриј Полиоркет. Едно време минал како заложник кај Птолемај И Сотер во… Continue reading ПИР
ПИРАЈХМЕ
ПИРАЈХМЕ (Пѕраихмес) (ⅩⅠⅠ в. пр.н.е.) – пајонски крал, учесник и водач во Тројанската војна. Како сојузник на Троја, ги предводел Пајонците со криви лакови и борци на коли, од градот Амидон, од долниот тек на р. Аксиј (Вардар). Бил убиен од Патрокло, а по неговата смрт водач на Пајонците под Троја станал Астеропај. ИЗВ.: Херодоти,… Continue reading ПИРАЈХМЕ
ПИРИН
ПИРИН – висока планина во Пиринскиот дел на Македонија, Република Бугарија. Се протега во правец северозапад–југоисток, меѓу долините на реките Струма и Места и котлините по нив, со должина до 70 км, а средна широчина од 30–35 км. Припаѓа на Родопската маса, која претставува најстаро копно на Балканскиот Полуостров. Тектонските движења со кои била зафатена… Continue reading ПИРИН
ПИРИНСКИ ГЛАС
„ПИРИНСКИ ГЛАС“ (Горна Џумаја, 29. ⅩⅠⅠ 1937 – 1. И 1941) – весник, информациски просветно-културен и стопански орган. Директор бил Петар Димитров, а го уредувале Кирил Дамјанов Коларов (главен уредник) и презвитерот Јаворски. Објавени се вкупно 96 броја. Бил распространуван во Горна Џумаја, Неврокоп, Петрич, Разлог и Св. Врач. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на… Continue reading ПИРИНСКИ ГЛАС
ПИРУЗЕ-МАЈСКИ, Петре
ПИРУЗЕ-МАЈСКИ, Петре (Охрид, 5. Ⅴ 1907 – Охрид, 12. И 1980) – македонски револуционерен деец, активист на студентското и комунистичкото движење на Правниот факултет во Белград, организатор, борец и командант во НОБ. Адвокатски приправник во Охрид, член (1941) и прв секретар на КП во градот, организатор на ослободителното движење во Дебарца. Командант на Ⅱ оперативна… Continue reading ПИРУЗЕ-МАЈСКИ, Петре
пис сангуисуга Л
пис сангуисуга Л.) – прстенест црв од класата пијавици. Поседува вилици со кои ја прегризува кожата на домаќинот. Главна храна му се црвите, полжавите и Коњска пијавица други ситни животни, но се храни и со крв од носната празнина и голтката од коњите и говедата, каде што се вовлекува кога тие доаѓаат на поило. ЛИТ.:… Continue reading пис сангуисуга Л
ПИСАРИ
ПИСАРИ – книжевни дејци од средновековјето, творци на многубројни богослужбени книги Планината Пирин што се пишувале во црквите и во манастирите со кои како мрежа била покриена целата територија на Македонија. Поради својата скромност, писарите најчесто не го забележувале своето име, но има и исклучоци, па можеме да ги наведеме имињата на граматик Георги, поп… Continue reading ПИСАРИ
ПИСМО
ПИСМО – средство за комуникаможел да запише свои забелешција преку условни писмени знаки. Со тоа започнал позасилен ци. Поради ограничените можпрогрес на школството и науката. ности на човечкиот ум да памети Книгите првин се ширеле преку долго с¢, луѓето барале средство преписи. Побогати трговци снабкако да зачуваат точни податоци дувале материјал за пишување за разни… Continue reading ПИСМО
ПИШТАРКИ
ПИШТАРКИ (Аподидае) – фамилија релативно мали птици од ре-дот на долгокрилни птици (Мацроцхирес), од кои во Македонија се регистрирани два вида: обична пиштарка (Апус апус) и голема пиштарка (Апус мелба). Пиштарка ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс… Continue reading ПИШТАРКИ
ПЈАНКА, Влоѓимјеж
ПЈАНКА, Влоѓимјеж (Њљодзимиерз Пианка) (Воломин крај Варшава, Полска, 8. Ⅷ 1937) – полски лингвист, славист, македонист, член на МАНУ надвор од работниот состав (1997), прв лектор по полски јазик на Универзитетот во Скопје. Автор на две важни ономастички монографии. БИБ.:Топономастика на охридско-преспанскиот базен, Скопје 1970 и Мацедовские имиона особоње котлинѕ Азот, Њарсзања 1975; Македонско- полски… Continue reading ПЈАНКА, Влоѓимјеж