ОХМУЧЕВИЌ, Стефан Хрељо Драговола

ОХМУЧЕВИЌ, Стефан Хрељо Драговола (ќесар Хрељо; во мо-наштвото Харитон; во народните песни Хрељо Крилатица, Хрељо од Пазар, Рељо шестокрили, Рељо од Будим, Крилест Бошњанин, крал шестокрили) (Босна, крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – Рилски манастир, 27. ⅩⅠⅠ 1342) – благородник, војсководец, протосеваст на српскиот крал Стефан Дечански (1321–1331) и на српскиот цар Стефан Душан (1331–1355), ќесар… Continue reading ОХМУЧЕВИЌ, Стефан Хрељо Драговола

ОХРИД

ОХРИД – град во југозападниот дел на РМ, со 42.033 ж. (2002). Се наоѓа на североисточниот брег на Охридското Езеро и на ридот Плаошник, на надморска височина помеѓу 696 и 797 м. Зафаќа површина од 1.230 ха. Има умереноконтинентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 11,2°С и просечна годишно количество на врнежите од… Continue reading ОХРИД

ОХРИД , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

ОХРИД“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Менсфилд, Охајо, САД, 6. Ⅷ 1926). Во тоа време колонијата броела околу 220 души, претежно Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Имале свое училиште, а во 1929 г. била формирана и Женската секција во Менсфилд. Сл. Н.-К.

ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА-ПАТРИЈАРШИЈА

ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА-ПАТРИЈАРШИЈА (Ⅹ в. – 1767 г.) – автокефална православ-Охрид, населба со традиционална архитектура на црква, создадена во времето на Диецезата на Охридската архиепископија во половината на Ⅺ век Самуиловото царство. Основањето на самостојната црква во Македонија, според едни истражувачи, се темели на традициите создадени на автокефалната архиепископија Јустинијана Прима (534). Таа традиција дошла до… Continue reading ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА-ПАТРИЈАРШИЈА

ОХРИДСКА ЕПАРХИЈА

ОХРИДСКА ЕПАРХИЈА (535 – 1767) – постоењето на оваа епархија се поврзува со Јустинијана Прима (535). Во Охридската архиепископија била до нејзиното укинување. Во 1767 г. Цариградската патријаршија ја укинала и епархијата ја приклучила кон Преспанската, за да спречи секаков обид за возобновување на Охридската архиепископија. Патријаршискиот митрополит ја имал титулата Преспанско-охридски, иако имал седиште… Continue reading ОХРИДСКА ЕПАРХИЈА

ОХРИДСКА ИЗЈАВА

ОХРИДСКА ИЗЈАВА (Охрид 22–23. Ⅶ 1991) – изјава од состанокот на Претседателството на СФРЈ со претседателите на републиките и највисоките функционери на Федерацијата, во која се изразува решеност за придонес кон мирот и демократијата, се бара безусловно повлекување на ЈНА во гарнизоните, а Претседателството се задолжува да формира државна комисија за утврдување на фактичката ситуација… Continue reading ОХРИДСКА ИЗЈАВА

ОХРИДСКА СИНАГОГА ВО ЦАРИГРАД

ОХРИДСКА СИНАГОГА ВО ЦАРИГРАД (ⅩⅤⅠ в.) – еврејски храм. Синагогата ја изградиле ЕвОхридска синагога во Цариград реите–романиоти доселени од Охрид во квартот Балат. Била една од најлуксузните синагоги во Цариград. Ентериерот бил декориран со инкрустрации од седеф, сликани претстави на Охрид и бе-ма во форма на брод, потврда за врските и носталгијата по родниот крај.… Continue reading ОХРИДСКА СИНАГОГА ВО ЦАРИГРАД

ОХРИДСКИ АПОСТОЛ

ОХРИДСКИ АПОСТОЛ – краток пракс-апостол од крајот на ⅩⅠⅠ в. Пронајден е од Виктор Григорович во охридската соборна црква. Има 112 пергаментни листови и е пишуван со уставно кирилско писмо врз основа на глаголска предлошка. На повеќе места во кирилскиот текст се среќаваат одделни зборови или цели редови пишувани со глаголско писмо. Судејќи според јазичните… Continue reading ОХРИДСКИ АПОСТОЛ

ОХРИДСКИ БРАНОВИ

ОХРИДСКИ БРАНОВИ“ – поранешен пливачко-веслачки клуб “Охрид“, основан во Охрид (1932). Сегашното име го носи по Ослободувањето (1945). Учествувал на првенствата на Македонија и на Југославија (од 1946). Била основана и ватерполо екипа (1947), повеќекратна првенка на Македонија. Пливачите на Клубот на првенствата на Македонија освоиле 48 први места со што го Амблемот на Охридски… Continue reading ОХРИДСКИ БРАНОВИ

ОХРИДСКИ КНИЖЕВЕН ЦЕНТАР

ОХРИДСКИ КНИЖЕВЕН ЦЕНТАР – жариште на слов. просвета. Кога просветителското дело на словенските апостоли во Моравија по смртта на св. Методиј (885) било забрането, се покажало дека најдобри услови за развој на словенската писменост има на Балканот, каде што таа и се зародила. Од извонредно значење за нејзиното спасување и продолжување имаат двајца од најспособните… Continue reading ОХРИДСКИ КНИЖЕВЕН ЦЕНТАР

ОХРИДСКИ МАРАТОН

ОХРИДСКИ МАРАТОН – пливачка спортска дисциплина. Првпат официјално е одржан од Горица до Охрид (2,5 км, 1954), во кој победил Нико Нестор, а на вториот победници биле Дики Бојаџи и Снежана Групчева (1958). Во организација на Пливачкиот сојуз на Југославија се одржани државни првенства (1959, 1963 и 1965) на кои победил Дики Бојаџи. Во ОхридContinue reading ОХРИДСКИ МАРАТОН

ОХРИДСКИ САНЏАК

ОХРИДСКИ САНЏАК (ⅩⅤ-ⅩⅠⅩ в.) – една од најстарите административно-територијални единици во Османлиската Империја на територијата на Македонија, формирана во ⅩⅤ в. со центар во Охрид. Санџакот опфаќал само мал дел од Западниот дел од Македонија и навлегувал длабоко на албанска територија. Од македонските кази во него влегувале: казата Охрид со нахиите Охрид, Преспа и Дебарца;… Continue reading ОХРИДСКИ САНЏАК

ОХРИДСКО ЕЗЕРО

ОХРИДСКО ЕЗЕРО – тектонско езеро во крајниот југозападен дел на РМ. Се наоѓа на границата меѓу границата на Македонија и Албанија, меѓу планините Петри-но, Галичица и Сува Гора на исток, Беличка и Мокра Планина на запад. Настанато е по тектонски пат, со спуштање на котлинското дно долж раседни структури, чии правци на протегање се север-југ.… Continue reading ОХРИДСКО ЕЗЕРО

ОХРИДСКО ЛЕТО

ОХРИДСКО ЛЕТО – музичкосценски фестивал, најзначајна манифестација од овој вид во РМ, од Министерството за култура рангирана како институција од национален интерес. Од Амблемот на Охидското лето 1994 г. член на Европската асоцијација на фестивали (Еуропеан фестивалс ассоциацион). Се одржува во периодот 12. Ⅶ – 20. Ⅷ, во Катедралната црква „Света Софија“ и на други… Continue reading ОХРИДСКО ЛЕТО

ОХРИДСКО-СТРУШКА КОТЛИНА

ОХРИДСКО-СТРУШКА КОТЛИНА – котлина во крајниот југозападен дел на РМ. Котлината со радијални тектонски движења е спуштена во плиоценот по должината на два паралелни меридијански раседи: Љубанишко-коселскиот расед од исток и Старовскострушкиот од запад. Рамката на котлината е претставена со млади верижни планини, составени главно од девонски шкрилци во подината и тријаски варовници во повлатата.… Continue reading ОХРИДСКО-СТРУШКА КОТЛИНА

ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И ЖИВИОТ СВЕТ ВО НЕГО

ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И ЖИВИОТ СВЕТ ВО НЕГО. Под влијание на антропогените фактори по Втората светска војна се евидентни неповолни влијанија на проѕирноста на водата и на сината боја. Преспанското Езеро веќе еволуира во мезотрофен правец и ги губи одликите на олиготрофен бистар екосистем, а неговото влијание е големо и на Охридското Езеро. По својата термичка… Continue reading ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И ЖИВИОТ СВЕТ ВО НЕГО

ОЧЕКУВАЊА

ОЧЕКУВАЊА (ЕКОНОМСКИ) – предвидување, антиципирање на идните економски настани. Тие имаат круцијално значење за економијата, бидејќи учесниците во економскиот живот, секогаш кога донесуваат значајни одлуки, со едно око гледаат кон иднината. На пр., доколку економските субјекти предвидуваат „лоши времиња“ (рецесија), се воздржуваат од инвестирање, го намалуваат производството и бројот на вработените, со што де фацто… Continue reading ОЧЕКУВАЊА

ОЏАКЛИЕВСКА, Маја

ОЏАКЛИЕВСКА, Маја (Скопје, 21. Ⅳ 1954) – интерпретаторка на популарна музика. Во 1970 г. го имала својот прв јавен настап на фестивалот Младина во Суботица („Оли, тоа не е фер“, Љ. Константинов). Потоа настапувала на сите поважни фестивали во тогашна Југославија (Белградска пролет, Скопски фестивал, Месам, Опатија, Сплит, Загреб и др.). Многу од песните во… Continue reading ОЏАКЛИЕВСКА, Маја

ОЏАКЛИЕВСКА, Славјанка Панчева

ОЏАКЛИЕВСКА, Славјанка Панчева (Скопје, 13. Ⅺ 1946) – спец. за болести на устата и забите, редовен професор на Ст. ф. во Скопје. Магистрирала во 1980 г., а докторирала во 1990 г. Публикувала 70 статии. Автор е на учебникот „Фармакологија во стоматологијата“. Е. М. Маја Оџаклиевска

ОШЛИС, Волф

ОШЛИС, Волф (Осцхлиес, Њолф) (Кенигсберг, СССР, 29. Ⅸ 1941) – германски славист-македонист. По завршувањето на славистичките студии на Универзитетот во Хамбург, докторирал (1966) и хабилитирал (1977) на Гисенскиот универзитет „Јустус Либиг“, за универзитетски професор е избран во 1993 г., а за почесен доктор на науките е промовиран на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во СкопјеContinue reading ОШЛИС, Волф