ОРЛАНДИЌ, Блажо (с. Сеоци, Барско, Црна Гора, 1914 – Млиниште, БиХ, почеток на 1943) – студент на Филозофскиот факултет во Скопје и комунистички деец, Црногорец. Како осмокласник станал член на КПЈ и се приклучил кон Скопската организација на КПЈ. Во својство на инструктор на ЦК на КПЈ, ја формирал првата Организација на КПЈ на Филозофскиот… Continue reading ОРЛАНДИЌ, Блажо
Tag: О
ОРЛИ
ОРЛИ (Пандионидае, Ацципитридае) – фамилии средно големи и големи дневни грабливи птици. Фамилијата орли рибари (Пандионидае) вклучува мал број видови специја-Белоглав орел – мршојадец (Гѕпс фулвус) лизирани за лов на риби, од кои во Европа и кај нас е присутен само еден вид орел рибар (Пандион халиаетус). Фамилијата на орлите, еји, луњи и јастреби (Ацципитридае)… Continue reading ОРЛИ
ОРО
ОРО – посебен вид игра, во фор-ма на синџир на меѓусебно поврзани играорци, што се движат по кружна, полукружна, спирална или змијовидна патека. Играорците се држат за рака, за појас, под рака или за рамо. Тоа е своевиден јавен собир, прилика и мес-то за играње. Ората имаат и свои имиња: „Велгошко оро“, „Машко оро“ или… Continue reading ОРО
ОРО ВО ОРО
ОРО ВО ОРО – концентрични ора, најчесто составени од различен пол на играорци, или, ако се од исти пол, со различен социјален статус. Ив. О. Т.
ОРОВОДНИ НАРОДНИ ПЕСНИ
ОРОВОДНИ НАРОДНИ ПЕСНИ – традиционални песни за играње на оро. Во подалечното минато тие биле единствените придружници на женските орски игри, кои биле лишени од инструментална придружба. Тоа траело сè до појавата на градската орскомузичка традиција, кога започнало играњето на ората во мешан состав со инструментална придружба и со паралелно заедничко пеење песни на мажите… Continue reading ОРОВОДНИ НАРОДНИ ПЕСНИ
ОРОВЧАНЕЦ, Вера
ОРОВЧАНЕЦ, Вера (псевд. Ленка) (Прилеп, 16. И 1917 – Скопје 24. Ⅹ 1989) – припадничка на работничкото и комунистичкото двиВера Оровчанец жење. Од 1940 г. била член на КПЈ и учесник во НОБ. Била секретар на Поверенството и на Окружниот комитет на КПМ во Битола. Член на Окружниот и Околискиот комитет на КПМ за Прилеп.… Continue reading ОРОВЧАНЕЦ, Вера
ОРОВЧАНЕЦ, Никола Алексов
ОРОВЧАНЕЦ, Никола Алексов (псевд. Сандански, Пантиќ) (Велес, 25. Ⅶ 1905 – Москва, 1938) – комунистички деец. Во 1923 г. бил примен во КПЈ, а во 1925 и во КП на СССР. Студирал на Комунистичкиот универзитет во Москва. Во 1934 г. како инструктор на КПЈ, работел на обновување и зацврстување на македонската партиска организација и го… Continue reading ОРОВЧАНЕЦ, Никола Алексов
ОРОГЕНИ ЕТАПИ ВО МАКЕДОНИЈА
ОРОГЕНИ ЕТАПИ ВО МАКЕДОНИЈА – орогените движења се тектонски придвижувања на големи елементи од Земјината кора, кои предизвикуваат набирање на карпестите маси, метаморфизам, магматизам и создавање на венечните планини. Овие движења постојат од почетокот на формирањето на Земјината кора и оставиле траги во сите етапи од развојот на Земјата. Терените на Македонија биле изложени на… Continue reading ОРОГЕНИ ЕТАПИ ВО МАКЕДОНИЈА
ОРТА ЏАМИЈА
ОРТА ЏАМИЈА (Струмица) – археолошки комплекс во центарот на Струмица, во подножјето на средновековната тврдина на градот Цареви Кули, споменик на културата, изградена во 1613/1614 г. Со ископувањата е откриена богата стратиграфија од Ⅱ в. пр.н.е., па с“ до ⅩⅤⅠⅠ в. н.е. Најдени се остатоци од средновековна црква живописана во Ⅺ-ⅩⅠⅠ в., како и некрополи… Continue reading ОРТА ЏАМИЈА
ОРТАКОВ, Бојан
ОРТАКОВ, Бојан (Скопје, 19. И 1963) – музиколог. Студиите ги завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на Тома Прошев. Престојува (1990) на специјалистички студии во Торино (кај Енрико Фубини). Докторира со темата „Акултурациските процеси во формирањето и развојот на македонската духовна музика во периодот Ⅸ–ⅩⅠⅩ век“, издадена под насловот „Арс Кукузелиана“.… Continue reading ОРТАКОВ, Бојан
ОРТАКОВ, Драгослав
ОРТАКОВ, Драгослав (Гевгелија, 22. Ⅳ 1928 – Скопје, 9. ⅩⅠⅠ 2007) – музиколог и композитор. Втемелувач на современата македонска музикологија. Образованието го стекнал во неколку европски центри (Загреб, кај музикологот Јосип Андреис; Белград, композиција кај Марко Тајчевиќ; Париз, усовршување во класите на Пјер Висмер и Жак шаје). Покренувач е и прв шеф на Одделот за… Continue reading ОРТАКОВ, Драгослав
ОРУШЕВ, Трајко Киров
ОРУШЕВ, Трајко Киров (Штип, 31. И 1924 – Охрид, 29. Ⅴ 1995) – интернист, редовен проф. на Мед. ф. (од 1985). Медицински студии завршил во Белград (1951), а специјализација по интерна медицина во Скопје (1957). Одбранил хабилитација (1971) и потоа докторска дисертација (1979) на Мед. ф. во Скопје. Основал Служба за медицина на трудот (1961)… Continue reading ОРУШЕВ, Трајко Киров
ОСИ, БОЦКАЛКИ
ОСИ, БОЦКАЛКИ (Апоцрита)– ципокрилни инсекти. Женките имаат легалка што служи за полагање јајца или е претворена во осило. Усниот апарат им е приспособен главно за цицање нектар. Означени се како паразитоиди, поради нивните ларви што се хранат со внатрешните органи на домаќинот во кој женката ги положила јајцата. Ларвите се црвовидни и без нозе. Подредот… Continue reading ОСИ, БОЦКАЛКИ
ОСИ, ВИСТИНСКИ
ОСИ, ВИСТИНСКИ (Веспидае)– ципокрилни инсекти (оси и стршни). Се хранат со цветен прав и нектар. Се одликуваат со црна и жолта боја на телото. Живеат одделно или во заедници. Најниска форма на заедничко живеење постои кај галската оса (Полистес галлицус Л.), која прави повеќеќелијни гнезда од дрвена маса во облик на шестоаголник. Сличен начин Обична… Continue reading ОСИ, ВИСТИНСКИ
ОСИ, ЗЛАТАРКИ
ОСИ, ЗЛАТАРКИ (Цхрѕсидидае)– ситни ципокрилни инсекти со сјајно обоено тело. Боите се прелеваат од метално-сина, зелена до пурпурно-зелена. Женките од овие осички полагаат јајца во гнезда на други ципокрилци, во кои нивните ларви паразитираат. Познат вид од оваа фамилија е огненозлатна-Златарка оса та осичка (Цхрѕсис игнита Л.), која на специфичен начин се грижи за своето… Continue reading ОСИ, ЗЛАТАРКИ
ОСИ, КОПАЧКИ
ОСИ, КОПАЧКИ (Спхаегидае)– ципокрилни инсекти кои копаат гнезда во песок или во земја, по што го добиле името. Женките ловат полски муви, скакулци, гасеници, штурци и други инсекти, ги парализираат и ги носат живи во Оса копачка гнездото како храна на потомството. Попознати видови се: Бембиџ рострата Л., кој секојдневно лови муви за своите личинки;… Continue reading ОСИ, КОПАЧКИ
ОСИ, ПОТАЈНИЧКИ
ОСИ, ПОТАЈНИЧКИ (Ицхнеумонидае)– ципокрилни инсекти, брзи и добри летачи. Женката има многу чувствителни пипала со кои открива гасеници од други инсекти (на пр., во стебла) и со долгата легалка, со хируршка точност полага јајца во нив; подоцна, изведените ларви се хранат и го уништуваат доПотајничка оса маќинот; се сметаат за корисни инсекти. Во четинарските шуми… Continue reading ОСИ, ПОТАЈНИЧКИ
ОСИ, РАСТИТЕЛНИ
ОСИ, РАСТИТЕЛНИ (Сѕмпхѕта) – најпримитивни ципокрилни инсекти. Во стадиум на ларва се хранат со листови и со други растителни органи и ткива, по што и го добиле името. Овој подред е добро истражен во Македонија. Тука спаѓаат: оси дрвенарки (Сирицидае), чии ларви живеат во стеблата на дрвјата, Растителна оса дупчат карактеристични ходници и им нанесуваат… Continue reading ОСИ, РАСТИТЕЛНИ
ОСИ, ШИШАРКИ
ОСИ, ШИШАРКИ (Цѕнипидае)– ситни ципокрилни инсекти. Полагаат јајца во млади растенија и предизвикуваат појава на „гали“ или „шишарки“, по што го добиле името. Околу 90% видови од оваа фамилија напаѓат различни видови дабови, а помал е бројот на оние што напаѓаат Оса шишарка други дрвја и растенија: јавор, дива ружа, див афион. Во Македонија познати… Continue reading ОСИ, ШИШАРКИ
ОСКОРУША
ОСКОРУША (СКОРУША) . (Сорбус доместица Л., фам. Росацеае) – листопадно дрво од Јужна Европа, Западна Азија и Северна Африка. Листовите сложени, непарно перести, со издолжени, ситно назабени ливчиња. Цветовите се бели, собрани во штитести соцветија. Плодот е мал (2-3 см), жолто-зелен, јаболчест или крушковиден, јадлив. Се среќава како Оскоруша примеса во термофилните дабови шуми. Ал.… Continue reading ОСКОРУША
ОСЛОБОДИТЕЛ
„ОСЛОБОДИТЕЛ“ (Положај, Егејскиот дел на Македонија, 29. Ⅱ – август 1949) – македонско издание на в. „Апелефтеротис“, орган на Главниот штаб на ДАГ за Пајак – Кајмакчалан. Бил умножуван на шапирограф, во мал формат на 6 страници. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 148. С. Мл.
ОСЛОБОДИТЕЛЕН КОМИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА
ОСЛОБОДИТЕЛЕН КОМИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА (1962– 1986) – в. Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ).
ОСЛОМЕЈ
ОСЛОМЕЈ – село во Кичевско. Се наоѓа во северниот дел на Кичевската Котлина, од десната страна на р. Темница, на надморска височина од околу 700 м. Со регионален пат е поврзано со Кичево. Тоа е населено со Македонци (40). Населението е вработено во рудникот за јаглен и во термоцентралата „Осломеј“, кои се во околината на… Continue reading ОСЛОМЕЈ
ОСЛОМЕЈ
„ОСЛОМЕЈ“ – ТЦ на лигнит, кај селото Осломеј, недалеку од Кичево. Во погон е од 1980 г. Има еден агрегат со номинална моќност 120 МЊ. Во периодот од 1992-2003 г. просечното годишно производство изнесувало 526,2 ГЊх, а најголемото од 793,7 ГЊх во 1998 г. Лигнитот е со просечна калорична вредност 7.600 кЈ/кг. Просечната потрошувачка на… Continue reading ОСЛОМЕЈ