„МУЗИКА“ – списание на Сојузот на композиторите на Македонија. Почна да излегува во 1997 г. Се издава на македонски и на англиски јазик. Обработува теми сврзани со минатото и со сегашноста на македонската музичка култура. Досега се објавени 18 броја, во кои се публикувани текстови за повеќе македонски автори од сите генерации, како и истражувачки… Continue reading МУЗИКА
Tag: М
МУЗИЧКА МЛАДИНА НА МАКЕДОНИЈА
МУЗИЧКА МЛАДИНА НА МАКЕДОНИЈА (МММ) – организација, која како основни принципи за дејствување ги има вградено статутарните одредби на Светската федерација на музичката младина (ФЈМ). МММ е формирана во Битола (1963) и оттогаш е член на ФЈМ (како дел од Музичката младина на поранешна Југославија), а од 1995 г. дејствува како самостојна организација, под името… Continue reading МУЗИЧКА МЛАДИНА НА МАКЕДОНИЈА
МУКАЕТОВ, Киро
МУКАЕТОВ, Киро (Кавадарци, 5. ⅩⅠⅠ 1923 – Скопје, 10. Ⅳ 2005) – новинар, припадник на првата повоена генерација. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1950). Учесник во НОБ од октомври 1942, апсен и интерниран. Од октомври 1944 г. го уредувал Билтенот на НОФ за Тиквешијата. Новинар во „Нова Македонија“ (1945/46), потоа цела деценија дописник на… Continue reading МУКАЕТОВ, Киро
МУЛА, Хусамедин
МУЛА, Хусамедин (Скопје, ? – ?, 1552) – османлиски поет. Бил професор на Исабеговата и на Исхакбеговата медреса во Скопје, а потоа и на познатата Хусревбегова медреса во Сараево. ЛИТ.: Херберт Дуда, Ускуб им 17. Јахрхундерт, Балканисцхе Студиен, Њиен, 1949. Др. Ѓ. Петар Муличкоски
МУЛИЧКОСКИ, Петар
МУЛИЧКОСКИ, Петар (Прилеп, 2. Ⅲ 1929) – архитект и урбанист. Редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Техничкиот факултет во Љубљана (1957). Бил на специјализација за регионално просторно планирање на Универзитетот во Беркли, САД. Целиот работен век го поминал како професор на Архитектонскиот факултет во Скопје (Катедра за урбанизам). Се занимава со урбанистичко… Continue reading МУЛИЧКОСКИ, Петар
МУМИН, Вели
МУМИН, Вели (Скопје, 1980) – боксер. Потекнува од сиромашно седумчлено семејство. Ја завршил гимназијата „Цветан Димов“ (Отсек аранжер за внатрешен дизајн) во Скопје, а сега е студент на Факултет за безбедност. Со бокс се занимава од својата 14-та година како член на Боксерскиот клуб „Скопје“. За неговата боксерска кариера се заслужни тренерите Руждија Калач и… Continue reading МУМИН, Вели
МУРАД И
МУРАД И (Бруса, 1326 – Косово Поле, 28. Ⅵ 1389) – трети османлиски султан. Владеел во дел од Македонија 7 години (1382 – 28. Ⅵ 1389). Во негово време биле освоени: Серез, Кавала, Драма, Зихне, Аврет Хисар (Кукуш), Бер, Мелник, Струмица, Воден, Охрид, Костур, Серфиџе, Прилеп, Битола, Штип, др. Загинал во битката со српскиот кнез… Continue reading МУРАД И
МУРАД, Ферид
МУРАД, Ферид (Ваитинг, САД, 14. Ⅸ 1936) – фармаколог, редовен проф. на Унив. Тексас, Хјустон, академик. Неговиот татко е роден во Гостиварско, Македонија. Дипломирал на ДеПауњ универзитетот во Индијана, група биологија и хемија (1958), а во 1965 г. дипломирал истовремено клиничка и институтска медицина (ПхД) на Њестерн Ресерве универзитетот во Кливленд (САД). Од 1965 до… Continue reading МУРАД, Ферид
МУРАТИ, Мурат ќемал
МУРАТИ, Мурат ќемал (Мурат Љемал Мурати) (с. Тухин, Кичевско, 12. Ⅵ 1955) – лингвист, албанолог. Основно и средно образование завршил во Кичево, а дипломирал на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Приштина, каде што и магистрирал и докторирал. Бил избран за надворешен соработник на Тетовскиот универзитет, како визитинг-професор по Дијалектологија и… Continue reading МУРАТИ, Мурат ќемал
МУРАТИ, Џеладин
МУРАТИ, Џеладин (с. Џепчиште, Тетовско, 15. Ⅱ 1942) – педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа во Скопје, педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1969), магистерски студии на Филозофскиот факултет во Белград (1978), а со докторат на педагошки науки се стекнал на Универзитетот во Приштина (1984). Работел како учител; бил директор на Заводот за унапредување на… Continue reading МУРАТИ, Џеладин
МУРАТОВСКА-НАУМОВСКА, Марија
МУРАТОВСКА-НАУМОВСКА, Марија (Скопје, 17.Ⅵ 1955) – соп-ран. Дипломирала пијано и солопеење и магистрирала во истата област на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Универзитетски професор, наставник по соло-пеење. Настапувала на концертниот подиум како певица со соло рецитали, во вокално-инструментални дела и на оперската сцена. Гостувала во САД, шведска, Германија, Италија. Ф. М. Глигор Муратовски
МУРАТОВСКИ, Глигор Серафимов
МУРАТОВСКИ, Глигор Серафимов (Галичник, 22. Ⅲ 1897 – Скопје, 17. Ⅶ 1976) – фтизиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, основоположник на Институтот за градни болести. Еден од првите наставници на новоформираниот Мед. ф. во Скопје (1947), борец против туберкулозата во Македонија. Бил декан на Мед. ф. во Скопје во 3 мандати и еден… Continue reading МУРАТОВСКИ, Глигор Серафимов
МУРАТОВСКИ, Кирил
МУРАТОВСКИ, Кирил (Галичник, 14. Ⅲ 1930 – Скопје, 21. Ⅶ 2005) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Скопје (1957). Како проектант работел во проектантското претпријатие „Проектант“ и во „Македонијапроект“ во Скопје. Освен станбени објекти, проектирал и реализирал и општествени, административни и деловни згради. Се занимавал и со публицистичка дејност. Позначајни реализирани… Continue reading МУРАТОВСКИ, Кирил
МУРАТОВСКИ, Фимчо
МУРАТОВСКИ, Фимчо (Скопје, 11. Ⅷ 1931) – диригент. Во 1958 г. дипломирал диригирање на Музичката академија во Загреб Фимчо Муратовски (проф. М. Хорват). Специјализирал во С.-Петербург. Од 1959 е ангажиран како диригент во Операта и Балетот на МНТ и на таа должност останува до 1971 г.. На двапати (1963/64 и 1967/68) по една година бил… Continue reading МУРАТОВСКИ, Фимчо
МУРГОСКИ, Зозе
МУРГОСКИ, Зозе (с. Модрич, Струшко, 3. Ⅹ 1950) – редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Основно (1964), средно (1969) образование (1969) и Филолошки факултет (1976) завршил во Скопје. Магистрирал на темата „Пасивне конструкције у енглеском и македонском језику“ на Филолошкиот факултет во Белград (1984), а докторирал на темата „Начини на искажување идност… Continue reading МУРГОСКИ, Зозе
МУРТЕЗАНИ, Изаим
МУРТЕЗАНИ, Изаим (с. Копаница, Скопско, 3. Ⅳ 1965) – филолог, научен соработник, истражувач на албанскиот фолклор во Македонија во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Основно образование завршил во родното место, а средно и Филолошки факултет (Група за албански јазик и книжевност) во Скопје (1988). На истиот факултет магистрирал на темата „Турцизмите во јазикот… Continue reading МУРТЕЗАНИ, Изаим
МУРЏЕВА-ШКАРИЌ, Олга Кирилова
МУРЏЕВА-ШКАРИЌ, Олга Кирилова (Кавадарци, 17. Ⅸ 1944) – психолог, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград (1967). Магистрирала на Универзитетот во Париз (1973), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1983). Работела како клинички психолог (1969–1972), а од 1973 г. е вработена на Филозофскиот факултет во Скопје. Основоположник е на Институтот за психологија (1974),… Continue reading МУРЏЕВА-ШКАРИЌ, Олга Кирилова
МУСА КЕСЕЏИЈА
МУСА КЕСЕЏИЈА (Муса Арбанаса) (Цариград, втората половина на ⅩⅣ в. – Цариград, 1413) – османлиски принц, епски јунак со извонредна сила и натприродни својства (со три срца). Бил син на султанот Бајазид. Во борбата на браќата за османлискиот престол (1409–1413) победил Мехмед, кој развил пропаганда против него, наречувајќи го кесеџија (разбојник), поради што станал погоден… Continue reading МУСА КЕСЕЏИЈА
МУСАЛЕВСКИ, Алексо
МУСАЛЕВСКИ, Алексо (Дра-гош, Битолско, 20. И 1920 – Скопје, 22. Ⅲ 1994) – агроном, првоборец, општественик. Завршува Реална гимназија во Битола како талентиран ученик со стипендија. Студиите ги започнува во Земун – Белград, но поради Втората светска војна ги прекинува. Се вклучува во НОБ и ја завршува како комесар на Одредот „Даме Груев“. Носител е… Continue reading МУСАЛЕВСКИ, Алексо
МУСЛИ, ќемал
МУСЛИ, ќемал (псевд. Хуриет) (Скопје, 3. Ⅲ 1921) – политички работник и општественик. Завршил гимназија и педагошки курс. Бил член на КПЈ (од првата половина на 1941), член на муслиманската партиска келија во Скопје (од почетокот на јуни 1941) и, заедно со ќемал Сејфула, одговорен за печатницата на ПК на КП во Македонија (20. Ⅵ… Continue reading МУСЛИ, ќемал
МУСЛИУ, Алберт
МУСЛИУ, Алберт (Гостивар, 13. Ⅺ 1965) – правник, експерт за човековите права. Извршен директор на АДИ во Гостивар и претседавач на Балканската мрежа за човекови права. Р. Неждет Мустафа
МУСТАФА-ПАШИНА ЏАМИЈА
МУСТАФА-ПАШИНА ЏАМИЈА (Скопје, Стара чаршија, 1492/1493) – верски објект, споменик на културата. Изградена под ктиторство на Мустафа-паша, османлиски санџакбег и везир. Покрај џамијата биле подигнати и имарет и карван-сарај, кои веќе не постојат. Во дворот на џамијата се наоѓа турбето на Мустафа-паша. Има квадратна основа, покриена со импозантна купола, со пречник од околу 16 м.… Continue reading МУСТАФА-ПАШИНА ЏАМИЈА
МУСТАФА, Неждет
МУСТАФА, Неждет (Скопје, 17. Ⅴ 1962) – новинар, политичар. Ги завршил студиите на Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Новинар во Ромската редакција на МРТ (1991–1994), градоначалник на Општината шуто Оризари (1996–2000), пратеник во Собранието на РМ (2002–2008) и министер без ресор во Владата на РМ (од 2008). Генерален секретар на ПЦЕР (1991–1994),… Continue reading МУСТАФА, Неждет
МУСТАФА, Решад Џафер
МУСТАФА, Решад Џафер (псевд. Чупчиќ) (Крива Паланка, 2. Ⅴ 1923 – Вршац, Војводина, 21. Ⅲ 1947) – првоборец на НОАВМ и воен пилот. Од економски причини со целото семејство се преселиле во Скопје (1930). Завршил основно училиште, вечерно работничко училиште и браварски занает. Бил активен член на Урсовите синдикати, член на СКОЈ (од 1939), кандидат… Continue reading МУСТАФА, Решад Џафер