МОНЕТОКОВЕЊЕТО ВО РИМСКАТА ПРОВИНЦИЈА МАКЕДОНИЈА. По поразот во битката кај Пидна во 168 г. пр.н.е. Македонија била претворена во римски протекторат. За да го разбијат военото и економското единство на Македонија Римјаните ја поделиле на четири области (мериди). Рудниците за злато и за сребро, од кои се добивал метал за ковење, биле затворени. Во 168–166… Continue reading МОНЕТОКОВЕЊЕТО ВО РИМСКАТА ПРОВИНЦИЈА МАКЕДОНИЈА
Tag: М
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ГРАДОВИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ГРАДОВИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА. Во доцноархајскиот, во класичниот и во хеленистичкиот период повеќе македонски градови ковеле пари во свое име. Кон крајот на Ⅵ и почетокот на V в. пр.н.е., неколку од градовите на полуостровот Халкидики, повеќето од нив основани порано од грчки колонисти, почнале монетарни активности. Сребрени пари биле ковени од градовите… Continue reading МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ГРАДОВИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ. Во периодот помеѓу Ⅴ и Ⅱ в. пр.н.е. кога се одвива монетоковењето на македонските кралеви, Александар И (498–454) е првиот македонски крал што кове пари со своето име, почнувајќи од 480/479 г. пр.н.е. Експанзионистичката политика на Александар И по завршувањето на Персиската доминација на Балканот, била причина за престанување на монетоковењето… Continue reading МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ. Монетоковањето на пајонските кралеви се одвивало во периодот од крајот на Ⅴ до крајот на Ⅲ в. пр. н.е. Според досегашните истражувања се смета дека прв почнал да кове свои пари пајонскиот владетел Теутаос (ок. 430/425 – ок. 400 г. пр.н.е.). Познати според мал број монети, откриени во пајонскиот регион или… Continue reading МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА. Просторот на Пајонците изобилувал со златоносни реки и богати рудници за сребро. Големото рудно богатство, а пред сè експлоатацијата на среброто (познатите Пангајски и Злетовско-кратовски рудници) создале благопријатни услови за појава на монетоковењето. Првите монетни продукции од пајонските племенски заедници биле направени веќе кон крајот на Ⅵ в. пр.н.е. од Дероните… Continue reading МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА
МОНОПОЛ
МОНОПОЛ – пазарна структура, во која едно единствено претпријатие (продавач) ја креира вкупната понуда во економскиот сектор и има силно влијание врз висината на цената на доброто или услугата. Моќта на монополот да влијае врз висината на цената е дотолку поголема доколку за доброто или услугата на монополот не постои соодветна супституција – производ или… Continue reading МОНОПОЛ
МОНТАЛЕ, Еуџенио
МОНТАЛЕ, Еуџенио (Еугенио Монтале) (Џенова, 12. Ⅹ 1896 – Милано, 12. Ⅸ 1981). Заедно со Унгарети, претставува најизразита фигура на италијанскиот херметизам. Интензивно се занимавал со новинарство. Пишувал книжевна и музичка критика. Доживотно бил сенатор на Италија. Медитеранот во неговите песни е издигнат до симбол на хуманистичката цивилизација. Добил Златен венец на СВП во 1973… Continue reading МОНТАЛЕ, Еуџенио
МОНУМЕНТАЛНА УМЕТНОСТ
МОНУМЕНТАЛНА УМЕТНОСТ – дел од ликовната уметност што се однесува за феномените на просторот и облиците во него, како архитектонско-ликовни целини. Во овој контекст се издвојуваат меморијалните комплекси во Крушево (Споменикот на Илинден и НОВ, 1974 на Ј. Грабул и И. Грабул), Велес (Споменкостурницата на паднатите партизани, 1979/80 проект на С. Суботин и Љ. Денковиќ,… Continue reading МОНУМЕНТАЛНА УМЕТНОСТ
МОНЧЕВ, Борис В
МОНЧЕВ, Борис В. (Прилеп, 15. Ⅷ 1881 – Софија, 4. Ⅹ 1942) – припадник на ТМОРО. Завршил гимназија во Солун (1902), а право во Женева, швајцарија (1911). Бил учител во Машката егзархиска гимназија во Солун (1903–1905), член на ЦК на ТМОРО, учесник на Рилскиот конгрес (1905). Учествувал во Првата светска војна на Одринскиот фронт.
МОРАВСКА КИРИЛОМЕТОДИЕВСКА КНИЖЕВНА ШКОЛА
МОРАВСКА КИРИЛОМЕТОДИЕВСКА КНИЖЕВНА ШКОЛА. претставува најстара фаза од развојот на словенската писменост. Подразбира литерарна дејност на Константин-Кирил и Методиј и нивните ученици во времето на Моравската мисија (863885), во текот на која се поставени темелите на словенската писмена култура. Моравската школа воведува оригинално словенско писмо – глаголица, составено од Константин-Кирил, и прв словенски писмен јазик… Continue reading МОРАВСКА КИРИЛОМЕТОДИЕВСКА КНИЖЕВНА ШКОЛА
МОРАВСКА МИСИЈА
МОРАВСКА МИСИЈА . византиска мисија условена од сложени дипломатски, политички и црковни интереси. Великоморавскиот кнез Растислав сакал да се ослободи од влијанието на германсколатинското свештенство и од агресивните аспирации на младата германска држава, па побарал учител и епископ од Византија. Византискиот император Михаил Ⅲ во моравската покана гледал шанса да го наметне византиското културно влијание… Continue reading МОРАВСКА МИСИЈА
МОРАНИ, Азем
МОРАНИ, Азем (Моране, Скопско, 1923 – Скопје, 1947) – учител, балистички водач што со својата група продолжил да дејствува и по 1944–45. Бил меѓу водечките личности на НДШО, а во јуни 1946 г. избран и за член на ЦК. Учествувал во формирањето на широка мрежа илегални комитети по градовите и селата и вооружени банди за… Continue reading МОРАНИ, Азем
МОРЕНА
МОРЕНА – словенска божица на смртта и темнината, сестра на богот на небото и атмосферските влијанија Перун и на богот на раѓањето и животот Дабог, во постојана придружба и вечен конфликт (според запис од с. Крушевица, Мариовско), со што се поврзувала и промената на годишните времиња – летото (победа на Дабог) и зимата (победа на… Continue reading МОРЕНА
МОРЕХОН, Нанси
МОРЕХОН, Нанси (Хавана, 6. Ⅸ 1942) – водечка кубанска писателка и врвна современа карипска поетеса на шпански јазик. Првата стихозбирка Мутимос ја објавила во 1962 г. Потоа објавила уште дванаесет поетски книги. Нејзината поезија, која е длабоко исповедна и еруптивна, е преведена на многу јазици. Добитник е на најпрестижни кубански и меѓународни награди за поезија.… Continue reading МОРЕХОН, Нанси
МОРИНА, ПЕРСИСКА
МОРИНА, ПЕРСИСКА .(Морина персица Л.) – степски вид познат за јужниот дел на Балканскиот Полуостров и за Мала Азија. На територијата на РМ се развива во Моркови
МОРКОВ
МОРКОВ .(Дауцус царота Л.) – двегодишно растение од фам. Апиацеае. Во првата година формира надебелен корен (консумативен дел) и лисна розета, а во втората генеративни органи. Се одгледува заради надебелениот корен. Како храна е многу ценет поради високата содржина на каротиноиди, пектински материи, Б-витамини и минерални материи. Се користи во разни јадења и во прехранбената… Continue reading МОРКОВ
МОРОДВИЗ
МОРОДВИЗ – средновековен град и епископија. Се лоцира во месноста Градиште, кај с. Мородвиз. Првпат се спомнува во 1018 г., кога градските клучеви му биле предадени на Василиј Ⅱ во Мосинопол. Во грамота на Василиј Ⅱ (1019) е засведочен како седиште на епископија, а на крајот од ⅩⅠⅠ в. и како провинција (заедно со Малешево).… Continue reading МОРОДВИЗ
МОРОДВИСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија
МОРОДВИСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија (Ⅺ– ⅩⅤⅠ в.) – ја опфаќала територијата од горниот и средниот тек на реката Брегалница. Се спомнува во хрисовулите на царот Василиј Ⅱ (1019). Со ова име постоела до 1347 г., кога била формирана ново Прилеп (1944). Работел на организирањето на ветеринарната служба во Прилеп, Битола и во Охрид. По… Continue reading МОРОДВИСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија
МОСКОВ, Димитар
МОСКОВ, Димитар (Прилеп, 29. Ⅲ 1912 – Прилеп, 24. ⅩⅠⅠ 1997) – доктор по ветеринарна медицина. Завршил Факултет за ветеринарна медицина во Загреб (1943). Ја основал Ветеринарната станица Епископската црква од средниот век во Мородвиз, Кочанско
МОСКОВСКИ ДОГОВОР СТАЛИН
МОСКОВСКИ ДОГОВОР СТАЛИН – ЧЕРЧИЛ ЗА БАЛКАНОТ (1944). Во првиот ден од посетата на британската владина делегација во Москва (9. Ⅹ 1944) во Кремљ бил постигнат договор за поделба на Балканот на сфери за влијание: во Романија СССР 90%, а Велика Британија и САД 10 %; во Грција Велика Британија и САД 90%, а Русија… Continue reading МОСКОВСКИ ДОГОВОР СТАЛИН
МОСТРОВ, Петар Илиев
МОСТРОВ, Петар Илиев (Охрид, 5. Ⅵ 1929 – Охрид, 14. Ⅳ 1996) – спец. ортопед. По завршувањето на Мед. ф. во Скопје (1958/59) почнува да работи во Болницата за костнозглобна ТБЦ во Охрид, чиј в.д. директор е од 1961 до 1967 г., кога и специјализирал ортопедија во Скопје и Белград. Бил директор на оваа институција… Continue reading МОСТРОВ, Петар Илиев
МОУРА, Васко Граса
МОУРА, Васко Граса (Васцо Граца Моура) (Порто, 3. И 1942) – португалски поет, раскажувач, драматург, есеист. Преведувач на дела од шекспир, Данте (Божествената комедија), Рилке, Лорка и др. Тој е поет ерудит, поет со интелектуален сензибилитет, голем модернизатор на поетскиот израз и јазик. Добитник на Златниот венец на СВП во 2004 г. БИБ.: Модус што… Continue reading МОУРА, Васко Граса
МОЧВАРНИ ПТИЦИ
МОЧВАРНИ ПТИЦИ (Сцолопацидае) – фамилија долгоноги водни птици, кои го прават гнездото на земја; главно миграторни видови, тесно поврзани со водните екосистеми. Во Македонија се регистрирани 10 рода: каменопревртувачки (Аренариа), пескарки или крајбрежни тркачи (Лимицола, Цалидрис), тринги или водни тркачи (Тринга, Пхиломацхус), шљуки (Нумениус, Лимоса, Сцолопаџ) и бекасини (Галлинаго, Крајбрежни тркачи (Лимицола) Лимноцрѕптес). ЛИТ.: Бирдс… Continue reading МОЧВАРНИ ПТИЦИ
МОШЕ, Елена
МОШЕ, Елена (Битола, 4. Ⅴ 1968) – актерка. Дипломирала на ФДУ во Скопје, на Отсекот за актерска игра (1993) и станала член на Народниот театар во Битола. Улоги: Томанија („Патувачки театар шопаловиќ“); Хајди во истоименото дело; Анџела („Мајстори на забуни“); Поца („Летни Силјане“); Ирина („Три сестри“); Милка („Чест“); Рашела („Спилион“); Соланж („Слугинки“); Камиј („Не шегувај… Continue reading МОШЕ, Елена