МИХАЈЛОВ, Панче

МИХАЈЛОВ, Панче (Скопје, 4. Ⅶ 1924 – Скопје, 29. Ⅺ 2003) – новинар и публицист. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Во новинарството од 1946 г. во „Млад борец“ и Радио Скопје. Главен уредник на неделникот „Спорт“. Во „Нова Македонија“ од 1951 сè до пензионирањето (1988): соработник, уредник на Скопската и Внатрешно-политичката рубрика, коментатор. Еден од… Continue reading МИХАЈЛОВ, Панче

МИХАЈЛОВ, Панчо

МИХАЈЛОВ, Панчо (Штип, 1888 – Софија, 14. Ⅵ 1925) – учител, војвода, новинар, поет, писател и фолклорист. Завршил Педагошка гимназија во Скопје (1909), потоа бил учител во Кочани, Виница, ќустендилско и Радомирско. Во 1922 г. минал во илеганост, формирал своја чета и подолго престојувал во источниот дел на Македонија. Сè до убиството дејствувал како кочански… Continue reading МИХАЈЛОВ, Панчо

МИХАЈЛОВ, Сергие

МИХАЈЛОВ, Сергие (Харков, 1885 – Штип, 19. Ⅸ 1975) – музички педагог и композитор. Музика учел во родниот град кај чешкиот композитор и пијанист Алојз Јиранек. Наскоро по Октомвриската револуција доаѓа во Македонија (1921), најпрвин во Кавадарци, а потоа во Гевгелија, каде што за три години развива плодна музичка дејност. Таму ја пишува операта-бајка „Ружанка“,… Continue reading МИХАЈЛОВ, Сергие

МИХАЈЛОВА-ДАМЧЕВСКА, Марина

МИХАЈЛОВА-ДАМЧЕВСКА, Марина (Ташкент, Узбекистан, 1963) – атлетичарка. Како атлетичарка на АК „Скопје“ деветпати била првенка на СФРЈ во седмобој, еднаш и на 100 м со пречки и првенка на РМ во повеќе атлетски дисциплини. Трипати го соборувала југословенскиот рекорд во седмобој (1986–1987) и с“ уште е актуелна рекордерка на РМ во петобој (сала), седмобој, во… Continue reading МИХАЈЛОВА-ДАМЧЕВСКА, Марина

МИХАЈЛОВА, Елена

МИХАЈЛОВА, Елена (Скопје, 15. ⅩⅠⅠ 1942 – 1997), инж. арх., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1994) по групата предмети организација, технологија и економика на градбата. Докторирала на тема „Кибернетски модел за управување со проекти од областа на архитектурата“, што е главен предмет и на нејзината научноистражувачка работа. Љ. Т.

МИХАЈЛОВИЌ, Јосиф

МИХАЈЛОВИЌ, Јосиф (с. Тресонче, 28. Ⅳ 1887 – Скопје, 11. Ⅲ 1941) – архитект и урбанист. Градоначалник на Скопје од 1929 г., со мал прекин до 1941 г. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничката висока школа во Бел-град (1910). Студиите по урбанизам ги продолжил во Англија и во САД, каде што работел како архитект 10… Continue reading МИХАЈЛОВИЌ, Јосиф

МИХАЈЛОВСКИ ГРУИЦА, Кирил

МИХАЈЛОВСКИ ГРУИЦА, Кирил (Виница, 1916 – Белград, 20. Ⅴ 1991), припадник на младинското и комунистичкото движење, учесник во НОВ, воен раководител, народен херој (1953). Член е на СКОЈ од 1938, а на КПЈ од 1941 г. Пред војната повеќепати бил затворан за политичка активност против државата. Тој е учесник во НОВ од 1941 г. Се… Continue reading МИХАЈЛОВСКИ ГРУИЦА, Кирил

МИХАЈЛОВСКИ, Бранко

МИХАЈЛОВСКИ, Бранко (Скопје, 2. И 1924 – Скопје, 27. Ⅳ 2000) – снимател, доајен на филмската камера во Македонија. Се образувал во Првата машка гимназија во родниот град, а потоа го совладува фотографскиот занает. По војната завршува Висока филм-ска школа во Белград. Од 1947 г. работи во продуцентската куќа „Вардар филм“. Има реализирано над 100… Continue reading МИХАЈЛОВСКИ, Бранко

МИХАЈЛОВСКИ, Горан

МИХАЈЛОВСКИ, Горан (Битола, 24. Ⅺ 1968) – дипломиран новинар на Интердисциплинарни студии по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот 19892000 г. во „Вечер“ ги минува сите скалила во професијата – од приправник до главен и одговорен уредник на весникот. Иницијатор и еден од основачите на в. „Вест“ (5 јули 2000).… Continue reading МИХАЈЛОВСКИ, Горан

МИХАЈЛОВСКИ, Драги

МИХАЈЛОВСКИ, Драги (Битола, 16. Ⅹ 1951) – раскажувач, романсиер, есеист, литературен научник, преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за англиски јазик и книжевност, професор по предметот теорија и практика на преведувањето. Член на Македонскиот ПЕН центар и на ДПМ (1992). БИБ.: „Речно улиште“… Continue reading МИХАЈЛОВСКИ, Драги

МИХАЈЛОВСКИ, Јовица

МИХАЈЛОВСКИ, Јовица (Битола, 12. Ⅵ 1955) – актер. Дипломирал на ФДУ во Скопје (1981), од кога е и член на Драмскиот теа-тар во Скопје. Улоги: Јаков Ⅱ („Дупло дно“); ИШТВАН („Косанчиќев венец“); Младичот („Крвави свадби“); Џемс („Долго патување во ноќта“); Марко („Кула Вавилонска“); Јоцо („Грев или шприцер“); Човекот со фрак („Чернодрински се враќа дома); Топуз-паша… Continue reading МИХАЈЛОВСКИ, Јовица

МИХАЈЛОВСКИ, Михо

МИХАЈЛОВСКИ, Михо (Кичево, 1915 – Скопје, 2003) – електромеханичар, народен херој од НОБ. До Априлската војна работел на Земунскиот аеродром, а потоа се вратил во родниот град и се вклучил во подготовките за оружено востание. Бил борец на Првата македонско-косовска НОУБ. Како предводник на група доброволци, извршил напад на касарната во Кичево (8. Ⅳ 1943).… Continue reading МИХАЈЛОВСКИ, Михо

МИХАЈЛОВСКИ, Стојмен

МИХАЈЛОВСКИ, Стојмен (с. Трново, Кривопаланачко, 22. ⅩⅠⅠ 1941) – правник и политиколог. Основно образование и гимназија завршил во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во истиот град (1965). Докторирал на Факултетот за политички науки во Сараево, на тема „Ефикасноста на политичкото одлучување“ (1979). Работел како научен истражувач и научен советник во Институтот за социолошки и политичко-правни… Continue reading МИХАЈЛОВСКИ, Стојмен

МИХАНОВИЌ, Антун

МИХАНОВИЌ, Антун (Антун Михановиц) (Загреб, Хрватска, 10. Ⅵ 1796 – Нови Двори, Хрватска, 14. Ⅺ 1861) – предвесник на хрватската национална преродба, познат колекционер на старите словенски ракописи. Во својство на австриски конзул престојува и во Солун (ок. 1840), од каде што ги посетува манастирите во Македонија и на Св. Гора и оформува збирка што… Continue reading МИХАНОВИЌ, Антун

МИЦЕВ, Димитар Леонидов

МИЦЕВ, Димитар Леонидов (с. Стојаково, Гевгелиско, 15. Ⅲ 1905 – Скопје, 7. Ⅲ 1989) – прв спец. по хигиена во Македонија. Медицински студии завршил во Белград и работел како лекар во Гевгелија до 1946 г., кога од Владата на Македонија бил испратен на специјализација по хигиена во Белград. Како главен републички санитарен инспектор (1947 –1957)… Continue reading МИЦЕВ, Димитар Леонидов

МИЦЕВСКИ, Благоја

МИЦЕВСКИ, Благоја (Прилеп, 8. Ⅲ 1931 – Скопје, 23. Ⅶ 2002) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1958). Како проектант, работел во проектантската организација „Македонијапроект“. Неговиот опус е богат и разновиден, работи во сите гранки на архитектонското проектирање. Забележително е учеството на анонимни и на поважни архитектонски конкурси, на кои… Continue reading МИЦЕВСКИ, Благоја

МИЦЕВСКИ, Бранко

МИЦЕВСКИ, Бранко (с. Св. Тодори, Битолско, 19. Ⅹ 1958) – основно и средно образование завршил во Битола. Во учебната 1977/78 г. се запишал на ПМФ во Скопје, Група биологија, на кој Бранко Мицевски дипломирал (1981). Во 1982 г. е примен како приправник на Зоолошкиот завод при ПМФ во Скопје. Магистерскиот труд го одбранил во 1985… Continue reading МИЦЕВСКИ, Бранко

МИЦЕВСКИ, Кирил

МИЦЕВСКИ, Кирил (Скопје, 29. Ⅳ 1926 – 6. Ⅱ 2002) – академик, редовен професор по систематика и филогенија на вишите растенија на ПМФ во Скопје. Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1958 г. Во 1974 г. е избран за дописен член на МАНУ, во 1979 г. за редовен член. Во 1995 г. е избран… Continue reading МИЦЕВСКИ, Кирил

МИЦКОВИЌ, Миодраг

МИЦКОВИЌ, Миодраг (Прилеп, 10. Ⅹ 1938) – новинар. школувањето го завршил во Институтот за новинарство во Белград (1974). Бил вработен во в. „Нова Македонија“ (1962–2003), како уредник на спортската рубрика (1973–2000), а потоа бил коментатор и главен уредник во дневниот спортски весникСкок“ (2000–2003). Известувал од три Летни олимписки игри (1972, 1976 и 1980), од… Continue reading МИЦКОВИЌ, Миодраг

МИЦКОВИЌ, Натка Борисова

МИЦКОВИЌ, Натка Борисова (Радовиш, 25. Ⅱ 1943) – педагог, универзитетски професор. Завршила учителска школа (1962), студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1969), магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1980), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1986). Била новинар во в. „Млад борец“ (1962–1973) и уредник во издавачката куќа за учебници „Просветно дело“… Continue reading МИЦКОВИЌ, Натка Борисова

МИЦКОВИЌ, Слободан

МИЦКОВИЌ, Слободан (Битола, 18. Ⅵ 1935 – Скопје, 21. Ⅴ 2002) – есеист, критичар, романсиер, преведувач, унив. професор. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како уредник за уметничка литература во издавачката куќа „Мисла“, како и во Македонскиот народен театар. Бил уредник на сп. „Разгледи“. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“… Continue reading МИЦКОВИЌ, Слободан

МИШАЈКОВ, Дијамандија

МИШАЈКОВ, Дијамандија (Дијамандије, Диаманд) Трпков (Трпковиќ) (Битола, 15. Ⅲ 1872 – Софија, 6. Ⅳ 1953) – член-основач на Македонскиот клуб со читалиште во Белград (1902) и уредник на неговиот орган в. „Балкан-ски гласник“, член-основач и прв привремен претседател на МНЛД во С.-Петербург (1902) и коавтор (со Ст. Ј. Дедов) на првата комплетна македонска националноослободителна програма… Continue reading МИШАЈКОВ, Дијамандија

МИШАЈКОВ, Константин

МИШАЈКОВ, Константин (с. Пателе, Лерин, 1807 – Софија, 16. Ⅸ 1880) – лекар. Медицина завршил во Пиза, Италија (1840), а специјализирал во Париз (1845). Во Битола бил лекар во турска општинска служба и на чело на преродбенската борба за отворање училишта на словенски јазик и писмо и словенска богослужба по црквите. Од 1860 до 1870… Continue reading МИШАЈКОВ, Константин

МИШЕВ, Стојан

МИШЕВ, Стојан (Штип, 22. Ⅲ 1882 – Штип, 30. ⅩⅠⅠ 1924) – припадник на ВМРО, на МФРО и на „Здружението против бугарските бандити“. Завршил Педагошко училиште во Скопје. Бил војвода во Штипско (1905 до 1908). По Првата светска војна бил близок соработник на Т. Александров, Штипски околиски војвода. Во 1922 ја напуштил ВМРО и стапил… Continue reading МИШЕВ, Стојан