МЕЛАМЕД, Меир (Скопје, ⅩⅤⅠ в.) – рабин и писател. Бил член на рабинскиот суд во Скопје. Ја напишал книгата на прашања и одговори „Мишпате цедек“. Неговиот татко шемтов бен Јаков Ме-ламед бил рабин во скопската синагога „Бет Аарон“. Од ова семејство потекнува прочуениот научник и лекар, Аврахам Меламед, што служел (1630) во синагогата „Бет Аарон“.… Continue reading МЕЛАМЕД, Меир
Tag: М
МЕЛАС, Павлос
МЕЛАС, Павлос (1870 – с. Статица, Ⅹ 1904) – офицер на Грчката војска, член на „Етники етерија“, активно работел на формирање и испраќање грчки вооружени чети за дејствување во Македонија. Назначен за главен шеф на грчките чети во регионот на Битола и Костур (1904). Бил убиен во судир со османлиските сили. ЛИТ.: Доуглас Дакин, Тхе… Continue reading МЕЛАС, Павлос
МЕЛЕАГАР
МЕЛЕАГАР (Ⅳ в.) – македонски благородник, хетајрос и војсководец на Александар Ⅲ. Учествувал во војните на Александар со Трибалите (335) и во походот на Исток (334–323). Им бил верен на кралот Александар и на династијата. По смртта на Александар, бил убиен од приврзаниците на Пердика. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период (336–275 г.пр.н.е.), Скопје,… Continue reading МЕЛЕАГАР
МЕЛЕТИЈ Ⅱ
МЕЛЕТИЈ Ⅱ – софиски митрополит и охридски архиепископ (24. Ⅹ 1676 – втората половина на 1677). На функцијата бил избран со особена благонаклоност на цариградскиот патријарх. Патувал за барање помош во Русија. Познат е како составувач на кодекс на Охридската архиепископија (1. Ⅴ 1677). Се откажал од функцијата од финансиски причини и под притисок на… Continue reading МЕЛЕТИЈ Ⅱ
МЕЛЕТИЈ И
МЕЛЕТИЈ И (ХВ¶¶ в.) – охридски архиепископ (1638–1653). Бил софиски митрополит (1628), од каде што бил сменет (1631). Охридски архиепископ станал на 26. Ⅸ 1638. Како поглавар на Охридската црква во изворите се спомнува во 1644 г., кога бил заменет од архиепископот Харитон. Барал помош од Русија и претендирал да стане вселенски патријарх и поглавар… Continue reading МЕЛЕТИЈ И
МЕЛИОРАЦИЈА НА ПОЧВАТА
МЕЛИОРАЦИЈА НА ПОЧВАТА – подобрување на својствата на почвата со примена на разни мелиоративни мерки, кои имаат подолготрајно, т.е. повеќегодишно дејство. Претставува позитивна антропогенизација на почвата. Во нашето земјоделство, во поголема или помала мера, се применуваат следните мелиоративни мерки: борба против ерозијата, теренски мелиорации, промена на механичкиот состав, хумизација, хидротехнички мелиорации, десалинизација, деалкализација, мелиоративно ѓубрење… Continue reading МЕЛИОРАЦИЈА НА ПОЧВАТА
МЕЛКОЛИЈАН, Леон Кирков
МЕЛКОЛИЈАН, Леон Кирков (с. Зибивче, Ристовац, Србија, 15. Ⅺ 1892 – Загреб, 1973) – спец. хирург, анатом, проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал на Мед. ф. во швајцарија. Спец. по општа и абдоминална хирургија, подрачје во кое и хабилитирал. Вонреден професор по предметот анатомија (1948–1956). ЛИТ.: Алманах на првата генерација студенти на Медицинскиот факултет… Continue reading МЕЛКОЛИЈАН, Леон Кирков
МЕЛНИК
МЕЛНИК – град во Пиринскиот дел на Македонија, Република Бугарија, со 286 ж. (1992). Се наоѓа во југозападните падини на Пирин Планина, од двете страни на Мелничка Река, на надморска височина од околу 400 м. Климата е променето средоземноморска. Името му доаѓа од зборот мел што значи бела глина. М. е стар град со многу… Continue reading МЕЛНИК
МЕМЕТИ, Евзи
МЕМЕТИ, Евзи (с. Липково, Кумановско, 10. Ⅵ 1936) – просветен работник. Завршил Учителска школа во Тетово. Како член на КПМ (од 1955), бил секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Куманово, член на Универзитетскиот комитет на СКМ во Скопје, претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ во Куманово и потпретседател на Републичкиот собор на Собранието на… Continue reading МЕМЕТИ, Евзи
МЕМИШОВ, Сабри
МЕМИШОВ, Сабри (Делчево, 1910) – политички деец. Бил учесник во НОБ и резервен поручник на ЈНА. По Ослободувањето завршил Средна партиска школа во Скопје и бил народен пратеник во Републичкиот собор на Народното собрание на НРМ (1957). С. Мл. Градскиот женски хор од Тетово „Менада“
МЕНАДА , ГРАДСКИ ЖЕНСКИ МЛАДИНСКИ ХОР, ТЕТОВО
„МЕНАДА“, ГРАДСКИ ЖЕНСКИ МЛАДИНСКИ ХОР, ТЕТОВО – основан во 1981 г., на £ело со диригентот Ивица Зориќ. Богатиот репертоар и високото ниво на интерпретација на Хорот му овозможија учество на повеќе фестивали и натпревари во земјата и во странство. Потврда за високото реноме на овој хор се наградите и признанијата добиени во текот на 1995-2001… Continue reading МЕНАДА , ГРАДСКИ ЖЕНСКИ МЛАДИНСКИ ХОР, ТЕТОВО
МЕНАЏМЕНТ
МЕНАЏМЕНТ – универзален процес на ефективно и ефикасно извршување на работата со помош на други луѓе и ангажирање на ресурсите за остварување на однапред дефинираните цели на претпријатието. Првиот елемент се однесува на менаџментот како универзален процес. Менаџментот е универзална активност, бидејќи се однесува за сите видови претпријатија, за сите функции и на сите нивоа… Continue reading МЕНАЏМЕНТ
МЕНАЏМЕНТ НА ВКУПНИОТ КВАЛИТЕТ
МЕНАЏМЕНТ НА ВКУПНИОТ КВАЛИТЕТ (ТОТАЛ ЉУАЛИТЅ МАНАГЕМЕНТ) – менаџмент-филозофија на континуирано подобрување на квалитетот воден од менаџментот, со цел да се задоволат потребите на потрошувачите. Реакциите на потрошувачите се најдоброто мерило и претставуваат индикатор за квалитетот на производот или услугата. Доколку се подобри квалитетот, се очекува трошоците да опаднат, со што поефективно ќе се задоволат… Continue reading МЕНАЏМЕНТ НА ВКУПНИОТ КВАЛИТЕТ
МЕНЕЛАЈ
МЕНЕЛАЈ – незаконски син на Александар И, покрај неговите четири законски сина (Алкета, Филип, Пердика Ⅱ и Аминта). Тој е татко на Аминта Ⅱ „Малиот“, еден од претендентите за македонскиот престол во времето на воената анархија (394/3 г. пр.н.е.). ЛИТ.: В. Лилчиќ и Н. шелдаров, Кралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија,… Continue reading МЕНЕЛАЈ
МЕНЕЛАЈ ПЕЛАГОНЕЦОТ
МЕНЕЛАЈ ПЕЛАГОНЕЦОТ (првата половина и средината на Ⅳ век пред н.е.) – линкестидски великодостојник, можеби син на линкестидскиот басилевс Арабај Ⅲ. Во изворите нема потврда дека бил владетел на Линкестида. Во периодот кога атинските стратези дејствувале против македонскиот крал Пердика Ⅲ, тој ја помагал Атина во Амфипол (ок. 350 пр.н.е.). Подоцна станал граѓанин на Атина… Continue reading МЕНЕЛАЈ ПЕЛАГОНЕЦОТ
МЕНКОВ, Боро Илиев
МЕНКОВ, Боро Илиев (Куманово, 6. Ⅴ 1919 – кај с. Белановце, Кумановско, 14. Ⅹ 1941) – бербер, комунистички деец и народен херој од НОБ. Бил истакнат синдикалист и раководител на штрајкот на берберските работници во Куманово (1936). Потоа заминал на работа во Крагуевац (Србија, 1936-1938). Се лекувал во санаториумот во Касин Дол (јануари–февруари 1940), а… Continue reading МЕНКОВ, Боро Илиев
МЕРВИН, Вилијам С
МЕРВИН, Вилијам С. (Њујорк, 7. Ⅱ 1927) – американски поет и преведувач на поезија (од француски, шпански, португалски и италијански). Првата стихозбирка под наслов Маска за Јанус ја објавил во 1952 г. Потоа следуваат стихозбирките Мечки што играат (1954), Пијан во печка (1960), Вошки (1967), Носач на скали (1970, Пулицерова награда која ја одбил), Компас-цвет… Continue reading МЕРВИН, Вилијам С
МЕРИНГИЈА, МАЛУЦВЕТНА
МЕРИНГИЈА, МАЛУЦВЕТНА . (Моехрингиа минутифлора Борнм.) – ендемит во флората на РМ од фамилијата Царѕопхѕлацеае (каранфили). Познат за околината на Прилеп–Маркови Кули, Трескавец, Селечка Планина, Мариово и Јакупица. Вл. М.
МЕРКИ И СРЕДСТВА ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ШТЕТНИ ШУМСКИ ИНСЕКТИ
МЕРКИ И СРЕДСТВА ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ШТЕТНИ ШУМСКИ ИНСЕКТИ – од аспект на заштитата на шумите се делат на превентивни и репресивни. Со превентивните се спречува појавата или ширењето на штетните инсекти, а со репресивните се сузбиваат кога тие се веќе присутни и се во состојба да се прошират и да предизвикаат поголеми штети во… Continue reading МЕРКИ И СРЕДСТВА ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ШТЕТНИ ШУМСКИ ИНСЕКТИ
МЕСЕСНЕЛ, Франце
МЕСЕСНЕЛ, Франце (Цервигнано, Словенија, 25. Ⅺ 1894 – Турјак, 4. Ⅴ 1945) – словенечки историчар на уметноста, ликовен критичар и унив. професор. Гимназија завршил во Љубљана, потоа студирал историја на уметноста во Виена и во Загреб и докторирал на Карловиот универзитет во Прага. Како кустос на Археолошкиот музеј во Скопје (од 1928), бил избран за… Continue reading МЕСЕСНЕЛ, Франце
МЕСМЕР, Тома
МЕСМЕР, Тома (Тхомас Мосс-мер) (1717–1777) – австриски графичар, сопственик на типографија во Виена. Соработувал со Христофор Жефарович во изведбата на повеќе дела меѓу кои и изданието на Стематографијата (1741), графиките на св. Наум Охридски (1743), Богородица Спилиотиса (1749), Богородица Олимпиотиса (1752), манастирот Хиландар (1755) и др. ЛИТ.: Д. Давидов, Српска Графика ⅩⅤⅠⅠⅠ века, Нови Сад,… Continue reading МЕСМЕР, Тома
МЕСТА
МЕСТА – река што се формира од водите на Црна и Бела Места. Црна Места извира под врвот Коларов од јужната страна на планината Рила, а Бела Места истекува од езерото Грнчаров (2.240 м). Се влева во Егејското Море источно од градот Кавала. Изворниот дел се наоѓа во Бугарија, а другиот дел тече низ Пиринскиот… Continue reading МЕСТА
МЕТАЛЕЦ , АД
„МЕТАЛЕЦ“, АД – Прилеп – претпријатие формирано во 1970 како работилница за браварсколимарски работи. Со проширување и развој се преориентира за проектирање, производство и монтажа на метални конструкции. Фирмата се занимава и со лимаро-покривачки работи, браварски работи, изработка и монтажа на мостови и силоси, приклучна земјоделска механизација, ремонтни активности на термоцентрали и рудници. Од 2003… Continue reading МЕТАЛЕЦ , АД
МЕТАЛУРГИЈА ВО РМ
МЕТАЛУРГИЈА ВО РМ – подрачје на науката и техниката што се занимава со добивање и со преработка на метали, легури и сл. Металургијата како дејност е присутна на територијата на Македонија уште пред нашата ера. Така, во рудникот Алшар, Мариово, уште во римско време се експлоатирале арсен, антимон и хром. Во средниот век се населувани… Continue reading МЕТАЛУРГИЈА ВО РМ