МАРИЈА (Охрид, Џ–Ⅺ в.) – Македонка од Самуиловиот двор, една од сопругите на рускиот владетел св. Владимир, мајка на светите браќа Борис и Глеб. Св. Владимир е покрстителот на Русија, а со Марија се прародители на христијанството во Русија. Нивните синови се првите руски светии. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Портрети и процеси од македонската литература и… Continue reading МАРИЈА
Tag: М
МАРИЈА ( Ⅴ–Ⅺ в )
МАРИЈА ( Ⅴ–Ⅺ в.) – македонска царица, жена на Јован Владислав. Во бракот имала шест сина и шест ќерки. По смртта на Јован Владислав (1018) со тројцата синови и шесте ќерки во Охрид му се предала на Василиј Ⅱ, кој ја почестил со титулата зоста (дворска дама) и ја испратил со децата во Цариград. ЛИТ.:… Continue reading МАРИЈА ( Ⅴ–Ⅺ в )
МАРИЈА (Ⅺ в )
МАРИЈА (Ⅺ в.) – внука на царот Јован Владислав, ќерка на неговиот син Трајан. Поседувала надворешна и внатрешна убавина, мудрост и благороден карактер (Вриениј). Во бракот со Андроник Дука имала две ќерки, постарата Ирина станала византиска царица, жена на императорот Алексиј И Комнин. ЛИТ.: Б. Леиб, Анне Цомнèне Алеџиаде, И, Парис, 1937; Анна Комнина, Алексиада,… Continue reading МАРИЈА (Ⅺ в )
МАРИЈА Маргарита
МАРИЈА Маргарита . (1175–1223) – унгарска принцеза, византиска царица, жена на Бонифациј Монфератски, господарот на Солун. По смртта на првиот маж (Исак Ⅱ Ангел), се омажила за маркизот Бонифациј од Монферат (1204). Со него го родила синот Димитриј, идниот солунски крал. Кога ситуацијата во Солун се влошила, се вратила во Унгарија (1223). ЛИТ.: Ј. Лонгнон,… Continue reading МАРИЈА Маргарита
МАРИНА, Панта
МАРИНА, Панта (Митровица, 1910 – Скопје, 1993) – правник, универзитетски професор и судија. Основно училиште завршил во родното место, а гимназија во Скопје (1929). Дипломирал на Правниот факултет во Белград (1934), каде докторската теза „Редовните правни лекови во кривичната постапка во ФНРЈ“ (1958). Избран за предавач по предметот кривична постапка на Правно-економскиот факултет во Скопје… Continue reading МАРИНА, Панта
МАРИНОВСКИ, Димитри
МАРИНОВСКИ, Димитри (Охрид, 14. Ⅸ 1928) – оперски певец, баритон, првенец на Операта на МНТ. Пеење учел кај повеќе вокални педагози, меѓу кои проф. М. Симиќ-Матиевиќ (Белград) и проф. М. Борчиќ (Загреб). Во Операта на МНТ е во постојан работен однос од 1952 до 1983 г., но и понатаму, до 1994, учествува во реализацијата на… Continue reading МАРИНОВСКИ, Димитри
МАРИОВО
МАРИОВО – област во јужниот дел на РМ. Го зафаќа средното сливно подрачје на Црна Река. Претставува една природна целина, заградена со високи и средновисоки планини како: Ниџе и Кожув од југ, Селечка Планина од запад, Дрен Планина од север и Козјак со некои разграноци на М. Малахова: Мариовска женска народна носија (1953) Кожув од… Continue reading МАРИОВО
МАРИОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
МАРИОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД .(крајот на јуни – почетокот на октомври 1944) – територијален партизански одред на НОВ и ПОМ при Командата на место за Мариово. Негова основна задача била заштитата на слободната територија во Мариовско, мобилизација и прифат на новите борци на НОВ и ПОМ и сл. По расформирањето, боречкиот состав бил прераспределен во… Continue reading МАРИОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
МАРИОВСКО-ПРИЛЕПСКА БУНА
МАРИОВСКО-ПРИЛЕПСКА БУНА (1564–1565) – буна против власта на османлиската држава во Македонија. Почнала како локална буна во Мариово (во летото 1564) и се проширила во градот Прилеп. Тамошните власти не успеале да ја задушат и во септември примила карактер на востаничко движење. Интервенирала централната власт. Со султанска заповед (3. Ⅹ 1564) бил задолжен скопскиот бег… Continue reading МАРИОВСКО-ПРИЛЕПСКА БУНА
МАРИЧКА БИТКА
МАРИЧКА БИТКА (26. Ⅸ 1371) – пресудна турско-македонска битка на р. Марица. По освојувањето на Галиполе (1354) Османлиите започнуваат да ги напаѓаат териториите на деспотот Углеша и ги загрозуваат териториите на Византија и Бугарија. Браќата Мрњавчевци воено им се спротивставуваат, подготвуваат војска од 20.000 луѓе и ја ограбуваат и ја опожаруваат Тракија и потоа се… Continue reading МАРИЧКА БИТКА
МАРЈАНОВИЌ, Ѓорѓи
МАРЈАНОВИЌ, Ѓорѓи (с. Стара Моравица, Србија, 6. Ⅴ 1939) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршил во Куманово и во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1962). Магистрирал на Правниот факултет во Загреб (1968), а докторирал на Правниот факултет во Скопје на тема „Правната положба на осуденикот по издржаната казна“ (1973). Избран… Continue reading МАРЈАНОВИЌ, Ѓорѓи
МАРКИЛОВ, Сократ
МАРКИЛОВ, Сократ (с. Бутково, Демир Хисар, Егејскиот дел на Македонија, 12. Ⅳ 1921 – Струмица, 4. Ⅷ 1993) – македонски национален деец во Бугарија по Втората светска војна. Во војната дезертирал од бугарската армија и стапил во антифашистичкото движење. Поради својата македонска национална определба бил прогонуван од бугарските државни органи (по 1956). Основал тајна Независна… Continue reading МАРКИЛОВ, Сократ
МАРКИЌ, Зденко Ловров
МАРКИЌ, Зденко Ловров (Загреб, 4. Ⅷ 1942) – ветеринар, редовен проф. на Ф. вет. мед. во Скопје. Докторирал на Вет. ф. во Загреб. Има објавено 35 научни и стручни трудови. Во СФРЈ прв ја изолирал бактеријата Ѕерсиниа ентероцолитица кај свињите. Автор е и коавтор на 3 книги од областа на здравствената заштита кај свињите. М.… Continue reading МАРКИЌ, Зденко Ловров
МАРКО
МАРКО – крал во Македонија (1371–1395), син на Волкашин, ктитор на фрескоживописот во манастирските цркви „Св. Архангели“ во Варош (Прилеп) и „Св. Димитрија“ (Марков манастир) во с. Сушица (Скопско). Портретите на кралот Марко се насликани во 1371 г. на западната фасада на црквата „Св. Архангели“, а во 1376–1377 г. (на двапати) во црквата „Св. Димитрија“.… Continue reading МАРКО
МАРКО
МАРКО (Ⅸ – Ⅹ в.) – деволски епископ (прва пол. на Ⅹ в.). Бил ученик на св. Климент, потоа и на св. Наум. Ја продолжил нивната работа во организирањето на Охридската книжевна школа. По негова наредба еден анонимен ученик на св. Наум го создал „Првото Наумово словенско житие“, во кое житиеписецот го нарекол епископот Марко… Continue reading МАРКО
МАРКО
МАРКО КРАЛЕ (познат во народното творештво како: Крале Марко, Крали Марко, Марко Кралевити, Кралевиќ Марко, а во историските извори како: „младиот крал Марко“, „благоверен Крал Марко“) (Прилеп, ок. 1346 – Ровине, кај Крајова, Влашко, 17. Ⅴ 1395) – последниот крал на Македонија (1371–1395), најстариот син-наследник на кралот Волкашин. Како 16-годишен во 1361 г. бил пратен… Continue reading МАРКО
МАРКО
МАРКО ЛЕРИНСКИ –в. Иванов Георги.
МАРКО – крал во Македонија
МАРКО – крал во Македонија (1371–1395), син на Волкашин, ктитор на фрескоживописот во манастирските цркви „Св. Архангели“ во Варош (Прилеп) и „Св. Димитрија“ (Марков манастир) во с. Сушица (Скопско). Портретите на кралот Марко се насликани во 1371 г. на западната фасада на црквата „Св. Архангели“, а во 1376–1377 г. (на двапати) во црквата „Св. Димитрија“.… Continue reading МАРКО – крал во Македонија
МАРКО КРАЛЕ
МАРКО КРАЛЕ (познат во народното творештво како: Крале Марко, Крали Марко, Марко Кралевити, Кралевиќ Марко, а во историските извори како: „младиот крал Марко“, „благоверен Крал Марко“) (Прилеп, ок. 1346 – Ровине, кај Крајова, Влашко, 17. Ⅴ 1395) – последниот крал на Македонија (1371–1395), најстариот син-наследник на кралот Волкашин. Како 16-годишен во 1361 г. бил пратен… Continue reading МАРКО КРАЛЕ
МАРКО ЛЕРИНСКИ
МАРКО ЛЕРИНСКИ –в. Иванов Георги.
МАРКОВ МАНАСТИР
МАРКОВ МАНАСТИР – в. „Св. Димитрија“
МАРКОВ, Борис
МАРКОВ, Борис (с. Отуње, Тетовско, 1923) – славист, унив. професор на Филозофскиот/Филолошкиот факултет во Скопје по граматика и историја на рускиот јазик. Долгогодишен шеф на Катедрата за славистика и декан на Борис Марков Филолошкиот факултет (1983– 1985). Во 1960 г. ја одбранил докторската дисертација „Продуктивни именски наставки во македонскиот јазик“. Автор е на околу 200… Continue reading МАРКОВ, Борис
МАРКОВ, Веле
МАРКОВ, Веле (Велко) (с. Селце, Крушевско, 12. Ⅱ 1870 – с. Ракитница, Крушевско, 23. Ⅳ 1902) – револуционер, социјалист, крушевски војвода. Отишол на печалба во Бугарија (1892). Во Софија се зближил со Васил Главинов и ја основале Македонската социјалистичка група (1895). По враќањето во Македонија бил еден од основачите на социјалдемократскиот кружок во Крушево (1900)… Continue reading МАРКОВ, Веле
МАРКОВА РЕКА
МАРКОВА РЕКА – десна притока на р. Вардар. Изворот $ се наоѓа под врвот Убава на планината Караџица, на височина од 1400 м, додека во р. Вардар се влива во Скопската Котлина, помеѓу селата Горно и Долно Лисиче, на височина од 231 м. Долга е 29 км, има вкупен пад од 1.169 м и просечен… Continue reading МАРКОВА РЕКА