МАНИФЕСТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ

МАНИФЕСТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ (1943). По капитулацијата на Италија (почеток на Ⅸ 1943) се создала нова ситуација и се наметнала потреба за обнародување на крајната цел на оружената борба на НОД во Вардарскиот дел од Македонија. За донесување таков политички документ од историМанифестот на ГШ на НОВ и ПОМ (1943) ско… Continue reading МАНИФЕСТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ

МАНО ЗИСИ, Ѓорѓе

МАНО ЗИСИ, Ѓорѓе – историчар на уметноста, археолог и музеолог. Повеќе години вршел ископувања и истражувал во Стоби. Во доменот на историјата на уметноста, познати се неговите теренски белешки од Охрид со утврдени податоци за малите цркви, како и неговиот осврт за „Св. Софија“ во Охрид. БИБ.: Света Софија у Охриду, „Старинар“, Ⅵ, Београд, 1931,… Continue reading МАНО ЗИСИ, Ѓорѓе

МАНОВ, Дионис

МАНОВ, Дионис (Валандово, 29. Ⅶ 1934) – редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Студирал на Електротехничкиот факултет во Загреб, дипломирал во 1958 г. По дипломирањето се вработил во фабриката за електрични производи „Југ“ во Скопје. Во 1964 г. се вработил во Рудници и железарница „Скопје“. Од 1961 до 1967 г. бил вработен како асистент… Continue reading МАНОВ, Дионис

МАНОЈЛОВ, Панде

МАНОЈЛОВ, Панде (Породин, Битолско, 2.05.1948) – поет, раскажувач, критичар. Завршил Правен факултет во Скопје. Работи во Редакцијата на „Битолски весник“. БИБ.: Црвен немир во црвено пламти, поезија, Битола, 1971; Соѕвездие на болот, поезија, Битола,1977; Огнена земја, поезија, Битола, 1983; Блажевина, поезија, Битола, 1988; Обид да се влезе во нулата, раскази, Ск., 1996; Лет во сонот… Continue reading МАНОЈЛОВ, Панде

МАНОЛЕВ, Иван М

МАНОЛЕВ, Иван М. (Кукуш, 6. ⅩⅠⅠ 1871 – Софија, 9. И 1930) – учител, член на ТМОРО. Ја завршил Солунската егзархиска гимназија (1891) и словенска филологија во Софија (1896). Бил учител во Гевгелија (1898–1899) и член на ОК на ТМОРО во истиот град. Од 1901 г. бил во четата на Гоце Делчев при неговата позната… Continue reading МАНОЛЕВ, Иван М

МАНОЛЕВ, Миле Илиев

МАНОЛЕВ, Миле Илиев (Стру-мица, 9. Ⅹ 1948) – бригаден гене-Миле Манолев рал на АРМ. Основно и средно училиште завршил во Струмица. Воздухопловна воена академија на ЈНА завршил во Белград и во Мостар. Бил пилот на ловечка авијација и командир на авијациско одделение. Командноштабна школа завршил во Белград. Ја вршел должноста командант на ВВО и ПВО,… Continue reading МАНОЛЕВ, Миле Илиев

МАНТОВО

МАНТОВО – вештачка акумулација во горниот тек на р. Крива Лакавица, изградена во 1978 г. Браната е земјено-насипна со височина од 49,5 м, должина во круната 138 м и кота на круната од 406,5 м н.в. Има вкупна зафатнина 3 од 54,4 мил. м вода. Акумулираната вода се користи за наводнување на околу 4.700 ха… Continue reading МАНТОВО

МАНТОВО

МАНТОВО“ – камено-земјена брана со глинено јадро, изградена во 1975 г., на реката Лакавица, клучен објект во хидромелиоративниот систем „Мантово“, за наводнување на Радовишко Поле. Браната е висока 37,5 м, во круната долга 138 м, со вкупен волумен 3 на телото 161.000 м (камен и земја), формира акумулација од 47,5 3 милиони м . Придружни… Continue reading МАНТОВО

МАНУИЛ

МАНУИЛ (Ⅺ в.) – тивериополски епископ (крајот на Ⅺ в.). Како монах го подигнал храмот на манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во с. Велјуса, Струмичко, што е посведочено со зачуваниот натпис над западната врата на нартексот на првобитната црква (1080). Архитектурата на Мануиловото завештание и стилско-ликовните особености на фреските укажуваат на негова припадност на Охридската школа.… Continue reading МАНУИЛ

МАНЧЕ, Лефтер Методиев

МАНЧЕ, Лефтер Методиев (Лефтер Мантсе) (с. Загоричани, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 29. Ⅸ 1935) – естетски хирург, трансплантер, унив. професор. Бидејќи татко му Методи Џидров бил затворен во Грција (1945–1961), а мајка му и тројцата браќа (како партизани) биле убиени во Граѓанската војна, бил одгледан од мајкината сестра Јана Манчева, по која го носи… Continue reading МАНЧЕ, Лефтер Методиев

МАНЧЕВ, Васе

МАНЧЕВ, Васе (с. Робово, Струмичко, 20. Ⅱ 1949) – раскажувач, романсиер, поет, драмски писател, преведувач. Завршил Филолошки факултет во Белград. Доктор по филолошки науки. Бил уредник на сп. „Разгледи“. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ (1980). БИБ.: „Суша и душа“ (раскази, 1977), „Подгорен корен“ (раскази, 1979), „Клето лето“ (раскази, 1983), „Јадигар“ (драма, 1984),… Continue reading МАНЧЕВ, Васе

МАНЧЕВ, Томе

МАНЧЕВ, Томе (Гевгелија, 25. Ⅳ 1950) – композитор. Дипломира (1979) на Одделот по композиција Томе Манчев на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Вл. Николовски). Престојува (1977) на Семинарот по композиција во Грожњан (Хрватска) што го води В. Лутославски. Меѓу многуте млади композитори единствено М. и неговото дело побудиле внимание кај Лутославски. Потоа престојува… Continue reading МАНЧЕВ, Томе

МАНЧЕВ, Харалампие Захариев

МАНЧЕВ, Харалампие Захариев (Кочани, 3. Ⅱ 1898 – Скопје, 14. И 1974) – специјалист педијатар, меѓу првите во Македонија. Основоположник и прв директор на Клиниката за детски болести при Мед. ф. во Скопје. Еден од првите 19 наставници и шеф на Катедрата по педијатрија и основоположник и претседател (1946–1948) на Здружението на педијатрите на Македонија.… Continue reading МАНЧЕВ, Харалампие Захариев

МАНЧЕВСКИ, Вељо

МАНЧЕВСКИ, Вељо (Велјан) (с. Броштица, Дебарско, 17. Ⅳ 1905 – Скопје, 23. И 1962) – свештеник, учесник во НОБ, прв референт на Верското поверенство при ГШ на НОВ и ПОМ и делегат на АСНОМ. По окупацијата во текот на 1941, како свештено лице се вклучил во НОВ. Од Ⅸ 1943 бил назначен за верски референт… Continue reading МАНЧЕВСКИ, Вељо

МАНЧЕВСКИ, Кирил

МАНЧЕВСКИ, Кирил (Броштица, Дебарско 8. Ⅺ 1936 – Скопје, 8. Ⅷ 1975) – пејач. Бил активен во шеесеттите и во почетокот на седумдесеттите години од ⅩⅩ век, како солист и во дует, особено со Виолета Томовска. Тогаш ги остварил антологиските изведби на низа познати песни, како што се: „Девојче тенко, високо“, „Изникнало криво крушче медено“,… Continue reading МАНЧЕВСКИ, Кирил

МАНЧЕВСКИ, Милчо

МАНЧЕВСКИ, Милчо (Скопје, 18. Х 1959) – режисер, сценарист, писател, ликовен уметник. Студирал на Филозофскиот факултет во Милчо Манчевски Скопје (Историја на уметноста со археологија). Како американски стипендист дипломирал на Факултетот за филм и фотографија во Карбондеји (1982). Од 1985 г. живее во Њујорк и во Скопје. Автор е на над шеесет филмски дела: кусометражни,… Continue reading МАНЧЕВСКИ, Милчо

МАНЏУКОВ, Петар

МАНЏУКОВ, Петар (с. Мирковци, Скопско, 27/13. Ⅶ 1878 – ?, 1. И 1966) – раскажувач, револуционер-анархист, активен учесник во македонското револуционерно движење во илинденскиот период. Автор на знаменитата мемоарска книга „Предвесници на бурата“, во која воведува возбудливи настани од поновата историја на Македонија. Сестричник на владиката Натанаил Зографски од с. Кучевиште. Пишувал на бугарски и… Continue reading МАНЏУКОВ, Петар

МАЊИФИКО

МАЊИФИКО“ – вокално-инструментална група. Основана во 1959 г. Нејзини членови биле: Панче Кочовски (гитара, вокал), Крсто Таушанов (гитара, вокал), Невена Кочовска (вокал) и Петар Гелев (гитара, вокал, удиралки). Го негувала латиноамериканскиот мелос. М. одржала над 3 000 концерти во над 30 земји, издала 34 сингл и 6 ЛП-плочи, едно ЦД и една видеокасета. Снимиле 360… Continue reading МАЊИФИКО

МАРГАРИТ

МАРГАРИТ (Ⅶ в.) – титуларен епископ на Стоби во втората половина на Ⅶ в. Учествувал на Трулскиот црковен собор, одржан во Цариград (692). Титуларен, би-дејќи не е потврдено постоењето на неговата епископија во Стоби во втората половина на Ⅶ в. ЛИТ.: Р. Братош, Ранохристијанската црква во Македонија и нејзиниот однос спрема Рим, Трета програма на… Continue reading МАРГАРИТ

МАРДАРИЈ И

МАРДАРИЈ И (ХВ¶¶ в.) – цетински митрополит (1637–1647) од македонско потекло. Во целото време на неговото архипастирување бил во преговори со папата за примање унија со Рим. Имал тешкотии од османлиските власти. Дури еден период бил и в затвор. Уживал углед кај верниците, особено меѓу свештенството и монаштвото. ЛИТ.: Православље у Црној Гори, Цетиње, 2006.… Continue reading МАРДАРИЈ И

МАРЕШ, Франтишек Вацлав

МАРЕШ, Франтишек Вацлав (Франтишек Вацлав Мареш) (Бенешов, Чешка, 20. ⅩⅠⅠ 1922 – Виена, Австрија, 3. ⅩⅠⅠ 1994) – чешки славист, унив. проф. Студира на КУ во Прага, каде што докторира во 1950 г. (дисертација за Прашките одломки). Соработник на Стсл. речник Вацлав Франтишек Мареш (Словенски институт при АВ ЧР), од 1968 г. проф. на Универзитетот… Continue reading МАРЕШ, Франтишек Вацлав

МАРИИНСКО ЕВАНГЕЛИЕ

МАРИИНСКО ЕВАНГЕЛИЕ – глаголичко четвероевангелие од првата пол. на Ⅺ в., 174 л., од кои еден (134) е испишан со подоцнешна кирилица. Се чува во Москва, РГБ, сигн. Григ 6, одн. Муз 1689, ф. 87 (172 л.) и во Виена, Народна библ., сигн. Цод. Слав. 146 (2 л.). Пронајдено во 1844 г. во Богородичиниот скит… Continue reading МАРИИНСКО ЕВАНГЕЛИЕ

МАРИЈА

МАРИЈА (Ⅺ в.) – внука на царот Јован Владислав, ќерка на неговиот син Трајан. Поседувала надворешна и внатрешна убавина, мудрост и благороден карактер (Вриениј). Во бракот со Андроник Дука имала две ќерки, постарата Ирина станала византиска царица, жена на императорот Алексиј И Комнин. ЛИТ.: Б. Леиб, Анне Цомнèне Алеџиаде, И, Парис, 1937; Анна Комнина, Алексиада,… Continue reading МАРИЈА

МАРИЈА

МАРИЈА (Охрид, Џ–Ⅺ в.) – Македонка од Самуиловиот двор, една од сопругите на рускиот владетел св. Владимир, мајка на светите браќа Борис и Глеб. Св. Владимир е покрстителот на Русија, а со Марија се прародители на христијанството во Русија. Нивните синови се првите руски светии. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Портрети и процеси од македонската литература и… Continue reading МАРИЈА