МАЛЕШЕВСКИ, Никола (Берово, 1852 – Дупница, ден. Станке Димитров, Бугарија, 1935) – деец на македонското револуционерно ослободително движење. Бил истакнат учесник во Разловечкото (1876) и во Кресненското востание (1878-1879), а потоа емигрирал во Бугарија. Подоцна се вклучил и во ТМОРО (1895) како долгогодишен пунктов началник во Дупница. Го помагал префрлањето на вооружените чети од Бугарија… Continue reading МАЛЕШЕВСКИ, Никола
Tag: М
МАЛИ СВ ВРАЧИ
„МАЛИ СВ ВРАЧИ“ – мала еднокорабна црква што $ припаѓала на Челничката енорија. Изградена е и живописана пред 1345 г. и во својата сликана програма содржи неколку иконографски решенија што се единствени во охридското ѕидно сликарство од ⅩⅣ в. Богородица Живоносен Источник во конхата на апсидата, св. Климент со моде-лот на градот Охрид во рацете,… Continue reading МАЛИ СВ ВРАЧИ
МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО РМ
МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО РМ – во периодот 1992-2003 г. просечното годишно производство на малите ХЦ во РМ изнесувало 110,6 ГЊх, а најголемо било во 1996 г. и изнесувало 158,5 ГЊх. Овде се наведени само ХЦ со инсталирана моќност од 1 до 12 МЊ. ХЦ „Дошница“ е на истоимената река, недалеку од Демир Капија. Во погон… Continue reading МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО РМ
МАЛИДАНОВ, Димитар
МАЛИДАНОВ, Димитар (Саракиново, Воденско, 5. ⅩⅠⅠ 1946) – графичар, сликар, професор на ФЛУ во Скопје. Дипломирал (1972) и магистрирал (1975) на АЛУ во Љубљана. Автор со извонредно познавање и владеење на технолошките специфики на графичките техники и значаен за нивниот развој (акватинта, мецотинта, сува игла, верни-му). Се интересира за сопственото национално и културно минато предадено… Continue reading МАЛИДАНОВ, Димитар
МАЛИНА
МАЛИНА (Рубус идаеус Л., фам. Росацеае) – има циркумбореален ареал, спаѓа во родот на капините, но се разликува од нив по исправените леторасти без трње, листовите одоздола се сребренесто-влакнести, а плодот црвена, сочна и вкусна малина. Кај нас е застапена во монтанскиот и во субалпскиот регион. Ал. Анд. Ване Малинков ќендо
МАЛИНКОВ-ЌЕНДО, Ване
МАЛИНКОВ-ЌЕНДО, Ване (Кавадарци, 1925) – фотограф, тиквешки фото-хроничар. Неговиот интерес е насочен кон фотографско документирање на минатото и современоста на Кавадарци и на Тиквешијата, собирање на фотографското наследство од неговите претходници и нивна презентација преку јавни изложби. Сиот работен век располага со сопствен фотографски дуќан во центарот на Кавадарци. Има организирано изложби на фотографии во… Continue reading МАЛИНКОВ-ЌЕНДО, Ване
МАЛИНОВ, Зоранчо
МАЛИНОВ, Зоранчо (Штип, 1964) – етнолог, научен соработник во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Дипломирал на Студиската група за географија (Насока етнологија) на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје (1988). Магистрирал на Групата за етнологија на Филозофскиот факултет во Белград на тема „Посмртни обичаји у Брегалничкој области“ (25. Ⅵ 1999), а… Continue reading МАЛИНОВ, Зоранчо
МАЛИНСКА, Веселинка Георгиева
МАЛИНСКА, Веселинка Георгиева (Куманово, 4. И 1917 – Скопје, 12. Ⅺ 1987) – национален и комунистички деец, првоборец, новинар и политичар. Како член на СКОЈ (1933) и секретар на скоевски актив (1934), била уапсена (јануари–февруари 1936) во истражниот затвор во Скопје и во Ада Циганлија (Белград). Ја завршила Трговската академија во Ниш. Како член на… Continue reading МАЛИНСКА, Веселинка Георгиева
МАЛКОВСКИ, Ѓорѓи
МАЛКОВСКИ, Ѓорѓи (Велес, 24. Ⅵ 1957) – историчар, научен советник и редовен професор во Институтот за национална историја во Скопје. Основно училиште и гимназија завршил во родниот град (1976), а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје – Група историја (1. Ⅹ 1980), каде што и магистрирал со темата „Дејноста на бугарската профашистичка организација Браниик… Continue reading МАЛКОВСКИ, Ѓорѓи
МАЛЦИНСТВА
МАЛЦИНСТВА (ЗАЕДНИЦИ) ВО РМ – групи што се малобројни во однос на остатокот од населението на РМ, чии припадници имаат етнички, религиозни, јазични и расни обележја по кои се разликуваат од мнозинството и негуваат чувство на солидарност насочено кон зачувување на својата култура, традиција, јазик и вера. Уставот на РМ (1991) како синоним за поимот… Continue reading МАЛЦИНСТВА
МАНАКИ, Јанаки
МАНАКИ, Јанаки (с. Авдела, Костурско, 1878 – Солун, 1948) – фотограф и, заедно со постариот брат Милтон, први балкански филмски сниматели (од влашко потекло). Ги завршил Основното романско училиште во родното село и Романската гимназија во Битола, со особен интерес за цртањето, калиграфијата и фотографијата. Потоа бил наставник по калиграфија и цртање во Романската гимназија… Continue reading МАНАКИ, Јанаки
МАНАКИ, Милтон
МАНАКИ, Милтон (с. Авдела, Костурско, 1882 – Битола, 5. Ⅲ 1964) – фотограф и филмски снимател (од влашко потекло), помлад брат на Јанаки. Завршил основно училиште и први клас гимназија, а потоа се оддал на изучување на фотографскиот занает кај постариот брат Јанаки. По андартското палење на родното село заедно со брата си, се преселиле… Continue reading МАНАКИ, Милтон
МАНАКОВИЌ, Душан
МАНАКОВИЌ, Душан (Скопје, 19. Ⅲ 1924 – Скопје, 12. Ⅷ 1995) – географ, редовен професор на Природно-математичкиот факултет, Институт за географија. Основно и средно образование завршил во Скопје. Активно учествувал во Народноослободителната војна од 1944 година. По демобилизацијата во 1946 год. работел како службеник во текстилната фабрика „Прогрес“, а од 1948 г. во Министерството за… Continue reading МАНАКОВИЌ, Душан
МАНАСИЕВ
МАНАСИЕВ (ВЕЧЕРИН), Кирил Стефанов (Гевгелија, 23. Ⅵ 1909 – Софија, 18. Ⅳ 1936) – македонски културно-национален и општествено-политички деец, поет, прозаист и драмски автор. Внук од брат на илинденскиот револуционер Аргир Манасиев. Учи во гимназијата во родниот град. По војните со семејството се преселува во Софија (1924) и го започнува страдниот живот на бегалецот поет.… Continue reading МАНАСИЕВ
МАНАСИЕВ, Аргир Н
МАНАСИЕВ, Аргир Н. (с. Сеово, Гевгелиско, 1873 – Горна Џумаја, 7. Ⅸ 1932) – учител, учесник во Илинденското востание, гевгелиски околиски војвода. Ја завршил Католичката гимназија во Зејтенлик (Солунско). Бил учител во Ново Село и во Негован (Солунско), во Смоквица (Гевгелиско) и на др. места. Член на МРО станал во 1894 г. Од Ⅷ 1901… Continue reading МАНАСИЕВ, Аргир Н
МАНАСИЕВСКИ, Јован
МАНАСИЕВСКИ, Јован (Гостивар, 21. Ⅴ 1968) – политичар. Завршил Филозофски факултет (Катедра по социологија) во Скопје. Бил министер за труд и социјална политика и министер за одбрана (2002–2006), пратеник во Собранието на РМ и претседател на Либерално-демократската партија (од 2008). Р.
МАНАСИЕВСКИ, Јован
МАНАСИЕВСКИ, Јован Јанакиев (с. Голате, Гостиварско, 27. И 1943) – генерал-потполковник на АРМ. Основно и средно училиште завршил во Гостивар, а Воена академија на ЈНА во Бањалука. Офицерската кариера ја започнал како командир на тенковски вод и чета, а потоа командант на оклопен баталјон и на оклопна бригада. Завршил Командноштабна академија и школа за народна… Continue reading МАНАСИЕВСКИ, Јован
МАНАСИЕВСКИ, Јован Јанакиев
МАНАСИЕВСКИ, Јован Јанакиев (с. Голате, Гостиварско, 27. И 1943) – генерал-потполковник на АРМ. Основно и средно училиште завршил во Гостивар, а Воена академија на ЈНА во Бањалука. Офицерската кариера ја започнал како командир на тенковски вод и чета, а потоа командант на оклопен баталјон и на оклопна бригада. Завршил Командноштабна академија и школа за народна… Continue reading МАНАСИЕВСКИ, Јован Јанакиев
МАНАСКОВ, Пепи
МАНАСКОВ, Пепи (Велес, 19. Ⅷ 1964) – ракометар. Завршил Виша земјоделска школа во Битола (1989). Бил член на Ракометниот клуб „Борец“ во Велес (1980–1983). Играл за РК „Пелистер“ во Битола (1983–1990), потоа во Франција, Германија и Словенија (осум години) и во неколку домашни екипи (1983– 2006). Бил репрезентативец на Југославија (од 1985) и на Македонија… Continue reading МАНАСКОВ, Пепи
МАНАСТИР
МАНАСТИР – наоѓалиште на травертин. Се наоѓа на околу 500 м југоисточно од с. Манастир. Наоѓалиштето е многу специфично, би-дејќи тоа претставува еден плиоценски седиментационен басен, во кој покрај видовите бигор што се јавуваат во форма на плочи со дебелина и до 10-на метри, во него има и наоѓалишта на дијатомејска земја. Имено, станува збор… Continue reading МАНАСТИР
МАНАСТИР АНДРЕЈАШ
МАНАСТИР АНДРЕЈАШ (- в„Св. Андреја“.
МАНАСТИР ЗРЗЕ
МАНАСТИР ЗРЗЕ ( & в. „Св. Преображение“.
МАНАСТИР КОНЧЕ
МАНАСТИР КОНЧЕ .& в. „Св. Стефан“.
МАНАСТИР МАТЕЈЧЕ
МАНАСТИР МАТЕЈЧЕ . & в. „Св. Богородица“