ЛОЗИ, Нашку (Крушево, 1885 – Крушево, 1912) – влашки поет. Учел романско училиште во родниот град и романски лицеј во Битола. Во Илинденското востание се наоѓал во родниот град и непосредно по задушувањето на востанието (20. Ⅷ 1903) ја напишал на влашки песната „Пискотот на крушевчани” („Сгхиелу а Црусувеанлор”), пронајдена во домашната архива на Костика… Continue reading ЛОЗИ, Нашку
Tag: Л
ЛОЗИНСКИ, Лав
ЛОЗИНСКИ, Лав (Бјеловеж, Полска, 1911 – Скопје, 30. Ⅰ 1983) – дипломирал на ПМФ во Белград (Група биологија). Во 1946 г. е избран за наставник на Филозофскиот факултет во Скопје. По од-Лав Лозински војувањето на ПМФ од Филозофскиот, тој останува тука како редовен професор по предметот општа физиологија. Првпат во Заводот за физиологија ги вовел… Continue reading ЛОЗИНСКИ, Лав
ЛОЗОВА КРАСТА
ЛОЗОВА КРАСТА (Ериопхѕес ви-тис Пгст.) – микроскопски мал крлеж. Има два пара нозе. Образува гали по листовите на лозите налик на краста, по што го добил името. Достигнува должина до 0,16 мм. Во Македонија е широко распространет, особено во текот на јуни. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. –… Continue reading ЛОЗОВА КРАСТА
ЛОЗОВО
ЛОЗОВО – село во Светиниколско. Се наоѓа во јужниот дел на Овче Поле, на надморска висина од околу 300 м. Низ селото поминуваат магистралниот пат М–5 и железничката линија Велес–Штип –Кочани. Тоа е населено со Македонци, а нивниот број изнесува 896 ж. и 26 Власи. Населението се занимава со одгледување тутун и лозарство. Селото е… Continue reading ЛОЗОВО
ЛОЈАНЕ
ЛОЈАНЕ – наоѓалиште на Мо, Сб, Ас руда. Се наоѓа 10 км северозападно од Куманово, просторно локализирано по должината на контактните делови на ултрабазитите и андезитите. Во геолошката градба на наоѓалиштето учествуваат поголеми маси на ултрабазити-серпентинити и флишоидни седименти, во чии контактни делови полифазно се интрудирани риолитски и андезитски дајкови, за кои генетски и парагенетски… Continue reading ЛОЈАНЕ
ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ – економски развој на ниво на единиците на локалната самоуправа – општините. Во Европа, концептот особено доби во значење по 1985 г., кога Советот на Европа ја донесе Европската повелба за локална самоуправа, која во голема мера ја редефинира улогата на локалните власти во динамизирањето на локалниот економски развој. Суштината е преку… Continue reading ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
ЛОКАЛНИ ТИПОВИ НА СТАРОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК
ЛОКАЛНИ ТИПОВИ НА СТАРОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК. Најстарата развојна фаза на јазикот на словенската писменост, старословенската, траела од 863 г. до крајот на XI в. Ракописно е зачувана фрагментарно во преписи од Ⅹ–XI в., репрезентативни по блискоста до кирило-методиевската основа на јазикот. Сепак, нивниот јазик содржи и локални обележја на новите јазично-етнички средини, кои овозможуваат разликување на… Continue reading ЛОКАЛНИ ТИПОВИ НА СТАРОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК
ЛОНДОНСКИ МИРОВЕН ДОГОВОР
ЛОНДОНСКИ МИРОВЕН ДОГОВОР (1913). – договор меѓу турската држава и сојузените балкански држави: Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора (17/30. Ⅴ 1913). Со Мировниот договор, Турција им ги отстапила на балканските сојузени држави сите области на Балканот западно од линијата од Енос на Егејското Море до Мидија на Црното Море, освен Албанија. Определувањето на границите и… Continue reading ЛОНДОНСКИ МИРОВЕН ДОГОВОР
ЛОПУШНИК
ЛОПУШНИК – локалитет на планината Бистра, во реонот на Јама, на патниот правец Кичево–Дебар. Од крајот на март, па сћ до 30 мај 1943 г. Лопушник бил база на ЦК на КПМ и на Гш на НОВ и ПОМ, каде што биле формирани партизанската група „Козјак” и Кичевско-мавровскиот НОПО. Таму се наоѓала и партизанската печатница… Continue reading ЛОПУШНИК
ЛУБЕН
ЛУБЕН – средновисока планина со највисок врв Кафчал (1.762 м). Припаѓа на планините од западномакедонската група. Се протега помеѓу Церско Поле на запад и северозапад. Со горниот тек од долината на Церска Река и превојот Кула (1.320 м) е одвоена од Баба Сач. На исток продолжува во Бушева Планина, но од неа е одвоена со… Continue reading ЛУБЕН
ЛУБЕНИЦА
ЛУБЕНИЦА . (Цитрулус вулгарис Сцхард.) – едногодишно градинарско растение од фам. Цуцурбитацеа (тикви). Потекнува од Централна Африка. Се консумираат зрелите плодови богати со витамини, шеќери и органски киселини. Кај нас се одгледува на околу Лубеници 12.000 ха, со вкупно производство од околу 150.000 т. Топлољубива култура, оптималната температуо ра за раст и развој е 22-30… Continue reading ЛУБЕНИЦА
ЛУДВИГ, Алфред
ЛУДВИГ, Алфред . офталмолог, основоположник на Клиниката за очни болести на Мед. ф. во Скопје и прв директор на Клиниката и наставник по офталмологија (1948). Дојден од Прага, со голем ентузијазам ги поставил темелите на современата македонска офталмологија, а особен интерес и придонес покажал за трансплантација на рожницата. Во Скопје останал до 1952 г. и… Continue reading ЛУДВИГ, Алфред
ЛУЖИНА, Јелена
ЛУЖИНА, Јелена (Дубровник, Република Хрватска, 26. Ⅴ 1950) – професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје по предметот македонска драма и театар. Докторирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Иницирала отворање постдипломски студии по театрологија на ФДУ. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар. Конституирала Институт за театрологија (1999). Организатор и раководител на… Continue reading ЛУЖИНА, Јелена
ЛУКА
ЛУКА (Антиохија, втора половина на Ⅰ в. пр.н.е. – ок. 70 г.) – еден од четворицата евангелисти, придружник на светиот апостол Павле, еден од првите проповедници на христијанството во Македонија. Како близок соработник во мисијата во Филипи, по неговото заминување за Солун, тој останал како раководител на првата црковна општина во Европа во Филипи. Библиски… Continue reading ЛУКА
ЛУКАРЕВСКИ, Ѓокица
ЛУКАРЕВСКИ, Ѓокица (Скопје, 29. Ⅳ 1951) – актер. Дипломирал на Отсекот за актерска игра (1976) на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Член на Драмскиот театар од 1977 г. Актер со моќно емотивно зрачење во секој тон и гест, со сценска сила, со јасно акцентирани градации. Бележи значителни настапи на естрадата, како и во Театарот… Continue reading ЛУКАРЕВСКИ, Ѓокица
ЛУЛОВСКИ, Танас
ЛУЛОВСКИ, Танас (Тане) (Желево, Леринско, Егејскиот дел на Македонија во Грција, 20. Ⅱ 1940 – Скопје, 2.Ⅷ 2006) – сликар, професор на ФЛУ, значаен претстав-Т. Луловски: „Без наслов” (1976 г.) ник на концептуалната уметност и хиперреализмот. Дипломирал на Институтот за ликовни уметности во Букурешт (1967). Од 1968 г. живеел во Скопје. Самостојно излагал во Букурешт,… Continue reading ЛУЛОВСКИ, Танас
ЛУНДКВИСТ, Артур
ЛУНДКВИСТ, Артур (Артур Лундквист) (Одерлјунга, шведска, 3. Ⅲ 1906 – Стокхолм, 10. Ⅶ 1991) – истакнат шведски лиричар, раскажувач и публицист; претседател на Нобеловиот комитет. Напишал повеќе романи, есеистички книги, патописи и автобиографска проза. Во 1977 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Поетски книги: Жар, 1928; Гол живот, 1929; Синиот човек, 1932; Агадир,… Continue reading ЛУНДКВИСТ, Артур
ЛУЊИ
ЛУЊИ (Милвус) – род средно големи птици од фамилијата грабливи птици (Ацципитридае) со долги, тесни крилја и со долга опашка со засек. Кај нас се среќаваат два вида: црвена луња (Милвус милвус) и црна луња (Милвус мигранс). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛи-Црвена луња фе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге,… Continue reading ЛУЊИ
ЛУТАТА, Кочо
ЛУТАТА, Кочо (с. Левуново, Мелничко, 1836 – ?, 1918) – учесник во Кресненското востание, војвода. Од Мелничко се преселил во Дупница. Бил доброволец во Руско-османлиската војна (1877/1878), во четата на војводата Иљо Марков-Малешевски. Се истакнал во познатиот бој на шипка. Како војвода предводел одред од 100 востаници во Кресненското востание (1878/1879). ЛИТ.: М. Куманов, Македони®,… Continue reading ЛУТАТА, Кочо
ЛУЧ
ЛУЧ (Скопје, 1. Ⅵ 1937 – 20. Ⅴ 1938) – месечно списание за културни, економски и социјални прашања. Сопственик бил Ѓорѓи Киселинов, одговорни уредници тој и д-р Б. Арсов, а било печатено во скопската печатница „Немања”. Во него соработувале Бл. Благоев, Димитар Ѓузелов, Антон Панов, Радослав Петковски, Цеко Стефанов, Попиванов, д-р Т. А. Робе, Глигор… Continue reading ЛУЧ