КАРТОВ, Владимир

КАРТОВ, Владимир (с. Смоквица, Гевгелиско, 1935 – Скопје, 23. Ⅳ 1989) – универзитетски професор, правник. Основно образование завршил во родното место, а учителска школа во Скопје (1953). Во истиот град дипломирал на Вишата педагошка школа (1956), потоа и на Филозофскиот факултет, Група историја (1960), како и на Правниот факултет (1964). Магистрирал политички науки во Белград… Continue reading КАРТОВ, Владимир

КАРЧИЦКА, Димитра Ламброва

КАРЧИЦКА, Димитра Ламброва (с. Поздивишта, Костурско, Грција, 2. Ⅷ 1939) – математичар, ред. проф. (1984) на ПМФ. Дипломирала (1961) на ПМФ, магистрирала (1969) во Белград и докторирала (1973) на ПМФ со темата „Некои проблеми на квадратното програмирање со матрици од Леонтиев тип”. Објавила научни трудови во областа на математичкото програмирање, универзитетски учебници, скрипти за своите… Continue reading КАРЧИЦКА, Димитра Ламброва

КАСАНДАР

КАСАНДАР (Кассандрос) (ок. 358-297 пр. н.е.) – владетел (316–305 пр. н.е.) и крал на Македонија (305 ‡297 пр. н.е.), најстариот син на Антипатар, војсководецот и дипломат на Филип Ⅱ Македонски. Како оспособен воин бил испратен кај Александар Ⅲ Македонски во Вавилон (324 пр. н.е.). Кога починал татко му (319 г. пр. н.е.), владеењето со МакедонијаContinue reading КАСАНДАР

КАСО, Елјеса

КАСО, Елјеса (Гостивар, 3. Ⅹ 1961) – актер. Дипломирал на ФДУ во Скопје, на Отсекот за актерска игра (1985), од кога е член на Турската драма на Театарот на народностите. Како стипендист на Владата на Република Турција, во Анкара (1987/88) специјализирал сценски говор на Државниот конзерваториум. Од 1944 г. е на ФДУ во Скопје, каде… Continue reading КАСО, Елјеса

КАСОРЛА, Моше

КАСОРЛА, Моше (Битола, ⅩⅩ в.) – рабин во Париз. Бил активен учесник на француското Движење на отпорот во Втората светска војна. Носител е на високи француски одликувања. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам.

КАСТЕЛ СПЕКУЛА

КАСТЕЛ СПЕКУЛА – . тип доцноантички фортификации во Македонија на доминантни планински врвови, со одлична визуелна комуникација со далечните точки долж позначајните патни комуникации кон поголемите доцноантички градови. Заштитени со цврсти малтерни ѕидови, обично без кули. Служеле за примање и за пренесување сигнали за тревога за претстојна опасност. Примери во Македонија: Кале, с. Барово на… Continue reading КАСТЕЛ СПЕКУЛА

КАСТРАТИ, Адем

КАСТРАТИ, Адем (с. Горно Карачево, Долна Морава, 15. Ⅰ 1933 – Скопје, 24. IX 2000) – сликар и ликовен педагог, најистакнат и еден од најстарите сликари од албанско потекло во РМ. Дипломирал на Педагошката академија во Скопје. Бил член на Друштвото на ликовните уметници на Косово, а од 1968 г. член во ДЛУМ. Слика со… Continue reading КАСТРАТИ, Адем

КАСТРАТОВИЌ, Индира

КАСТРАТОВИЌ, Индира (Бања Лука, 2. Ⅹ 1970) – хемиски техничар, ракометарка. Завршила хемиско-технолошка школа во Приедор (1988). Била член на четири ракометни клуба (1986–1994) пред да дојде во РК „Кометал Ѓорче Петров” во Скопје (1994–2006). Таа е најдобар стрелец во екипата и во репрезентацијата на Македонија. Настапила на три светски и на две европски првенства.… Continue reading КАСТРАТОВИЌ, Индира

КАТАЛИНИЌ, Марин

КАТАЛИНИЌ, Марин (Трогир, Хрватска, 20. Ⅷ 1887 – Скопје, 2. Ⅻ 1959) – физичар, ред. проф. (1945) во Загреб. Студирал математика и физика во Загреб и дипломирал (1913) во Виена. Работел како гимназиски професор, а потоа на Универзитетот во Загреб. Докторирал (1928) во Белград со тема за стојни бранови на циркуларно и елиптички поларизирана светлина.… Continue reading КАТАЛИНИЌ, Марин

КАТАРЏИЕВ, Иван

КАТАРЏИЕВ, Иван (с. Плоски, Светиврачко/Санданско, Пиринскиот дел на Македонија, 6. Ⅰ 1926) – историчар и политичар, специјалист за минатото на македонскиот народ во ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в., член на МАНУ. Завршил гимназија во Свети Врач. По Ослободувањето на Македонија, со група младинци бил испратен на студии во Скопје (1946), каде што дипломирал на Филозофскиот факултет… Continue reading КАТАРЏИЕВ, Иван

КАТЛАНОВО СКОПЈЕ

КАТЛАНОВО СКОПЈЕ . наоѓалиште на јаглен, на околу 25 км југоисточно од Скопје, во непосредна близина на с. Катланово. Од геолошки аспект, врз палеорелјефот на наоѓалиштето, трансгресивно и дискордантно лежи палеогениот седиментен комплекс. Плиоценскиот комплекс, кој лежи трансгресивно врз палеогенот, својот развој го индицира преку две суперпозициони фации: долна, глиновито-лапоровитопродуктивна, и горна чакалестопесоклива фација. Според… Continue reading КАТЛАНОВО СКОПЈЕ

КАТЛАНОВСКА БАЊА

КАТЛАНОВСКА БАЊА. Се наоѓа во долниот тек на реката Пчиња, над селото Катланово, на надморска висина од 230 м. Од градот Скопје, со кој е поврзана со модерна сообраќајница, е оддалечена 25 км. Термоминералните извори се јавуваат на раседни линии кои се од поголеми размери. Една пукнатина се протега по самиот Бањски Рид и е… Continue reading КАТЛАНОВСКА БАЊА

КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО РМ

КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО РМ -. духовен дом на околу 17.400 верници, поделени во две групи: верници од римски обред (околу 4.000) и верници од византиски обред – унијати (околу 13.400). Во етнички поглед католиците од римски обред се: Албанци, Хрвати, Словенци, Полјаци и Унгарци. Тие имаат најголема концентрација во Скопје, Битола и Охрид. Католиците од… Continue reading КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО РМ

КАТРАНЏИЕВ, Костадин

КАТРАНЏИЕВ, Костадин (с. Годлево, Разлошко, 1896 – Разлог 8. Ⅰ 1944) – професионален револуционер, член на ВМРО(Об), еден од основоположниците на партизанското движење во Пиринскиот дел на Македонија. Бил член на БКП и активно учествувал во Септемвриското востание Костадин Катранџиев (1923). Потоа емигрирал во Кралството на СХС. Се вратил во родниот крај (1925) и се… Continue reading КАТРАНЏИЕВ, Костадин

КАФТАНЏИЕВ, Димитар Христов

КАФТАНЏИЕВ, Димитар Христов (Струмица, 8. XI 1926) – хирург, редовен проф. на Мед. ф. Извршил први операции на отворено срце во РМ. Бил директор на Хируршката клиника (1976-1982) и Клиниката за тораковаскуларна хирургија (1963-1987) и продекан на Мед. ф. во Скопје (1970-1972). Објавил над 100 научни и стручни трудови и две книги. БИБ.: Рак на… Continue reading КАФТАНЏИЕВ, Димитар Христов

КАЦАРОВ, Трајче

КАЦАРОВ, Трајче (Штип, 14. IX 1959) – поет, раскажувач, есеист, драмски автор. Живее и работи како сестран човек на театарската уметност. Го уредува литературното списание „СУМ”, кое излегува од 1993 г. Бил еден од иницијаторите за покренување на списанието „Стожер”, орган на ДПМ. Се пројавува и во областа на детската литература. Книги со есеи за… Continue reading КАЦАРОВ, Трајче

КАЧАНОВСКИ, Владимир Василевич

КАЧАНОВСКИ, Владимир Василевич (Великиј Лес, Гродненска губ., Украина, 1. / 13. Ⅲ 1853 – Нежин, Гродненска губ., 11. / 24. Ⅳ 1901) – унив. проф. по словен-ска филологија, писменост и историја, собирач и издавач на бугарски и македонски нар. песни. Го завршил Словенското одделение на Историско-филолошкиот факултет на Варшавскиот универзитет (1876), каде што и магистрирал… Continue reading КАЧАНОВСКИ, Владимир Василевич

КВАНТИТАТИВНИ МЕТОДИ НА ЕКОНОМСКАТА АНАЛИЗА

КВАНТИТАТИВНИ МЕТОДИ НА ЕКОНОМСКАТА АНАЛИЗА – примена на математичкостатистички и економетриски методи и модели (од наједноставни до најсложени) при испитувањето на економските појави и процеси и феномени. Тоа е можно затоа што многу економски појави можат да се квантифицираат и да се изразат преку броеви и модели. Овој факт ја засилува аргументацијата на економската наука… Continue reading КВАНТИТАТИВНИ МЕТОДИ НА ЕКОНОМСКАТА АНАЛИЗА

КВАРТЕР

КВАРТЕР – најмладо геолошко време што трае и денес (2±0,2 – 0 млн. години). Се дели на плеистоцен и холоцен. Плеистоценски седименти широко се распространети со езерско-барски наслаги од чакали, песоци, мил, прашинести глини, тресет и бигор во Охридската, Преспанската, Дојранската, Скопската, Пелагониската и другите котлини, каде што нивната дебелина достигнува максимум 60–80 м. Плеистоценот… Continue reading КВАРТЕР

КВАРЦ

КВАРЦ (адливец) – обично се подразбира нискотемпературна модификација на СиО соединени2 ето, која уште се нарекува и бетакварц. На територијата на РМ се појавуваат убави кристали на кварц во околината на селото Буди-Кварц нарци (Беровско), како и во одделни пегматитски жици во пелагонскиот метаморфен комплекс; заедно со другите минерали, како што се тридимит, кристобалит, калцедон,… Continue reading КВАРЦ

КВИСЛИНШКИ ОРГАНИЗАЦИИ во Македонија

КВИСЛИНШКИ ОРГАНИЗАЦИИ во Македонија (1941 – 1944) – асоцијации формирани непосредно по окупацијата и распарчувањето на Македонија во април 1941 г. Имале цел да ја спроведуваат и да ја шират фашистичката идеологија, национализмот и шовинизмот и да се зацврстува и утврдува постојната (бугарска и италијанска/германска) власт, со спречување на оружената борба и ликвидација на припадниците… Continue reading КВИСЛИНШКИ ОРГАНИЗАЦИИ во Македонија

КВЛИТЕТ НА ЖИВОТОТ

КВЛИТЕТ НА ЖИВОТОТ – мерило што опфаќа повеќе компоненти, меѓу кои едни се мерливи, на пример: животниот стандард на населението, а други немерливи, како на пример: слободата во изборот, животната средина, слободното време, среќата, сигурноста итн. Во РМ квалитетот на животот на населението најчесто се мери преку индексот на човековиот развој, а според кој земјата… Continue reading КВЛИТЕТ НА ЖИВОТОТ

КЕДЕВ, Сашко

КЕДЕВ, Сашко (Александар) (Штип, 6. Ⅶ 1962) – кардиолог, унив. професор. Медицинскиот факултет го завршил во Скопје (1986), а постдипломските студии на Клиниката за кардиологија (1987–1989) со магистерската дисертација „Ефекти од рана интравенозна тромболиза при акутен миокарден инфаркт” (1990). Стручно се усовршувал во Националниот институт за срце во САД (1991–1993) на проекти од молекуларната кардиологија,… Continue reading КЕДЕВ, Сашко